
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Синот на поранешниот министер и заменик министер за внатрешни работи Назим Буши од ДУИ осомничен дека е „кртот“ на криминалната група Барон/Беланоца. Според информации на Телма, Ќерим Буши синоќа бил приведен на распит поради оддавање службена тајна. Го сомничат дека пред десетина дена ја провали акцијата за апсење на припадници на скопското нарко подземје. Се проверува дали тој им дојавил на осомничените дека полицијата доаѓа по нив за да ...
Десет мигранти во две товарни возила биле пронајдени вчера од страна на полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, во едното товарно возило со полуприколка, со скопски регистарски ознаки, сопственост на правен субјект од Скопје, управувано од Б.А. (49) од Скопје, биле пронајдени пет лица од Сирија и едно лице – турски курд. Во второто ...
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, за косовските медиуми зборуваше за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој во моментов не е уапсен од истражните органи на Македонија и за кого веќе е распишана потерница. изречена е и меѓународна како мерка притвор, пренесува ТВ21. Ахмети рече дека Груби не избегал и дека тој самиот немал контакт со него, но има информации дека е добро и дека се наоѓа на албанска територија. ...
Наполи – Венеција 1:0 е епилогот од попладневниот меч во Серија А во рамките на 18.коло. Фаворитот славеше против тоталниот аутдајдер, освои три бода во битката за титулата, ама едвај. Победничкиот гол беше дело на Распадори во 79.минута. Претходно наполитанците имаа многу шанси, голманот на гостите Филип Станковиќ, инаку син на Дејан Станковиќ, правеше чуда на својот гол. Одбрани неколку зицери на составот на Антонио Конте, му одбрани и пенал ...
Федерико Киеза пред три години беше еден од најдобрите офанзивци во Европа. Со репрезентацијата на Италија го освои Европското првенство, а беше и еден од најдобрите играчи на Јувентус. Во јануари 2022 година, тој ги скина вкрстените лигаменти на коленото и никогаш не можеше да се врати во форма после тоа. Киеза не толку одамна беше еден од највозбудливите играчи во Европа, познат по својата брзина, дриблинг и добра завршница. Во последно време ...
Пратеникот во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски објави дека заедно со премиерот Мицкоски и градоначалникот Стојкоски поделиле новогодишни пакетчиња. -Денеска заедно со претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски и Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски посетивме неколку семејства во општина Ѓорче Петров и поделивме новогодишни пакетчиња. Ова е своевидна неколкугодишна традиција со ...
По спроведена претходна постапка и врз основа на обезбедените докази, Основното јавно обвинителство Скопје ќе поведе постапка против вкупно 10 лица за кои постои основано сомнение дека учествувале во дејствија криумчарење, фалсификување исправи и службени исправи, како и прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама. „Лицата во текот на 2021 и 2022 година, со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале во земјава ...
На денешната панел-дискусија на тема „Негативниот годишен извештај за работата на Судскиот совет и потребата од реформи во правосудниот сектор во Македонија“ присуствуваше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска која се осврна на надлежностите и работата на Судскиот совет и потенцираше дека претставува суштинска спона која ја одразува независноста на судството и затоа истата е загарантирана и со Устав. Пратеничката посочи дека во ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски утрово ги посети полициските службеници во Единицата за внатрешни работи во Ѓорче Петров, каде облиску се запозна со текот на акцијата што денеска се спроведува од страна на СВР Скопје во координација со Одделот за криминалистичка полиција. „Акцијата е насочена кон сузбивање на организирана криминална група која се занимава со криумчарење на скапи моторни возила, фалсификување исправи и злоупотреба ...
„Во минатото видовме дека има сомнежи дека во одредени постапки имало и фалсификување на записници од самото работење на Судскиот совет, а со тоа покрај целокупното воспоставување на системот на контрола и надзор над работењето на судиите кои тие треба да бидат капата на правосудниот систем кој треба да ги мониторираат работењето на судовите и судските инстанци тие се предмет на обвинувања дека кај нив постои несоодветно постапувања и ...
Веројатно Трент Александер – Арнолд ако не во јануари тогаш во јуни сигурно ќе го облече белиот дрес на Реал Мадрид, се говори дека истото тоа ќе го стори и Алфондо Дејвис, но “кралевите“ немаат намера тука да запрат, имаат намера и тоа како да детонираат уште една “бомба“ и да го добијат еден од најдобрите дефанзивци во Премиер – лигата. Имено се пикира Мики ван де Вен, стоперот на Тотенхем кој важи за најбрзиот дефанзивец во најсилната лига во ...
