БЕРЛИН (АА) - Германскиот и австрискиот министер за надворешни работи денес упатија повик до нивниот израелски колега да се дозволи поголема хуманитарна помош во Газа и изразија надеж дека успешните преговори за прекин на огнот би можеле да ја подобрат ситуацијата во регионот, јавува Анадолу. Говорејќи на заедничката прес-конференција во Виена по нивниот трилатерален состанок, австриската министерка за надворешни работи Беате Мајнл-Рајзингер ...

Утрово, јорданска добротворна организација испрати конвој од 50 камиони со хуманитарна помош во Газа, објави официјалната јорданска новинска агенција Петра. Според информацијата на агенцијата, камионите транспортираат прехранбени продукти, претежно брашно. Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат колона товарни возила како се движат по копнен пат од Јордан, преку израелска територија, во насока на Газа, прецизира израелски весник. ...

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите одбивања се загрозувачки по живот“, изјави портпаролот на ОН, Стефан Дужарик, на прес-конференција, нагласувајќи дека „секој ден без прекин на огнот носи поголем број смртни случаи што може да се спречат во Газа, ...

Брисел, 10 јули 2025 (МИА) - Европската Унија постигна договор со Израел за проширување на испораката на хуманитарна помош во Газа, објави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. Калас напиша на „X“ дека ќе бидат отворени повеќе влезови во Газа и дека ќе влезат повеќе камиони со помош и храна. Таа додаде дека очекува Израел да ги спроведе сите договорени мерки, кои треба да стапат во сила ...

Калас напиша на „X“ дека ќе бидат отворени повеќе влезови во Газа и дека ќе влезат повеќе камиони со помош и храна. Таа додаде дека очекува Израел да ги спроведе сите договорени мерки, кои треба да стапат во сила „во наредните денови“. Беше договорено дека ќе се поправи виталната инфраструктура и дека хуманитарните работници ќе бидат заштитени. Се предвидува дека патиштата преку кои се доставува помош од Јордан и Египет, исто така, ќе бидат ...