Хамас денеска предаде четири тела на заложници на Израел, меѓу нив тројца членови на семејството Бибас, мајката Шири и нејзините мали деца Кфир и Ариел. Биле на возраст од девет месеци и четири години во моментот кога биле коднапирани. Ова е прва размена на мртви заложници од почетокот на прекинот на огнот во Газа минатиот месец. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „срцето на целата нација е растргнато“. Денеска е многу тежок ден ...

Израел вели дека на неодредено време го одложува ослободувањето на повеќе од 600 палестински затвореници, во уште како што рече еден потенцијален голем неуспех во процесот на прекин на огнот. Препорачано Бенјамин Нетанјаху рече дека ослободувањето сега ќе биде одложено додека не се гарантира и следното предавање на заложниците од Хамас – и без, како што ги нарече израелскиот премиер, понижувачките церемонии што Хамас ги прави секоја недела, ...

Дипломатски прествт во Обединетите нации. Германската агенција ДПА јавува дека во пресрет на третата годишнина од почетокот на руската инвазија, Соединетите Американски Држави сакаат да поднесат резолуција со која Русија не е именувана како агресор во војната во Украина. Овој предлог се смета за контранацрт на текстот кој веќе го подготвија Европската Унија и Украина, кој според најавите, требаше да биде ставен на гласање в понеделник на 24 ...

Нова размена меѓу Израел и Хамас, шест заложници за над 600 палестински затвореници. Шестемина мажи се очекува да бидат последните живи ослободени за време на првата фаза од договорот за прекин на огнот. Дополнително во оваа фаза Хамас соопшти дека ќе предаде уште четири тела на израелските власти наредната недела, по што треба да започнат преговори за вториот дел од договорот. Црвениот крст потврди дека милитантите го доставиле и телото на Шири ...

Хамас му предаде уште двајца заложници на Црвениот крст во Газа според договорот за прекин на огнот со Израел, јави ДПА, пренесе МИА. Двајцата мажи, Тал Шохам и Авера Менгисту, беа предадени во градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, а уште четворица заложници ќе бидат ослободени подоцна денеска, како дел од последната размена на заложници за затвореници во конфликтот. Маскирани и вооружени припадници на Хамас ја чуваа бината во Рафа каде ...

Враќањето на телата на заложниците во Израел е национална трагедија и „нашите срца се скршени“, изјави израелскиот претседател Исак Херцог во четвртокот, додека Израел ги презема посмртните останки на двете момчиња и нивната мајка, симболи на трагедијата од 7 октомври 2023. „Агонија. Страдање. Нема зборови“, напиша Херцог на X: „Нашите срца, срцата на цела нација, се скршени. Во име на Државата Израел, наведнувам глава и молам за прошка. За ...

Палестинската милитантна група Хамас денеска ги предаде телата на четворица израелски заложници на Црвениот крст во Појасот Газа. Преносот во живо од Кан Јунис прикажа сцена со насобрани луѓе кои аплаудираа, додека вооружени милитанти со маски ја надгледуваа церемонијата. Четири црни ковчези беа изложени на подиумот, зад кој имаше постер со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху прикажан како крвав вампир над фотографиите од четворицата ...