Денеска, како избор за најмалите ја имаме песната „Шумски семафор ” од писателот за деца, Ванчо Полазаревски. Интересна песничка за оној кој ги поседува сите бои и со нив го регулира сообраќајот во шумата. Кој е тој и како тоа го прави, прочитајте подолу. Во шума лази, не стои, семафор во разни бои. Наоколу болскоти зелено… Тој, иста боја – проверено! Зад него, растура боја лила, и тој лила, му била многу мила. Цвет, сиот жолта сеанса, овој, ...
Желба ми беше да ја прочитам „Чиста Дана“, детска песничка која уште како мала баба ми ми ја кажуваше многупати. Уште поголема радост ми беше кога прифати да ми ја каже повторно и добив дозвола да ја објавам како ја кажува таа во аудио снимка. Видетото е кратко, но доволно долго за двете да ја испееме „Чиста Дана“ по еднаш. Уживајте во слушањето со најмалите, за нив впрочем е и прочитана! Пријатно слушање! Можеби ќе сакате да ја чуете и ...
Денеска, како избор за најмалите ја имаме песната со наслов „Шумски чадорчиња“ од македонскиот драмски писател, поет за деца и возрасни, Васил Пујовски. Песната е малечка, составена од само три строфи, лесна и интересна. Во неа поетот ги опишува шумските чадорчиња, а какви се тие и кој со нив се служи, прочитајте подолу. Шумата е преполна со чадорчиња под нив во невреме штурчињата се кријат. Шумата е преполна со чадорчиња под нив бубалките ...
Денеска, како избор за најмалите ја имаме песната со наслов „Мала бучава поради папучава“ од македонскиот писател за деца, а воедно и познат хуморист, Ванчо Полазаревски. Песната е мошне интересна, напишана е во редови низ кои се опишува односот на една бучава и една папуча. Што имаат тие заедничко и како се согласуваат, прочитајте подолу. Си била една папуча, се викала влечка, но за неа – пополечка. Во исто време една врева се скарала со трева, ...
„Другарство големо“ од Александар С. Трајковски е песна за дечиња и е дел од збирката „Кракти поеми за најмладите боеми“ во издание на Ѓурѓа. Воедно ова е најновото видео прикачено на каналот „Слушај поезија и други приказни“ после паузата. Слушнете што порачуваат дечињата од песничката, какво е тоа нивно другарство големо. Видеото е полно со букви такашто и поголемките дечиња можат да го слушнат и притоа да си ги вежбаат буквите што ги знаат и ...
„Дедо Мраз“ од Александар С. Трајковски е новогодишната песничка која е последо снимена на каналот Слушај поезија и други приказни. Извадок е од збираката „Кратки поеми за најмладите боеми“ во издание на Ѓурѓа. Видеото е од едукативен и забавен карактер. Поголемите дечиња можат и да го читаат текстот, а помалите да се забавуваат со визулните приказни и музиката во позадина. Пуштете им го видеото на најмалите и имајте пријатно слушање! Слушнете ...
Ако за денот што изминува не си благодарен нема да ја цениш ноќта ниту пак ќе се радуваш на новото утре. Некој можеби ќе си рече: „Како да се радувам на ноќта или на новиот ден кога имам еден тон проблеми?“. Тогаш следново прашање треба како одговор да кликне во неговата глава: „Бидејќи некој нема буден ни да ги дочека оваа ноќ или следните утра што следуваат!“ Во моментите кога сме најкревки се гледа нашата сила. Звучи малку контрадикторно, ...
Секој од нас најдобро се познава себеси. Знае колку може да постигне, свесен е за големината на својот капацитет. Секоја индивидуа сама поставува граници, а почитува и применува одредени правила и носи со себе извесни морални вредности. Секој индивидуално размислува за својата иднина, прави планови, се мачи да постигне нешто. Се труди со својот максимум за подобар живот. Секој поединец си има зацртано своја шема за живеење и најчесто се води ...
На самиот почеток од Новата година се потсетуваме на сите важни моменти од претходната којашто вчера ја испративме. Ако некоја желба важи за универзална за сите луѓе од цел свет, таа е да бидеме здрави, живи и сите на број. Потоа следат желбите за среќа, благосостојба, мир и љубов. Нека оваа 2022 година на сите ви ги оствари желбите што ги посакувате, но запомнете дека од вас зависи нивното остварување. Кои совети треба да продолжат да важат во ...
Секој човек има своја големина. Секој вреди за себе и за останатите. Меѓутоа секоја индивидуа различно го разбира овој поим. За некого да се биде силен значи да се биде физички добро извежбан (атлетско тело, мускули), и со тоа да се прави важен пред другите. Имено, иако здравиот начин на живеење – во здраво тело, здрав дух (фитнес, посебен режим на исхрана), ни овозможуваат да добиеме одреден резултат – постигнување на посакуваното тело, тоа не ...
