Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Грег Абел, новиот извршен директор на „Беркшир Хатавеј“, ќе заработува годишна плата од 25 милиони долари, што е неколкукратно повеќе од 100.000 долари колку што неговиот претходник Ворен Бафет примаше со децении. Промената доаѓа откако Бафет (95) се повлече од функцијата извршен директор на крајот на декември 2025 година и од јануари оперативната лидерска позиција на компанијата му ја предаде на Абел, задржувајќи ја својата улога како ...
Богати авантуристи сега можат да резервираат одмор на Месечината преку стартап со седиште во Калифорнија, кој планира да отвори хотел на Месечината до 2032 година. Вселенските туристи кои сакаат да патуваат во хотел на лунарната површина мора да уплатат голем депозит од еден милион долари, за да бидат меѓу првите што ќе го посетат она што компанијата тврди дека ќе биде „првата трајна вонземска структура“. Galactic Resource Utilization Space ...
„Флексибилно работно време“ звучи како едно од оние модерни ветувања што убаво стојат во огласите за работа и уште подобро се вклопуваат во корпоративниот речник. Работа без строг распоред, без фиксен влез и излез, со наводна слобода самиот да си го кроиш денот. Во пракса, меѓутоа, оваа формула сè почесто крие цена што не е наведена со ситни букви, туку воопшто не е наведена. На хартија, флексибилноста треба да значи баланс. Повеќе време за ...
Македонската текстилна индустрија ја изгуби својата конкурентска способност во однос на земјите од Далечниот Исток. Очекуваме потешка година за овој сектор, е оценката на Ангел Димитров од Организација на работодавачите, а воедно и менаџер на текстилна фабрика во Свети Николе. Димитров посочува дека странските партнери, поради ниските трошоци, своето производство го имаат префрлено во Бангладеш и други земји во Далечниот Исток, а во нашата ...
Индустријата за спортски обувки е на работ на нов пресврт. Тоа е според новата анализа на Банка на Америка (BofA), која фрла сомнеж врз иднината на долготрајниот бум на патиките. Банката минатата недела го потресе светот на спортски обувки со анализа од 61 страница во која се покажа дека изгледите за раст на сегментот брзо се намалуваат. Погледот на берзата открива дека акциите на „Адидас“ сега се тргуваат по 167 евра од врвот од околу 316 ...
Колку повеќе купуваме производи со непотребно пакување, толку повеќе амбалажен отпад оставаме зад себе. Амбалажните пакувања се едни од највидливите и најраспространети извори на отпаден материјал во нашата животна средина. Едно пакување може да содржи картон, пластика и алуминиумска фолија и сите тие различни материјали, доколку не ги селектираме, на крајот ќе завршат на депонија, а неретко и на некоја од 2.000-тите диви депонии во нашата ...
НАЈК ПРОМ со понуда од ArmaTrac трактори со највисока технологија и перформанси, достапни на залиха повеќе модели со и без кабина и моќност од 25 до 110 коњски сили. Тракторот ArmaTrac 612FG – 2WD е современа машина која располага со голема моќност, компактен дизајн, технологија и перформанси, специјализиран за најефикасна обработка на Вашите лозаро-овоштарски но и сите други видови земјоделски површини. Во однос на конфигурацијата е моќен, ...
Компанијата Хемометал со честитки на своите верни клиенти ја започна Новата 2026 година! Очигледно, тракторите од брендот СОЛИС се едни од омилените на земјоделците! Честитки до Зоран Милошески од село Гостиражни Со здравје да се вози новиот СОЛИС 50 ХЕМОМЕТАЛ 35 години со вас Честитки до Хусеин Селимоски од село Десово Со здравје да се работи СОЛИС 50 ХЕМОМЕТАЛ 35 години со вас Еркан Башевиќ од село Лажани е новиот сопственик на СОЛИС 75 ...
„Блекрок“ (BlackRock Inc.) намалува стотици работни места ширум компанијата, со што стана најновата фирма на Волстрит која во последните недели го намалува бројот на вработени. Намалувањата се приближно 1 отсто од вкупниот број на вработени на „Блекрок“, според луѓе запознаени со ситуацијата, кои побарале да останат анонимни бидејќи станува збор за приватни информации. Намалувањата вклучуваат околу 250 вработени во целата компанија, ...
Извршниот директор на „УБС груп АГ“ (UBS Group AG), Серџо Ермоти, планира да се повлече од функцијата во април 2027 година, објави денеска „Фајненшл тајмс“ (Financial Times), повикувајќи се на неименувани извори запознаени со ситуацијата. Александар Ивановиќ, кој ја предводи единицата за управување со средства на швајцарската банка, се појавува како еден од извршните директори со најголеми шанси да го наследи Ермоти, велат изворите. Меѓу ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека секоја земја која тргува со Иран ќе биде подложена на царина од 25% за сите трансакции што ги остварува со Соединетите Американски Држави. „Стапува во сила веднаш: секоја земја што прави бизнис со Исламската Република Иран ќе плаќа царина од 25% за сите зделки склучени со Соединетите Американски Држави“, напиша Трамп во објава на својата социјална мрежа „Трут соушал“. Тој додаде дека ...
