
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



ИСТАНБУЛ (АА) - Вкупниот број патници во воздушниот сообраќај во Турција достигна 108,8 милиони во периодот јануари-јуни, изјави денес министерот за транспорт на Турција, Абдулкадир Уралоглу, јавува Анадолу. „Во периодот јануари-јуни, домашниот и меѓународниот патнички сообраќај на аеродромите низ Турција достигна 46,6 милиони, односно 62,2 милиони, додека 108,8 милиони патници минаа низ директен транзит“, истакна Уралоглу. Наведувајќи дека ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио денес изрази оптимизам за преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа, велејќи дека страните се „поблиску отколку што сме биле подолго време“, јавува Анадолу. „Се чини дека генерално условите се договорени, но очигледно сега треба да се преговара за тоа како да се имплементираат тие услови“, изјави Рубио пред новинарите на 58-от состанок на министрите за надворешни работи на АСЕАН во ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.762 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека 82 тела се донесени во болниците во последните 24 часа, додека 247 лица се повредени, со што вкупниот број повредени во израелските напади досега се искачи на 137.656. „Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на ...
ИСТАНБУЛ/БАКУ (АА) - Баку и Ереван денес потврдија дека билатералните преговори претставуваат „најефикасен“ формат во нивниот тековен процес на нормализација, откако азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан одржаа разговори во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, пренесува Анадолу. Во соопштението за медиумите од Министерството за надворешни работи на Азербејџан по разговорите во Абу Даби се истакнува ...
ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на едно општество, изјави претседателот и извршен директор на Агенција Анадолу (АА), Сердар Караѓоз. Во Анкара, под покровителство на Караѓоз, се одржа посебен настан на првата изложба на „İstanbul Photo Awards 2025“. Во воведниот говор на настанот ...
ЕРУСАЛИМ / ИСТАНБУЛ (АА) – Израелскиот министер за национална безбедност од крајната десница, Итамар Бен-Гвир, формираше нова полициска единица составена од илегални вооружени доселеници, потег што се смета за обид за продлабочување на фактичката анексија на окупираниот Западен Брег од страна на Израел, јавува Анадолу. Екстремистичкиот министер го најави потегот за време на церемонија одржана вчера во џамијата „Ибрахими“ во Хеброн, во јужниот ...
- Весна БЕШИЌ Мајката Бегуна Салиховиќ веќе 30 години ги бара посмртните останки на својот син Џемаил, убиен во геноцидот во Сребреница. Тој имал 21 година во време на смртта, јавува Анадолу. „Никогаш не пронајдоа ниту коска од мојот син. Засега нема ништо. Да бев поблиску до Тузла, ќе одев секоја недела да прашувам. Колку мајки и татковци починале без да можат да ги погребат своите деца. Само од тоа се плашам“, вели таа низ солзи додека седи ...
РАМАЛА/ИСТАНБУЛ (АА) - Популацијата на Газа се намали за 10 % додека Израел ја продолжува својата деструктивна војна врз палестинската енклава, покажаа официјалните бројки денес, јавува Анадолу. „Палестина, поточно Појасот Газа, претрпува невидена хуманитарна и демографска катастрофа поради тековната израелска агресија од октомври 2023 година“, се вели во соопштението на Палестинскиот централен завод за статистика. Заводот за статистика соопшти ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Францускиот Парламент одобри нов закон со кој се продолжува максималниот период на административен притвор за странските државјани кои се сметаат за „опасни“ и чекаат депортација од 90 на 210 дена, јавува Анадолу. Законот беше усвоен вчера на конечно гласање во Сенатот, горниот дом на Парламентот, со 228 гласа „за“ и 108 „против“, објави францускиот радиодифузер БФМТВ. Тој веќе беше одобрен од Националното собрание, што значи ...
БЕРЛИН (АА) - Германскиот и австрискиот министер за надворешни работи денес упатија повик до нивниот израелски колега да се дозволи поголема хуманитарна помош во Газа и изразија надеж дека успешните преговори за прекин на огнот би можеле да ја подобрат ситуацијата во регионот, јавува Анадолу. Говорејќи на заедничката прес-конференција во Виена по нивниот трилатерален состанок, австриската министерка за надворешни работи Беате Мајнл-Рајзингер ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио денес изрази фрустрација од нивото на напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, насочени кон прекин на војната што трае од февруари 2022 година, јавува Анадолу. „Сметаме дека посветивме многу време и енергија на ова прашање, но едноставно не е постигнат доволен напредок“, рече Рубио по разговорите со рускиот колега Сергеј Лавров на маргините на 58-от состанок на министрите за ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, остро ги критикуваше Украина и западните сојузници за, како што рече, потценување и занемарување на придонесот на Варшава во воениот напор, предупредувајќи дека Полска нема да дозволи да биде тргната настрана во донесувањето меѓународни одлуки, јавува Анадолу. Според полската новинска агенција Онет, Дуда изјавил дека украинските и западните претставници почнале да ја користат клучната полска ...