Пред единаесет дена ја пречекавме и долгоочекуваната 2021 година. Претходната година сите заеднички со една мисла и желба сакавме конечно да ја испратиме. Но дали со неа ги испративме проблемите и магично добивме решение на сè? Секако дека не. Новата година асоцира на нов почеток, нови шнаси кои треба да бидат искористени. Сметам дека секогаш постои простор за промена без оглед кој период од годината е, доколку ние самите сме подготвени да се ...
Го знаете чувството кога сте изгубени, кога не знаете што правите и каде сте? Низ тој период поминува секој од нас, само за некои е подолг, а за некој пократок. Тој е период кога живееме истовремено во минатото, сегашноста и иднината. Тогаш се навраќаме на грешките од минатото и гледаме како тие грешки би се одразиле во иднината, а во меѓувреме само механички ги извршуваме обврските од сегашноста. Е тогаш нашиот мозок се радува за надминатото ...
Во првиот месец од новата година решив да го објавам видеото кое го подготвив за мојот YouTube канал. Со него сакав да го означам крајот и испраќањето на годината што измина. Но и да ѝ посакам добредојде на 2021-та. Сето тоа е срочено во нецели 7 минути во видеото во кое не кажувам ништо ново. Сепак, го кажувам на мој начин, од моја перспектива, но сметам дека повеќето од вас го чувствуваат истото. Замислено како една кратка рекапитулација на ...
Ако мислиш дека животот ти е лош, тогаш најверојатно си во право. Ако мислиш дека сите се свртиле против тебе, тогаш пак најверојатно е така. Ако мислиш дека заслужуваш повеќе, тогаш исто така си во право. Единствено нешто на светот што те спречува да го постигнеш она што го сакаш, си самиот ти! Негативен став Ако мислиш дека светот се свртел против тебе, тоа е затоа што имаш лош став кон животот. На сè гледаш на погрешен начин. Наместо да го ...
Неодреденост. Насока на која крајот не ѝ се гледа. Талкање. Чекорење без познат правец. Чувство на изгубеност или немање цел? Многу добри познати чувства на сите талкачи, на оние кои се пронаоѓаат сè уште. Продолжи да чекориш, не го запирај одот! Да, тебе ти велам, ТИ што сега го читаш овој текст. Одот го симболизира твоето патување, кое не мора да биде само физичко. Ти се движиш стоејќи во место. На кој начин? На духовен. Патуваме секојдневно ...
Пишувањето роман е застрашувачки предизвик дури и за најамбициозните автори. Секоја година се издаваат илјадници романи. Додека секоја фаза од пишувањето е предизвик, можеби најтешкиот дел е како да ја почнете книгата. Повеќето писатели чекаат да ја напишат првата реченица, откако ќе почувствуваат доволно самодоверба. Пред сѐ, за сижето, ликовите, темите и структурата. И покрај радостите што ги нуди слободното пишување и импровизациите на ...
Сакате да напишете книга, но не знаете како да почнете? Патот до печатената верзија на книгата не е лесен, всушност, полн е со подеми и падови. Како нов писател што го учи занаетот, неизбежно ќе правите грешки. Тоа е во ред, но ќе ви укажеме на најчестите грешки, а тоа ќе ви помогне да ги избегнете. Слаб вовед Првите впечатоци се многу важни. Честопати, писателите започнуваат со долги описи на места, или тривијалности како будење од сон или ...
Орхан Памук е турски писател. Добитник е на Нобелова награда за литература во 2006 година. Прочитајте што вели Памук за себеспознавањето и среќниот живот: „Копнеам по оној јас кој бев некогаш, како да копнеам за стар пријател, сакан лик и долго време сакам да се вратам на мојата стара личност. Како на сила да ме облекле во облека која не ја сакам и направиле од мене друг човек. Миговите кои ги нарекуваме сегашност, некогаш, можат да ни дадат ...
5 животни “лекции“ кои ги учиме пoдоцна во животот гласи насловот на најновото видео објавено на јутјуб каналот. Сите правиме грешки. Но нели најважно е дека од нив треба да ги научуваме важните лекции. Нели бидејќи никогаш не е доцна. Човекот учи додека е жив. Во видеото презентирав пет животни “лекции’ кои сметам дека некогаш ги учиме малку подоцна. Не измислив топла вода, но сметам дека убаво е да се потсетиме на овие клучни моменти. Всушност ...
Не должиш ништо никому освен на себе. Себеси си должиш сѐ, знаеш? Ако не си знаел/а тука сум да те потсетам. Штом ги читаш овие редови значи дека знаеш дека сепак нешто си должиш. Не се плаши да кажеш “не“ кога мислиш дека треба. Најверојатно тоа “не“ е со причина. Во право е твојот внатрешен инстинкт кој ти помага при двоумење. Си должиш на себе сѐ што некогаш си помислил/а дека ти треба. Како ќе го постигнеш тоа? Реализирајќи ги своите ...
