Она што веќе е познато, дека Ерлинг Халанд ќе остане во Манчестер Сити до 2034 година, сега тоа е потврдено и со видео порака на самиот фудбалер. Интересни видеа за Халанд со кои се докажува кој е кој. Сепак во преден план е видео пораката на Халанд на која се гледа како тој нешто пишува и им се обраќа на противничките дефанзивци: „Драги дефанзивци. Можеби понекогаш не ме сакате во ваша близина, но сметам дека си требаме едни со други. Се што ...

Во вторник наутро, кога новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата, за Западот ќе изгрее нова ера и ќе дојде крајот на „горчливите, комплицирани, болни и исполнети со неуспех четири години“ на демократската администрација во Белата куќа, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, јавија унгарските медиуми. Орбан на националното радио Лајош Кошут изјави дека администрацијата на Демократската партија „почнала лошо“ затоа што „на ...

Ден пред големиот христијански празник Богојавление – Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет. Празникот е познат под имињата Водокрштение и Водокрст или Водопост. Водокрст доаѓа од крштевањето односно осветувањето на водата, а Водопост поради тоа што се работи за строг пост. Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот. Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива ...

Шефот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер изјави дека Алијансата презема дел од одговорноста за координирање на воената помош за Украина, која досега ја организираа САД. Ова го пренесе Укринформ, повикувајќи се на неговата изјава на состанокот на Воениот комитет на НАТО во Брисел. Како резултат на рамковниот договор постигнат во Вашингтон, некои механизми кои претходно беа организирани од САД сега се префрлаат под контрола на ...

Во изминатата седмица во Грција бил зголемен бројот на заболени од грип со регистрирани 24 нови сериозни случаи и тројца починати, додека позитивноста на заразени со Ковид-19 е намалена, но зголемен е бројот на хоспитализации со вирусот и починале 24 лица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Во периодот од 6 до 12 јануари, бројот на болни од грип останува над ...

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим беше задоволен од победата од 3-1 над Саутемптон во Премиер-лигата. Така неговиот тим неодамна продолжи со позитивните резултати. Вистината е, сепак, дека успехот на „црвените ѓаволи“ не дојде лесно и имаа доза на среќа да направат задоцнет пресврт. Тренерот го призна ова, но рече дека во моментов најважно е неговиот тим да победи, без разлика како. „Крајот е добар. Беше тежок натпревар кој можеме да ...

Пакистанскиот суд денеска ги осуди веќе затворениот поранешен премиер Имран Кан и неговата сопруга Бушра Биби Кан на 14, односно седум години затвор, откако ги прогласи за виновни за корупција, соопштија официјални претставници и неговиот адвокат. Тие се осудени по обвиненија за корупција во случајот Tруст Ал-Кадир, каде Кан и неговата сопруга се обвинети за проневера на 190 милиони фунти, објавија пакистанските медиуми. Судијата ја изрече ...

Именден празнуваат: Богдан, (значи даден од Бога) Богдана, Божана, Бојан, Бонка, Богомил (значи мил на Бога), Јордан, Данчо, Јорданка, Данка, Даница, Дарин, Јован, Јованка, Јонко, Јонка, Јоана… Празникот Водици (Богојавление) народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, зашто на тој ден Исус Христос е крстен од свети Јован Крстител во реката Јордан. Со тоа на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од ...

Зошто газдите на американските технолошки гиганти ја поддржуваат политиката на Доналд Трамп? Не се работи само за милијардерот Илон Маск, сопственик на платформата X, туку и за други концерни, пишува ДВ. Могулите паѓаат ничкум пред Трамп Шефовите на големите технолошки компании во САД досега се однесуваа како супербогати кралеви кои поседуваат дигитални империи. На пример, шефот на концернот Мета, Марк Закерберг. Милијарди луѓе ширум светот ги ...

На покана од американската страна, специјалниот претставник на претседателот Си Џинпинг, потпретседателот Хан Женг, ќе присуствува на церемонијата на инаугурација на претседателот Доналд Трамп на 20 јануари во Вашингтон, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи. Кина ги следи принципите на меѓусебно почитување, мирен соживот и заемно корисна соработка кога станува збор за нејзините односи со Соединетите држави, ...

Месечината во лав носи силна емоционална енергија и изразена потреба за внимание и препознавање. Месечината во знакот лав ќе има влијание врз сите знаци на Зодијакот, но повеќе ќе го чувствуваат лавовите, стрелците и овенот. Луѓето со оваа положба на Месечината често се харизматични, срдечни и полни со ентузијазам. Нивните чувства се интензивни и драматични и често имаат силна желба да бидат во центарот на вниманието и да добијат потврда од ...

Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон, го назначи конгресменот Рик Крафорд за претседател на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, што е најновото унапредување на сојузникот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на клучна функција за национална безбедност. Претседателот на комитетот е меѓу осумте конгресни лидери, познати како „Бандата на осумте“, кои се информирани за најтајните работи на американското ...

Со одлука на претседателката Сиљановска-Давкова, за претседател на Комисијата е именуван проф. д-р Валентин Мирчески, а за членови на комисијата се именувани проф. д-р Гзиме Старова, д-р Самуел Садикарио, д-р Андријана Јаневска, м-р Ана Дурловски, м-р Решат Амети, м-р Гена Теодосиевска, Дејан Георгиевски, Жарко Башески, Оливера Наковска-Бикова и Весна Петрушевска. Комисијата за одликувања и признанија вчера ја одржа конститутивната седница, на ...

Ерлинг Халанд потпиша продолжување на договорот со Манчестер Сити, обврзувајќи се да остане во следните девет и пол години, до летото 2034 година. Ова го пренесуваат англиските инсајдери и медиуми, додавајќи дека со продолжувањето на договорот се избришани сите претходно договорени клаузули и дека новиот договор е еден од најбогатите во историјата на спортот. Точни бројки не се наведуваат, но ова е секако веста на која се надеваа навивачите на ...

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, по една преспиена ноќ направи уште една ретроспектива на мечот со Унгарија и го најави следниот дуел против Холандија во рамки на Светското првенство (СП). Ракометната легенда истакна дека важно му е да види борба како со Унгарија и со Хрватска, а од своите ракометари побара да не гледаат во семафорот и да бидат максимално фокусирани на теренот. „Јас ќе бидам задоволен ако ...

Така, населението во Кина се намалува трета година по ред. Властите ги истакнаа демографските предизвици со кои се соочува втората најнаселена земја во светот - стареењето на населението и зголемениот недостиг на работоспособни луѓе. Податоците објавени од владата во Пекинг ги следат трендовите ширум светот, но особено во Источна Азија, каде Јапонија, Јужна Кореја, Хонг Конг и други земји забележаа остар пад на наталитетот. Причините во многу ...

Списокот на гости на Доналд Трамп за неговата инаугурација на 20 јануари, кога ќе ја преземе функцијата претседател на САД, се обликува како листа „Кој е кој“ на светските десничарски популисти, пишува Политико. Со изборот на странски гости, Трамп јасно поставува идеолошка насока, оценува порталот, додавајќи дека списокот на гости кажува многу за политичкиот правец на неговата администрација, како и за тоа кој би можел да го има вниманието на ...

На возачот, кој се товари за кривично дело тешко убиство во обид, му е одредено задржување до 30 дена. Управите на сите факултети на Универзитетот во Белград заеднички најостро го осудија „бруталниот“ напад врз студентката. Во соопштението се истакнува дека овој бесмислен чин на насилство претставува директен напад не само врз еден млад човек, туку и врз целата академска заедница и врз демократските вредности кои факултетите ги негуваат и ги ...

Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони платила преку половина милион евра за студија за формирање на „зелена зона“ со јавно-приватно партнерство во Гевгелија, за што потоа се испоставило дека нема интерес од приватни оператори, објави Фактор. Како што наведуваат во 2023 биле исплатени 30.342.000 денари, а претходно уште 1.129.000 денари за консултантски услуги од „Моравчевиќ Војневиќ и Партнери АСД Белград“ за изработка на комплетна ...

Голема трагедија се случила во прилепско откако вчера починале две новороденчиња, близначиња кои биле стари само дваесетина дена. Според јавниот обвинител Стевчо Биноски, новороденчињата, машко и женско, биле во тешка здравствена состојба. Семејството од домот во прилепското село Славеј повикало Итна помош. Од она што досега се знае родителите на новороденчињата викнале брза помош која на лице место констатирала смрт кај едното новороденче, а ...

По завршувањето на истражната постапка која ја водеше Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во која учествуваа полициски службеници од Истражниот центар на ОЈОГОКК и од Одделот за организиран и сериозен криминал на МВР на РСМ, јавниот обвинител од ова обвинителство до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против 10 лица и едно правно лице. Седуммина обвинети како членови на злосторничко ...

Макрон е во посета на земјата во време кога Франција сака да ја нагласи важноста на суверенитетот на Либан и да го поддржи спроведувањето на структурните економски реформи кои би ја вратиле довербата на меѓународната заедница, пренесоа светските агенции. Франција, заедно со Соединетите Американски Држави и Саудиска Арабија, одиграа клучна улога во надминувањето на политичкиот ќорсокак во Либан, по ноемврискиот прекин на огнот меѓу Израел и ...

