
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Вечерва беше комплетирана денешмата Бундес лига програма во која тимот на Баерн Минхен со 5:0 на домашен терен го совлада тимот на Хофенхајм. По само половина час домаќинот водеше со 3:0 преку головите на Сане, Гереро и Кејн по што беше јасно каде оди овој меч. Сане во вториот дел постигна уште еден гол, а конечниот резултат го постави Гнабри. Штутгарт на свој терен го совлада Ред Бул Лајпциг кој што преку Шешко стигна до водство но истото го ...
Еден маж загинал кога дрво, од силината на ветрот, паднало врз неговиот автомобил. Мажот, на возраст од околу 80 години, починал денеска во централниот западен Нов Јужен Велс, откако дрво паднало врз неговото возило. Според Бирото за метеорологија, Каура доживеа брзина на ветер од 107 км/ч во тоа време. Massive storm ripping through Sydney No hail just yet pic.twitter.com/MXMURwNTts — Campbell Chemicals (@campbellturf) January 15, 2025 Други ...
Екипата на Интер во денешниот единствен дуел од Серија А, одигра само 2:2 на домашен терен против Болоња што секако може да се окарактеризира како кикс. Кастро ги доведе гостите во водство од 0:1, а потоа Дамфрис и Мартинез до полувреме направија 2:1. Холм на стартот на вториот дел израмни на 2:2, и тоа беше се од головите на овој меч. Интер се обиде повторно да стигне до ново водство, но домаќинот не успеа во таа намера. Па така, Интер по 19. ...
Тесниот дел од реката Варф, познат како Болтон Страјд, на прв поглед изгледа како мал поток, но всушност крие мрачна тајна. Според легендата, Болтон Страјд е толку опасен што никој што паднал во вода не преживеал, а многу тела биле изгубени засекогаш. Реката Варф изгледа како и секоја друга река, широка околу 30 метри, а нејзините води течат со мирно и лесно темпо. Сепак, уникатна геолошка аномалија предизвикува странично вртење на реката во ...
Несреќи со фатални последици се случиле на автопатиштата во Баварија главно поради несоодветна брзина. Во северна Баварија автобус излетал од патот при што биле повредени седум патници. Само на северот на сојузната покраина Баден-Виртемберг, поради мразот се забележани над 260 сообраќајни несреќи. Слично е и во северна Баварија. „Ова се временски услови кои не простуваат грешки при возење“, велат од полицијата во Ален. Замрзнат дожд и мраз ...
Приватен истражител објави на TikTok како го „уловила“ сопругот како ја изневерува со помош на една клиентка. „Тие живееја во Квинсленд, Австралија, а тој редовно патуваше за да го види своето семејство во Нов Јужен Велс, што никогаш порано не го правел“, рекла жената, а потоа го поставила совршеното прашање. А тоа е - дали имаат заедничка банкарска сметка или сметка со поволности при купување. @venusinvestigations $10 off your shop but a ...
Бугарскиот претседател Румен Радев му го врачи мандатот за состав на влада на Росен Жељазков, кандидат за премиер на ГЕРБ-СДС. Указот на бугарскиот претседател Румен Радев со кој се предлага Росен Жељазков да биде избран за премиер е потпишан и доставен до Народното собрание. Освен ГЕРБ, во владaта ќе учествуваат Бугарската социјалистичка партија – Обединета левица и “Има таков народ“. Жељазков најави дека во рок од еден месец коалицијата ќе ја ...
Македонија одигра 27:27 на првиот свој меч на ова СП. Штета, ја имавме победата во раце што се вели против Унгарија. Сепак не успеавме да направиме голема сензација. Од друга страна и ова реми е одлично за нас ако се знае против како тежок противник игравме. Тоа го кажа и селекторот Кире Лазаров по средбата: “Мора да бидеме задоволни, иако реално пропуштивме победа. Неискуство на нашите играчи, после тајм-аутот не знаеја да влезат во фаул. Се ...
Тежок судир меѓу комбе и автомобил „Мерцедес“ вечерва се случи на крстосницата меѓу булеварот „Климент Охридски“ и улицата „Димитрие Чуповски“ во центарот на Скопје, кај студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во центарот на Скопје. Според информациите од местото на сообраќајната несреќа, во неа имало повредени, кои биле пренесени во болница. На фотографиите на „Слободен печат“ се гледа уништениот автомобил и полицијата која го регулира ...
Поради тоа, безбедноста ќе биде засилена, а се очекува безбедноста на церемонијата на инаугурација да ја обезбедуваат околу 25.000 полицајци и воени лица, пишува американскиот весник Политико. Потенцијалните сторители, се претпоставува, би можеле да ја видат заклетвата на новоизбраниот претседател како „последна шанса да се влијае на изборните резултати преку насилство“, напишаа група разузнавачки и агенции за спроведување на законот во ...
