Крајот на турнирот во микс-двојките кој се одигра изминативе три дена означи старт на завршните подготовки за главниот турнир во машка и женска конкуренција, а денеска беше извршена и ждрепката за најновото издание на Флешинг Медоус. Последниот грен слем во годината традиционално носи големи изненадувања во воведните неколку рунди, па токму поради тоа, за фаворитите исклучително важно е да избегнат „нагазни мини“ уште на стартот. Новак Ѓоковиќ и ...
Новак Ѓоковиќ кој на САД опен ќе се обиде да ја освои 25-тата гренслем титула во кариерата, го дозна патот кој ќе треба да го мине за да го крене победничкиот трофеј во Њујорк. Србинот кој стигнуваше барем до полуфинале на сите три досегашни гренслема годинава, во првото коло на САД опен ќе игра со Американецот Лирнер Тиен, во второто со квалификант, а ако нема големи изненадувања, Новак во четвртфиналето треба да игра со четвртиот носител и ...