Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април 2025 година изнесува 62.691 денари, што е зголемување од 836 денари во споредба со март, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија. Најмногу, односно 21.480 денари (34,3%) од буџетот се издвоени за храна и пијалоци. За облека и обувки се издвоени 5.634 денари (9,0%), станарина, вода, електрична енергија и греење 6.096 денари (9,7%), лична хигиена и оддржување на хигиена во домот 2.455 ...

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција бара дополнителни 1,15 милиони евра од Асмир Јахоски, за тој да може да излезе од истражниот затвор во Шутка и да се брани од слобода. Тој веќе понудил гаранција во недвижен имот проценет на околу еден милион евра, но тоа не е доволно, според обвинителите. Сопственикот на „Пуцко петрол“ е осомничен во рамки на истрагата за перење пари поврзана со набавката на мазут, а јавниот ...

Во тек е изградбата на двата резервоари за вода кај населбите Пребег и Мерите, со средства од самопридонес, а инвестицијата е нешто помалку од еден милион евра. Нивната изградба оди според планираното, а резервоарот кај населбата Пребег ќе биде готов до септември, информираа на заедничка прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јораднов и директорот на ЈП „Исар“-Штип, Александар Арсов. Градоначалникот на Општина Штип, Јорданов, ...

Објавен е Јавен конкурс за изработка на заштитен знак (лого) на Собранието на Република Северна Македонија со цел законодавниот дом да го модернизира и изедначи својот институционален, визуелен идентитет преку изработка на заштитен знак, кој треба да ги одразува националните вредности и вредностите, мисијата и визијата на институцијата, соопшти денеска собраниската прес – служба. Во Јавниот конкурс се посочени главните елементи што треба да ги ...

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) објави намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно наддавање за нов мрежен оператор во државава, а на барање на „Оне Македонија телекомуникации“, фирмата што унгарската телеком-компанија „4иГ“ ја регистрираше во државава по објавата за влез на македонскиот телекомуникациски пазар. – По сопствена иницијатива и врз основа на пристигнатo барање од Друштво за телекомуникациски услуги ОНЕ ...

Министерството за внатрешни работи информираше дека е пријавена кражба од домот на Фатмир Битиќи, поранешен пратеник и екс-претседател на СДСМ. Според официјалното соопштение, пријавата стигнала вчера претпладне. Кражбата, според она што го пријавил Битиќи, се случила во периодот од 18 до 21 април. Непознати сторители насилно влегле во објектот со употреба на алат и сила. Освен сефот со пари, биле одземени и други вредни предмети. Од МВР ...

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, денеска одржа работна средба со претставници на „Скопски саем“, на која дискутираа за потребата и важноста од изградба на нов саемски комплекс во Скопје. На средбата, како што информираат од СОЗР, биле разгледани можностите за локација, инфраструктурни услови и иновации кои би го направиле новиот саемски простор конкурентен на регионалните и меѓународните пазари. -Враќањето на ...

Во текот на празничните денови (18-21.04.2025) продолжувајќи со континуираните сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи издале вкупно 2252 платни налози за сторени прекршоци од страна на учесниците во сообраќајот претежно по однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Притоа, заради неправилно паркирање евидентирани биле 308 прекршоци, 1018 заради возење со брзина ...

МВР информира дека вчера се случила тешка сообраќајка кај Пресека. -На 21.04.2025 во 15.30 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека”, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа” со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ф.К.Л.(53) од Франција и „шкода” со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(42) од Куманово. Во несреќата, возачот на возило „киа” и сопатничката К.К.А.Е. ...

Џорџ Клуни веќе повеќе од 10 години е во брак со либанската адвокатка за човекови права, 16 години помладата Амал Клуни, а холивудската ѕвезда сѐ уште стои на своето тврдење дека никогаш досега не се скарале. Во емисијата „Си-би-ес морнингс“ (CBS Mornings), американскиот глумец повторно говореше за таа брачна идила. – Се сеќавам дека еднаш бевме кај вас и рековме дека никогаш не сме се скарале. Сè уште не сме се скарале. Се обидуваме да најдеме ...

Ватикан соопшти дека погребот на папата Франциск ќе се одржи в сабота, 26 април во 10:00 часот по локално време. Папата Франциск во својот последен тестамент потврдил дека сака да биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, а не во базиликата Свети Петар во Ватикан, каде што е последното почивалиште на многу негови претходници. Во тестаментот што синоќа го објави Ватикан, Франциск јасно ја изрази желбата да биде погребан „во земја, ...

