
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) ќе испратат во Украина системи за противвоздушна одбрана „Патриот“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, изразувајќи го своето незадоволство од рускиот претседател Владимир Путин, јавува Анадолу. „Европската Унија плаќа за тоа. Ние не плаќаме ништо за нив, но ќе ги испратиме. Тоа ќе биде бизнис за нас и ќе им ги испратиме 'Патриот', кои им се очајно потребни“, изјави Трамп за ...
АНКАРА (АА) - Земјотрес со магнитуда од 6,7 степени денес го погоди регионот на островите Танимбар во Индонезија, соопштија Германскиот центар за геоистражување (GEOFON), како и Американскиот геолошки завод, пренесува Анадолу. Претходно, ГЕОФОН го измери земјотресот со магнитуда од 7 степени. Епицентарот на земјотресот е на 167 километри од градот Туал во покраината Малуку, на длабочина од 65,7 км. Засега нема пријавени жртви или инфраструктурна ...
СКОПЈЕ (АА) - Фестивалот на костимирано веслање се одржа на реката Москва во истоимениот главен град на Русија, известува Анадолу. Оваа година фестивалот, на кој учествуваа приближно илјада спортисти, го привлече вниманието на голем број луѓе кои ги набљудуваа учесниците додека веслаа на даски за сурфање, кануа или други пловила по патеката долга 8,5 километри облечени во шарени костими. Натпреварувачите облечени во креативните костими, од ...
ГРАД ГАЗА / ИСТАНБУЛ (АА) - Уште еден палестински новинар е убиен вчера во израелски воздушен напад врз населбата Ал-Зејтун во југоисточниот дел на градот Газа, според медицински извори цитирани од Анадолу. Во нападот загинаа двајца Палестинци, меѓу кои и новинарот Фади Калифа, соопштија изворите, без да дадат дополнителни детали. Со смртта на Калифа бројот на новинари убиени во Газа од почетокот на воената кампања на Израел на 7 октомври 2023 ...
АНКАРА (АА) - Американската пејачка Оливија Родриго изјави дека ситуацијата во Појасот Газа, кој се наоѓа под израелски напади, е „ужасна и целосно неприфатлива“ и објави дека за децата во Газа донирала средства за Меѓународниот фонд за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), известува Анадолу. Во објава во делот „приказни“ на платформата за социјални медиуми Инстаграм, пејачката Родриго упати критики во врска со ситуацијата во Газа. Нагласувајќи ...
РАМАЛА (АА) - Израелската армија приведе најмалку 16 Палестинци во рации врз домови во окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим, известува Анадолу. Според информациите што ги објави официјалната палестинска новинска агенција ВАФА, израелските војници утрово извршија рации врз неколку домови во градот Марда, во градот Селфит на Западниот Брег. За време на рациите, израелските војници ги тепале Палестинците и привеле тројца. Израелската армија ...
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), шеикот Мухамед бин Зајед ал Нахјан, известува Анадолу. Во соопштението што го објави Дирекцијата за комуникации на турското претседателство, Ердоган во текот на разговорот рекол дека направиле значаен чекор кон целосно отстранување на тероризмот од агендата на Турција и регионот преку процесот „Турција ...
ИСТАНБУЛ (AA) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес го оцени разоружувањето на терористичката група ПКК како историски пресврт и соопшти дека Турција влегува во нова ера на единство и сила, известува Анадолу. „Денес е нов ден, нова глава во историјата. Целосно се отворени вратите кон голема, силна Турција — Столетие на Турција“, рече Ердоган за време на 32. консултативен и евалуативен состанок на Партијата за правда и развој (АК) во ...
АТИНА (AA) – Грчкиот парламент во петокот го усвои контроверзниот амандман за намалување на приливот на мигранти од Либија, известува Анадолу. Амандманот, предложен од Министерството за миграции, беше изгласан со поддршка на 177 пратеници од владејачката централно-десничарска партија Нова Демократија, десничарската „Грчко решение“ и неколку независни пратеници. Од 293 пратеници присутни на гласањето во парламентот, социјал-демократскиот ПАСОК и ...
