Паричката е незаменлив дел од бадниковото лепче и постојат причини зошто не треба да ја фрлите, да ја задржите кај себе, да ја загубите или да ја заборавите! На бадниковата трпеза, домаќинот дели парче од лепчето на секој член од семејството, а се верува дека оној што ќе ја најде паричката или дукатот во својот дел од лепчето, ќе има среќа, здравје и богатство во текот на целата следна година. Според традицијата, сите членови на семејството мора ...

Со векови наназад бадниковото лепче е традиционална погача која домаќинките во Македонија ја месат за Бадник, некои и пред зори. Обичај е во тестото за традиционалното бадниково лепче да се стави паричка, а во зависност од локалните обичаи и некои други ситни предмети. Паричката се става во моментот кога тестото веќе се замесува, па потоа уште малку треба да се „домеси“, за ниту домаќинката да не знае каде отишла паричката. Паричката е ...