На социјалните мрежи се објавени фотографии од забавата што предизвика негодување кај граѓаните. Бас беше во западноафриканската земја како дел од делегацијата на администрацијата на Бајден на инаугурацијата на претседателот на Гана, Џон Драмани Махама, на која таа присуствуваше претходно истиот ден. Karen Bass was at a cocktail party while the Palisades burned. https://t.co/xjk1BcncKd pic.twitter.com/qgeulSklac — Eric Spiegelman ...
Албанија ќе го забрани увозот на возила произведени пред 2011 година, како дел од мерките за намалување на загадувањето на животната средина и зголемување на безбедноста на патиштата. Исто така, ќе биде забранета регистрација на возила кои не го исполнуваат стандардот „Еуро 5“ на Европската Унија, со што ќе се замени сегашниот стандард „Еуро 4“. Тоа значи дека автомобилите произведени пред 2011 година повеќе нема да смеат да влезат во државата. ...
Машката репрезентација на Македонија во првото коло од групната фаза на Светското првенство одигра реми против силната Унгарија, 27:27, иако можеше да освои два големи бода. Унгарија со голот на Илиќ го отвори натпреварот, поведе на стартот, а Македонија преку средниот бек Митев бргу возврати за 1:1. Следуваше серија од 2:0 на избраниците на Чема Родрригез, па така ривалот на Македонија дојде до 3:1 во петтата минута. Младиот репрезентативец на ...
Машката репрезентација на Македонија во овие моменти го игра првиот натпревар на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка. Меѓу присутните на трибините во „Вараждин Арена“ беше и амбасадорката на САД во Македонија, Ангела Агелер. Таа беше во друштво на претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, како и генералниот секретар Филип Милошевски. Покрај Македонија и Унгарија, во групата се уште и селекциите на Холандија и Гвинеја. Во првиот меч од групата, ...
За потсетување, една од куќите што Хантер Бајден, син на американскиот претседател во заминување Џо Бајден, ги изнајмил во Лос Анџелес, изгоре во пожар. Веста за изгорените уметнички дела прв ја објави Њујорк Пост. Контроверзните уметнички дела биле складирани во магацин во близина на Пацифик Палисадес, во близина на домот на холивудскиот адвокат на Хантер, Кевин Морис. Нивната вредност се проценува на „милиони долари“, според извор близок до ...
Видеото на Си-Ен-Ен од Деир ал-Балах во центарот на Газа покажа преполни улици од луѓе кои се радуваат, скокаат, плескаат и веат палестински знамиња. Во позадина се слуша звук на славенички пукотници. Некои од оние кои славеа се собраа во дворот на болницата за маченици Ал Акса, која повеќе од една година ги прима жртвите од израелските напади. „Чувство кое е неописливо, никогаш не очекувавме дека ќе дојдеме до оваа фаза, дури и сега не ...
Овој немил настан предизвика тревога во Загреб, а во потрагата беа распоредени бројни екипи на итната помош, полиција, болничари и хрватската национална служба за управување со катастрофи и вонредни состојби, како и термални камери за да го најдат детето. Мајката на девојчето е под полициски надзор, објави порталот 24sata.hr. „Денеска во 16 часот и 10 минути добивме дојава за потреба од потрага по лице. Веднаш решивме да започнеме акција за ...
Англичанката скијала на една од најпредизвикувачките падини на француската планина кога се судрила со друг скијач, објавија локалните медиуми. Несреќата се случила вчера околу 10 часот и 30 минути на планината Еги Руж во Савоа, кога удрила во 35-годишен маж кој во тој момент стоел на истата патека, јавува Скај њуз. Службите за брза помош и спасувачките екипи брзо пристигнале на местото на несреќата, но не успеале да ја оживеат жената која ...
Според војската, меѓу запленетите оружја има два тенкови, 70 гранати, 165 гранати и ракети, 20 противвоздушни проектили и околу 1.500 РПГ. Војниците заплениле и 60 парчиња опрема за надзор и 570 електронски уреди, вклучувајќи компјутери и уреди за комуникација. ИДФ соопшти дека нивното распоредување во тампон зона на сириската страна на границата и на стратешки позиции надвор од таа зона е одбранбена и привремена мерка поради ситуацијата во ...
На стартот на денешната програма во Бундес лигата, тимот на Бохум успеа да слави на домашен терен со минимални 1:0 против тимот на Сент Паули. Стрелец на единствениот гол на овој меч беше Хофман во 67. минута. Во налетот да изедначи гостинот, остана без играч помалку во последните секунди од мечот откако Дзигала доби црвен картон. Бохум и со оваа победа и натаму е последен со девет бода, додека пак Сент Паули е 14. со исто толку бодови. ...