„Шокантни информации. Дојдовме до неверојатни информации за координиран украинско-хрватски напад врз Србија. Значи, најдовме докази. Група лажни студенти, можеби според индексот се студенти, но затоа група хрватски разузнавачи маскирани во група хрватски студенти, туристи, дојдоа заедно со украински екстремисти во Белград и работат тука за да го соборат Вучиќ и да ја киднапираат државата заедно со студентите кои блокираат одредени универзитети ...
По спроведена претходна постапка и врз основа на обезбедените докази, Основното јавно обвинителство Скопје ќе поведе постапка против вкупно 10 лица за кои постои основано сомнение дека учествувале во дејствија криумчарење, фалсификување исправи и службени исправи, како и прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама. Лицата во текот на 2021 и 2022 година, со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале во ...
Само двајца ја преживеаја трагедијата, двајца членови на екипажот. Несреќата била пријавена во провинцијата Јужна Џеола околу 9 часот. На снимките од несреќата се гледа двомоторниот „Боинг 737-800“ се движи по пистата, се пали и експлодира. Horrifying footage emerging of a Jeju Air Boeing 737-800 (not a Max) with 175 onboard involved in a crash at Muan International Airport in South Korea — video shows the aircraft attempting a ‘belly landing’ ...
Во првиот меч од денешната програма во Серија А од 18.коло, Удинезе и Торино одиграа ефикасен меч, ама без победник со резултат 2:2. Секако дека ова може да се смета за кикс за домашниот состав од Удине ако се знае дека до 53.минута “црно – белите“ имаа водство од 2:0. Прво Туре во 41.минута му донесе водство на Удинезе од 1:0, за да во 49.минута Лука го удвои водството на 2:0. И кога сите помислија дека тоа е тоа, гостите од Торино со головите ...
Македонски активисти денеска реализираа последователна хумантарна акција, овој пат, наменета за децата од село Туминец, општина Пустец, доделувајќи им новогодишни пакетчиња, што предизвика радост кај најмладите. -По вчерашната акција реализирана во селото Требиште, област Голо Брдо, каде на македончињата им доделивме новогодишни пакетчиња, со поддршка на компанијата „Витаминка“ од Прилеп, денеска ги стопливме срцата на најмладите во Туминец, ...
„Ја оценуваме ситуацијата врз основа на анализа на дестабилизирачките дејствија на САД и НАТО во стратешката сфера и соодветно на развојот на заканите што произлегуваат од тоа“, рече Лавров. „Денес е јасно дека, на пример, нашиот мораториум за распоредување на ракети со краток и среден дострел повеќе не е практично одржлив и ќе мора да се напушти. САД арогантно ги игнорираа предупредувањата од Русија и Кина и распоредија оружје од оваа класа во ...
Јагнула Куновска, една од најистакнатите правници, политичари и уметници во Македонија, почина денеска на 81-годишна возраст, оставајќи зад себе значајно наследство во различни општествени сфери. Родена во 1943 година во Костур, Грција, Куновска беше внука на костурскиот војвода Никола Добролитски. Во текот на Граѓанската војна во Грција во 1948 година, заедно со многу други деца, беше евакуирана во Тетово, каде што започна нејзиниот живот во ...
Суд на Босна и Херцеговина им одреди едномесечен притвор на министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, директорот на „Патишта на Република Српска“ Милан Дакиќ и Младен Лучиќ, сопственик на компанијата „Легенда „ од источно Сараево, кои Обвинителството ги товари за заговор за извршување кривични дела, перење пари, примање мито и злоупотреба на службената положба или овластување. Во соопштението на Судот на БиХ, објавено на ...
Летот на Jeju Air 7C2216, кој доаѓал од тајландскиот главен град Бангкок со 181 патник и членови на екипажот, се обидел да слета околу 9 часот по локално време на аеродромот на југот на земјата. Потврдено е дека се загинати најмалку 177 лица, а само две лица - и двајцата од екипажот - се спасени, соопшти јужнокорејската противпожарна служба, откако авион на Чеџу Ер се урна при слетување на меѓународниот аеродром Муан, Јужна Кореја. „Досега ...
