
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Уште еден доказ дека казните се мали е кумановецот кој вчера вечерта е „фатен“ со 2,05 промили алкохол. -На 23.04.2025 во 21.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода В.К.(51) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мерцедес” со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки ...
Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, информира, дека преку 112 во ЦУК во 17.39 часот, била добиена пријава за починато лице, кое најверојатно е погодено од гром во селото Мажучиште, Општина Прилеп. Од Секторот за операции и координација на ЦУК, веднаш биле известени во МВР и Итната медицинска помош за понатамошна постапка. Според последната информација добиена од РЦУК Битола лицето било погодено од гром по што е пренесено во ...
Во конзорциумот на радија и универзитети “Newaves”, каде е и Канал 77, член е и Националното радио на Словачка. Радиото сместено во центарот на Братислава, е уникатно по повеќе нешта – ги има најголемите оргули во Европа дел од Големата концертна сала, која во времето кога ја посетивме беше преполна со љубопитни ученици, кои заедно со своите наставници дојдоа во посета. Квалитетот на оргулите ги задоволува бараните критериуми за уметничка ...
Во Скопје вчера се одржа 16-то Државно првенство на бармени, во организација на Здружението на бармени на Македонија кое веќе 20 години успешно работи на подигнување на коктел културата и афирмација на професијата бармен. Како што соопштија организаторите, на натпреварот учествуваа вкупно 21 бармен од цела држава. Првото место го освои младиот Никола Анастасијески од Скопје. Второто место му припадна на искусниот Васил Пеевски, додека трет беше ...
„Ве поканувам да ни се придружите во овој историски момент и да бидеме заедно во создавањето на подобра иднина за нашиот град! Четврток, 24.04.2025 година во Спортската сала „Ивандол“ во 18:00 часот. За Кичево кое расте и оди напред, добредојдени сте!“. Ова е поканата на Шкодран Алили, адвокат и активист од Кичево, кој е првиот во државата со официјална објава на кандидатура за градоначалник на Локалните избори кои треба да се одржат во октомври ...
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди во средата Истанбул. Најмалку 236 лица се повредени, соопштија официјални лица. Според Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД) епицентарот на земјотресот бил во областа Силиври во Истанбул. Земјотресот беше почувствуван низ Истанбул, дом на повеќе од 15 милиони луѓе, и во соседните провинции, поради што жителите во страв бегаат од зградите, ...
Со проекција на филмот TeraForma, во Кинотека на Македонија се одржа Пролетното издание Ecoscop на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион, заеднички проект на водечките регионални филмски фестивали (Сараево филм фестивал, Фестивал на авторски филм Белград, Љубљански меѓународен филмски фестивал, Загреб филм фестивал, Филмски фестивал Херцег Нови и ИФФК Браќа Манаки). – Денешниот ден, 22 април, не случајно е избран за оваа проекција, бидејќи ...
Зелениот четврток, познат и како бел четврток или празен четврток, се слави во првиот четврток по Велигден и е дел од Светлата недела – период на големо празнување и надеж. Иако не е црковен празник со литургиски статус, народните верувања и обичаи кои го придружуваат овој ден се силно вкоренети во културата и се пренесуваат низ генерациите. Се верува дека зелениот четврток има посебна моќ да го „разбие малерот“ и да го сврти текот на животот на ...
Легендарниот гитарист Карлос Сантана имал здравствени проблеми поради кои бил принуден да го откаже планираниот настап во Тексас. 77-годишниот изведувач бил хоспитализиран и под опсервација откако му се слоши неколку часа пред концертот, изјави неговиот менаџер Мајкл Врионис во изјава за ДејлиМеил. Сантана требало да настапи во театарот „Маџестик“ во Сан Антонио како дел од неговата турнеја „Единство“ во 2025 година, но укажана му била итна ...
Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, кој е осуден на три години и шест месеци затвор за две кривични дела злоупотреба на службена положба, денеска пред општинската зграда изјави дека одлуката на Основниот кривичен суд е скандалозна и оти нема ниту еден доказ против него. Тој најави дека пресудата ќе ја обжали на Апелација. Тој вели дека очекувал ослободителна пресуда. Како што посочи, станува збор за политичка хајка. -Осуден сум ...
Две илјади новинари од различни медиуми ширум светот се акредитирани да известуваат за настаните поврзани со поклонението и погребот на папата Франциск, јави АНСА. Тие се дополнување на 500-те новинари кои ги покриваат настаните поврзани со Ватикан за различни медиуми во светот. За безбедноста за време на погребот се ангажирани околу 2.000 полицајци. Во базиликата „Свети Петар“ денеска луѓето продолжуваат да му оддаваат почит на Папата. Според ...
Бројни врвни уметнички содржини од областа на музиката, театарот, балетот и визуелни уметнички доживувања, со настап на стотици уметници од целиот свет. Тоа го најавува денеска презентираната програма на годинешното јубилејно 65-то по ред издание на најголемата музичка и сценска културна манифестација во земјата, Фестивалот „Охридско лето“. Отворањето на фестивалот, што секоја година нуди содржина со особен квалитет, оваа година и припаѓа на ...
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска повика на првомајски протест на кој ќе побара зголемување на минималната и на останатите плати и подобри услови за работа. Протестот ќе почне во 11 часот пред Работничкиот дом и на учество ги повикаа синдикатите здружени во ССМ и нивните членови, другите синдикати, работниците, граѓаните, борците и активистите за човекови права. – Сите кои му мислат добро на работникот да ни се придружат на овој ...
Започнаа градежните активности во новата населба, која треба да никне во близина на Три Чешми, а во моментов се работи на поставување на водоводна и канализациона мрежа. Досега продадени се 10 плацеви, а во моментов активен е јавен повик за уште 10. Освен до Три Чешми, планирана е и продажба на околу 100 плацеви во просторот меѓу населбите Баби и Сењак со намена куќи за домување. Од општината се надеваат дека овие две нови населби ќе придонесат ...
Граѓаните низ Истанбул се уште се во шок откако земјотрес со јачина од 6,2 степени регистриран на длабочина од 15 километри и силно се почувствувал низ градот, а земјата се тресела сè до Анкара. Селин Тутер била во канцеларија во зграда лоцирана во европскиот дел на Истанбул кога сè почнало да се тресе. Најпрво мислела дека несвестицата е причината поради која ја „изгубила“ земјата под нејзините нозе, а потоа слушнала како нешто татнеж. Како што ...
Зголемување на коефициентите на сложеност по работно место за 10 проценти, а дополнително и за 0,7 проценти, преку заеднички анекс на Колективниот договор како системско решение за исплата на платите на вработените во културата за кои доцни исплатата на мартовската плата, предлага Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК). Претседателот на СОНК Јаким Неделков денеска на прес-конференција ги повика директорите да не постапуваат ...
Во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за убиството на Вања и Панче, каде што сведочи обвинетиот Љупчо Палевски. Во својот исказ, тој денеска повторно ги оспори обвинувањата против него, тврдејќи дека доказите на обвинителството се нецелосни и манипулативни. Палевски во одговор на прашања од неговиот бранител, адвокат Јовица Страшевски, посочи дека сведокот Ерол Османи дал неточни информации за датумот на поправка на неговиот ...
Пет пациенти од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска ќе се вратат од лекување од Клиничкиот центар во Србија, по што согласно протоколот тројца ќе бидат под опсервација на Клиниката за пулмологија и по еден пациент на Клиника за пластична хирургија и во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“, информираат од Министерството за здравство. Во текот на вчерашниот ден еден пациент се врати од лекување од Хрватска и се наоѓа под ...
