
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Првиот вицепремиер и координатор на изградбата на коридорите 8 и 10д на денешниот брифинг со новинарите информираше дека договорот со компанијата „Бехтел и Енка“, која треба да ги гради автопатите нема да биде објавен во јавност, затоа што е класифициран како бизнис тајна. Тој тврди дека доколку се изгласаат измените на законите кои се однесуваат на изградбата на автопатите, таа ќе трае пократко и ќе чини помалку а во спротивно ќе чини повеќе и ...
Новинар: Бобан Илијевски 60-часовната работна недела според теркот по кој се предлага со законските измени може да подлежи на повеќе злоупотреби, алармира Проф. Д-р. Лазар Јовевски. Предложените измените на Законот за работните односи во делот на прекувремената работа претставува несоодветно законско решение, а за тоа има повеќе причини, посочи Универзитетскиот професор по трудово право Лазар Јовевски, во изјава за порталот Работник. „Пред сѐ, ...
И покрај напорите за еднаковст, разликата во платите и понатаму е 9,4 % во корист на мажите, велат податоците до кои дошол BBC. Поточно, мажите и понатаму заработуваат повеќе од жените, односно споментата разлика е на исто ниво како 2017/18 година. Оваа бројка се базира на разликата во платите помеѓу жените од среден ранг и мажите од среден ранг, т.н. среден јаз во платите. Според законите, компаниите, добротворните организации и одделенијата на ...
Тензична расправа денеска во собраниската Комисија за труд и социјална политика за Законот за работни односи чии измени предвидуваат зголемување на работната недела од 40 на 60 часа за потребите на конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој треба да ги изгради коридор 8 и коридор 10д. Пратениците од опозицијата побараа да имаат увид во договорот што Владата го потпиша со конзорциумот. -Оваа власт свесно нанесува штета на државата и ги оштетува сите ...
Од попладнево е прекинат бојкотот на машиновозачите откако се исполнети нивните барања – исплатен е вториот дел од февруарската плата и патни трошоци за март. Претседателот на Синдикатот на машиновозачи и претставник на машинскиот и извршниот персонал Тони Димовски во изјава за МИА потврди дека се исполнети нивните барања и дека од попладнево се очекува да биде нормализиран товарниот сообраќај, а од утре од 06 часот и патниот сообраќај. ...
Ако не се сменат законите, државата нема да се плаќаат милионски суми за пенали, туку коридорите 8 и 10 ќе се градат подолго. Владата не го објавува договорот со Бехтел и Енка но негира дека се обврзала во рок од 45 дена да донесе законски измени со кои ќе ја ја зголеми работната недела за работниците на коридорите од 40 на 60 часа, а во спротивно да плаќа дестици милиони евра казни како што објави опозицијата. Доколку не пројде пакетот закони ...
Во периодот од август до декември 2021 година, по предизвикани дебаланси на ЕЕ од страна на правни лица – трговци на ЕЕ (БОС), во трговските книги на АД МЕПСО Скопjе евидентирани се побарувања по тој основ, како и побарувања за казни и штети претрпени поради прекин на испорака на договорени количини на електрична енергија. Доставените фактури до четири трговци за електрична енергија се однесуваат на побарувања во вкупен износ од 930.115 илади ...
Опозицијата вели дека државата треба да плати неверојатни суми во случај да не го промени законот за работни односи навреме, за да му овозможи на Бехтел-Енка да ги ангажира своите работници до 60 работни часови неделно, во изградбата на Коридорот 8 и 10г. Според опозициската партија, премиерот Ковачевски и вицепремиерот Груби се договориле за оваа точка, со што го прекршиле нивното овластување како извршна власт. ВМРО-ДПМНЕ подготвува амандмани ...
Четиридневна работна недела функционира и во Валенсија во Шпанија. Оваа скратена работна недела почна да се применува од вчера. Ќе ги анализираат продуктивноста, слободното време, мобилноста, економијата и здравјето на луѓето кои работат 32 часа неделно. Овој предлог е заснован на процес на дијалог со вклучување на синдикатите, компаниите, соседските организации, институциите и другите социјални субјекти. Слични експерименти неодамна се ...
