Макрон ја истакна важноста да се обезбеди почитување на прекинот на огнот, нагласувајќи го огромното олеснување за жителите на Газа и надежта за заложниците и нивните семејства по 15 месеци од она што тој го опиша како „неоправдано искушение“, наведува ДПА. Француското Министерство за надворешни работи во соопштението наведе дека прекинот на огнот мора да се спроведе и да се одржи и мора да доведе до ослободување на сите заложници. ...

Според кубанските групи за човекови права, повеќе од 10 лица осудени за различни злосторства биле ослободени во текот на денот. Некои од нив беа уапсени по учеството во историските протести во 2021 година, вклучително и 24-годишниот уметник за тетоважи Реина Јакнара Барето Батиста. Таа беше ослободена од затвор во провинцијата Камагуеј и рече дека со неа биле ослободени и осум мажи. Во вторникот, американската влада објави дека го известила ...

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден во својот последен говор во Белата куќа предупреди на појава на „опасна олигархија“ во Америка, за која верува дека може да стане закана за идната демократија, пишува Би-Би-Си. „Денес во Америка се формира олигархија на извонредно богатство, моќ и влијание што навистина ја загрозува целата наша демократија, нашите основни права и слободи“, рече Бајден. Според Би-Би-Си, американскиот претседател ...

Ширум Македонија и годинава ќе продолжи вековната традиција на положување на крстот во осветените води. Како и обично најмногу интерес се покажува за Охрид и Скопје. Од Црвениот крст секоја година апелираат  „скокачите по крстот“ да ја проверат својата здравствена состојба и се информираат за ризиците и опасностите кои постојат при капење во вода со температура од околу 9 степени. Пожелно е учесниците кои се заинтересирани мора да направат ...

Шефот на Меѓународниот комитет за спас (IRC) Дејвид Милибанд рече дека организацијата ќе ги прошири „размерот и влијанието“ на својата работа во Појасот Газа „како што дозволуваат условите“. -Лузните од оваа војна ќе бидат долготрајни, но очајно е потребен наплив на помош за да се обезбеди итно олеснување на цивилите, рече Милибанд. „За ова ќе биде потребно флексибилно финансирање и слободен проток на помош и работници. Кетрин Расел, извршен ...

Ерупцијата на вулканот Ибу се случи вчера наутро и траеше околу две минути, поради што властите го подигнаа нивото на тревога на највисоко ниво во околните области. „Ситуацијата на теренот во моментов е стабилна“, изјави Абдул Мухари, портпарол на индонезиската агенција за намалување на ризикот од катастрофи. Тој претходно изјави дека во близина на вулканот живеат околу 13.000 луѓе. Ерупцијата е последна во низата вулканска активност во ...

Трајче Заев му ги продал сите свои акции во двете струмички компании со предзнак „Герас Цунев“ на својот братучед Вице Заев, брат на поранешниот премиер Зоран Заев. На овој начин Вице Заев, односно неговата компамнија ДГИ „Тотал“ од Струмица, станува речиси целосен сопственик и на „Герац Цунев Конфекција“ и на „Герас Цунев Трговија“, објави Фактор. Како што пишуваат берзата ги објави двете решенија на Комисијата за хартии од вредност, со кои се ...

Се работи на тоа исплатата на средствата од предфинасирањето за Македонија во рамки на Планот за раст за Западниот Балкан да се случи што е можно поскоро, изјави за МИА портпарол на Европската комисија. – Службите на Комисијата го добија барањето за предфинансирање поднесено од Македонија и сега ги финализираат процедуралните чекори, кои треба да овозможат ослободувањето на предфинансирањето да се случи што е можно поскоро во 2025 година, изјави ...

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски, освоениот бод синоќа со Унгарија на Светското првенство 2025 го посвети на Александар Јовиќ кој вчера ненадејно почина. Нè потресе веста за смртта на Александар Јовиќ. Тој човек има многу направено за нас. Овој бод нека биде за него. Многу ни е жал и на сите во македонскиот ракомет ќе ни фали во иднина. Што се однесува до натпреварот со Унгарија, горд сум на сите наши играчи. ...

Британската влада објави дека Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе потпишат договор за „стогодишно партнерство“ во Киев, кој ќе вклучува области како што се одбраната, науката, енергијата и трговијата. Ненајавеното патување на британскиот премиер во Украина е негова прва посета на земјата по доаѓањето на власт во јули минатата година. Тој ја посети Украина во 2023 година, кога беше лидер на опозицијата, а потоа имаше два ...

Времето утрово е студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде променливо облачно наместа со услови за провејување на слаб снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени, информираат од УХМР. Во Скопје наутро студено со појава на слаба магла, преку денот претежно облачно и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 4 степени. ...

