ноември 29, 2022 Времето утрово ќе биде студено, а преку ден променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Како што соопштија од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени. Во Скопје, ќе биде променливо облачно со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 7 степени. Во среда и четврток се ...

ноември 28, 2022 Денес и утре ќе има преодно стабилизирање на времето, иако денес претпладне сеуште ќе има услови за локално провејување на снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури особено утре ќе бидат МНОГУ НИСКИ и ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 1 степен. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени. Во Скопје и околината исто така времето ...

ноември 28, 2022 СВР Скопје утре и задутре, 29 и 30 ноември, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), причината за посебниот режим на сообраќај е посетата на делегација предводена од претседателот на Сојузна Република Германија. МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат ...

ноември 28, 2022 Сите фактури кон приватните превозници се исплатени, изјави денеска директорот на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, Александар Стојковски, на продолжението на 19-та седница на Советот на Град Скопје посветена на советнички прашања, во однос на проблемите со приватните автобуски превозници. – Во период од моето доаѓање, па до овој ден, сите нивни фактури од моја страна се исплатени. Долгот кој ЈСП го има кон приватните ...

ноември 28, 2022 Сите сме добро запознаени со пакувањето на сончогледово масло. Кога го отвораме шишето, повеќето од нас го фрлаат заштитното капаче што го гледаме по одвртување на пластиката. Дали знаевте дека тој всушност има цел? Многу луѓе навистина не мислеа дека приклучокот е за ништо – но блогерката Сара Вуручиќ ни ја покажа својата цел. Таа пишува за родителство, но често покажува корисни трикови за домаќинството. Сега, на ТикТок, таа ...

ноември 28, 2022 Пензионерите од утре ќе може да располагаат со ноемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа. Готовинската исплата на пензии за пензионерите кои не користат картички ќе се изврши во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата ќе се изврши на 29.11.2022 година (вторник); за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата ќе ...

ноември 28, 2022 Пристигна неделниот хороскоп за периодот од 28 ноември до 4 декември годинава, кој наведува дека трите најсреќни знаци во тој период ќе бидат Водолија, Бик и Вага. ОВЕН ЉУБОВ: Ќе ви изгледа како љубовта да е далеку од вас. За некои тоа ќе биде буквално бидејќи нивната сакана во моментот ќе биде отсутна. Ќе зајакнат копнежите, а со нив и чувството на осаменост. Некои ќе најдат мир во активирањето на својата имагинација и соништа. ...

ноември 28, 2022 За православните христијански верници кои се водат според јулијанскиот календар денеска почнува шестнеделниот божикен пост. Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари. Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и ...

ноември 28, 2022 На 27.11.2022 во 13:41 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Железничка станица Маџари со повреди од струен уд ар се здобила 17-годишна малолетничка од с.Волково, скопско. Според пријавеното, таа се качила на вагон и притоа дошло до струен удар и се здобила со повреди. Како што вчера објавија повеќето медиуми причината веројатно била, за да сними тик ток видео. Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники „Мајка ...

ноември 28, 2022 Лозинките што ги избираме служат за да ја заштитат нашата приватност на профилите што ги користиме, а сега тим експерти од компанија за сајбер-безбедност ги открија најкористените лозинки на глобално ниво. Имено, најчесто користената лозинка е пасворд, неа ја користат речиси пет милиони луѓе низ светот. Исто така, за да ја пробијат оваа лозинка, на хакерите им треба само една секунда, колку време им е потребно за да ги откријат ...

ноември 28, 2022 „Во првите 10 месеци од годинава, ги саниравме последиците од светската економска криза со два пакети мерки вредни 760 милиони евра. Резултатите се веќе видливи, во тешки услови успеавме да обезбедиме доволно храна, струја, енергенси, да ги подджиме граѓаните компаниите и да ја спасиме македонската економија“. Овие пораки ги испрати портпаролот и пратник од СДСМ, Дарко Каевски на вчерашната прес-конференција. Секако дека има ...

ноември 28, 2022 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 % во однос на одлуката од 24.11.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,131%, кај дизелот за 2,058%, кај екстра лесното за 1,507% и ...

