Напомена: Текстот содржи теми како самоубиство и смрт. „Колку пати луѓето фатиле пенкало или четка за сликање в раце само затоа што не можеле да го повлечат чкрапалото?” -Вирџинија Вулф, „Сопствена Соба“ Ова се само дел од зборовите со кои генијалната писателка, Вирџинија Вулф низ своето богато творештво се обидува да продре во длабочината на креативниот ум и можеби само можеби, со нив и да се објасни себеси. Скандалозно нели? Да се обидеш да ...

Како денешен предлог за читање едно од најзначајните дела напишани на Балканот, романот „Мостот на Дрина“ кој му ја носи престижната Нобелова награда на нејзиниот творец Иво Андриќ. Иво Андриќ, роден на денешен ден во Травник го поминува своето детство во Вишеград, каде се наоѓа отоманскиот мост кој го инспирира да го напише ова дело. Историски роман Овој историски роман е напишан во 1945 година и хронолошки ја следи историјата на мостот ...

На денешен ден, 28 декември во 1897 година е одржана премиерата на една од најпознатите драми во француската книжевност Сирано де Бержерак. Едмон Ростан триумфира во театарот Порт Сен Мартин во Париз за време на првата изведба на неговата комедија во 5 чина. Публиката е на нозе цели 20 минути и го скандира името на Ростан. Инспириран од животот и делото на слободниот начин на живот на писателот Сирано де Бержерак (1619 – 1655) Едмон ја пишува ...

Името на „Александар Велики“ е врежано во светската историја. Тој ќе остане да живее сè до последниот ден на човечката цивилизација. Луѓето се интересираат за неговата биографија за да дознаат за неговиот начин на живот, амбиции, моќ и лидерство. Затоа книгите за Александар Велики се многу читани насекаде низ светот. Ако сакате да научите многу повеќе за оваа голема личност и би сакале да изберете одлична биографија за Александар Велики, имаме ...

Романот „Марта” на Горјан Петревски е убедливо најчитаната тинејџерска книга во нашата земја. За првпат е издаден во 1989 – та година во двеилјаден тираж и никогаш веќе помалку од тоа. Романот се состои од 32 глави и веќе го има надминато своето дваесто издание. За приказната Романот ја опфаќа приказната на Марта, седмооделенка која целиот свој живот го бара човекот по кого и е крстена – нејзиниот татко. Марта е опишана како едно од најубавите ...

1.Поезијата го подобрува вниманието кај децата Децата треба да научат да читаат различни видови на текстови и песни во различни форми. Она што е важно и посебно кај поезијата е тоа што децата ја читаат и ја повторуваат на глас и тоа повеќе пати одеднаш. На тој начин, тие ги подобруваат своите вештини на слушање. Тие учат внимателно да ги следат зборовите што ги слушаат и почнуваат да размислуваат што значат тие зборови споени заедно. 2. Со ...

Непишано правило е дека само доколку сме себемотивирани и себеинспиративни, можеме да бидеме мотивација и инспирација за другите. Инспирацијата е способност да се допре до срцата и разумот на луѓето. Мотивацијата пак е способност да влеваш доверба во вештините со кои располагаат луѓето. Обично голем дел од луѓето недоволно ги користат своите потенцијали. Се задоволуваат со трошките од колачот кои што им ги доделуваат нивните претпоставени. Не се ...

Постојат неколку најтажни зборови на светот. Денешниот избор падна на зборот или двата збора во еден – “за малку“. Зошто е тој најтажен збор што постои? Еве во продолжение ќе прочитате преку следнава нарација. Запознаваш убава девојка, можеби во школска клупа, меѓу предавањата на факултет, на работа или сосема случајно во парк. Запознаваш симпатичен дечко, не е важно каде ќе го запознаеш, но разменувате погледи, имиња, можеби и телефонски ...

Не е до денот и до мотивацијата туку е до тебе. Денеска е деветтиот понеделник по ред за оваа година. Во следниов текст имам напишано и образложено зошто ги сакам понеделниците. Ги сакав и пред да го напишам тоа, еве после неколку години стојам на истиот заклучок. Пак ќе напишам дека не е до денот. Туку до чувството што го имаме поврзано за кој и да е ден од неделата. Многу добро познато е дека повеќето луѓе чекаат понеделник за да започнат ...

Мај е месец посветен за подигање на свеста за менталното здравје кај луѓето. Секоја година во овој месец во земјава се случуваат низа активности во насока на подигање на свеста за менталното здравје. Годинава се оддржуваат неколку работилници на кои може да учествуваат младите за да им се приближат темите поврзани со менталното здравје. Во последните десетици години во светски рамки бројот на лица кои страдаат од нарушувања поврзани со ...

Начини за грижа на менталното здравје за наша среќа, ги има во голем број. Наше е само да одлучиме кои од нив ќе ги применуваме во секојдневието. Прочитајте во продолжение за да дознаете подетално. Писателката Елизабет Скот ќе напише дека: „еден ден можеби нема да ги реши тешките скриени проблеми кои водат до исцрпеност, ден посветен на менталното здравје е многу потребна пауза за одмор, регрупирање и намалување на стресот со зголемена енергија ...

