Профитот на модниот гигант „Hennes & Maurit“z во третиот квартал ги надмина очекувањата на аналитичарите, потпомогнат од контролата на трошоците и знаците дека префокусирањето на компанијата на својот основен бренд „H&M“ почнува да се исплатува, објавува „Bloomberg“. Зголемените трошоци за рекламирање во текот на изминатата година помогнаа купувачите да се вратат во продавниците и онлајн, донекаде компензирајќи го негативното влијание на ...

Поттикнати од вредностите кои ја обликуваат корпоративната култура на „Алкалоид“, преточени во хуманост, солидарност и во грижа за заедницата, над 4.000 вработени, членови на нивните семејства и пријатели на компанијата ја продолжија хуманата мисија, која единаесетти пат се спроведува под закрила на Фондацијата „Трајче Мукаетов“. Хуманоста е силата што ги подигнува луѓето, оваа година визуализирана преку симболиката на балон со топол воздух, ...

Виетнамските комерцијални банки почнаа да отстрануваат над 86 милиони банкарски сметки откако Државната банка СБВ воведе задолжителна регистрација на корисниците со биометриски податоци – верификација со лице или со отпечатоци од прсти. Властите објаснуваат дека целта на новите мерки е спречување на измами, сајбер криминал и перење пари. Виетнам има околу 200 милиони банкарски сметки. По националната ревизија 113 милиони ќе останат активни. ...

Министерот за стопанство и труд, Бесар Дурмши, денес во Тетово присуствуваше на случувањето „Жени кои инспирираат“, кое здружува женски лидери, активисти и застапници на институции од државата и регионот. Во своето излагање, Дурмши, како што известуваат од неговиот кабинет, нагласи дека стратегиите на министерството имаат цел креирање на вистински и измерливи можности за сите жители, со особен осврт на жените и младите. Дурмши ги претстави ...

Имаме капацитет стручно да се справиме со врвна технологија, особено со машини од композитни материјали за воздухопловната и други индустрии, а Институтот за современи композити и роботика претставува стимул за научен прогрес во роботиката. Ова беше потенцирано на денешната прослава во прилепската фирма „Микросам“, која одбележува 35 години опстојување и 16 години исклучителна работа на Институтот за современи композити и роботика. „Микросам“, ...

Финансии / Банкарство Хрватска се приближува до просечната плата во Словенија 27.09.2025 Разликата помеѓу просечните нето плати во Словенија и Хрватска се намали на нешто помалку од десет проценти во јули, додека разликата во бруто платите е речиси 26 проценти. Просечната нето плата за јули во Хрватска достигна 1.437 евра, додека во Словенија беше 1.577 евра. Според Хрватскиот завод за статистика, просечната нето плата во Хрватска за јули ...

Бројот на туристите е зголемен за 10,2 проценти од јануари до јули годинава. Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, од Крушево, каде што присуствуваше на манифестацијата „Одржлива трансформација во туризмот“ по повод Светскиот ден на туризмот, истакна дека стратегијата е Македонија да еволуира во регионален туристички центар кој поврзува економски напредок, културна афирмација и меѓународна препознатливост. „Од јануари до јули годинава ...

Бизнис ВО ГЕРМАНИЈА СЕ БАРААТ РАБОТНИЦИ ЗА ПОЧЕТНА ПЛАТА ОД 3.500 ЕВРА 27.09.2025 Германските железници со години се соочуваат со проблеми со доцнења, откажувања и недостиг на персонал, а најголемиот дефицит е кај машиновозачите. Синдикатот ГДЛ проценува дека до 2030 година, на Германија ќе ѝ бидат потребни дополнителни 5.000 до 10.000 машиновозачи. Платите на машиновозачите се зголемуваат со работното искуство, а со бројни додатоци за ноќни ...

ТТК Банка АД Скопје вработува Помлад благајник во Филијала Штип. Во продолжение погледнете го целосниот оглас. Што бараме: – ССС/ВСС – од областа на економски, правни и организациски науки; – Без работно искуство (искуство во банка или во финансиска институција ќе се смета за предност); – Активно познавање MS Office; – Познавање англиски јазик; – Солидни комуникациски и продажни вештини; – Способност за тимска работа; – Прецизност во извршување ...

Бизнис Годишен раст на цените на августовските туристички аранжмани во ЕУ за 2,5 отсто 26.09.2025 Просечните цени на туристичките пакет аранжманите во ЕУ во август годинава се зголемиле за 2,5 проценти споредено со истиот месец лани, информира Европската статистичка агенција - Евростат. Кога станува збор за августовските домашни туристички аранжмани, тие поскапеле за 6,8 отсто на годишно ниво, а странските за 1,6 проценти. За споредба, во мај ...