Џеонг (50) за новинската агенција Јонхап изјави дека авионот директно се судрил со јато птици додека се спуштал на земјата. Џеонг рече дека некои од птиците се чини дека биле вшмукувани од моторот. Тој рече дека слушнал два или три „пукања“ и видел пламен како излегува од десниот мотор. 🚨🇰🇷 SHOCKING FOOTAGE: BIRD STRIKE SEEN ON JEJU AIR FLIGHT 2216 BEFORE CRASH MBC News releases footage allegedly showing a bird strike moments before the fatal ...
„Можеме да очекуваме обвинение во наредните недели. Како адвокат велам дека се одвива исклучително брзо, изненадувачки брзо, но обвинителот веројатно има доволно факти, информации, податоци и докази за да биде подготвен да поднесе обвинение“, рече Вучевиќ во изјава за белградски медиуми. Тој додаде дека е „природно, нормално и задолжително да се утврди кој е виновен, одговорен“, пренесе Бета. Вучевиќ денеска изјави дека се подготвува голема и ...
Рано утрото во неделата (29.12), околу 05:55 во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Ацо Шопов“ во Скопје, патничко возило „Рексон“ , сопственост на Министерствто за надворешни работи, управувано од В.П. на 26 години од Скопје имало сообраќајна незгода. Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот и неговите двајца сопатници 30-годишниот А.В. од скопско Инџиково, и 23-годишниот А.Х. од Скопје, констатирани во Комплексот клиники ...
Според него, тоа е „пионерски потег на земја членка на Европската унија“. Ванденбрук истакна дека евтините електронски цигари станаа закана за здравјето бидејќи компаниите што ги произведуваат лесно ги привлекуваат тинејџерите да ги купат и да развијат зависност од никоти. „Електронските цигари за еднократна употреба се нов производ што едноставно е дизајниран да привлече нови потрошувачи. Електронските цигари содржат никотин, што предизвикува ...
Суд во Белград утре се очекува да ја соопшти пресудата против Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на детето кое на 3 мај 2023 година усмрти со пиштол девет ученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, и рани уште пет ученици и наставничка. Судот ќе донесе првостепена пресуда на која одбраната и обвинителството ќе имаат право на жалба до Апелациски суд. Судскиот процес од самиот почеток е затворен за јавноста, но ...
Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски во денешното интервју за РСЕ вели дека не бил побаран притвор за поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, затоа што неговото дело не сноси казна поголема од 5 години затвор. Во акцијата „Адитив“, Ковачевски како поранешен прв човек на државните електрани пребега во странство и во моментов ниту една државна релевантна институција не знае каде се наоѓа. - Во однос на Ковачевски, токму за него ...
Јужнокорејската противпожарна служба соопшти дека 120 лица загинале во авионска несреќа во Јужна Кореја, откако патнички авион утринава излета од пистата на меѓународниот аеродром Муан, Јужна Кореја. Во авионот имало 181 лице – 175 патници и шест членови на екипажот. Само двајца патници се спасени. „Досега двајца се спасени, 120 потврдено е дека се загинати“, се вели во соопштението на Националната противпожарна служба, а операцијата за ...
Во Грузија денеска е инаугуриран Михаил Кавелашвили лојалист на владејачката партија за претседател и покрај тоа што неговиот избор беше прогласен за „нелегитимен“ од лидерката во заминување и опозициските групи. Екстремно десничарскиот поранешен фудбалер положи заклетва на парламентарна церемонија неколку моменти откако претседателката во заминување Саломе Зурабишвили вети дека ќе се бори против партијата Грузиски сон што го контролира ...
Меѓу 108 и 149 евра чини празничната трпеза во Грција за шест до осум лица, што е за околу пет отсто поскапа од лани, но судејќи според метежот во центарот на Атина во изминатите денови, се чини дека Грците не дозволуваат покачувањата на цените да им го расипат празничното расположение, јави дописничката на МИА од Атина. Институтот за трговија и услуги на Грчката конфедерација за трговија и претприемништво и оваа година спроведе истражување во ...
Во рок од еден месец, се сруши кулата изградена две децении со криминал и корупција, обвини коалицијата Вреди, потенцирајќи на ДУИ. „Следниве случаи, сите откриени само во изминатиот месец, зборуваат сами за себе: Американскиот Стејт департмент го прогласи Артан Груби за нон грата, означувајќи го како непожелна личност. Министерството за внатрешни работи ги претресе домовите на Груби и на Бајрами, кои се обвинети за злоупотреба на милиони евра, ...