Словенците кои минатиот продолжен викенд отишле на хрватското крајбрежје биле шокирани кога ги виделе цените на одредени производи и услуги. На Фејсбук групите многумина почнале да споделуваат фотографии од енормните износи кои морале да ги платат, на пример за сладолед и вино. „Ова го објавувам како предупредување за никој друг да не се чуди како ние затоа што нема ценовник. Две мали вина и две топки сладолед 24 евра“, напишал еден корисник на ...

На популарната платформа се шири нов напад наречен „Хакирање на Лили Колинс“ (актерката е ѕвезда на серијата „Емили во Париз“). Профилите на жртвите се заклучуваат, нивните имиња и профилна фотографија се заменуваат со име и фотографија од познатата актерка, а во неколку случаи хакерите пристапиле и до банкарските сметки на луѓето. Според многу извештаи на корисниците кои можат да се видат на интернет, Фејсбук бавно реагирал на обвиненијата за ...

Се повисоките температури на Арктикот го топат пермафростот, постојано замрзнатата површина во регионот, при што може да се ослободат вируси кои, откако мирувале десетици илјади години, би можеле да го загрозат здравјето на животните и луѓето. „Многу работи се случуваат со пермафростот, што е загрижувачко, а тоа навистина покажува зошто е важно да се сочува“, рекла Кимберли Минер од Институтот „Jet Propulsion Laboratory“ на НАСА. Пермафростот ...

Американската сојузна држава Монтана во петокот усвои закон за забрана на ТикТок, кој тешко ќе се спроведе во сегашната форма, но може да ја зголеми подготвеноста на Соединетите Држави еднаш засекогаш да ја забранат популарната платформа на кинеската групација ByteDance. Законот SB419 беше прифатен со 54 гласа (43 беа против), а допрва треба да се потпише републиканскиот гувернер на таа држава на северозападот на земјата, која има нешто повеќе ...

Србија, единствената европска земја која одби да воведе санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина, се согласила да го снабдува Киев со оружје или веќе испратила оружје, се вели во доверлив документ на Пентагон, објави Ројтерс. Документот, кој е збирка одговори на европските влади на барањето на Украина за воена обука и оружје, беше меѓу десетиците доверливи документи објавени на интернет во изминатите неколку недели, што е ...

Агенцијата АП и „Њујорк Тајмс“ објавија нови документи кои ги откриваат американските сценарија за четирите „најлоши опции“ поврзани со војната во Украина. Документите вклучуваат анализа за тоа што би можело да се случи во случај на смрт на рускиот претседател Владимир Путин или украинскиот претседател Володимир Зеленски. Документите имаат ознака „тајна“, што е пониско ниво на заштита од „строго доверливо“. Неколку американски функционери во ...

Захарова предупредува дека НАТО има план да создаде нова Украина. НАТО, изразувајќи подготвеност за продлабочување на соработката со Кишињев, очигледно подготвува полигон од Молдавија за геополитичка конфронтација со Русија, се вели во изјавата на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Заменик-генералниот секретар на НАТО Мирчеа Џоан рече дека Алијансата е подготвена да оди толку далеку во односите со ...

Во тек е операција на Бојан Јовановски-Боки 13 во болницата „Св.Наум Охридски Скопје“, дознава „Макфакс“. Тој утринава бил однесен во операциона сала, каде треба да му биде извршен оперативниот зафат. Адвокатот Владимир Туфегџиќ, полномошник на Јовановски-Боки 13 за „Макфакс“ ја потврдува информацијата и посочува дека станува збор за сложена интервенција која е ризична и животно-загрозувачка. „По завршување на сите медицински испитувања, денеска ...

Халил Тачи, пратеник на движењето Самоопределување, во неделата објави дека внука му починала, односно била пронајдена мртва. Од полицијата соопштија дека истрагата е во тек. „Врз основа на предистражни дејства, полицијата во координација со државниот обвинител почна истрага за смртта и продолжува со преземање на сите истражни дејства, кои би помогнале во истрагата на инцидент, како и целосно расветлување на случајот“, изјавија од полицијата. ...

Мажот кој со часови држеше жена во стан во местото Кнежево и се закануваше со бомба, заврши рано утрово без жртви, јавуваат хрватските медиуми. „Лицето е следено, уапсено е, во тек е кривична истрага, немаме повредени“, соопштија од локалната полиција, пренесува „Индекс“. Градоначалникот на општина Кнежево, Зоран Конта изјави дека полицијата преговарала со мажот и дека тој доброволно се предал синоќа во 02:40 часот. Заложничката криза била ...

Автомобил ноќеска бил запален на паркинг на булеварот „Илинденска“. Речиси целосно изгоре „голф“ кој бил сопственост на 40-годишен скопјанец. Поради силината на огнот, пожарот зафатил и друго возило. Сведоци посочуваат дека огнот брзо се раширил. „Од пожарот било зафатено и патничко возило „тојота селика“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.М.(40) од Скопје“, велат од МВР. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на ...

