
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



СКОПЈЕ (АА) - Падините на покриените со снег планини Качкар во областа Ризе во североисточна Турција беа претворени во магична глетка, кога густата магла создаде спектакуларна појава позната како „море од облаци“, јавува Анадолу. Познатите висорамнини во Ризе, кои привлекуваат посетители преку целата година поради својата природна убавина, овој пат беа дополнително разубавени поради студеното и дождливо време кое го зафати регионот изминатите ...
СКОПЈЕ (АА) - Поранешната фабрика за акумулатори во Сребреница, Босна и Херцеговина, каде што пред 30 години се случи еден од најтешките масакри во Европа по Втората светска војна, е претворена во музеј посветен на жртвите од геноцидот, а кој со поддршка на Турција е отворен денес, јавува Анадолу. Музејот е резултат на заеднички проект на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Меморијалниот центар Сребреница. Целта на музејот е ...
СКОПЈЕ (АА) - Мобилни лансирни рампи за интерконтиненталниот балистички ракетен систем ПГРК „Јарс“ беа распоредени како дел од планираната вежба во ракетната база во рускиот регион Јошкар Ола, известува Анадолу. Во текот на вежбата војниците извршија заземање на теренот од приближно 100 километри. По пристигнувањето на теренот, беа воспоставени теренски позиции, додека истовремено беа спроведени камуфлажни и безбедносни мерки. На веб страницата ...
СКОПЈЕ (AA) – Полната месечина над Истанбул синоќа создаде прекрасна глетка на палатата Топкапи (некогашно седиште на администрацијата на Османлиското Царство), известува Анадолу. Љубителите на фотографијата застанаа за да ја овековечат оваа ретка глетка, а луѓето имаа можност да уживаат во сјајот на полната месечина над градот. Полната месечина над Истанбул создаде редок момент на спокој во метрополата преполна со живот, овозможувајќи им на ...
БЕРЛИН (АА) - Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес ја повика Германија поефикасно да се подготви за потенцијални глобални безбедносни и економски кризи во наредните години, јавува Анадолу. За време на неговото обраќање пред врвните претставници на германските федерални покраини во Бундесратот (Федерален совет), Мерц нагласи дека светот во моментов доживува длабока трансформација во геополитичкиот поредок. „Русија ја продолжува својата ...
СКОПЈЕ (АА) – По повод 30-годишнината од геноцидот во Сребреница, Општина Чаир во Скопје организираше марш за оддавање почит на жртвите, кој започна од дворот на Општината и заврши во паркот во Чаир, јавува Анадолу. Учесниците, меѓу кои беа и заменик-премиерот за добро владеење на Северна Македонија, Арбен Фетаи, и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, носеа транспаренти во чест на жртвите од Сребреница и положија цвеќе на споменикот ...
БРИСЕЛ (АА) - Лидерите на Европската Унија денес ја одбележаа 30-годишнината од геноцидот во Сребреница со тоа што цврсто го отфрлија негирањето, ревизионизмот и глорификацијата на воените злосторници, а воедно ја потврдија поддршката за патот на Босна и Херцеговина кон членство во ЕУ, јавува Анадолу. Говорејќи на комеморативната церемонија во Сребреница, претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, изјави: „Нема место во Европа или никаде ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција ги отфрла сите изјави и забелешки кои го негираат геноцидот во Сребреница или ги величаат воените злосторници и покрај пресудите на Меѓународниот суд, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу. Изјавата на турскиот претседател дојде преку видеопорака по повод 30-годишнината од геноцидот во Сребреница во 1995 година, во кој илјадници Бошњаци ги загубија своите животи. Ердоган ја повтори ...
БЕРЛИН (АА) - Германската Влада планира да купи дополнителни 15 борбени авиони Ф-35, зголемувајќи ја планираната флота на авиони произведени во САД од 35 на 50, јавува Анадолу. „Политико“ објави дека одлуката следува по неуспехот на Германија и Франција да ги решат несогласувањата околу европската програма за борбени авиони од следната генерација ФЦАС. Според извештајот, ова го поттикна Берлин да набави дополнителни авиони Ф-35 за да го надмине ...
ПОТОЧАРИ (АА) - Над 6.000 учесници на „Маршот на мирот“ пристигнаа по тридневно пешачење во Меморијалниот центар Сребреница - Поточари, за да присуствуваат на одбележувањето на 30-годишнината од геноцидот врз Бошњаците извршен во јули 1995 година во Сребреница, Босна и Херцеговина, јавува Анадолу. Учесниците пред три дена тргнаа од Незук, на подрачјето на Сапна, на пат долг над 100 километри. Тие се движеа по рутата по која жителите на ...