СКОПЈЕ (АА) - Илјадници Израелци се собраа во на плоштадот во Тел Авив со барање за прекин огнот во Газа и размена на заробеници, известува Анадолу. Демонстрантите се собраа на плоштадот Хабима во центарот на Тел Авив вчера, 12 јули, со барање за итен прекин на војната во Газа и повикаа на постигнување договор за размена на затвореници. На 19 јануари беше постигнат прекин на огнот, но израелската Армија ги продолжи своите жестоки напади утрото ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Северна Кореја ѝ испорача повеќе од 12 милиони артилериски гранати на Русија со калибар 152 мм за да ѝ помогне на Москва во нејзината војна против Украина, објави денес Јонхап њуз, повикувајќи се на военото разузнавање на Јужна Кореја, известсува Анадолу. Во извештајот на Агенцијата за одбранбено разузнавање (АОР) на Јужна Кореја споделен со пратеник од главната опозициска партија се проценува дека Северна Кореја ѝ испратила ...
ИСТАНБУЛ (АА) - По смртоносниот напад врз доставувач на весници, вчера за прв пат оваа година, во Хокаидо, најсеверната префектура во Јапонија, е издадено предупредување за напад на кафеава мечка, објави денес Кјодо њуз, известува Анадолу. Предупредувањето, кое се однесува на подрачјето Фукушима во југозападен Хокаидо, ќе остане на сила до 11 август. Жртвата, 52-годишен маж, била пронајдена мртва во грмушките рано наутро во саботата, со повреди ...
ГАЗА (АА) - Најмалку 28 Палестинци, вклучувајќи деца, се убиени во израелските воздушни напади врз различни делови од Појасот Газа од утринските часови, известува Анадолу. Според извештаите што Агенција Анадолу (AA) ги доби од болнички извори и очевидци, израелски воени авиони повторно извршиле напади врз цивили во северните, јужните и централните делови на Појасот Газа. Израелската армија изврши воздушен напад врз куќа во близина на кампот за ...
СКОПЈЕ (АА) - Статуата на Света Марија од страна на анонимен уметник во Неапол, Италија, е трансформирана во Палестинка поставувајќи палестинско знаме на неа, известува Анадолу. Пред статуата наречена „Ожалена мајка на Палестинците“, со цел да се привлече вниманието кон војната во Газа, напишани се зборовите „Оставете цвет за моите деца“ и „Моите деца се токму како вашите“. Отфрлајќи ги меѓународните повици за примирје, израелската армија ја ...
АНКАРА (АА) - Најмалку 67 деца починале од глад во Газа од октомври 2023 година, додека целосната блокада на територијата од страна на Израел влегува во својот 103-ти ден по ред, соопшти Владината канцеларија за медиуми во Газа денес, известува Анадолу. Канцеларијата предупреди дека бројката може драматично да се зголеми, бидејќи повеќе од 650.000 деца под 5 години сега се соочуваат со сериозна и животно-загрозувачка неисхранетост во наредните ...
ГАЗА (АА) - Дваесет и еден Палестинец се убиени, а 50 се повредени во напад на израелската армија врз лица кои чекале помош во Појасот Газа, известува Анадолу. Според болнички извори, израелските војници пукале врз Палестинците кои чекале хуманитарна помош во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа. Од истрелите на израелските војници убиени се 21 Палестинец, а 50 се повредени. Израелската армија продолжува со систематските напади врз Палестинците ...
ГАЗА (АА) - Бројот на убиени Палестинци во нападите на израелската армија врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година се зголеми за 59 во последните 24 часа, достигнувајќи 57.882, известува Анадолу. Палестинското Министерство за здравство во Газа објави писмено соопштение во кое ги дава најновите информации за убиените и повредите Палестинци во тековните напади на Израел. Во соопштението се истакнува дека 59 убиени Палестинци и 208 повредени се ...
– Шерифе Четин Амбасадорот на САД во Анкара и специјален претставник за Сирија, Том Барак, предупреди дека ако терористичката организација ПКК/ЈПГ не го забрза процесот на интеграција, ќе наиде на проблеми со турската и со сириската влада и додаде: „САД ќе направат сѐ што можат за да се донесе фер и исправна одлука. Ако сакаат да дојдат во Америка и да живеат со нас, тоа можат да го направат“, известува Анадолу. Амбасадорот Барак по вчерашната ...
ПОТОЧАРИ (АА) - На гробиштата на Меморијалниот центар Сребреница - Поточари, се одржа погребна молитва и закоп на седум жртви од геноцидот извршен во летото 1995 година во подрачјето на Сребреница, јавува Анадолу. Илјадници луѓе пристигнаа во Поточари во утринските часови каде што им оддадоа почит на жртвите од геноцидот извршен врз мажите и момчињата во 1995 година. Погребната молитва и хутбата ја предводеше реис-ул-улема на Исламската заедница ...
АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел на градот Газа убиени се мајка и нејзините три деца. Во источниот кварт Ал-Туфа на градот Газа убиени се четири жени, а уште десет цивили се повредени од израелска ракета која погоди куќа во близина на училиштето Јафа. Уште двајца цивили ...
АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Анкара оствари средба со својот сомалиски колега Хасан Шеик Махмуд, каде разговараа за билатералните односи и регионалните прашања, соопшти Дирекцијата за комуникации на Турција, јавува Анадолу. Средбата зад затворени врати се одржа во Претседателскиот комплекс, соопшти Дирекцијата на X. За време на состанокот, Ердоган истакна дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи да расте и ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека 61 тело е донесено во болниците во последните 24 часа, додека 231 лице е повредено, со што вкупниот број повредени во израелските напади се искачи на 137.887. „Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата, ...
АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 35 Палестинци се убиени од израелските сили низ Појасот Газа во текот на денешниот ден, од кои 10 цивили кои чекале хуманитарна помош во подрачјето на Ал-Шакуш, северозападна Рафа во јужна Газа, според палестинските медиуми и медицински извори, јавува Анадолу. Медицински лица изјавија за Анадолу дека израелските сили отвориле оган врз Палестинци собрани за храна и други основни намирници, убивајќи 10 и ранувајќи ...
ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите одбивања се загрозувачки по живот“, изјави портпаролот на ОН, Стефан Дужарик, на прес-конференција, нагласувајќи дека „секој ден без прекин на огнот носи поголем број смртни случаи што може да се спречат во Газа, ...
ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес го поздравија почетокот на процесот на разоружување на терористичката организација ПКК, јавува Анадолу. „Можам да ви кажам дека го поздравуваме операционализирањето на договорот, барем првиот чекор од операционализацијата“, изјави портпаролот на ОН, Стефан Дужарик, на прес-конференција. Неговите изјави дојдоа откако група од 30 терористи на ПКК, меѓу кои 15 жени, денес го положија и уништија своето ...
СКОПЈЕ (АА) - Илјадници луѓе денес се собраа на плоштадот Сабин во главниот град на Јемен, Сана, за да протестираат против континуираните воени операции на Израел во Појасот Газа, јавува Анадолу. На демонстрациите, одржани по петочната молитва, беа упатени пораки за солидарност со народот на Газа и широка осуда на бомбардирањата и воените политики на Израел. Демонстрантите носеа транспаренти и извикуваа слогани со кои ги осудуваат израелските ...
ХАМИЛТОН (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, денес ја одбележа 30-годишнината од геноцидот во Сребреница извршен во 1995 година, повикувајќи на глобална будност и акција во услови на растечки „говор на омраза, негирање и поделби“, јавува Анадолу. „Денес се одбележуваат 30 години од геноцидот во Сребреница - најлошото злосторство на европско тло од Втората светска војна“, изјави Гутереш. „Во јули 1995 година, ...
БРИСЕЛ (АА) - Белгиската Влада денес постигна договор за воведување законска реформа со која се овозможува одземање на белгиското државјанство за лица осудени за сериозни кривични дела како што се организиран криминал, убиство или сексуални престапи, пренесува Анадолу. Министерката за правда, Анелис Верлинден, рече дека реформата е наменета за оние кои стекнале белгиско државјанство во периодот од 15 години пред извршувањето на делото, објави ...
ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп замина за сојузната држава Тексас за да ги посети погодените области во поплавите, нарекувајќи ја неодамнешната катастрофа „ужасна работа“ пред новинарите пред да се качи на„Марин Уан“, јавува Анадолу. „Никој не може да верува“, рече Трамп. „Ние ќе бидеме таму со некои од семејствата и други - гувернерот, сите.“ Трамп и првата дама Меланија Трамп треба да ги посетат жителите на округот Кер, ...
СКОПЈЕ (АА) - Група пропалестински активисти протестираа за време на седницата на австрискиот Парламент поради ставот на владата во врска со израелската воена офанзива во Газа, јавува Анадолу. Еврејската активистка Далија Сариг-Фелнер им се обрати на пратениците за време на седницата, обвинувајќи ги за молкот за „масакрите и геноцидот“ во Газа. „Говорите за човекови права, а не кажувате ништо за тоа што се случува во Газа. Израел таму врши ...