Станува збор за лице од Бијело Поље, на возраст од 72 години, кое не било вакцинирано против сезонски грип. „Евидентиран е пораст на заболени граѓани. Во извештајниот период, втората календарска недела од 2025 година, во лабораторијата на Центарот за медицинска микробиологија на ИЈЗЦГ со помош на молекуларна дијагностика се анализирани 48 примероци за присуство на вирусот на грип, од кои 22 беа позитивни“, соопштуваат од ИЈЗ, пренесува Рина. Од ...
„Украина,ова е сигнал, може да смета на нас. Германија е подготвена да преземе одговорност во Европа“, рече министерот во Касел, каде што производителот на тенкови KNDS го произведува овој борбен систем. Украинскиот амбасадор Олексеј Макеев симболично ја прими првата од вкупно 54 самоодни хаубици што Германија ќе ѝ ги испорача на Украина. Првите шест системи првично ќе останат во Германија за да се користат за обука на украински војници. „Не ни ...
Претседателот на Соединетите држави во заминување Џо Бајден изјави дека верува оти „душата на Америка“ останува загрозена, помалку од една недела пред Доналд Трамп да влезе во Белата куќа за втор претседателски мандат. Во писмото објавено во средата наутро, само неколку часа пред да одржи проштално обраќање до земјата, Бајден ги повика Американците да се соберат. „Се кандидирав за претседател затоа што верував дека душата на Америка е во ...
Вицепремиерот, Арбен Фетаи, соопшти дека е отворен предмет против директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје, Скендер Асани, од Државна комисија за спречување на корупцијата, по извештаите во медиумите за финансиски злоупотреби и непотизам, во институцијата што ја води, пишува весникот Lajm. Фетаи ги повика надлежните институции да ги истражат сите овие сомнежи покренати во медиумите. „За жал, пред празниците ...
Протестите на синдикатот на УПОЗ се малициозни и политички мотивирани, платите не се високи, но и можностите на буџетот се лимитирани, соопшти денеска Владата. Според извршната власт, протестите не се најдобриот начин на комуникација, а Владата е отворена за постигнување договор со сите синдикални организации преку дијалог. „Секој предлог или сугестија од синдикатите се дискутира, со цел да се најде прифатливо решение и во интерес на ...
Администрацијата на американскиот претседател во заминување Џо Бајден денеска објави забрана за црвена боја број 3 (Red Dye No 3), контроверзна боја за храна и лекови одамна позната дека предизвикува рак кај животните. Според непрофитната Работна група за животна средина, неколку децении откако научните докази за првпат предизвикаа тревога, Црвената 3, како што ја нарекуваат, во моментов се користи во речиси 3.000 прехранбени производи во САД. ...
Се тврди дека кучињата би можеле да бидат избришани од улиците за градовите во земјата да изгледаат поубаво за гостинските фудбалски навивачи, пишува Дејли Меил. Мароко, заедно со Шпанија и Португалија, ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал во 2030 година, кое исто така ќе ја одбележи стогодишнината од турнирот. Настанот ќе вклучува натпревари во сите три земји, со што ќе се нагласи првата можност Мароко да биде домаќин на Светското ...
Американскиот град Лос Анџелес, покрај човечки жртви, ќе има и големи економски загуби поради катастрофалните пожари што ја зафатија областа, а проценките за штетите се сериозни - до 275 милијарди долари, објави метеоролошката веб-страница AccuWeather. Пожарите кои сè уште го зафаќаат Лос Анџелес би можеле да станат едни од најскапите во САД, но засега е тешко да се предвидат вкупните трошоци бидејќи оваа ситуација е без преседан, истакнува ...
„Прво, пукањето да запре. Хамас и Израел да престанат да пукаат. Израел ги повлекува своите сили. Заложниците почнуваат да се ослободуваат. Затворениците излегуваат од израелските затвори и се враќаат назад. И ние ја зголемуваме хуманитарната помош за луѓето на кои очајно им е потребна“, изјави тој за Кристијан Аманпур на CNN непосредно пред постигнувањето на договорот. „Сето тоа се случува во период од шест недели“, рече државниот секретар во ...
Тој рече дека во спротивно, оние кои нема да издвојат повеќе во буџетот, да се преселат во Нов Зеланд или да почнат да учат руски, објави Business Insider. Говорејќи во Европскиот парламент во Стразбур (Франција), Руте им рече на европратениците итно да ги преиспитаат нивните приоритети за трошење за да се обезбеди безбедност. Изјавата е последна во серијата повици Европа да ги смени своите економски приоритети и да стави поголем акцент на ...