Во Словенија стапи во сила забраната за сите ароми, освен тутунските, кај електронските цигари и нивните дополнувања. Здравствениот инспекторат и Управата за јавни приходи ќе вршат засилени контроли, а казни им се закануваат и на поединци кои ќе продаваат, бесплатно ќе нудат или онлајн ќе купуваат забранети производи, пренесува 24ur.com. Според минатогодишните измени на Законот за ограничување на употребата на тутунски и сродни производи, во ...

„Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд?“ е тема на денешната тркалезна маса што се одржува во Уставниот суд која има за за цел да отвори дебата за потребата од донесување на посебен закон што би го регулирал работењето на Уставниот суд, преку дијалог меѓу претставници на институциите, правната струка и граѓанскиот сектор. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во воведниот говор порача дека според неа Уставниот суд одамна требало да се ...

Меѓународниот аеродром Скопје од 3 мај се поврзува со Барселона и Лион. Летовите ќе ги реализира Виз ер со субвенции од Владата, потврдија денеска на прес-конференција ТАВ Македонија и Виз Ер На релацијата Барселона Скопје ќе има летови двапати неделно, во ворник и сабота, а до Лион трипати, во вторник, четврток и в сабота. Првиот лет од Скопје за Барселона ќе се реализира в сабота во 18.50 часот, а двајца патници ќе добијат бесплатни авиобилети ...

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против две лица кои како соизвршители се товарат дека сториле едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 и уште едно кривично дело – Убиство во обид предвиден со член 19 од Кривичниот законик. -Во текот на истрагата се обезбедени докази кои потврдуваат дека на 01.11.2024 година во Арачиново двајцата браќа на ...

МВР вчера привело несовесен возач од Тетово. -На 27.04.2025 во 16.10 часот на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Н.Л.(49) од Тетово, затоа што управувал патничко моторно возило ,,хонда”, со тетовски регистерски таблици, со брзина од 111 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 50 км на час. Н.Л. е задржан во полициска станица и ...

Министерот за здравство и претседател на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, придружуван од претставници на Конзулатот на Северна Македонија во Истанбул, вчер ја посети болницата ” Чам ве Сакура” во Истанбул, каде што се лекуваат двајца од младите повредени во тешката трагедија што се случи во Кочани. Во оваа болница првично биле примени шест пациенти, од кои четворица сега се пуштени на домашно лекување откако им се подобрила здравствената ...

Еден човек е уапсен во Романија, под сомнение дека ја држел својата свастика на шините сè додека не ја прегазил воз! Ужасниот злостор што го потресе Балканот се случил ноќта помеѓу саботата и неделата, околу 1:15 часот по полноќ. Според извештаите, човекот се скарал со свастиката, по што решил да ја убие. Тој ја натерал да легне на шините и ја држел цврсто додека не дојде возот. Иако жртвата се обидела да се ослободи од стисокот, тоа ѝ било ...

Пред 24 години, на 28 април 2001 година за време на воениот конфликт во земјата се случи масакрот на осумте припадници на македонските безбедносни сили помеѓу селата Селце и Вејце на Шар Планина во месноста Брезовица. На 28 април 2001 беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ОВР Битола – Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски ...

„Криминалните структури и ѓубрето во фудбалот целосно ќе бидат исчистени“, соопшти вечерва Фудбалската федерација на Македонија, откако ФК Гостивар го напушти теренот на натпреварот против Работнички во рамки на 29 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), следејќи го примерот на Воска која во минатото коло се повлече од теренот на дуелот против Вардар. „Очигледно е дека последните одлуки на Управниот одбор на ФФМ во кои јасно беше ...

Милиќ Вукашиновиќ неодамна ја напушти болницата каде што помина четири месеци поради ампутација на ногата, а сега проговори за медиумите за својата здравствена состојба. -Добро сум, вежбам низ куќата, блиску сум до фрлање на сите помагала и застанување на нозе… Поминаа 10 дена откако се вратив дома, поминав четири месеци во болница за рехабилитација, таму е посебен свет. Се сеќавам на првиот пат кога влегов, 120 луѓе, некои без една нога, некои ...

