„Едно слонче со црвено балонче“ од авторката Софија Петковска наскоро ќе доживее промоција. Книгата за деца неодамна излезе од печат, а содржи интерактивни и поучни содржини за најмалите. Промоцијата ќе се одржи на ден: 11.11.2023 (сабота) со почеток во 17 часот, во кафе бар ,,Школски”. Кафе барот се наоѓа во населбата Даме Груев (ГЕГЕ), со поглед кон главната улица ,,Лука Геров” во Скопје. Линк со гугл мапа од местото на оддржување на настанот: ...

На една плажа, крај синиот океан се шетаа малото Ракче и неговата мајка. Ракчето, љубопитно и среќно затоа што денот беше убав, одеше малку понапред додека мајка му го гледаше. Така трчкајќи, те на оваа, те на онаа страна, малото Ракче наеднаш застана кога го чу гласот на мајка си. „Зошто одиш така настрана?“ го праша. „Секогаш треба да одиш право, со прстите исправени.“ продолжи таа. „Покажи ми тогаш како треба да одам, мамо,“ послушно одговори ...

Чијоно слугуваше во еден Зен манастир и сакаше да научи зазен. Еден ден ѝ пријде на една постара калуѓерка и ѝ рече: „Јас сум од скромно потекло. Не знам да читам или пишувам и мора да работам постојано. Дали постои можност да го достигнам патот на Буда иако немам никакви вештини? Калуѓерката ѝ одговори: „Ова е прекрасно, драга моја! Во Будизмот не постојат разлики меѓу луѓето. Има само ова: Секој човек мора цврсто да се држи до желбата да се ...

„Мравката и гулабот“ е поучна басна од Езоп која првично ја имаме објавено на блогов. Сега ја имаме и во аудио верзија. Драго ќе ми биде доколку ја слушнете и направите subscribe на YouTube каналот. Дополнително, споделете ја со пријателите, членови на семејството за кои мислите дека би било убаво да ја слушнат. Пријатно слушање!  Слушнете ја и приказната банкарска сметка со сума подеднаква за сите.. Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. ...

Си живеело некогаш, во некоја далечна земја, сиромашно момче. Било високо како ела, здраво како карпа, силно како мечок. Но, со кого и да се сретнело, секогаш се жалело: Црн е овој живот! За да спечалам парче леб, мора да работам, да се потам. Колку би било убаво кога би имал големо богатство, па ништо да не работам, само да уживам, по цел ден да седам и лежам. Еден убав пролетен ден, кога момчето се прибрало во својот дом, го посетил еден ...

Во твоите очи се раѓа мојата светлина. Твојата насмевка мирисите ми ги буди. Те гледам… Ти ме пресоздаваш, од тебе животот го цедам. Низ твоите стапки на доаѓање и заминување се појавува насоката на моето движење. Со тебе сè започнува и завршува. Како сенка поврзан си со моето битие. А сенките, сенките бегаат, Сонцето ги насочува. Но знаеш ли Месечино, светло мое во ноќта, јас сум Елена, јас сум СОНЦЕ, СОНЧЕВА СВЕТЛИНА. *името Елена значи ...

Цвет израсна од калта, од недоразбирање и омраза. Го сакам со секој длабок здив, но мирисот на рози само вознемируваше. Твојата прашина се држеше на моите трепки, заслепувајќи ме од неговите недостатоци. Очајна и сама бев, на милоста на неговите грчеви и канџи. Да се смири неговата несигурност, јас бев само тапа алатка. Тој ја исцеди мојата сила слабеејќи ја со исмевање. Никој не заслужува тага или болка на невозвратена љубов. Ти нанесуваше сол ...

Овој есеј освои прво место во категорија I на учесници под 18 години. Прочитајте го во продолжение! Еве ме мене на самиот влез. Пред големата порта на животот, како уште јас да фалев на овој суров свет. Еве ме, брзам и јас да понесам товар во целиот општествен хаос. Ја отворам тешката порта, а пред мене бездна што едвај се задржав да не паднам. Гледам многумина безгрижни и полни со надеж залетани паднаа во длабочините без дно проследени со ...

Овој есеј освои второ место во категорија I на учесници под 18 години. Прочитајте го во продолжение! Се ближи највеселата ноќ во годината. Ноќ исполнета со безброј прекрасни доживувања. Некои од нас се среќни, ќе добијат нови 365 дена кои ќе ги искористат за да бидат со своите најблиски, ќе имаат денови кои ќе треба да ги исполнат со среќа, радост, нови авантури и безброј возбудливи моменти. Од друга страна се оние кои се тажни, за нив завршува ...