Не отстапуваме, ќе се бориме до крај, порача пратеникот Борислав Крмов откривајќи дека неговата партија преку филибастерионг со над илјада амндмани ќе се обиде да го блокира најавениот предлог-закон. Левица против корпоративниот феудализам! 1.111 амандмани поднесени за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи со кој неуставно, работната недела од 40 часа се зголемува на 60 часа и работниците ќе работат и ...
„Алкалоид“ беше прогласен за водечки инвеститор во регионот на Западен Балкан од страна на Western Balkans 6 Chamber Investment Forum. Во изминативе 5 години, компанијата инвестираше 104,1 милиони евра во земјите во регионот, интегрирајќи ги своите деловни операции. За значењето на регионалната соработка, повеќе во изјавата на Генералниот директор/Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов. 100 Прегледи Портал Работник ...
Бобан Илијевски Конфедерацијата на слободни синдикати експлицитно е против зголемувањето на работната недела од 40 на 60 часа и за оние работници кои би требало да работат на коридорите 8 и 10 и за сите останати вработени. Претседателот на КСС Благоја Ралповски во телефонски разговор со редакцијата на порталот Работник изрази голем револт во однос на, како што вели, зголемувањето на работната недела коешто би можело да се одрзи во сите сектори. ...
Во Србија според податоците на Националната служба за вработување (НСЗ) од почетокот на годинава издадени се 179 работни дозволи, додека лани издадени се вкупно 498 работни дозволи за државјани на Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. -Во периодот од 1 јануари до 6 април 2023 година, надлежните ограноци на Националната служба за вработување, применувајќи ги одредбите од законот за вработување странци и прописите за дозволи, ...
Комисијата за заштита и спречување дискриминација можно е уште денеска да расправа по информацијата што ја соопшти потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, дека Владата во договорот со „Бехтел и Енка“ наводно се согласила да ја зголеми работната недела од 40 на 60 часа и ако тоа не го стори за 45 дена, ќе треба да му плати огромни пенали на американско-турскиот конзорциум. Ова денеска го кажа членот на Комисијата, Игор Јадровски, ...
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди нерамноправен третман кон земјоделките во остварувањето на правото на платено породилно отсуство, но и кон земјоделките и земјоделците во остварувањето на правото на платено боледување. Врз основа на утврдената дискриминација, Комисијата, како што беше речено денеска на прес-конференција, му препорачува на Министерството за здравство да изготви и иницира соодветни измени и ...
ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапи кон изготвување на суштински амандмани со цел подобрување на законите кои се однесуваат на градењето на Коридорите 8 и 10д и избегнување на штетите кои би ги трпела државата, истакна на денешната прес-конференција пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова. Потенцира дека веќе имаат поднесено амандмани за Законот за работни односи, што е ставен на дневен ред на денешната закажана седница на собраниската Комисија за труд и ...
Новинарката Светлана Јовановска со став за прашањето кое е особено актуелно деновите, а тоа е работниците на коридорите кои ќе се градат да работата 6- часа неселно. Нејзиниот став ви го пренесуваме во целост: 60 часовна работна недела??!! За работниците што ќе копаат на „славниот“ автопат? Или за сите? Како и да е, ова е не само скандалозно туку и против човековите и социјални права на работниците. За плата ич не прашувам за да не се ...
Во првиот квартал од годинава има 1012 згаснати компании, а тоа е три пати помалку од ланското прво тримесечие, кога згаснале 3920 компании, покажува анализата на порталот Пари врз основа на податоците од платформата БизнисМрежа.мк. Причината е во тоа што годинава во февруари нема бришење на компании што не доставиле завршна сметка за последната деловна година по „службена должност“ од страна на Централниот регистар. Ова е во согласност со ...
Машинскиот и помошниот персонал во Железници на РСМ Транспорт, којшто е во бојкот со прекин на железничкиот сообраќај веќе 12 дена, денеска очекува исплата на вториот дел од платата за февруари. Тони Димовски, претседател на Синдикат на машиновозачи и претставник на машинскиот и извршниот персонал, за МИА изјави дека вчера имале средба со раководството на железничкото претпријатие и оти им било речено дека ќе има исплата до 15 часот. Од ...