Што е тоа болка ако не патоказ кој води кон себеспознавање? Што е болката ако не начин да се ѕирне подлабоко во себе? Само оној што вистински го вкусил вкусот на болката ги цени среќните моменти повеќе од сè. Ако тагата е спротивна од среќата, болката е спротивна од уживањето. Што правиме со болното уживање и плачењето од среќа каде тагата и среќата се испреплетуваат? Чудни се одаите на душата, некогаш несфатливи, честопати без вистински да ...

Неповторливите моменти како што кажува и нивното име кога еднаш ќе се случат не се повторуваат. Секоја измината минута е неповторлива и нема да има друга што ќе биде идентична на неа. Од нас она што се бара е да бидеме целосно присутни во моментот доживувајќи ги свесно работите. Кога не сме целосно свесни тогаш реалноста ја доживуваме малку поинаку, искривено. Затоа е важно да сме присутни во сегашноста, со сите наши сетила и со цело наше битие. ...

Тагата се опишува како емоционална болка која може да биде почувствувана кога се губи саканиот/саканата, при социјално одбивање или неисполнување на некоја цел итн. Да се биде тажен е нормално. Понекогаш секој од нас може да има тажен ден и да се чувствува тажно во одреден период од животот. Тагата е здрава емоција. Можеби чувството не е удобно, но може да помогне во барање на социјалната поддршка којашто е потребна, во давање некаков знак и ...

Во ова видео со афирмации прво од ваков вид на каналот сакам да ви помогнам да постигнете релаксирачко и мотивирачко расположение наутро или пред спиење. Како што препорачувам во видеото, пожелно е да го слушате 21 ден наутро или навечер за да има ефект. Афирмациите се корисни за “репрограмирање“ на мозокот, односно го спречуваат претераното размислување и ве насочуваат кон позитивна насока. Слушнете го целото видео, а во коментар на каналот ...

Има луѓе што сметаат дека сè она што ги уништува книгите за да се направи од нив е нешто најлошо, но некои го мислат спротивното и ги купуваат таквите креации направени од книги. Навистина постојат креативни начини на кои луѓето им наоѓаат на книгите друга намена освен онаа основата – читањето. Тие можат да се претворат во уметност и вешти изработки, можат да служат како вазна за растенија, нивните страници да се извиткаат во декорации или да се ...

Во рамките на второто издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, кој ќе се одржи од 14 до 19 октомври на повеќе локации, ќе биде отворена изложба на илустрации на големиот ликовен уметник Димитар Кондовски, еден од доајените на македонското сликарство. Кога ќе биде отворена изложбата? Изложбата ќе биде отворена на 14 октомври во Национална галерија на Република Северна Македонија, објект „Мала станица“. За ...

На крајот од годината големите компании знаат да направат интересни реклами на тема – Божиќни празници. Најдобар и најпознат пример во светот за реклами од ваков вид се рекламите на „Кока кола“. Годинава имаме можност да ја видиме рекламата која ја подготвил цел тим што стои зад „Дизни“. Во времетраење од 3 минути оваа анамирана реклама со наслов: „Од нашето, до вашето семејство“ ќе ве разнежни. Приказната го следи малечкото девојче Лола која во ...

„Дали си изгубен во светот како мене“ е насловот на следнава кратка анимација којашто го претставува денешниот свет. Ми ја испратија пред малку, штом ја изгледав посакав да ја споделам со сите што го следите блогот. Анимацијата е објавена на јујтуб во 2018-та година, а оттогаш речиси ништо не е сменето освен што носиме маски и е пандемиско време. Во краткото, но реално и тажно видео ќе се пронајдат многумина. Ние ќе се запрашаме: „Во каков свет ...

Пред сè, лице. Лице на некој кој нема да се откаже, кој нема да издаде, кој нема да чувствува вина. Лице на жена која одлучила да биде трајно и длабоко ранета од уметноста, ранета епски, еротски, интелектуално. Лице кое збунувало, и не му дозволувало на светот и за миг да помисли дека занимавањето со ова божествена, демонска, ангелска работа – комфорно, удобно, пријатно и лесно. Таа влегла во Херодотовата река која непрекинато тече и тој тек е ...

Димитар Андонов Папрадишки (1859 – 4 јануари 1954) e последниот македонски зограф. Тој воедно е и првиот македонски профан (нерелигиозен) сликар кој ги поставил темелите на западното сликарство во земјата. Познат е и како историски сликар и портретист. Бил син на истакнатиот градител, копаничар и иконописец Андон Китанов (1829-1914). Биографија Димитар Андонов Папрадишки е роден во 1859 година во мијачкото село Папрадиште во непосредна близина ...

На 6-ти февруари 1918-та година починал Густав Климт, австриски симболистички сликар и еден од основачите на Виенската Сецесија. Целиот живот бил фасциниран со женското тело кое бил и примарен субјект на повеќето негови слики. Го нарекувале перверзен, а неговите слики еротични и порнографски. Сепак токму тоа му донесло светска слава, а неговата слика „Бакнеж“ денеска е најпозната австриска слика на сите времиња. „Бакнеж“ е најпознатата слика на ...