Една од најпознатите компании кои се занимаваат со технолошки, медиумски и телекомуникациски статистики, вклучително и телефони, е „Counterpoint“, а токму денеска беше објавена глобалната листа на најпродавани телефони во 2022-ра, во која „Apple“ е убедливо доминантен. Со вкупно осум од десет места, телефоните на „Apple“ – „iPhone“, особено последните две генерации, се убедливо најпродавани. Со 5% од вкупниот удел на листата на најпродавани ...

Очите се повеќе од прозорец кон душата, тие се и одраз на когнитивното здравје на човекот и би можеле, според најновото истражување, да се кријат првите знаци на Алцхајмерова болест, пишува CNN. „Окото е прозорец кон мозокот“, вели офталмологот д-р Кристин Грир, директорка за медицинско образование на Институтот за невродегенеративни болести во Бока Ратон, Флорида. „Можете директно да гледате во нервниот систем со гледање во задниот дел на ...

Се прашувате дали вештачката интелигенција наскоро ќе ја преземе вашата работа? Група професори од угледни американски универзитети се обиделе да одговорат на прашањето кои професии наскоро би можеле да бидат најмногу загрозени од новата технологија? Група професори од Универзитетот во Њујорк (NYU), Универзитетот Принстон и Универзитетот во Пенсилванија (UPenn) во нивниот нов труд, соодветно насловен „Како системите за јазичен разговор како ...

Брзината на полнење на батеријата наскоро ќе достигне ново ниво, а се очекува да се зголеми и капацитетот на батеријата кај телефоните. Производителите почнаа да создаваат, а некои веќе планираат да имплементираат нови технологии за брзо полнење на батериите. Наскоро не чекаат полначи со моќност до 300W. Во претстојниот период, компаниите „OnePlus“, „Realme“, „Oppo“ и други треба да имплементираат брзо полнење на батеријата од 300W на своите ...

Сигурно сте забележале дека конфекциските броеви во Зара не се секогаш исти, а можеби сте забележале и знаци на етикетите и сте се запрашале за што служат. Понекогаш се случува и покрај тоа што носите големина М, да морате да купите големина L или големина S. Ваквите ситуации често го попречуваат купувањето преку Интернет, бидејќи може да се случи нарачаната облека да не ви одговара по големина. Дали знаевте дека Зара има тајни симболи на ...

Фајза Ламари, мајката на најдобриот француски фудбалер Килијан Мбапе, предизвика невиден метеж на социјалните мрежи. Килијан игра во одлична форма во Катар и е на добар пат да ја одбрани титулата светски шампион со Франција. Неговата репрезентација се пласираше во полуфиналето, а напаѓачот на ПСЖ моментално е најдобар стрелец на Светското првенство со пет гола. Сепак, по големиот триумф над Англичаните, во центарот на вниманието не беше Мбапе, ...

Коњ бил влечен за возило во Скопје. Од снимката се гледа како животното паѓа откако автомобилот за кој е врзан вози брзо за да не направи гужва во сообраќајот. За момент, коњот паѓа, по што возилото застанува, а од него излегуваат тројца луѓе за да го кренат, по што продолжуваат да го влечат. „Најверојатно го учеа да дрифта“, пишува објавувачот на снимката. Случајот предизвика лавина реакции и во јавноста. „Не ни се излегува од дома веќе, кај и ...

Скопјани ќе плаќаат нова цена на водата. РКЕ определи минимален и максимален износ на цената на водата во Скопје, соопшти денеска првиот човек на Комисијата, Марко Бислимовски. „Донесена е одлука за минимална и максимална тарифа. Постојната тарифа е 31,87 денар. Минимална тарифа се утврдува на 31,51 денар поради помошта што ја добиваат за пониска цена на електричната енергија, а максималната тарифа е утврдена на 34,82 денари. Јавното ...

Технолошкиот експерт Боб Ли кој учествувал во креирањето на оперативниот систем на „Андроид“ е убиен во вторникот. Боб Ли (43), покрај креирањето на „Андроид“, учествувал и во креирањето на апликацијата „Кеш“. Тој е избоден во Сан Франциско во станбената област Ринкон Хил, пишува „CNN“. I just found out my good friend was killed last night while walking him in San Francisco He was in the “good” part of the city and appeared to have been targeted ...

Полицијата и демонстрантите против пензиската реформа се судрија во близина на омилениот париски ресторан на францускиот претседател, Емануел Макрон, на левиот брег на Сена. Ресторантот „Ла Ротонде“, чија тенда накратко беше запалена додека демонстрантите фрлаа шишиња и боја кон полицијата, е познат во Франција по организирањето на критикуваната гала вечера за Макрон за да го одбележи неговото водство во првиот круг од претседателските избори во ...

Две лица загинаа при уривање на две згради во францускиот град Марсеј, објавија утрово пожарникарите кои учествуваат во спасувачката операција по експлозијата. Како што пренесува порталот „БФМ“ од Марсеј, потрагата продолжува, но како што одминува времето надежта дека ќе се најдат преживеани се намалува. „Две безживотни тела се пронајдени во урнатините на две згради на улицата Тиволи во Марсеј. Со оглед на тешкотиите со кои се соочуваме, ...