МВР информир за трагедија која се случила ноќеска во Скопје. Во судир меу моторче и тротинет упрвувани од малолетници, загина возачот на моторчето. -На 27.04.2025 во 02.28 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Цветан Димов” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „пиаџо беверли” со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Скопје и електричен тротинет управуван од 14-годишник од Скопје. Од здобиените повреди ...

МВР информира за несовесни возачи од Куманово и Кратово, коимортус пијани возеле на улиците. -На 27.04.2025, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово и полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кратово ги лишиле од слобода А.М.(38) од Куманово, А.Р.(49) од село Ваксинце, општина Липково и З.Л.(60) од с.Страцин, кратовско. При контрола на патниот сообраќај во ...

На националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk од денеска се достапни две нови услуги од основните судови – Уверение од кривична евиденција за физички лица и Уверение од кривична евиденција за правни лица. Со новата услуга за дигитална потврда за неосудуваност се заокружува пакетот најважни дигитализирани услуги за граѓаните, покрај веќе достапните – изводи од матичните книги, уверение за државјанство, имотен лист и за сопственост ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот по член 300 став 1 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. -Осомничениот 33-годишен скопјанец, на 25 април, како учесник во сообраќајот на јавните патишта не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност ...

Илјадници верници и повеќе од 2.000 новинари од целиот свет се собраа на плоштадот „Свети Петар“ за да присуствуваат на погребот на папата Франциск, како и на десетици светски лидери, монарси и високи функционери. Меѓу многуте детали од неговиот погреб, една глетка особено ни го привлече вниманието – 12 мали монети, внимателно поставени до неговиот ковчег. Тие не беа златници, ниту скапи спомени – туку симболични знаци што носеа длабока порака. ...

Ковчегот со телото на покојниот папа Франциск пристигна во базиликата Санта Марија Маџоре, каде што ќе биде погребан на приватна церемонија. Само најблиските до него присуствуваа на погребот, а неговиот ковчег беше пречекан со ѕвона. Претходно, по мисата на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, папамобилот со ковчегот помина низ улиците на Рим, при што насобраната маса луѓе се збогуваше со поглаварот на Римокатоличката црква. Италијанскиот ...

Време е да се пресече синџирот на криминалот и да се истера правдата на виделина, затоа што и врапчињата знаат за корупцијата и злото што владее кај нас, порачаа родителите на настраданите во пожарот во клубот „Пулс“ на четвртиот протестен марш „Задоцнета реакција“ што денеска се одржа во Кочани. Во пораката до институциите кои се одговорни за функционирање на системот во државата побараа тие да не ја одбегнуваат одговорноста и да ја сфатат ...

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Кичево утрово во 02.00 часот, го лишиле од слобода М.Б.(63) од Кичево. При сообраќајна контрола на локален пат во кичевската населба Горица, како што соопштија од МВР, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп во Рим. Политичарите се сретнаа пред погребот на папата Франциско и се договорија средбата да ја продолжат и по погребот на понтифот. За ова пишува украинска „Рубрика“ повикувајќи се на „Суспилне“ . Првите фотографии од средбата ги објави Серхи Лешченко, советник на шефот на кабинетот на претседателот . Белата куќа потврди дека претседателот на ...

Започна погребната миса на папата Франциско започнува со влезен антифон,визбор на стихови од псалм или пасуси од Светото писмо кои традиционално се пеат или рецитираат. Погребната служба ја води деканот на Колеџот на кардинали, Џовани Батиста Ре. Околу 140.000 луѓе сега се собираат на плоштадот Свети Петар и околните улици за погребот на папата Франциско, соопшти италијанската полиција. Тоа вклучува 40.000 луѓе на самиот плоштад Свети Петар, кој ...