Компанијата Агровојводина Механизација најави уште една новина! Само во Агровојводина, донеси го твојот стар ЗМАЈ комбајн за ориз и со одредена доплата, навреме за сезоната снабди се со нов комбајн гасеничар ДОНГ ФЕНГ со кабина и клима, проверен и докажан на македонските оризови полиња. Повелете, ве очекуваме во нашите салони во населба Пинтија, Скопје и село Облешево, Кочани. Тел. за контакт 076/231-552 и 075/443-654. Фејсбук статус на ...
Ристо ТАСЕВГрадинарите и откупувачите од Струмичко очекуваат да продолжат позитивните трендови на успешни производствени и откупни сезони и во 2026 година. Заедничка е оценката дека најголем дел од производството имаше сигурен откуп и добри цени, но бараат долгорочни решенија за сигурен пласман и производство за познат купувач. Производителот на лути пиперки од село Банско, Даме Тренчовски, кој меѓу првите излегува на пазарот, смета дека и ...
„Societe Generale“ објави подобар од очекуваниот профит за третиот квартал поради зголемување на тргувањето со фиксен приход и намалување на трошоците. Приходите од тргување со должнички хартии од вредност и валути се зголемија за 12 проценти во однос на претходната година, компензирајќи го падот на приходите од тргување со акции. Нето добивката се зголеми за 11 проценти на 1,52 милијарди евра, што е далеку над прогнозата на аналитичарите од ...
Компанијата Епл денеска официјално го потврди партнерството со фирмата Гугл, чии модели на вештачка интелигенција Џемини (Gemini) ќе ја придвижуваат новата генерација на асистентот Сири. Веста ја подигна пазарната вредност на Гугл на повеќе од четири билиони долари. Оваа соработка ќе се фокусира на радикално унапредување на асистентот на Епл, Сири, чија нова верзија се очекува подоцна оваа година, пренесува Си-Ен-Би-Си. Епл истакна дека по ...
Се стабилизираат состојбите на пазарот за јајца во Европа што резултираше со намалени цени на јајцата и во нашата земја, изјави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески по забележителниот пад на цената на јајцата на домашниот пазар во просек за 40-тина денари. Падот на цената во некои маркети беше забележан и пред Нова година, а денеска и на повеќето продажни места. – Не станува збор за владина мерка, туку за движењата на ...
Бизнис Во Грција започнува периодот од 50 дена на зимските попусти 12.01.2026 Сподели: Зимските попусти во Грција започнуваат денеска, ќе траат речиси 50 дена, заклучно со 28 февруари, а според претседателот на Трговско и индустриската комора на Пиреас Василис Коркидис, очекувањата се трговците да остварат промет од над шест милијарди евра, јави дописничката на МИА од Атина. За време на попустите, бизнисите се обврзани да ја наведат ...
Бизнис БОРИЈАН БОРОЗАНОВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ": „ИНТЕГРАЦИЈА ВО ГЛОБАЛНИТЕ СИСТЕМИ, ИЗВОЗНО-РАЗВОЕН МОДЕЛ И ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО – КЛУЧНИ ФАКТОРИ ЗА УСПЕХОТ НА ДРЖАВАТА" 12.01.2026 Сподели: „Извозот е двигател на економскиот раст на државата, и за подобрување на извозот потребни се три клучни предуслови. Прво, интеграција на нашата држава во глобалните системи преку зајакната регионалната соработка и придвижување кон Европската Унија, ...
Бизнис ЗА 10 ЈАЈЦА ТРЕБА ДА СЕ РАБОТИ 25 МИНУТИ, ЗА КИЛОГРАМ СИРЕЊЕ ДВА ЧАСА... колку вреди просечната плата во Србија 12.01.2026 Сподели: Просечната нето плата во Србија е 86.695 динари (740 евра), но кога таа сума ќе се претвори во работни часови и ќе се спореди со цените на основните производи, се добива појасна слика за просечниот животент стандард на граѓаните. Со просек од 160 работни часови месечно, еден час од трудот на просечниот ...
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за половина денар, додека цената на Еуродизелот останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Цената на БС-95 од ноќеска на полноќ ќе изнесува 70,50 денари за литар, додека цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 72,50 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на ...