СУЛЕЈМАНИЈА (АА) – Група од терористичката организација ПКК го уништи своето оружје во ирачкиот град Сулејманија, известува Анадолу. Група членови на ПКК, кои се собрале во пештера на границата со округот Сурдаш во Сулејманија, излегле од пештерата со своето оружје и се приближиле до местото каде што се наоѓало населението. Потоа групата членови на ПКК го уништила своето оружје фрлајќи го во голем, запален котел. На местото каде што се одвиваше ...
СРЕБРЕНИЦА (АА) - Денес за време на колективната погребна церемонија во Меморијалниот центар Сребреница во Поточари се погребани останките на седум жртви од геноцидот во Сребреница извршен во 1995 година, соопшти Институтот за исчезнати лица на БиХ, јавува Анадолу. Секоја година на 11 јули, по повод годишнината од геноцидот, се одржува погреб на новоидентификуваните жртви од најтешкиот масакр во Европа по Втората светска војна, во кој беа убиени ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Полска објави дека ќе продолжи со граничните контроли со Германија сè додека Берлин ги задржува своите, повикувајќи се на потребата од „симетрија“ во спроведувањето на политиките за миграција, јавува Анадолу. Премиерот Доналд Туск вчера изјави дека полската Влада нема да дозволи нелегални мигранти да влезат во земјата, нагласувајќи дека само лица со законско одобрение ќе може да ја преминат границата, пренесе ТВП Ворлд. „Полска ...
ИСТАНБУЛ (АА) - „Едностраните царини се контрапродуктивни и ризикуваат влошување на глобалната економска фрагментација“, се вели во заедничката изјава на високи дипломати на земјите од Југоисточна Азија објавена денес, јавува Анадолу. Изразувајќи „загриженост“ поради зголемените тензии во глобалната трговија и „растечките неизвесности“ во меѓународниот економски пејзаж, министрите за надворешни работи на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес оствари телефонски разговор со австрискиот канцелар Кристијан Штокер на кој стана збор за билатералните односи, како и за регионални и глобални прашања, соопшти Дирекцијата за комуникации на Турција, јавува Анадолу. Ердоган рече дека можноста за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина не треба да се пропушти и дека доставувањето итна хуманитарна помош во Газа што е можно поскоро ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Биткоинот продолжи со раст и рано утринава достигнувајќи рекордно ниво од 118.239 долари околу 06:10 часот по Гринич (GMT). Криптовалутата бележи континуиран раст последниве два дена, при што за помалку од 24 часа ги надмина нивоата од 113.000 и 115.000 долари. Според податоците од аналитичката платформа Коинмаркеткеп, вредноста на глобалниот пазар на криптовалути, вклучително и биткоинот, се зголеми за околу 5,92% во последните ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и американскиот државен секретар Марко Рубио се сретнаа денес првпат на маргините на собирот на нивните колеги од Југоисточна Азија во Малезија, објави државниот весник „Глобал тајмс“, јавува Анадолу. Двајцата високи дипломати веројатно ќе разговараат за глобални прашања, како што се царините, трговијата, технолошките ограничувања, Украина, Тајван и Јужното Кинеско Море. Ова е прва ...
ВАШИНГТОН (АА) – Последните воздушни напади на САД врз три клучни ирански нуклеарни постројки ги постигнале поставените цели, соопштија вчера претставници на Пентагон, но не потврдија дали целосно се уништени, наведувајќи дека сè уште се очекува конечна процена на штетата, јавува Анадолу. Официјални претставници од Агенцијата за намалување закани во одбраната (ДТРА) одржаа телефонска панел-дискусија за нападите извршени на 21 јуни врз ...
СКОПЈЕ (АА) - Илјадници граѓани се собраа во главниот венецуелски град Каракас, повикувајќи на враќање на децата што, според властите, биле одделени од своите семејства и се наоѓаат во САД, јавува Анадолу. Протестите, на кои учествуваа мајки, баби и други роднини на малолетниците, како и роднини на Венецуелци кои наводно се притворени во Ел Салвадор, имаа цел да ја направат оваа ситуација видлива и да се побара меѓународен одговор. ...
СКОПЈЕ (АА) - Полната месечина што се издигнуваше на небото над зградата на руското Министерство за надворешни работи создаде прекрасна глетка во Москва, известува Анадолу. Месечината го осветли историскиот облакодер од ерата на Сталин, формирајќи впечатлив контраст во однос на силуетата на градот. Овој визуелен момент, кој се совпадна со ведрото небо над руската престолнина, го привлече вниманието на фотографите и на луѓето што уживаа во овој ...