Рокерот од „Бијело Дугме“ Младен Војичиќ Тифа призна дека користел опијати и дека уживал во периодот од својот живот кога се предал на пороците. Во еден момент, Тифа зборуваше за консумирањето наркотици и колку уживал во недозволени супстанции. -Кaаков пекол? Јас тогаш пиев пиев за да се чувствувам добро. Земав дрога за да се чувствувам добро. Каков пекол? Тоа е само за будали. Мешав сè и сешто и уживав – рече рокерот без трошка срам, наместо да ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за магазинот „Тајм“ објавено денеска изјави дека само тој може да донесе мир во Украина и најави економски раст заснован на агресивна трговска политика со високи царини. Тој остро ја критикуваше Европа за, според него, неправедните трговски односи и зборуваше за нови глобални иницијативи. Изјавите се увид во неговиот пристап кон дипломатијата, трговијата и претседателската власт, а во пресрет на ...

МВР информира дека го пронашол несовесниот возач во Охрид, кој вчера вечерта прегази маж и побегна. -На 24.04.2025 во 22.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Гоце Делчев” во Охрид, патничко возило удрил во пешакот Е.С.(59) од Охрид и го напуштило местото. Пешакот бил пренесен во болницата „Св.Еразмо” во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По преземените мерки, полициски службеници од Полициската станица за ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднел кривична пријава против К.Б., Г.Л. и А.Т. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ...

Испитувањето на оштетените лица во истрагата за трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани е планирано да започне на почетокот на мај, соопшти Јавното обвинителство. Од таму информираат дека поради големиот број оштетени и засегнати лица, ќе следи дополнително известување со детали за распоредот и динамиката на испитувањата. Обвинителскиот тим кој работи на предметот, како што велат од ЈО, интензивно презема итни и неодложни ...

Едно лице е повредено при вооружена престрелка на улицата „Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи. – Денеска (25.04.2025) околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улица „Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар има пукање од огнено оружје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и било констатирано дека се работи за вооружена ...

Веста дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, е осомничена за оддавање на службени тајни на обвинет во случајот „Адитив”, е доказ дека т.н. „борба против корупцијата“ со ДПМНЕ и СДС на моќ е ништо друго туку мизерен театар за јавноста. -Жената која требаше да биде водач во сузбивањето на корупцијата, станала нејзин соучесник. Сепак, ова не е индивидуален „пропуст“, туку е последица на ...

Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук објави дека се укинуваат визите за македнските граѓани за Обединети Арапски Емирати. -Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја! Наскоро со конкретната примена на одлуката за без визното патување ќе се влијае на посилна економија, слободно патување, зајакнување на меѓусебното ...

МВР информир за несовесен кавадарчанец, кој возел мортус и предизвикал сообраќајка. -На 24.04.2025 во 21.20 часот на улица „Западен булевар” во Кавадарци, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ж.Л.(53) од Кавадарци. Со возилото „мерцедес” со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал, на улицата предизвикал сообраќајна незгода, при што удрил во патничко ...

Американскиот претседател Доналд Трамп пред неколку дена објави дека тој и неговата сопруга Меланија ќе присуствуваат на погребот на папата Франциск во Рим во сабота. Светските медиуми сега објавија каде седи Трамп. Американскиот лидер, кој е навикнат да има предност на светските настани, ќе мора да се задоволи со седиште во третиот ред на тажниот настан во сабота, објави „Телеграф“. Иако распоредот за седење сè уште не е објавен, врз основа на ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
4.63
37%
1008
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
5.48
35%
1004
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
88%
1004
weather icon

Софија

27ᴼ / 26ᴼ
5.66
35%
1008
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
5.85
30%
1005
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.51
93%
1005
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.54
51%
1011
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
65%
1010
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
5.14
65%
1011
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
2.24
46%
1008
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
3.09
90%
1005
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
6.17
50%
1012
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641