Микеланџело ди Лудовико Боунароти Симони (италијански: Michelangelo di Lodovico Buonarroti Simoni; 6 март 1475 – 18 февруари 1564), попознат само како Микеланџело e италијански ренесансен вајар, сликар, архитект, поет и инженер кој имал големо влијание врз развојот на западната уметност. Тој се смета за еден од моделите на тоа како еден уметник на ренесансата треба да изгледа, заедно со неговиот пријател Леонардо да Винчи. Еден од ...

На денешен ден 30 март во 1853 година е роден еден од најславните и највлијателните уметници – Винсент ван Гог. Овој холандски уметник се смета за претходник на европскиот експресионизам. Тој го деформираше природниот облик, страствено го прикажуваше она што не можеше да се прикаже со сликање, а зад секоја негова слика стои приказна. Прочитајте ги во продолжение неколкуте занимливости за неговиот живот. 1. Во неговиот краток живот во траење од ...

Роден во 1798 година во близина на Париз, Ежен Делакроа бил водечки уметник во 19 век. Тој го напуштил училиштето на млада возраст за да учи сликарство кај Пјер-Нарсис Герен пред да се запише на Ликовна Академија. Неговата храброст за употреба на живи бои и слобоата при сликањето ќе станат негов препознатлив стил, a тој ќе стане инспирација за многу уметници во иднината. Еве неколку интересни факти за овој уникатен сликар: Делакроа беше повеќе ...

Рембрант Херменсон ван Рејн (15 јули 1606 или 1607 – 4 октомври 1669) е веројатно највлијателниот холандски сликар и еден од најголемите сликари во европската историја на уметноста. Прочитајте ги следниве 9 факти кои е убаво да ги знаеме за уметникот кој кршел правила. 1. Рембрант живеел во таканареченото „Златно време на Холандија“ или холандското сликарство и бил водечки сликар на барокната епоха. 2. Бил одличен портретист, а таа негова ...

Изминаа две недели од поставената изложба во Даут пашин амам од доајенот на македонското сликарство, Димитар Кондовски; без никакви претензии или своеглави убедувања, отидов да ја разгледам изложбата и да се уверам дали имам право во понуденото. Секако онаа синтагма која гласи: „Доколку не очекуваш нешто, добиваш двојно повеќе” се оствари; слики, полно како око. На самиот почеток би сакал да напоменам дека нема да се водам по хронолошки, туку по ...

Во Словенечкиот народен театар – Драма Љубљана беше поставена претставата „Мојот маж“ според расказите на Румена Бужаровска. Во согласност со здравствените протоколи, минатата недела се одржаа три претпремиери и три премиери (на 8, 9 и 10 октомври) пред публика од по 80 гледачи по претстава. Според критиката, претставата моќно ја доловува положбата на жените соочени со специфичниот патријархат на Балканот. Ника Корењак ја споредува македонската ...

Артур Милер е американски драмски писател и есеист. Роден во Њујорк, во 1915 година, во сиромашно граѓанско семејство. Тој починал на денешен ден во 2005 година. Студирал на Универзитетот на Мичиген, а за време на студиите морал да работи за да се издржува. Во 1955 година станал претседател на меѓународната организација ПЕН. Неговото творештво Својата прва драма „Уште расте тревата“, Милер ја напишал уште во студентските денови, а во 1938 ...

„Трагичната повест на Хамлет, Принцот Дански“, или скратено само „Хамлет“ е една од најпознатите трагедии на Вилијам Шекспир. Се претпоставува дека Бардот од Авалон оваа драма ја има напишано во периодот помеѓу 1599 – та и 1601 – та година. Драмата се фокусира на теми како одмазда, инцест, лудило, гнев, предавство, убиство, љубов и климање на моралот. Во продолжение можете да го прочитате познатиот монолог на Хамлет кој, низ овие зборови си ги ...

Скопје

5ᴼ/5ᴼ
4.63
61%
1011

Белград

7ᴼ/6ᴼ
4.12
65%
1010

Софија

3ᴼ/1ᴼ
7.2
66%
1012

Сараево

8ᴼ/8ᴼ
9.58
42%
1010

Љубљана

7ᴼ/5ᴼ
3.29
57%
1006

Атина

22ᴼ/20ᴼ
5.81
59%
1005

Тирана

13ᴼ/13ᴼ
2.57
54%
1010

Подгорица

13ᴼ/11ᴼ
2.57
37%
1010
Currency

61.525

Currency

58.4607

Currency

73.8197

Currency

38.0152

Currency

41.7196

Currency

65.9923

Currency

8.058

Currency

0.58031

Currency

0.37565

Currency

0.52588

Currency

1.69469

Currency

0.6927

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

508086 $

Рутениум

15530 $

Калај

29 $

Сребро

992 $

Злато

85170 $

Бакар

8 $

Паладиум

32347 $

Платина

30775 $

Родиум

147909 $

Цинк

95688 $