Денес на комисиска расправа се ставени скандалозните предлог-измените на Законот со работни односи, со кои се предвидува работниците на Коридорот 8 да работат и до 60 часа неделно! Овој предлог-закон е дел од осумте закони со кои се фаворизира контроверзната компанија ,,Бехтел и Енка”, која ја следат низа корумпирани скандали во регионот. Токму Уставниот Суд минатата година го укина членот 12 од Законот за утврдување на јавен интерес и ...
Уставниот суд по ова прашање веќе се изјаснил многу пати во минатото. Некој свесно знаел дека ова што го бараат е новозможно, а сепак одлучил тоа да го направи, односно да потпише договор со кој свесно презема обврска од буџетот на државата да исплати стотици милиони евра во форма на пенали, кон компанијата која што е изведувач на овој проект, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со ...
Владата денеска донесе Одлука со која се корегираат дел од замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот. Како што изјави министерот Крешник Бектеши, согласно Одлуката, килограм домати и краставици ќе чини максимум 95 денари, килограм пипер до 100 денари, килограм грав 95. Кромидот поскапува за десет денари и ќе биде 70 денари, а само леќата, истакна Бектеши, ќе биде над 100, односно ќе се продава по 110 денари за килограм. Според владината Одлука, ...
Поради недостиг на работници од Европската унија, како што се пожалила сопственичката на замокот Лејди Фиона Карнарвон, морале да посегнат по драстични мерки кои ја загрозуваат нивната егзистенција. На почетокот на 20 век, да се биде батлер во еден од замоците во Велика Британија сè уште беше прашање на престиж, иако отпорот кон аристократијата растеше, а слабо платените слуги почнаа се погласно да се жалат. Токму во овој период е сместено ...
Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридор 8 и коридор 10д ќе поскапи за 53 милиони евра доколку Собранието не ги донесе законските измени со кои ќе се овозможи работниците што ќе работат на автопатите да бидат работно ангажирани 60 часа во неделата. Според договорот што го потпишала Владата неисполнувањето на таа обврска ќе значи продолжување на рокот на работите за најмалку 6 месеци. Ова ќе доведе и до повисока сума на сметка на ...
Праведен и правичен начин на регулирање на платите насекаде во јавниот сектор ќе имаме тогаш кога од решението ќе бидат задоволни синдикатите, Организацијата на работодавачи и Владата. Сметам дека само тоа ќе биде праведен и правичен начин на регулирање на платите еднаш за секогаш – сега и во иднина, истакна денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи. „Работиме на општиот ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, со заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и директорот на Фондот за инвестиции и технолошки развој, Фестим Халили, на заедничка презентација, го претставија првиот дигитален асистент во јавниот сектор, ...
Автор: Бобан Илијевски Добив коментар од еден загрижен работодавач во врска со статијата за сивата економија, во кој тој напиша дека имало работници коишто примале социјално, а работеле на црно оти не сакале да бидат пријавени за да не го изгубат истото. И тоа е точно. јас дури би отишол и чекор понатаму и би рекол дека има пензионери кои работат на црно. Мислам дека тоа им е добро познато и на надлежните органи, или можеби се лажам?! Сепак, ...
Пратениците да не гласаат за измените и дополнување на Закон за работни односи, кои се однесуваат за изградбата на Коридорите 8 и 10д, порача на денешната прес конференција, Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“-Штип. – Иако знаеме колку скандали излегоа со тој закон од самата негова неуставност при носењето и одбирањето на една единствена компанија, иако слушаме постојано за надзорот при изградба каде разни сомнителни фирми ќе ги соберат 22,5 ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 % во однос на одлуката од 6.4.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,946 %, кај дизелот за 4,784%, кај екстра лесното масло за 4,793% и кај ...
Четиридневната работна недела добива на замав, а луѓето рекле дека се подготвени да дадат отказ за да ја имаат. Поголемиот дел, 61 % од вработените, навеле дека повеќе сакаат да имаат четридневна работна недела отколку традиционалната петодневна, а 33 % тврдат дека би дале отказ поради скратената работна недела, покажува анкетата на Monster, спроведена на 868 работници во март. Тоа е „значаен“ удел, рекла Вики Салеми, експерт за кариера од ...