Овој есеј освои трето место во категорија I на учесници под 18 години. Прочитајте го во продолжение! Часовникот покажува десет минути до полноќ. Стрелките се движат толку брзо, што не знам дали ќе имам доволно време за сѐ. Чекорам по новата авенија во градот. Безброј мали снегулки се трупаат една над друга. Улиците се празни, нестварни, а морничавата тишина го надополнува мракот. Овде-онде гледам по некоја новогодишна декорација, светилки и ...

Овој есеј освои второ место во категорија II на учесници над 18 години. Оригинално беше напишан на босански јазик, ова е преводот на македонски. Прочитајте го во продолжение! Нè уништи сите тој еден обичен, ситен мал скот кој влезе во нашите пори дури од далечната Јапонија. Еве, дојдовме до тој стадиум кога мораме нашето секојдневие да го замениме со таа маска која нè ограничува во секој поглед; во нашите топли домови полни со грижа: Кога ќе ...

Овој есеј освои трето место во категорија II на учесници над 18 години. Прославата на Нова година е една од најстарите пагански традиции. Овој обичај не се менува скоро 4000 години. Скоро и да не постои народ во минатото или сегашноста кој што не ја слави Нова година. Во денешно време за Новогодишните празници се „давиме“ во литри алкохол и став – убаво помини си за Нова година и сврти нова страница во својот живот. Но, ништо нема да е како ...

„Излезе од печат нова книга од издавачката дејност на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. Збирката раскази од литературниот конкурс „Раскажувам фотографија“ 2020 е финализација на проектот – литературен конкурс за краток расказ посветен на мотиви од предвоениот живот и страдањето на македонските Евреи. На конкурсот пристигнаа 138 литературни творби. Меѓу нив, најголем дел солидно напишани прози, со исклучок на творби кои не го ...

Конкурсот за краток расказ е една од најпрепознатливите практики од зенитот на постоењето на првиот дневен весник. Обновен е за да ја поттикне продукцијата на краткиот расказ како форма што е популарна, современа и широко прифатена од читателската публика. Краткиот расказ е дел од колективната меморија и култура на македонскиот народ, кој има корени уште во усните расказни и наративни форми. Иако во последниве години романот е најдоминантен жанр ...

Друштвото на писателите на Македонија традиционално го распишува конкурсот за доделување на наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од писателка членка на ДПМ објавена во тековната година. Во конкуренција за ова признание ќе влезат стихозбирките објавени од ноември 2020 година до крајот на септември 2021 година. Со оглед на моментната ситуација предизвикана од Ковид-19, пожелно е авторките и издавачите да ги достават книгите во ...

Издавачката куќа Темплум по шеснаесетти пат го распишува конкурсот „Новите!“, за најдобар прозен дебитантски ракопис на македонски јазик. Целта на наградата е да ги промовира и афирмира новите автори во македонската книжевност, новите тенденции во литературата, новите поетички начела, новиот пристап, новиот начин на организирање во сферата на литературата, новите обиди книжевноста да стане општествено повлијателна во секоја смисла: културно, ...

Распишан е меѓународен конкурс за поезија „Антево слово 2021-22“ во Сицилија, Италија. Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“), во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ годинава по петти пат го распишува конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот, ...

Литературен Конкурс за поетска творба на слободна тема објавува здружението „Клуб на литературни творци“ – Прилеп, по повод 15 години од меѓународната манифестација ,,ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ“ 2022 г. Право на учество имаат сите што пишуваат поезија. Учесниците се поделени во две категории, возрасни и млади, при што во самата пријава да стои возраста на авторот. Секој учесник (автор) испраќа по една песна не е подолга од 28 стихови, во Times New Roman ...

Некои од нас, цел живот ќе чекорат со дигната глава, горди без срам и обвинувања, секогаш загледани во иднината, никогаш не вртејќи се назад кон минатото и темнината. Некои од нас, цел живот ќе го поминат, обвинувајќи ги другите за лошата карма или судбина, лутејќи му се на светот и векот, никогаш не загледувајќи се во себе, ниту во ликот свој во огледалото, оти ја знаат вистината, дека многу полесно е да ги обвинат другите, отколку самите себе ...

ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје распишва конкурс за награда „Бели мугри“ за поетска збирка Пропозиции: – поетската збирка треба да содржи најмногу 1200-та стихови; – да е напишана на мајчин јазик; – Да не е досега објавувана; Право на учество имаат сите автори на возраст до 35 години. Ракописите треба да се испратат во три примерока под шифра (а во посебен запечатен плик да се достави: шифра, име и презиме и матичен број на авторот како ...

Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски АНТЕВО ПЕРО Скопје распишува КОНКУРС за доделување на наградата „Антево перо“, востановена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски, за 2023 година. Пропозиции: 1. Наградата „Антево перо“ за 2023 година се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга (поетски ракопис). 2. На Конкурсот можат да се јават сите автори ...

Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски АНТЕВО ПЕРО Скопје распиша КОНКУРС за доделување на наградата „Антево перо“, востановена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски, за 2023 година. Пропозиции: 1. Наградата „Антево перо“ за 2023 година се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга (поетски ракопис). 2. На Конкурсот можат да се јават сите автори ...

Распишан e меѓународен конкурс за поезија „АНТЕВО СЛОВО“ за 2024-та година. Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“), во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ годинава по седми пат го распишува конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот, востановена во ...

Денес уживајте во поезијата на незаменливиот поет Блаже Конески. Изборот падна на четири негови кратки, но моќни песни од стихозирката „Везилка“. Тајна Откриј ми една твоја тајна па макар колку мала и лесна, јас ќе ја кријам во себе гробно – дури не стане песна. Кафез Триесет години. И што е сторено? Триесет скршени врчки. Детето во мене е затворено во еден кафез од брчки. Жртва О драги предмети, о мили луѓе, си мислам напати – дај да се ...

Денес ги споделуваме стиховите од песната „Магдалена“ на македонскиот поет, есеист, препејувач, публицист и политичар, Анте Поповски. Песната е составена од четири строфи низ кои изобилува меланхолија, носталгија, еден вид на копнеж по младоста и детството и емоции, кои можеби се проткаени во сеќавањето на Магдалена. Која би можела да е Магдалена и зошто е песната посветена на неа, иако таа се појавува на самиот крај, прочитајте подолу и сами ...

Денес ги споделуваме стиховите од песната „Ноќта“ на македонскиот писател и поет, Ацо Шопов. Песната е дел од збирката Слеј се со тишината (1955) и е составена од три строфи кои се поделени во два дела. Посветена е на ноќта и делумно нејзината посебна врска со поетите. Каква е ноќта на Шопов, прочитајте подолу. 1. Co лажна убавина ги обвива предметите и им дава облик на вистинско збивање. Ги измамува луѓето… и само сo поетите има допир силен ко ...

Од Земјата на лажговците (1999) Ластовичките одамна полетаа на југ. Времето се промени. Почна да дува студен ветер. Лисјата на гранките одамна капнаа на земјата. Сланата ги попари тревките и цвеќињата. Децата почнаа да носат топла облека. Но една ластовичка сѐ уште не одлета во јужниот крај. Некое лошо дете со воздушна пушка ѝ го скрши крилото. Кутрата таа! Колку тагуваше што не можеше да лета. По стопати на ден се обидуваше да ги рашири ...

Во чест и сеќавање на великанот Блаже Конески кој беше македонски поет, писател, литературен преведувач и лингвист го подготвив овој напис. Неговиот голем придонес беше во кодификацијата на стандардниот македонски јазик. Роден на 19-ти декември 1921, а починал на 7 декември 1993 година. Со своето дело, Конески извршил широко влијание врз културно-општествената заедница, како во Македонија, така и на просторот на поранешна Југославија и во ...

Од нас ќе остане нашиот изопштен и притаен одливок мал како хаику, како врв мал од што е далеку како сонце тој жив талог во којшто со време сме се претопувале грч по грч капка по капка крводарителски. Ќе остане на дното да сркнеме од секретот Ни жегата ни жедта нема да помогнат да сркнеме од секретот да се плукнеме, назад. Ќе се стаи и она што Се цедело по грешка Низ пукнатината во која Еден живот се должи на друг. Стрвоста и поривта ќе ни ги ...

Ни претставува огромна чест и задоволство што во ова интерју ја имавме писателката Наташа Сарџоска. Таа истовремено е и поетеса, антрополог и професор. Една од поактуелните писателки во денешницава. Прочитајте што ја прашавме и што ни одговори на нашите прашања. Ни претставува огромна чест и задоволство што ве имаме како гостинка во нашата рубрика Интервју со. Најпрво ќе ве прашаме како се чувствувате? – Растргнато, растрчано, работно. Предавам ...

Скопје

12ᴼ/12ᴼ
2.57
71%
1016

Белград

14ᴼ/10ᴼ
1.54
73%
1013

Софија

10ᴼ/8ᴼ
5.66
76%
1020

Сараево

10ᴼ/10ᴼ
3.48
80%
1017

Љубљана

14ᴼ/12ᴼ
1.54
94%
1012

Атина

18ᴼ/14ᴼ
2.68
67%
1015

Тирана

14ᴼ/14ᴼ
1.54
100%
1014

Подгорица

16ᴼ/12ᴼ
0.0
67%
1014
Currency

61.5733

Currency

57.0942

Currency

71.6674

Currency

37.7347

Currency

41.753

Currency

62.9295

Currency

7.89259

Currency

0.62233

Currency

0.36633

Currency

0.52563

Currency

1.77226

Currency

0.68366

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

530 $

Никел

603086 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

871 $

Злато

74540 $

Бакар

9 $

Паладиум

30767 $

Платина

30886 $

Родиум

151607 $

Цинк

92926 $