Дебар Маало и скопската историја која ја рушите! 13.09.2025 • Став Историјата на еден град се доживува и чита најмногу преку живите примери на минатите епохи. Разгледниците будат носталгии, предизвикуваат каење можеби за претходните грешки во одлуките на градските власти, но тековните константни рушења на и она малкуто што остана, предизвикува револт. Да сте градоначалник на Центар, да сте урбанист кој потпишува вакви планови, да сте ...

Секој камен во Дебар Маало, секоја староградска улица, секој фасаден украс е сведок на град што преживеал епохи, војни и промени. Денес, тие сведоци исчезнуваат пред нашите очи. Нови бетонски блокови ја губат душата на градот, а со секое рушење исчезнува дел од неговата меморија. Другите европски градови одамна ја разбираат вредноста на своето историско наследство. Белград ја чува Скадарлија, боемската четврт што е срцето на културниот живот на ...