АНКАРА (АА) - Според првичните извештаи, 11 лица загинаа во поплавите предизвикани од обилните монсунски дождови во пакистанските покраини Пенџаб и Белуџистан, пренесува Анадолу. Весникот „Dawn“ објави дека обилните дождови предизвикале поплави во градот Лахор, главниот град на Пенџаб, и во некои делови на Белуџистан. Во Лахор канализацискиот систем немаше доволно капацитет и некои патишта беа затворени поради монсунските дождови, а прекините во ...
САРАЕВО (АА) - Изложбата на фотографии од Палестина и Либан на наградуваниот фотограф Фабио Бучиарели, „Окупирани територии“, беше отворена во историската зграда Вијечница во Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, известува Анадолу. Изложбата привлече големо внимание, а се одржува како дел од 30-годишнината од геноцидот во Сребреница што се случи во 1995 година за време на војната во Босна и Херцеговина. Италијанскиот фоторепортер ...
СКОПЈЕ (АА) - Денес во главниот град на Италија, Рим, започна Конференцијата за обнова на Украина, организирана заеднички од италијанската и украинска Влада, јавува Анадолу. Италијанската премиерка Џорџа Мелони ги пречека шефовите на држави и влади утринава. По фотографирањето со лидерите на делегациите, таа официјално ја отвори пленарната сесија со обраќање. Украинскиот претседател Владимир Зеленски исто така пристигна во Рим за да учествува на ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Шефицата за надворешна политика на блокот, Каја Калас, изјави дека Израел се обврзал на серија итни хуманитарни мерки за ублажување на кризата во Појасот Газа по „конструктивниот дијалог“ со ЕУ, јавува Анадолу. „По резолуциите на израелскиот Кабинет и конструктивниот дијалог меѓу ЕУ и Израел, Израел договори значајни чекори за подобрување на хуманитарната ситуација во Појасот Газа“, се вели во соопштението на Каја Калас. „Овие ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Естонија се закани дека ќе го блокира 18-тиот пакет санкции на Европската Унија кон Русија, доколку блокот не се согласи да ја намали границата на цената за руската нафта од 60 на 45 долари по барел, изјави естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цахкна, јавува Анадолу. „Нашата позиција е јасна – ограничувањето на цената на нафтата мора да биде дел од овој пакет“, изјави Цахкна за естонската национална телевизија ЕРР, ...
ЕРУСАЛИМ/ИСТАНБУЛ (АА) – Израелски војник се самоуби во воената база Сде Теиман во јужен Израел откако се вратил од борбите во Појасот Газа, објавија локалните медиуми денес, јавува Анадолу. Според израелскиот весник „Хаарец“, војникот, член на бригадата Голани, извршил самоубиство откако бил испрашуван од воената полиција. Војникот ја напуштил Газа за да се одмори во базата, каде што го чекале истражители на воената полиција, објави „Хаарец“. ...
КИЕВ (АА) - Две лица загинаа, а 16 се повредени во воздушниот напад извршен од руската армија врз украинскиот главен град Киев, известува Анадолу. Украинскиот претседател Владимир Зеленски во објавата на својот профил на платформата Телеграм изјави дека Русите извршиле воздушен напад врз неговата земја. Зеленски нагласи дека главна цел на нападот бил главниот град Киев и додаде дека напади биле извршени и во регионите Харков, Полтава, Чернигов, ...
БРИСЕЛ (АА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес го преживеа гласањето за недоверба што можеше да доведе до колапс на целата комисија, јавува Анадолу. За време на гласањето во Европскиот парламент во Стразбур, 360 пратеници гласаа против предлогот, 175 го поддржаа, а 18 беа воздржани, што е далеку помалку од двотретинско мнозинство потребно за неговото усвојување. Предлогот го поднесе романскиот европратеник ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Десетици Израелци доселеници што узурпирале палестинска земја упаднале во џамијата Ал-Акса во окупираниот Источен Ерусалим, известува Анадолу. Според палестинската новинска агенција ВАФА, упадот на израелската група фанатици во дворот на Ал-Акса бил под надзор и заштита на израелската полиција. Десетици Израелци, кои во групи влегле во џамијата, вршеле провокативни обиколки во дворот на Ал-Акса и изведувале талмудски религиозни ...