Ватикан утрово ги објави првите фотографии од телото на папата Франциск. Папата Франциск е положен во едноставен дрвен ковчег, со бројаница меѓу рацете, митра на главата и облечен во црвена литургиска одежда, еден ден откако почина од последици од мозочен удар во неговиот апартман во Домот Света Марта. Покрај ковчегот се наоѓаат швајцарската гарда и кардиналот Пјетро Паролин. Телото на папата Франциск сè уште се наоѓа во Домот Света Марта, каде ...

Светлиот вторник, познат и како Велигденски или Воден вторник, е третиот ден од празнувањето на Велигден, кога празнувањето на Христовото воскресение продолжува во црквите, но и во топлината на семејните домови на православните верници. Во календарот на СПЦ сите велигденски денови се означени со црвена буква: недела, понеделник и вторник. И додека првиот ден се слави големата победа на животот над смртта, третиот ден, според народните преданија, ...

Данас.хр Папата Франциск, првиот латиноамерикански поглавар на Римокатоличката црква, почина на 88-годишна возраст, објави Ватикан во видео изјава во понеделникот. Оваа тажна вест го означи крајот на 12-годишниот понтификат, кој беше обележан со тензии, реформски обиди и бројни предизвици во Црквата. Папата Франциск почина во Домот Света Марта, каде што престојуваше последните месеци поради здравствени проблеми. „Се врати во Домот на Отецот“ Во ...

Врв на љубовта на папата Франциск беше можеби најочигледен за време на пандемијата на Ковид-19, кога на сите им беше наметната физичка разделба. Пандемијата на Ковид-19 го затвори во Ватикан, слично како што папите од крајот на 19 и почетокот на 20 век беа речиси затворени пред Ватикан да стане град-држава. Но, папата Франциско одби да биде окован зад Леонските ѕидини на Ватикан. Ги прифати модерните средства за комуникација за да допре до ...

Скршените лушпи од велигденските јајца може да се користат на неколку начини. А ако сте загрижени дека ви остануваат само мали парчиња кои се неупотребливи, веднаш да ве увериме – и тие имаат своја намена. Можете да ги сомелете во прав и да ги користите за различни намени… Најчеста примена е во градината и за одгледување растенија. Експертски совет е претходно да ги сомелете… Еве што всушност треба прво да направите: Нежно исплакнете ги ...

Папата Франциск во својот последен тестамент потврдил дека сака да биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, а не во базиликата Свети Петар во Ватикан, каде што е последното почивалиште на многу негови претходници. Во тестаментот што го објави Ватикан, Франциск јасно ја изрази желбата да биде погребан „во земја, без посебни украси“, а над неговиот гроб треба да стои едноставна плоча со неговото папско име на латински јазик: ...

Пијано момче од Македонски Брод ноќеска предизвикало сообраќајка. -Денеска (21.04.2025) во 02.04 часот во Македонски Брод, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(25) од Македонски Брод поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило ” по член 297-А од Кривичниот законик. Во 01.30 часот на ул.„Крушевска Република” во Македонски Брод, со патничко возило „пежо” со скопски регистарски ознаки, кое го ...

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии. Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави ...

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск, кој почина на 88-годишна возраст, во мај 2019 година ја посети Северна Македонија. Посетата беше дел од неговата тридневна турнеја во Северна Македонија и Бугарија и тоа претставуваше прва посета на еден поглавар на Римокатоличката црква на државава. На скопскиот аеродром, папата беше пречекан од тогашниот претседател на државата Ѓорге Иванов и од тогашниот премиер Зоран Заев, а со највисоки ...

Велигден се празнува три дена, а посебни обичаи се поврзани и со седумте дена по него. Годинава, понеделник, кој се слави на 28 април, со себе носи длабоко вкоренети обичаи, од кои најважен е одењето на гробишта. На секој гроб е оставено црвено јајце, симболизирајќи ја желбата заминатите да уживаат во воскресението на Исус Христос. Овој обичај ја нагласува врската помеѓу животот и смртта. Еден од најинтересните обичаи поврзани со Велигденскиот ...