На уличните знаци во Цирих, кои досега прикажуваа само „мажи“, сега ќе бидат прикажани и жени, бремени жени, хомосексуални парови и постари граѓани со стапчиња за одење. Мерката беше усвоена од градскиот парламент откако гласаше за предлогот на Социјалдемократската партија за родова еднаквост, пишува Swissinfo. Левичарското политичко мнозинство ја усвои иницијативата со 73 гласа „за“ и 41 „против“. Сега градскиот совет ќе размисли како да ги ...

ХРТ/Хина Прво истражување на Институтот за истражување на миграцијата, покажа дека поголемиот дел од странските работници од Азија се задоволни и претежно задоволни од животот и работата во Хрватска, дека 90 отсто од нив финансиски ги издржуваат своите семејства во земјите од каде што емигрирале и, меѓу другото, дека повеќето од нив речиси 33 отсто планираат да останат во Хрватска до 5 години, а само 19,5 отсто - трајно. Институтот за ...

Пиењето кафе на празен стомак често предизвикува дебата - додека некои веруваат дека може да биде штетно за дигестивниот систем, други не гледаат ништо лошо во тоа. Многумина веруваат дека кафето го зголемува нивото на киселина во желудникот, што може да предизвика непријатност како металоиди или надуеност, додека други тврдат дека желудникот има способност да се заштити од овие ефекти. Иако кафето може да го стимулира производството на киселина ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека „на Западот ќе осамне нова зора“ откако американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата, со што ќе завршат „горчливите, тешките, болните и неуспешните четири години“ на администрацијата на Демократите во САД. Орбан рече дека тие започнале „лошо“ затоа што „ја украле претседателската функција од Доналд Трамп“. „Да не беше нивната измама во 2020 година, Трамп ќе останеше претседател, а ...

Македонската репрезентација денеска во 18 часот го игра вториот меч од Светското првенство во Хрватска. Противникот тежок, Холандија е во топ пет фаворитите за висок пласман. Играат брз ракомет па на нашите ракометари ќе им биде тешко да го следат нивниот ритам. Но, нашите ракометари треба да ја играат својата игра со многу борбеност што го покажаа на првиот меч со Унгарија. Најважно е да се остане смирен и да не потпаднеме на „брканицата“ на ...

Џезерот Владимир Четкар за недела, на денот Богојавление (Водици) го најави излегувањето на новиот студиски материјал со наслов  „Let Us Be“. Албумот ќе биде достапен на сите дигитални музички платформи во светот, а истиот досега беше ексклузивно издаден само во Јапонија преку музичката куќа P-Vine Records. Ова е четвртиот по ред студиски материјал на Четкар на кој тој се јавува како комплетен автор (композитор, аранжер, ...

Зимското издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион, заеднички проект на водечките регионални филмски фестивали (ИФФК „Браќа Манаки“, Сараево филм фестивал, Фестивал на авторски филм Белград, Љубљански меѓународен филмски фестивал, Загреб филм фестивал и Филмски фестивал Херцег Нови), почнува утре со бесплатни проекции на регионални филмови во кината во Битола, Скопје, Сараево, Белград, Загреб и Љубљана. Ова е трето имско издание на ...

Во средата, Јун стана првиот актуелен јужнокорејски претседател кој беше уапсен во врска со истрагата за тоа дали извршил бунт кога накратко воведе воена состојба на почетокот на декември. Тој е задржан во притвор во Сеул. За да го задржат Јун подолго, истражителите од Службата за истраги за корупција на високи функционери, која ја води истрагата, мора да побараат од судот да одобри решение за притвор до 20 дена. -Мислам дека можете да го ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
67%
1014
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
7.72
65%
1016
weather icon

Загреб

15ᴼ / 14ᴼ
3.09
53%
1019
weather icon

Софија

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
76%
1015
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
3.35
73%
1014
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
4.63
50%
1018
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
63%
1011
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
37%
1010
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
5.66
35%
1012
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
3.13
69%
1012
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
5.66
71%
1018
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
6.17
82%
1011
Currency

61.535

Currency

56.9903

Currency

73.6461

Currency

35.8915

Currency

39.8754

Currency

64.502

Currency

7.97057

Currency

0.67503

Currency

0.38121

Currency

0.52517

Currency

1.50576

Currency

0.66699

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15715.00

Рутениум

20190.67

Калај

36.07

Сребро

1079.73

Злато

99960.97

Бакар

10.10

Паладиум

3118.62

Платина

31670.15

Родиум

183259.26

Цинк

2.83