БРИСЕЛ (АА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес го преживеа гласањето за недоверба што можеше да доведе до колапс на целата комисија, јавува Анадолу. За време на гласањето во Европскиот парламент во Стразбур, 360 пратеници гласаа против предлогот, 175 го поддржаа, а 18 беа воздржани, што е далеку помалку од двотретинско мнозинство потребно за неговото усвојување. Предлогот го поднесе романскиот европратеник ...
СКОПЈЕ (АА) – Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денес го пречека на средба државниот министер за надворешни работи на Катар, султан Бин Саад ал-Мураики, кој престојува во официјална посета на земјата, пренесува Анадолу. Според соопштението од Министерството, посетата се оценува како потврда за споделените вредности и заемната посветеност на подинамичен развој на билатералните ...
СКОПЈЕ (АА) - Албанскиот министер за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани, по повод посетата во Латвија, изјави дека присуството на Албанските вооружени сили во оваа земја претставува доказ за посветеноста на Албанија кон НАТО, јавува Анадолу. Министерот Хасани, за време на неговиот престој во Рига, се сретна со неговата латвиска колешка Баиба Браже, и го посети контингентот на Албанските вооружени сили во кампот Адажи. По ...
ГАЗА / ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 28 цивили се убиени, а десетици се повредени во израелските напади врз Појасот Газа утринава пред зори, според медицински извори, јавува Анадолу. Израелската армија нападна група цивили што чекале во близина на центар за медицинска нега за испорака на храна во Деир ал-Балах, при што се убиени 13 лица, повеќето од нив жени и деца, а има и сериозно повредени, изјави медицински извор за Анадолу. Четири лица од едно ...
СДЕРОТ (АА) - Опколениот Појас Газа, срамнет со земја во безмилосните напади на израелската армија што траат речиси 21 месец, беше снимен од градот Сдерот, кој се наоѓа на јужниот дел на Израел, известува Анадолу. Израелските напади ги претворија зградите во урнатини, а трагите од нападите се видливи на домовите низ целиот северен дел на Појасот Газа. Снимен е чадот што се издигнува од областите што биле цел на израелските напади и движењето на ...
СКОПЈЕ (АА) - Море исфрли кит на брегот во Висенте Лопез, северно од аргентинскиот главен град Буенос Аирес, јавува Анадолу. Големиот кит бил пронајден во напредна фаза на распаѓање. Сведоците пријавиле дека го виделе насуканиот кит при низок прилив, што предизвикало итна акција од службениците за морски диви животни и општинските служби. Беа пратени специјалисти за да ја обезбедат областа, да соберат примероци за некропсија и да истражат ...
ВАШИНГТОН (АА) - Тивок протест поради израелските напади врз Газа се одржа во близина на Блер Хаус (гостинската куќа на претседателот на САД), каде што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху престојуваше за време на посетата на Вашингтон, јавува Анадолу. Демонстрантите изразија незадоволство, при што носеа бели маски, транспаренти и фотографии од палестинските деца што се жртви на израелските напади што непрекинато ја уништуваат Газа и ...
СКОПЈЕ (АА) - Јеменската група Хуси соопшти дека целосно го потопиле товарниот брод „Eтернити Ц“, кој бил на пат кон израелското пристаниште Ејлат, јавува Анадолу. Воениот портпарол на Хусите, Јахја Сари, изјави дека бродот бил погоден од поморско пловило без екипаж и балистичка ракета додека пловел кон пристаништето Ум ал-Рашраш (Ејлат). Сари додаде дека нападот бил извршен откако бродот и неговата компанија ја прекршиле блокадата наметната врз ...
ПОТОЧАРИ (АА) - Само две коски од Хасиб Омеровиќ, една од жртвите на геноцидот во Сребреница, Босна и Херцеговина, ќе бидат погребани на колективниот погреб на 11 јули оваа година во Поточари, јавува Анадолу. „Пронајдени се само две коски. Досега чекавме да видиме дали ќе се најде уште нешто. Ништо не е пронајдено, па ќе го закопаме ова“, рече неговата сопруга Мевлида. Таа е покрај ковчегот на сопругот, кој имал 34 години во време на смртта. Зад ...