Компанијата “АБЦ Дојчиновски“ од Битола врши продажба на пелети, камини и котли за парно греење. “АБЦ Дојчиновски“ на потрошувачите им нуди голем избор, дестина типови на пелети, сите сертифицирани со сертификатот N+A2 или N+A1, по прифатливи цени, како и разни поволности при плаќање, чување и транспорт на пелетите. “АБЦ Дојчиновски“ покрај пелетите продава и печки, камини и котли на дрва и пелети, и секако резервни делови за нив. ...
Коосновачот на „Палантир технолоџис“ (Palantir Technologies Inc.), Џо Лонсдејл, беше предводник на инвеститорите кои се обложуваа на малку познат нигериски стартап за одбрана, кој го проширува производството на дронови, бидејќи насилниот екстремизам се шири низ Африка. „Терахаптикс“ (Terrahaptix Inc.) соопшти дека собрал 11,8 милиони долари во рунда што ја предводеше 8VC, основана од Лонсдејл. Алекс Мур, кој се фокусира на инвестиции во ...
Инженерската институција на Македонија, по втор пат, годинава избира Млад инженер на годината. На повикот којшто ќе трае до 8 февруари може да се пријават сите млади инженери до 35 години, вклучувајќи ги и оние со 35 години. Освен возраста, новиот Млад инженер на годината ќе се избира согласно постигнатите инженерски резултати во 2025 година, лидерството и инспирацијата за младите, креативноста и иновативноста, споделувањето знаење, ...
Главниот извршен директор на „Хајнекен“ (Heineken NV), Долф ван ден Бринк, се повлекува неколку месеци откако пиварницата предупреди за профитот поради падот на продажбата на пиво. Ван ден Бринк (52) ќе се повлече на 31 мај по шест години на чело на „Хајнекен“, а повеќе од 28 години вкупно во холандската компанија, пишува во денешното соопштение. Пиварницата веднаш ќе почне да бара наследник на челната позиција, а Ван ден Бринк ќе остане да ...
Европската комисија одлучи да ја суспендира примената на даноци на јаглерод за увоз на ѓубрива, објави француската министерка за земјоделство, Ан Женавар. Франција и Италија побараа пред состанокот на министрите за земјоделство на ЕУ ѓубривата да бидат исклучени од Механизмот за прилагодување на ограничувањето на јаглеродот (CBAM), барем привремено, за да се заштитат европските земјоделци. Даноците на јаглерод за ѓубрива се суспендирани ...
Работниот век денес сè повеќе личи на трка без јасно обележана цел. Почнува рано, завршува доцна, а паузите, ако воопшто ги има, се сведени на кратки здивови меѓу мејлови, пораки и обврски што постојано се натрупуваат. Формално, луѓето работат осум часа. Во реалноста, работниот ден одамна излегол од тие рамки и се преселил дома, во телефонот, во главата. И токму тука почнува приказната за прегорувањето – тивка, но скапа појава, која ретко се ...
Приходите на „Taiwan Semiconductor Manufacturing Co“ (TSMC) ги надминаа проценките, зголемувајќи ги надежите за одржливо глобално трошење за вештачка интелигенција во 2026-та година и покрај загриженоста за индустрискиот меур, објави „Bloomberg“. Производителот на чипови за „Nvidia“ објави раст на приходите од околу 20% за кварталот што заврши во декември на 1,05 трилиони тајвански долари (33,1 милијарди долари) врз основа на месечни ...
Бизнис ГЕРМАНИЈА ИСПЛАЌА 2.500 ЕВРА ЗА ЛИЦАТА КОИ САКААТ ДА БИДАТ МАЈСТОРИ 11.01.2026 Сподели: Во 2026 година Сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија продолжува да исплаќа премија за мајстори од 2.500 евра. Оваа поддршка, која ќе се спроведува од средината на 2023 година, е дел од програмата за надминување на недостатокот на квалификувани работници во занаетите. Од воведувањето на оваа мерка, повеќе од 8.000 занаетчии добиле финансиска ...
Министерството за одбрана склучи договор за набавка на сувомеснати производи, со друштвото за производство, трговија и услуги Мип-марфил увоз-извоз ДОО Прилеп. Вредноста на договорот е од 16.934.818 денари или 275.363 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 1,7 милион евра склучи Министерството за одбрана со “Пуцко петрол„ Договор од 1,7 милион евра склучи Министерството за одбрана со „Супертрејд„ Министерството за одбрана склучи договор за набавка ...
Цените на становите уриваат рекорди. Трендот на пораст на метар квадратен – се очекуава да продолжи, ако не се донесат нови урбанистички планови и ако неизвесноста остане, велат од градежната комора. Сите посакуваат стабилизација, и истата ќе се постигне само ако заедно бараат решение и инвеститорите и Владата и општините. Според последните податоци на Народната банка, во 3 тримесечје лани, цената на недвижнините бележи пораст од 25 отсто, ...