Вакцините против рак и срцеви болести ќе бидат „подготвени до крајот на деценијата“, а милиони животи би можеле да бидат спасени со револуционерните нови вакцини против низа болести“, најавуваат експертите. Водечката американска фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека е уверена оти вакцините против рак, кардиоваскуларни и автоимуни болести, како и други состојби ќе бидат готови до 2030 година, објави денеска „Гардијан“. Главниот медицински ...

Апсењето на тинејџерката од Чачак е само уште еден случај на апсење на едвај полнолетни и млади ученички и студенти кои се лишени од слобода поради криминал. Така на 14 март беше уапсена Азра Ш, студентка од Брчко. (22) според потерницата која Србија ја распишала по неа поради сомнение дека била соучесник во убиството на Ранко Радошевиќ од Никшиќ, познат и како Ранко Ескобар, во белградската населба Рушањ. – Покрај Азра Ш. и уште двајца ...

J. Ќ. (18) од Чачак завршила во притвор со двајца млади момчиња, откако полицијата во автомобилот во кој биле пронашле оружје и панцир. Средношколката Ј.Ќ. (18) од Чачак е уапсена со уште две млади момчиња М.Ѓ. (25) и И.Ш. (33), во село Пријановиќи кај Пожега, а вистинскиот шок дошол кога во нивниот автомобил „ауди А3“ полицијата пронашла два пиштола, рамки со 20 куршуми, ножеви, панцири и вага за точно мерење! Како што дознаваме, сообраќајната ...

Компаниите во кои членовите на семејството Ѓукановиќ имаат мнозински или малцински удел минатата година оствариле вкупен приход од 27.667.815 евра, покажуваат податоците доставени до Управата за приходи и царина (УПЦ). Шесте фирми за кои станува збор се во сопственост на претседателот на ДПС, Мило Ѓукановиќ, неговиот син Блаж и брат Ац, чиј вкупен профит изнесува повеќе од 27 милиони. Мило Ѓукановиќ има удел во компанијата „Глобал Монтенегро“ ...

Истражувањето во престижното научно списание „Science Advances“ покажа дека кучињата кои живеат во близина на Чернобил се генетски поразлични од останатите кучиња и го открило големиот потенцијал кој го има проучувањето на оваа посебна група животни. Истражувачите собрале примероци од крвта на 302 кучиња кои живеат во различни локации во близина на местото на нуклеарната катастрофа д 1986-та година и биле изненадени од резултатите од генетската ...

Објавени се нови сателитски фотографии од Крим кои ја прикажуваат сложената мрежа на ровови на окупираниот полуостров. Русија изгради десетици одбранбени структури, кои се протегаат на километри, пишува „Вашингтон пост“. Видеата за весникот ги достави компанијата „Максар“. Се додава дека зградите го покажуваат стравот на Русија од губење на Крим. „ Руската армија очигледно сфаќа дека Крим ќе мора да се брани во блиска иднина – изјави Иан ...

Американците се поделени околу кривичното гонење на поранешниот претседател Доналд Трамп, но се чини дека случајот ги зголеми неговите шанси да ја добие републиканската номинација во 2024 година, покажува анкетата на Ројтерс и Ипсос објавена вчера. Анкетата беше спроведена во средата и четвртокот, откако обвинителите во Њујорк во вторникот поднесоа обвинение против Трамп од 34 точки. Истражувањето покажа дека 49 отсто од Американците сметаат ...

На социјалните мрежи беа објавени тајни воени документи со детали за плановите на САД и НАТО за зајакнување на украинската војска пред планираната офанзива против руските сили, потврдија за „Њујорк Тајмс“ високи претставници на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден. Пентагон истражува кој би можел да стои зад обелоденетите документи што се појавија на Твитер и Телеграм, апликација со повеќе од 500 милиони корисници која е ...

Скопје

13ᴼ/13ᴼ
1.03
100%
1015

Белград

15ᴼ/15ᴼ
5.14
65%
1010

Софија

11ᴼ/10ᴼ
2.06
86%
1018

Сараево

11ᴼ/11ᴼ
2.3
87%
1016

Љубљана

14ᴼ/12ᴼ
1.03
92%
997

Атина

17ᴼ/11ᴼ
2.57
69%
1012

Тирана

15ᴼ/15ᴼ
2.57
100%
1013

Подгорица

17ᴼ/14ᴼ
0.0
94%
1013
Currency

61.8672

Currency

57.7411

Currency

72.3508

Currency

37.6905

Currency

41.9064

Currency

62.7501

Currency

7.98119

Currency

0.61836

Currency

0.36624

Currency

0.52619

Currency

1.78227

Currency

0.69237

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

546 $

Никел

609919 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

847 $

Злато

73410 $

Бакар

9 $

Паладиум

30352 $

Платина

30024 $

Родиум

151607 $

Цинк

94027 $