Сообраќајна незгода се случила синоќа на еден од главните булевари во главниот град.  Комбе и автомобил мерцедес се судриле на раскрсницата меѓу булеварот „Климент Охридски“ и улицата „Димитрие Чуповски“ во центарот на Скопје. Раскрсницата каде што се случила несреќата е во близина на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“. Од МВР излегоа со детали за сообраќајката. Три лица завршиле во болница. -Вчеравечер околу 21.55 часот во СВР ...

Лидерот на косовската Социјалдемократска партија, Дардан Молиќај објави дека генералниот секретар на партијата, Нол Нуши бил уапсен на границата меѓу Косово и Македонија, поради случај од 2016 година. „Нуши е секој ден во Приштина, дома и во канцеларија. Како ја најдоа границата да го запрат и да го уапсат? Чија е оваа наредба? Овој стил на апсење има само едно објаснување: замор на активисти. Тој метод отсекогаш ја имал оваа функција. Не се ...

Делиме исто место, но не и иста судбина. Од ова место минатата недела ги видовте застрашувачките и шокантни сцени како екс директорот на ДБК и осудениот Сашо Мијалков беше виден во Монако пред луксузен ресторан со црвено „ферари“ вредно околу 700 илјади долари. Што значи тоа, дека осудените живееле луксузен живот додека многу невини Албанци страдаат во затворите“, велат од ВЛЕН. „Слободата на Сашо Мијалков не го донесе дедомраз, туку Артан ...

ОВЕН Денот е малку чуден, нерамномерен и енергично непријатен. Ова не е време за важни одлуки. Обидете се да не ја уништите деловната соработка инсистирајќи на нешто. Во емотивниот дел – вие сте невообичаено нежни, што му угодува на вашиот партнер. БИК Некои работи треба да се доведат до крај денес и потрудете се тоа да го направите на најдобар можен начин. Очекувајте проблеми, кои најмногу може да се одразат на финансискиот сегмент. Не наоѓате ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одвоено разговараше со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и со претседателот Џо Бајден за да им се заблагодари за нивната помош во обезбедувањето прекин на огнот во Газа и договорот за ослободување заложници во замена за палестинските затвореници, соопшти неговиот кабинет. Нетанјаху разговараше со Трамп, а потоа со Бајден вчеравечер, се вели во соопштението. Нетанјаху му се заблагодари на ...

СДС и Филипче месец дена се препелкаат во сопствените лаги за криминалот на Груби и ДУИ во нивен мандат. СДС месец дена не се извинува и се обидува да го штити Груби, велат од ВМРО-ДПМНЕ СДС и Филипче ги манипулираат граѓаните и дефокусираат, иако целата јавност знае дека тие се оние кои му овозможија на Груби да го спроведува својот криминален поход врз државните ресурси. СДС, не само што знаеја за криминалот на Груби, туку свесно го толерираа ...

Барселона ја отфрли понудата на Јувентус за Роналдо Араухо и реши да му понуди продолжување на договорот на уругвајскиот репрезентативец, пренесува „Мундо Депортиво“. Шпанските медиуми пренесуваат дека Араухо веќе во зимскиот преоден рок бил подготвен да ја напушти Барселона и кариерата да ја продолжи во Јувентус, кој за овој трансфер подготвил околу 45 милиони евра. Сепак, спортскиот директор на Барселона Деко го убедил Араухо да остане во ...

Џо Бајден, претседател на САД во заминување, во проштално обраќање синоќа од својот кабинет во Белата куќа предупреди дека во Америка се формира „опасна“ олигархија која е закана за демократијата и слободниот свет. Во обраќањето, Бајден подвлече заклучоци од неговата полувековна политичка кариера. -Во Америка денес се формира олигархија на екстремно богатство, моќ и влијание, која навистина е закана за нашата демократија и нашите основни права и ...

Д-р Еван Левин советува кои 10 чекори да ги преземете пред 40-тата година за заштита на еден од најважните органи во организмот. Кардиологот д-р Еван Левин нагласува дека е неопходно сите луѓе да преземат неколку клучни чекори пред да ја наполнат 40-тата година, за да го намалат ризикот од срцев удар и да го одржат здравјето на срцето. Овие едноставни, но ефикасни совети можат значително да придонесат за одржување на кардиоваскуларното здравје и ...

Таткото Симон (50) е обвинет дека до смрт ја избодел својата 14-годишна ќерка, а пред судот изјавил дека тој и девојчето едноставно „си играле додека правеле чај“. Скарлет Викерс во јули минатата година претрпела рана на градите длабока 11 сантиметри, а нејзиното безживотно тело било пронајдено во нејзината семејна куќа каде што искрварила до смрт набргу откако била избодена. Нејзиниот татко Сајмон го негира убиството од небрежност и пред судот ...

Изложбата „Доктор Мусолини - деликатно минато“ ја истражува позадината на титулата доделена на фашистичкиот водач од Универзитетот во Лозана во 1937 година, која никогаш не му била одземена. Се фокусира на причините зошто универзитетот му оддал почит на Мусолини, кој ја основаше фашистичката влада во Италија и се здружи со нацистичкиот водач Адолф Хитлер во Втората светска војна. На Мусолини, кој ја користеше титулата „Ил Дуче“ (лидер), му беше ...