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска регионот на Истанбул, јавија турските медиуми, повикувајќи се на извештај на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). A huge earthquake #deprem has just struck Istanbul. It was captured live on air.pic.twitter.com/PAq89RvoXx — Dakta Weather (@daktaoweka) April 23, 2025 Земјотресот се случил во 12:49 часот по локално време, откако на истата ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.С.(48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата”. Во периодот на 2023 година, во својство на директор на Национална установа – Центар за култура – „Григор Прличев” во Охрид. -За време на одржување на фестивал на народни песни и игри 2023 година, за сместување на 72 лица, од туристичка агенција им била издадена фактура во износ од 387.450 ...
Обвинителството за организиран криминал во голема акција низ цела држава, се испитуваат јкривични дела со кои му се нанела штета на Фондот за здравство. „Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, МВР спроведува координирана акција на повеќе локации низ државата. Станува збор за основано сомнение за сторени повеќе кривични дела со кои е сторена штета на Фондот за здравство. Со оглед на обемот на акцијата повеќе информации ќе бидат споделени ...
Телото на папата Франциск пред неговото изложување во базиликата Свети Петар, каде верниците ќе имаат можност да оддадат почит, привремено е балсамирано за да ги издржи топлите временски услови во Рим, изјавија експерти. „Телото на Францис беше подложено на процес на привремено балсамирање познат како танатопраксија“, рече Андреа Фантоци, основач на италијанскиот Национален институт за танатопраксија (ИНИТ). Тој појасни дека тоа вклучува ...
Турција забрани планирани породувања со царски рез, кои не се медицински оправдани, во приватните здравствени установи според новите правила што Министерството за здравство ги објави минатата недела, пишува Turkish Minute. Оваа одлука, која предизвика остри критики од опозициските политичари и организациите за заштита на човекови права, следеше по жестока национална дебата за практиките на породување. Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ...
СВР Штип информира дека починал затвореник во затворот. -На 22.04.2025 во 21.25 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во 20.30 часот во Клиничката болница Штип починал затвореникот Д.Д.(83) од Македонска Каменица. Според пријавеното, околу 14.00 часот тој бил пренесен во болницата со влошена здравствена состојба,а во 20.30 часот починал. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид ...
Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен објави портрет што рускиот претседател Владимир Путин му го испратил на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март. На него е претставен американскиот претседател по обид за атентат, а автор на подарокот е Народниот уметник на Руската Федерација Никас Сафронов, пренесув новости.рс. На сликата Трамп е прикажан со крената тупаница и траги од крв на лицето – како потсетник на моментот на ...
За погребот на папата Франциск се очекува в сабота наутро на плоштадот Свети Петар во Ватикан да присуствуваат над 200.000 луѓе, оцени Комитетот за јавен ред и безбедност на седница со која претседаваше италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси. Во Рим се очекува да пристигнат најмалку 100 странски делегации. Како што е најавено, повеќето странски делегации ќе пристигнат во Рим в сабота и ќе заминат во текот на денот, додека ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава изнесува 43 053 денари, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Во февруари годинава, во однос на февруари минатата година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9,6 проценти. ДЗС појаснува дека зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности во врска со недвижен ...
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека до неколку граѓани и правни лица, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителите. Секторот за компјутерски ...
Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на А.Ј., осомничен за перење пари и други приноси од казниво дело, поднесен преку неговиот бранител, за замена на мерката притвор со гаранција, по одржана седница и извршен увид во целокупните списи на предметот, донесе решение со кое предлогот на осомничениот се одбива како неоснован. Како што се наведува во ...
Цревата имаат важна улога за здравјето на целиот организам бидејќи влијаат на имунитетот, варењето, расположението и новата енергија во телото. Па, така, одредена храна може да го подобри здравјето на цревата. Имено, сѐ поголем број нутриционисти и лекари ја нагласуваат важноста на урамнотежена цревна флора и начините на коишто таа може да се поддржи преку исхраната. Одредени намирници, во таа смисла, се издвојуваат бидејќи помагаат во ...