Со купување на Mitsubishi Electric топлинска пумпа од “Бител“, можеш да аплицираш за 20% грант и одплата на 5 години преку програмата GEFF на Европската банка за обнова и развој Што значи тоа за тебе? -Помали сметки за струја -Поголема удобност во домот -До 20% од вложените пари се враќаат назад Аплицирањето е едноставно – изберете уред, поднесете ги документите и добијте поврат на средствата. Инвестирај паметно, инвестирај во ...

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2025 година до крајот на оваа 2025.та година неработни денови се: За сите граѓани на РСМ • 11 октомври (сабота), Ден на народното востание, • 23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба, • 8 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”. За граѓаните од католичка вероисповед • 1 ноември (петок), Празникот на сите светци, • 25 ...

Бизнис Хрватскиот министер предупреди на „намерно ширење на заразата на свињарските фарми“? 26.09.2025 Хрватскиот министер за земјоделство Давид Влајчиќ изјави денеска дека националната безбедност е загрозена поради незаконски активности на свињарски фарми, нагласувајќи дека единствениот начин да се спречи ширењето на африканската чума кај свињите е строго почитување на законот и биобезбедносните правила. По владината седница, Влајчиќ нагласи ...

Пазарот на криптовалути го изгуби својот ентузијазам за купување, а дневните трговци повеќе не се толку ентузијастични, што е помалку изненадувачки, бидејќи Федералните резерви „ја завршија својата работа“ минатата недела. Етерот, солана и доџкоин „паднаа“ за околу десет проценти на неделна основа. Понеделникот беше особено „црвен“ со ликвидација на многу биковски позиции. Етерот го доживеа својот најголем пад од 2021 година. Вредноста на ...

Внатрешно истражување на Дојче банк укажува дека капиталните инвестиции во вештачката интелигенција се толку големи што ги спасуваат САД да не влезат во рецесија. Во белешките се предупредува дека сегашниот бум на технологијата „веројатно не е одржлив на подолг рок“. Анализа на фирмата Bain & Co. покажува дека околу половина од добивките на берзанскиот индекс S&P 500 оваа година се поттикнати од технолошките акции, но и проценува дека се ...

АИТОНИКС, една од водечките ИТ компании во Македонија, прослави 25 години од своето основање на свечен настан во Скопје. Основана во 2000 година од сегашниот генерален директор Јордан Димитровски, АИТОНИКС денес е една од најголемите компании за ИТ-дистрибуција и развој на софтвер во Македонија, која воедно со тоа ја прошири својата дејност и на пазарите во Бугарија и Србија. АИТОНИКС е официјален дистрибутер на светски познати ИТ брендови како ...

„SAP“ соопшти дека потпишал договори со „OpenAI“ и „Amazon Web Services“ за проширување на својата понуда на услуги за „дигитален суверенитет“ на европските влади, објави „Bloomberg“. Германскиот развивач на софтвер ќе соработува со „OpenAI“ за да ги донесе услугите за вештачка интелигенција (AI) на компанијата, вклучувајќи го и „ChatGPT“, во јавниот сектор во Германија, соопштија компаниите во заедничка изјава. Иницијативата, наречена „OpenAI“ ...

„Ако сакаме Европа да биде конкурентна, мора да им овозможиме на нашите компании пристап до капитал – не само преку банкарски кредити, туку и преку пазарите на хартии од вредност“, порача Блаж Бродњак, Главен извршен директор на НЛБ Групацијата, на отворањето на 24. Годишна конференција на Македонската берза во Охрид. Бродњак потенцираше дека интеграцијата на пазарите на капитал е неопходна, бидејќи банките не можат сами да го преземат целиот ...

MGX, инвестициски фонд со кој претседава шеикот Тахнун бин Зајед Ал Нахјан, ќе добие 15% удел и место во одборот кога TikTok во САД ќе се одвои како посебна компанија. Претседателот на САД Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се одобрува договорот и се даваат 120 дена за финализирање на деталите. Oracle, компанија во сопственост на Лари Елисон, како и инвестицискиот фонд Silver Lake и MGX од Абу Даби, заедно ќе контролираат околу ...

Македонските компании Витториа Фруит, Хортена, Туран, Баџо, Фреш Лајн, Ксенос, Атон Фруитс, Агро Гурмеш, Агро Кав-Комерц и Стенлеј, преставени од македонското здружение за свежо овошје и зеленчук – МАКФРЕШ од 30 септември до 2 октомври, по втор пат ќе учествуваат на меѓународниот саем Fruit Attraction 2025 во Мадрид, Шпанија. Овој водечки глобален настан за агро-прехранбениот сектор се одвива под слоганот „Откријте ја суштината на секторот“ и ...