Папскиот погреб традиционално е сложен процес, но папата Франциск неодамна ги одобри плановите за поедноставување на целата процедура за неговиот погреб, јавува Би-Би-Си. Погребите на врховните поглавари на Римокатоличката црква, по традиција, вклучуваат три ковчези – направени од чемпрес, олово и даб, но папата Франциск избра да биде погребан во едноставен дрвен ковчег обложен со цинк. Тој, исто така, ја укина традицијата за поставување на ...

Родното име на папата Франциск, кој почина утрово, беше Хорхе Марио Бергољо. Роден е на 17 декември 1936 година во Буенос Аирес, Аргентина, од италијански имигрантски работник во железницата и беше едно од петте деца во семејството – три момчиња и две девојчиња. Неговото семејство потекнува од Пиемонт, во близина на Асти во северна Италија. Хорхе Марио Бергољо дипломирал хемија, а потоа го избрал патот на богослужбата и влегол во епархиската ...

МВР информира за несовесен возач кој со БМВ возел бесно. -На 19.04.2025 во 11.30 часот на патот кон селото Гиновце, општина Ранковце, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Т.М.(47) од Крива Паланка, кој управувал патничко возило „бмв” со кривопаланечки регистарски ознаки, со поголема брзина од дозволената, односно со 142 км на час на место каде дозволената максимална брзина е 70 км на час. Т.М. бил исклучен од сообраќај ...

Полициски службеници од ОВР Неготино, го лишиле од слобода неготинецот С.Д.(28) рано изутрина во 04.20 часот, на локалниот пат кон село Курија, Неготинско. Како што соопшти МВР, С.Д. украл патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, сопственост на Л.И.(28) од Неготино, кое според пријавеното било паркирано пред домот на сопственикот и потоа со возилото на локалниот пат кон село Курија, излетал од коловозот. -Од извршените ...

Полициски службеници од ОВР Кавадарци, ноќеска, два часот по полноќ, на ул. „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, го лишиле од слобода В.С.(25) од општина Росоман. Како што соопшти МВР, В.С. со неговото патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, излетал од коловозот и удрил во бандера, а по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,59 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од ...

Велигден е најголемиот христијански празник, кој го одбележува и слави Христовото воскресение. Празникот се одбележува на нешто поинаков начин и обично на различни датуми (стар и нов календар), кај православието и останатите христијански вери. Празникот на воскреснувањето на Господ Исус Христос се празнува секоја година во различно време и еден е од т.н. подвижни празници. За датумот на Велигден се зема првата недела по полна месечина на ден на ...

На 63 годишна возраст почина Тоше Поп Симонов, познатиот музички автор, композитор и и продуцент. Тој позади него остави бескрајна трага кога станува збор за македонската музика. Поп Симонов во својата долга кариера соработуваше со бројни македонски, но и регионални изведувачи меѓу кои се и Тоше Проески, Дарио, Верица Пандиловска, „Фрајле“ и Алка Вуица. Неговите пријатели се простуваат од него со зборовите: „Човек кој допре, заигра и стопли ...

Во Храмот на Светиот гроб во Ерусалим и денеска се појави Благодатниот оган, едно од чудата во православието што секоја година се случува на Велика сабота пред Воскресението Христово – Велигден, јави „Ортодокс Тајмс“. Благодатниот оган се спушти во кувуклијата – параклисот над Светиот гроб, каде што според црковните преданија, бил погребан Исус Христос, откако православниот ерусалимски патријарх Теофил III влезе да се помоли. На спуштањето на ...

Обвинители, дали нашиот молк, тишината и тагата по нашите деца, кои се убиени, ви даде право да ослободите лица кои беа во притвор, а се соучесници во убиството на нашите деца, прашаа родителите на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред почетокот на денешниот трет протестен марш „Задоцнета реакција“ што се одржа во Кочани. Точно во 12 часот и 5 минути учесниците на маршот тргнаа од Паркот на Револуцијата кон Трговскиот центар и кон ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
4.63
37%
1008
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
5.48
35%
1004
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
88%
1004
weather icon

Софија

27ᴼ / 26ᴼ
5.66
35%
1008
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
5.85
30%
1005
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.51
93%
1005
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.54
51%
1011
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
65%
1010
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
5.14
65%
1011
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
2.24
46%
1008
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
3.09
90%
1005
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
6.17
50%
1012
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641