Претседателката Гордана Силјановска Давкова им честиташе на македонските ракометари. - Горда сум, а верувам дека сте и вие, на нашите ракометари кои покажаа нескротлива борбеност и нескршлив дух и извојуваа значајно реми. Светското првенство во ракомет го почнавме како вистинска ракометна сила, рамноправен противник на најдобрите. Повторно докажавме дека нема големи и мали држави во спортот и дека спортската стаменост, решителност, посветеност и ...

Според војската, меѓу запленетите оружја има два тенкови, 70 гранати, 165 гранати и ракети, 20 противвоздушни проектили и околу 1.500 РПГ. Војниците заплениле и 60 парчиња опрема за надзор и 570 електронски уреди, вклучувајќи компјутери и уреди за комуникација. ИДФ соопшти дека нивното распоредување во тампон зона на сириската страна на границата и на стратешки позиции надвор од таа зона е одбранбена и привремена мерка поради ситуацијата во ...

Пожарот во Итон кој гори во Алтадена, Калифорнија, е локализиран на 45 отсто откако изгоре 7.700 хектари вегетација, покажуваат најновите податоци на Калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари, објави Си-Ен-Ен. „Горниот тек“ на пожарот во Итон би можел да наиде на опасни ветрови што би ја подгреале опасноста од пожар, но тоа сè уште не е дефинитивно, соопшти Националната метеоролошка служба. Пожарот во Палисадес сè уште гори на ...

Екипата на Барселона со 5:1 го совлада Бетис на домашен терен во рамките од 1/8 финалето на купот на Шпанија, и на тој начин покажа дека има намера и во ова наптреварување да стигне до самиот крај. Гави и Кунде за половина час донесоа домашни 2:0, а во вториот дел, Рафиња, Јамал и Феран Торес го торпедираа противникот. На самиот крај, Витор Роке го постигна почесниот гол за гостите од пенал. Од друга страна пак, Атлетико Мадрид на гостување кај ...

Пратениците од целиот Европски парламент покренаа низа иницијативи во врска со неодамнешните постапки на Eлон Маск, при што еден дури го предложи за Нобеловата награда за мир за 2025 година, стои во документите што ги видел Еурактив. Европските авантури на Маск – милијардерот и советник на новоизбраниот претседател Доналд Трамп – предизвикаа интензивни коментари и дебата меѓу европратениците. Многумина сега писмено ги ставаат своите чувства кон ...

Според извештаите, патникот доживеал „медицински итен случај“ за време на повратниот лет за Бостон, пишува Дејли мејл. На патникот му се слошило откако авионот полетал од аеродромот Париз-Шарл де Гол во вторникот, објави NBC Бостон. Лекарите се обиделе да му помогнат, но не успеале да го спасат и набргу потоа починал. Службите за итни случаи биле фотографирани на меѓународниот аеродром Логан во Бостон во вторникот вечерта, откако авионот слетал. ...

Унгарците очекуваа рутински триумф на стартот од овој ракометен мундијал, но Македонија одигра извонреден меч, па сега Чема Родригез и неговите избраници треба да се среќни што освоија еден бод на отворањето во Вараждин. „Знаевме дека нема да биде лесно, дека Македонија е квалитетна репрезентација. Играа бавно во нападот и моравме да бидеме фокусирани подолги периоди, а кога ние бевме во напад, тие имаа одличен голман на својот гол. Не сме ...

Во локалното дерби на Лондон помеѓу екипите на Арсенал и Тотенхем, „Топџиите“, на свој терен успеа да слави со конечни 2:1, во екстра дерби. Иако Тотенхем стигна до водство на овој меч преку Сон во 25. минута сепак, домаќинот успеа да направи комплетен пресврт и да дојде до трите бода. Соланке си постигна автогол во 40. минута, за да по само четири минути Тросард да направи комплетен пресврт. Во вториот дел имаше грст шанси но немаше голови. ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
67%
1014
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
7.72
65%
1016
weather icon

Загреб

15ᴼ / 14ᴼ
3.09
53%
1019
weather icon

Софија

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
76%
1015
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
3.35
73%
1014
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
4.63
50%
1018
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
63%
1011
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
37%
1010
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
5.66
35%
1012
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
3.13
69%
1012
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
5.66
71%
1018
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
6.17
82%
1011
Currency

61.535

Currency

56.9903

Currency

73.6461

Currency

35.8915

Currency

39.8754

Currency

64.502

Currency

7.97057

Currency

0.67503

Currency

0.38121

Currency

0.52517

Currency

1.50576

Currency

0.66699

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15715.00

Рутениум

20190.67

Калај

36.07

Сребро

1079.73

Злато

99960.97

Бакар

10.10

Паладиум

3118.62

Платина

31670.15

Родиум

183259.26

Цинк

2.83