ноември 28, 2022 Приватните автобуски превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ со блокада од околу 30 автобуси на раскрсницата кај Мавровка, односно булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирков“, бараат да им бидат исплатени долговите за да можат да почнат повторно со работа. Кемал Муриќ од Слобода превоз, во изјава за МИА, рече дека блокадата е резултат од неправилното работење на Јавното сообраќајно претпријатие којашто, како што кажа, ...

ноември 28, 2022 Силен земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Босна и Херцеговина. Тоа се случило на 27 километри северозападно од Травник, пренесува „Аваз.ба“. Земјотресот бил почувствуван во Жепч и неговата околина. Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала пред два дена беше регистриран југозападно од индонезискиот остров Суматра, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар ...

ноември 28, 2022 Овен Ќе имате лошо чувство во врска со некоја нова деловна соработка. Доволно сте разумни за да подготвите некои дополнителни решенија по потреба. Обрнете внимание на семејните теми, како и на личност која знае позитивно да делува на вашето расположение. Особено ќе уживате во нечие присуство и блискост. Бик Ќе се обидете да дојдете до нови и корисни решенија, но вашата околина нема доволно слух или волја да ви се придружи. Мора ...

ноември 28, 2022 Во утринските часови на места ќе провејува снег. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Минималната ...

ИЗВОР ноември 27, 2022 Пејачот Петар Грашо (46) со сопругата Хана Хуљиќ (31), малата Алба и родителите на Хана Тончи и Вјекослав отишле на Адвент во Загреб и пристигнале токму на време за отворањето. Веселите минувачи го фатија семејството како ужива во варено вино и вкусна храна пред хотелот Еспланаде. Новиот татко не се одвојувал од своето бебе. -Малото девојче беше будно, а Петар цело време ја чуваше, бидејќи беше во неговите раце. Беше ...

ИЗВОР ноември 27, 2022 И покрај последната сезона емитувана во 2012 година, легијата обожаватели на легендарната петорка, која ја сочинуваа Тери Хачер, Фелисити Хафман, Марсија Крос, Ева Лонгорија и Николет Шеридан како Сузан, Линет, Бри, Габи и Иди, една деценија подоцна се и тоа како живи и здрави. Покрај тоа што репризите на „Очајни домаќинки“ што се емитуваат секогаш се следат со нетрпение, тоа може да се заклучи и од континуираните ...

ИЗВОР ноември 27, 2022 Секогаш одмерена и тивка во својот јавен настап, Весна Ѓогани ги собра симпатиите на публиката штом зачекори на бината. Сопругата на фронтменот на групата Ѓогани фантастико со години е позната како една од најубавите жени која се труди да одржи сосема природен изглед според годините. Многу дами од локалната сцена многу се променија низ годините, некои направија пластични операции, а има и такви кои драстично го променија ...

ИЗВОР ноември 27, 2022 Пејачката Јелена Карлеуша неодамна предизвика бурни реакции на Инстаграм кога реши да ја искористи оваа социјална мрежа за справување со јавни личности кои објавуваат и лајкуваат слики од лов. Прв на удар беше Вук Костиќ, потоа актерката Слобода Миќаловиќ, Милош Биковиќ… Последен на списокот на Јелена беше Милан Топаловиќ Топалко, кој објави слика од ловот, но за разлика од претходните јавни личности, пејачката реши да не ...

ноември 26, 2022 Оваа европска дестинација не е сместена во студени, пасивни подрачја, не е ниту во нашето соседство, но затоа вреди да се посети. И, не само поради убавината и богатото културно наследство, туку и поради тоа што од неа ќе се вратите со полни џебови. Гранада е најевтината „сити брејк“ дестинација во Европа. Се наоѓа јужно од Шпанија и претставува една од навистина најпристапните дестинации за патниците. Врз основа на истражување ...

ноември 26, 2022 Астролошки совети за секој хороскопски знак во љубовта и парите за 2023 година! Во 2023 година може да не‘ чекаат доста предизвици, но ако го задржиме позитивен духот и останеме во хармонија со нашата природа, добрите околности ќе преовладуваат во вашиот живот како и секогаш. Важно е да верувате дека ќе биде добро, а потоа навистина ќе биде. Не обрнувајте внимание на туѓата негативност и незадоволство. Наместо да дозволите да ве ...