Нов ден, ново сензационално откритие меѓу прашливите полици со употребувана облека. Купувањето половна стока, или стока од втора рака, брзо расте во последните пет години. Па така, се случува речиси секој ден некој да најде нешто необично – по изглед, цена, но најчесто по вредност! Ова го постигна и една девојка која купи луксузна здолниште за само 4 евра за која се покажа дека вреди најмалку 2.000 евра! Приказната брзо се прошири низ интернет, ...

Некогаш важеше за најобичен „свински отпад“, а денес е гастрономски деликатес чија цена постојано расте – парадоксално, ако се земе предвид дека пред само неколку децении чварките се сметаа за храна наменета само за сиромашните. Денес многу граѓани не можат да си ги дозволат, или можат повремено да купат само 100 или 200 грама. Најскапи се во Хрватска, а тоа го потврдуваат и фотографиите направени на пазарот во Загреб. Имено, на познатиот ...

Eвропската комисија денеска ја одобри заедничката инвестиција на американската компанија „Мета Платформс“ и индиската „Релајанс Индустрис“ во проект за услуги за вештачка интелигенција за претпријатијата во ЕУ. Комисијата заклучи дека заедничката инвестиција нема да предизвика нарушување на принципите на конкурентност, со оглед на нејзиното ограничено влијание во Европската економска зона. Трансакцијата е одобрена врз основа на Регулативата за ...

Европската комисија го објави вториот повик за стратешки рударски проекти, со цел да се обезбедат критичните минерални суровини за европската индустрија. Потпретседателот на ЕК задолжен за развој и индустриски стратегии, Стефан Сежурне вели дека стратешките проекти ја зајакнуваат отпорноста на ЕУ преку обезбедување суровини кои се клучни за зелената и дигиталната транзиција. Од Комисијата истакнаа дека избраните проекти ќе имаат корист од побрзо ...

Во голем број супермаркети низ Хрватска во последните денови се забележуваат речиси празни полици за јајца, што ги доведува граѓаните во загриженост и конфузија. Во ланците како „Лидл“, „Кауфланд„, „Шпар“ и други, купувачите се жалат дека не можат да најдат ниту основни количини, или дека по одредено време во денот јајцата целосно исчезнуваат на залиха. Најчесто проблемот се јавува попладне, кога стоката се распродала или не е доставена навреме. ...

Денес, еден германски суд издаде наредба до крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) да го ослободи своето национално седиште до 2026 година. Пресудата беше донесена во корист на сопственикот на имотот, кој е во спор со водечката опозициска партија во државата. Државниот суд во Берлин ја поддржа тужбата на австрискиот сопственик на објектот, кој инсистираше партијата да го напушти просторот. Судот констатираше дека АфД ги ...

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски очекува изградбата на автопатот Скопје – Блаце да почне да се гради следната година. – Тој проект се реализира со поддршка на ЕБРД. Рокот за поднесување за понуди истекува на 30 септември. Ќе ги видиме понудите и заедно со ЕБРД ќе направиме селекција и зависно од бројот на понуди очекувам меѓу крајот на ноември и почетокот на јануари во зависност од временските услови изведувачот да биде ...

Сојузот за младинска работа (СМР) објави јавен повик за прибирање средства за стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска“, наменета за последипломски студии по младинска работа на Филозофскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Стипендијата е востановена во чест на Билјана Василевска Трајкоска – истакната активистка и лидерка во областа на младинската работа, која со својата визија, посветеност и енергија даде значаен ...

Италијанската банка „УниКредит“ и австриската „Рајфајзен банк интернешнл“ објавија дека ќе основаат компанија со уште 7 европски банки која ќе издава криптовалута која ќе биде „деноминирана во евра“ и покриена со традиционални финансиски средства. Заедно со „УниКредит“ и „Рајфајзен банк интернешнл“, групата ги вклучува и белгиската „КБЦ“, данската „Данске банк“, германската „Декабанк“, шведската „СЕБ“ и шпанската „Каиксабанк“, а може да се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, издаде извршна наредба за планот за откуп на американските операции на ТикТок од страна на американски и светски инвеститори, во согласност со законодавството од 2024 година, според кое апликацијата ќе биде забранета доколку нејзините кинески газди не ја продадат. Во согласност со наредбата, ТикТок ќе биде во мнозинска сопственост и под контрола на американски компании. Белата куќа објави дека спогодбата ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
4.63
71%
1025
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
67%
1027
weather icon

Софија

10ᴼ / 7ᴼ
5.14
60%
1025
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
4.88
75%
1025
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
91%
1029
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
1.03
73%
1017
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
62%
1019
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
47%
1022
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.06
92%
1024
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
78%
1027
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
7.2
77%
1021
Currency

61.6117

Currency

53.5431

Currency

69.9606

Currency

34.8127

Currency

38.0334

Currency

66.1643

Currency

7.52102

Currency

0.66196

Currency

0.3488

Currency

0.52486

Currency

1.27263

Currency

0.60225