СКОПЈЕ (АА) – Голем број луѓе се собраа на улиците на Сао Паоло и Рио де Жанеиро, во Бразил, во знак на протест поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царина од 50% за оваа земја, известува Анадолу. Учесниците во протестот носеа транспаренти упатувајќи критики за царината од 50% на Трамп за Бразил. Демонстрантите, исто така, ги критикуваа и коментарите на Трамп за поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Во ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека неговата администрација ќе воведе 35% царина за стоки увезени од Канада почнувајќи од 1 август, јавува Анадолу. Трамп ги образложи причините за драматичното зголемување на царините во официјалното писмо објавено на неговата платформа Трут Соушал. „Голема чест ми е да ви го пратам ова писмо бидејќи ги покажува силните страни и обврските на нашите трговски односи, како и ...
ЛОНДОН (АА) - Британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон денес претставија „револуционерен“ нов договор за миграција, чија цел е намалување на бројот на луѓе што го преминуваат Ламанш со мали чамци, пилот-програма што треба да стартува за неколку недели, јавува Анадолу. Според договорот, за секој мигрант што нелегално пристигнува во Велика Британија и е вратен во Франција, на уште едно лице ќе му биде дозволено да ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес изјави дека Германија е подготвена да плати за два системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ за Украина, а Норвешка ќе ги покрие трошоците за уште еден, јавува Анадолу. На заедничката прес-конференција со италијанската премиерка Џорџа Мелони по Конференцијата за обнова на Украина во Рим, Зеленски го истакна координираниот притисок за поголемо производство на оружје, меѓу кое и ...
ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес рекоа дека одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) да воведат санкции врз специјалната известувачка на ОН за окупираните палестински територии, Франческа Албанезе, претставува „опасен преседан“, јавува Анадолу. „Наша реакција на санкциите што ги воведоа САД врз Франческа Албанезе, сакам да ви кажам дека воведувањето санкции врз специјалните известувачи е опасен преседан“, изјави портпаролот ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Уште еден палестински новинар е убиен од израелската Армија во Газа, со што вкупниот број убиени новинари од октомври 2023 година се искачи на 229, соопштија денес локалните власти, јавува Анадолу. Ахмед ебу-Аиша го загуби животот откако беше директно погоден од израелски дрон пред неговиот дом во областа Саварха, западно од бегалскиот камп Нусеират во централна Газа, соопшти владината канцеларија за медиуми. Канцеларијата го ...
СРЕБРЕНИЦА (АА) - Солзи, молитви и раце на белиот мермер, семејствата на убиените во геноцидот во Сребреница, Босна и Херцеогивна, ги посетуваат гробовите во долината на белите споменици во Поточари, јавува Анадолу. Мајки, татковци, браќа, сестри и роднини пристигнаа за да ги посетат гробовите на своите најблиски и да присуствуваат на утрешниот колективен погреб. Посмртните останки на седум жртви од геноцидот во Сребреница, извршен од ...
ВАШИНГТОН (АА) – Американски федерален судија денес изјави дека ќе одобри привремена блокада на извршната уредба на претседателот Доналд Трамп која го ограничува правото на државјанство по раѓање, јавува Анадолу. Окружниот судија на САД, Џозеф Лаплант, од Конкорд, Њу Хемпшир, изјави дека тужителите претставувани од Американската унија за граѓански слободи (ACLU) и други групи за човекови права на мигрантите би можеле да продолжат како група, што ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Украинскиот премиер Денис Шмихал денес презентираше амбициозен план за обнова на земјата од 1 билион долари за време на министерскиот состанок на Украинската донаторска платформа на Конференцијата за обнова на Украина 2025 во Рим, јавува Анадолу. Планот предвидува два главни фонда за обнова на земјата во текот на 14 години и повикува на цврста посветеност на ЕУ за кофинансирање на одбраната на Украина. „Првиот е 'Украинскиот ...
АТИНА (АА) - Грција денес најави низа построги мерки за ограничување на пристигнувањето на мигрантите, по претходното соопштение на премиерот Киријакос Мицотакис, пренесува Анадолу. Во интервју за телевизијата СКАИ, министерот за миграција, Танос Плеврис, потсети на мерките на премиерот - вклучително и привремено суспендирање на прегледот на барањата за азил за мигрантите што пристигнуваат од Северна Африка и притворањето на оние што влегуваат ...