Цел ден денес горат простории каде е сместен електронски отпад, а густ чад го прекри половина Скопје. Познавачите велат дека овој чад кој доаѓа од горење на литиумски батерии и останат електронски отпад е сериозно опасен по здравјето на граѓаните. Неколку часа откако избувна пожарот, се јави и Министерството за здравство. Но оттаму нема ниту една препорака до населението кое живее близу пожарот. Во објавата кусо се наведува дека тие ја следела ...

„Загрижувачки се дел од информациите што пристигнуваат, а тоа е дека горат литиумски батерии и друг отпад кој е исклучително опасен. Во исчекување на официјални податоци, препорачувам граѓаните во Трубарево и околните населби да носат маски, да не престојуваат на отворено без итна потреба и да земаат антиоксиданси за превенција. Апелирам до властите дека е крајно неодговорно да се молчи во вакви случаи“, напиша Филипче на Фејсбук Институциите ...

Министерството за здравство попладнево информираше дека ја следи состојбата со пожарот во скопско Трубарево и оти неговите служби се подготвени за постапување согласно со нивните надлежности. -Ја информираме јавноста дека Министерството за здравство ја следи состојбата со пожарот во скопско Трубарево. Во постојана координација е со сите надлежни институции. Службите на Министерството се подготвени за навремено постапување во рамки на своите ...