Сите имаме некаква улога уште од самото раѓање. Некои улоги ни се наметнуваат сами, а други ги бираме сами. Во денешно време постојат многу нешта кои се бараат од нас. Може да биде изненадувачко сознанието луѓето кога мислат дека нешто им должите. Кога се трудиме да им удоволиме на другите ние себеси се губиме во одредена мера. Мислејќи дека на сите нешто им должите, размислете за следниве 19 нешта во продолжение кои не му ги должите никому! 1. ...
Синдромот на прегорување се јавува како одговор на продолжен хроничен стрес кој ни го испраќа телото. Нашето тело ни испраќа порака дека е заситено т.е. ментално, физчки и/или емоционално исцрпено и дека му е неопходен одмор. Овој синдром не се јавува одеднаш и изненадно туку се разива постепено. Ако не се воочи во раните фази на развој, симптмите можат да станат сериозни. Генерално може значајно да се одрази на целокупното расположение и ...
Постојат одредени индикации дека трансформацијата наскоро ќе се случи, а ако обрнете внимание на нив ќе бидете спремни да ја прифатите. Прочитајте ги во продолжение и проверете дали можеби ви се случува трансформација. 1. Поемотивни сте Емоционалните промени често ѝ претходат на трансформацијата, тие се средишен дел на она што ви се случува кога активно го менувате својот живот. Можно е истовремено да чувствувате потреба за смеење, но и плачење, ...
Проклетството и благословот да се чувствува и доживува емотивно сè наоколу не им се “паѓа“ на слабите луѓе. Само тие што туѓите емоции можат да ги осетат на своја кожа го разбираат ваквиот дуализам. Некогаш е исцрпувачки, а некогаш толку олеснително. Зависи од начинот на кој ќе им се пристапи на емоциите и како ќе дозволиш тие врз тебе да (не) влијаат. Емпатијата некогаш знае да истоштува, но повеќе е благослов отколку проклетство. Кога се ...
„Како да ја избегнам пандемијата?“ – Ова прашање му било поставено на индискиот учител Ошо пред отприлика 40 години во периодот на појавата на АИДС. Ошо одговорил: „Поставувате погрешно прашање. Вистинското прашање би требало да биде: „Како да се избегне стравот од смртта предизвикана од пандемија?“ Бидејќи е многу лесно вирусот да се избегне многу е тешко да се избегне стравот во вас и во светот. Луѓето повеќе ќе умираат од овој страв отколку ...
Секој човек има желби. Тие се негова надеж, негови двигатели за иднината. Стремежи, насочувања, поттикнувања. Му даваат смисла на животот. Желбите се акција која го поттикнува човечкиот ум да мисли за да ги постигне, а реакција на нашата потсвест и имагинација. Желбите можат да бидат реализирани и нереализирани. Остварените желби ги гледаме како постигнат успех, како реализиран сон или план. Тие се наша сила, често, дел од нив си ги припишуваме ...
Човечкиот живот се состои од радости и болки. И покрај сета негова убавина, секој човек во текот на своето постоење се соочува со многубројни страдања и искушенија. Болките се неизбежен дел од секојдневното живеење. Многу често нè повредуваат, ментално и физички ни наштетуваат. Постојат моменти во животот во кои мислиме дека не можеме да издржиме, дека нашиот крај е во мигот во којшто најмногу страдаме. Чувствуваме дека немаме сила да се бориме. ...
Некогаш и зборовите можат да станат вишок, непотребни, непосакувани, напорни, заморни. Тогаш најубаво е да го прегрнеш молкот и во тишина да се слушнеш себе. Тишината е молк со најмногу одговори. Некои прашања немаат одговор, не дека не заслужуваат. Само не можеш да си ги одговориш колку и да се обидуваш. Тие заслужуваат молчење со долга прегратка. Ако нема кој да те прегрне, прегрни се сам/а. Прегратката може да биде и убав збор за себе ...
„Кулитерација“ е најновата емисија што ќе се емитува на Радио МОФ. Станува збор за емисија од едукативен и информативен карактер посветена на литературата, културата, поетски манифестации и конкурси, рециталии, поезија, проза и сè друго што ќе ви падне на памет кога ќе помислите на „пишан збор“. Решивме да бидеме гласни и сакаме нашиот глас да можете да го чуете и во оваа форма. Авторите од овој блог стојат зад емисијата, а утре во првото ...
Збор. Зборот се шири и провлекува лесно како овој лист хартија. Но, реченицата е тешка и стуткана како клопче, чека да се раскинат зборовите, Трајните зборови кои се провлекуваат како ехо во планина Нивниот одек одѕвонува во ушната школка И останува само еден глас. Некој таен глас што зуи како пчела А боде како колец. Ја пробива нишката на младоста како лузна на детско колено. Еден глас, носи друг како бранови во море. Останува, го бара зборот ...