ноември 26, 2022 Под влијание на влажен и МНОГУ ПОСТУДЕН воздух од север, како што најавивме ќе го донесе првиот снег и на пониските места и тоа во недела и во понеделник, особено во западните предели каде се очекува на повисоките места и на планините формирање на снежна покривка од над 15 цм, додека во населените места (градовите) понекаде ќе се формира снежна покривка од 5 до 10 цм. Температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат и максималните дневни ...

ноември 26, 2022 „Црн петок” во Македонија – маркетиншки трик за празни кеси и полни каси. Пазарните инспектори вчера во моловите во Скопје извршиле проверки, дали трговците даваат реални попусти. Во над 30 акциски надзори, најголем дел од пропустите се кај трговците кои не го почитуваат новиот закон за потрошувачи. Тој предвидува на производите да биде означена старата цена, а до неа новата која е на попуст. Праксата кај трговиците е пак, врз ...

ноември 26, 2022 Нема конкретен рок кога Владата ќе му го одземе државјанството на прорускиот олигарх Олександар Онишченко. Според премиерот Димитар Ковачевски, истрагата ќе треба да докаже во кои ситуации Онишченко го прекршил членот 14 од Законот за државјанство. На затворената седница на Владата, директорот на АНБ ја објаснил целата процедура, но бидејќи средбата била од затворен карактер, информацијата не може да се сподели со јавноста. ...

ноември 26, 2022 Северна Македонија ќе има избори во 2024 година, прво ќе имаме претседателски, а потоа и парламентарни избори. На тие избори ќе се случи истото што се случи и во општината Маврово Ростуше, кога ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за огромна предност на нивната политичка партија и на крај катастрофално ги изгубија изборите, изјави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на фабриката „Брилијант“ во ...

ноември 26, 2022 Премиерот Димитар Ковачевски ја осуди вчерашната изјава на бугарскиот пратеник и лидер на политичка партија „Преродба“, Костадин Костадинов кој при отворањето на Бугарскиот културен центар во Скопје даде изјава која содржи територијални претензии кон Република Северна Македонија. – Министерството за надворешни работи веднаш реагираше, а исто така и министерката за култура тоа го осуди. Исто така и јас сакам да го осудам. ...

ИЗВОР ноември 26, 2022 Јован Кировски, роден на 18 март 1976 година е американски поранешен фудбалер кој е технички директор за Лос Анџелес Галакси во големата фудбалска лига. Кировски е првиот Американец кој ја освоил Лигата на шампионите на УЕФА (иако не играл во финалето) и првиот што постигнал гол во натпревар од Лигата на шампионите. Тој има освоено првенство во МЛС Купот како играч, помошник тренер и технички директор. Тој беше клучен за ...

ноември 26, 2022 Цената на маслото за јадење е намалена за 40 денари, а цената на репроматеријалите мируваат, истакна генералниот извршен директор на , Сашо Наумоски при денешната посета на претседателот на Владата на Република Северна Македонија на фабриката „Брилијант“ во Штип, која е дел од групацијата на „Витаминка“. –Цената е падната за скоро 40 денари и ние се трудиме и понатака цената да ја намалиме и да ја донесеме, ако е можно да дојде ...

ноември 26, 2022 Родителите на пејачката Јелена Розга досега немавме прилика јавно да ги видиме, но тие направија преседан за еден убав повод. Имено, хрватската поп ѕвезда го промовираше акустичниот албум „Минут срца мог“ каде како поддршка се појавија и нејзините најблиски. Мајката Марија и таткото Анте не ја криеја гордоста и среќата, дури дадоа и кратка изјава за медиумите. „Јелена е одлична, зго дна, убава, добра… Се гордееме со неа“ – ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
55%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
2.57
60%
1013
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
56%
1016
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
67%
1014
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.0
56%
1014
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 15ᴼ
1.03
75%
1016
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
2.57
62%
1013
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
60%
1012
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
64%
1012
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 19ᴼ
2.68
54%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
3.13
62%
1013
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
5.14
59%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52