
Скопје
2ᴼ /
2ᴼ



Додека повеќето европски туристички места се зафатени со бришење прашина од нивните хотелски соби и поставување чудни трпезариски маси како подготовка за претстојната летна сезона, италијанскиот град Портофино одлучи да ги казни туристите што долго се задржуваат на живописните места. Портофино е необично шармантен крајбрежен магнет за мноштво посетители од целиот свет, така што може да си дозволи да биде малку поостар и да поставува чудни ...
Во текот на вчерашната акција на Државниот пазарен инспекторат спроведена во координација со Управата за финансиска полиција и Министерство за внатрешни работи на Кванташкиот пазар, констатирани се неправилности, односно биле затекнати трговци кои не воделе евиденција во трговијата согласно закон што е спротивно на член 28 став 1 од Законот за трговија, а е сторен прекршок по член 57 став 1 од истиот закон. За овие трговци изречени се глоби во ...
Владата работи на подготовка на закон за плати во јавниот сектор со којшто ќе се стави конзистентност и ред во исплатата на платите во државата, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Тој во врска со растот на функционерските плати по одлуката на Уставниот суд уверуваше дека треба да има закон за плати. -Ние сега имаме разни колективни договори, кои на работниците со исто ниво на одговорност во разни области им овозможуваат различно ниво ...
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи го договорот со „Бектел и Енка“ смета дека ќе биде пречекорен бидејќи најрано кога ќе може да се видат багери и лопати е септември годинава. Според доворорот кој власта го крие автопатите ќе се градат пет буџетски години. -Минимум десет години ќе се градат. Никој не е против градење, треба да се гради но не на ваков начин-истакна Мицкоски. Мицкоски објасни дека доколку се донесе одлука за раскинување на ...
По повод одбележување на 28 април -Светскиот ден на Безбедност и здравје при работа, на Машинскиот факултет, Скопје денеска се одржа настан :„Младите истражувачи во функција на безбедна и здрава работна средина како фундаментален принцип и право на работниците за пристојна работа”. На настанот се обратија министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, Националниот координатор на Меѓународната организација на трудот (МОТ), Емил ...
„Минатата недела еден од најголемите производители на чипови за автомото иднустријата, за авио индустријата, медицинската индустрија, 5Г технологиите итн – Јагео, одлучи да отвори 205 милиони евра вредна инвестиција, најголема инвестиција од практично отпочнувањето со работа во слободните економски зони која во својот производен капацитет ќе вработи речиси 4000 вработени“ рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање на Самитот на ...
Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу денеска го презентираше годишниот извештај за вработените во јавниот сектор за 2022 година. ,,Бројот на вработените во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2022 година изнесува 129.374 лица. Тие својот работен ангажман го реализираат во вкупно 1.354 институции. Бројот на институции во однос на 2021 година е зголемен за 8. Од вкупно 1.354 институции, 60% се на локално ниво а 40% се ...
Откако вчера, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски објави дека ја разрешил директорката на градинката „Детска радост“, затоа што ревизијата покажала незаконско работење, денеска таа го демантира, а обвинува и дека за разрешувањето дознала од медиумите, додека таа била на боледување поради болно дете. Нејзиниот демант ви го пренесуваме во целост: Јас, Анета Петровска, Директор на Јавна установа за деца –детска градника “Детска ...
Работодавачите во индустријата и услужните дејности во Европската Унија во 2022 година плаќале просечно по 30,50 евра за час работа, а најскапите трошоци за час за работа во Луксембург биле 50,90 евра. Германскиот сојузен завод за статистика (Дестатис) денеска соопшти дека Германија со просечна цена на час од 39,50 евра се наоѓа на седмото место меѓу 27-те членки на ЕУ. На тоа место е од 2019 година. Просекот во 20-те земји-членки на ЕУ кои го ...
Домашните компании кои функционираат надвор од индустриските зони не може да инвестираат во зоните само поради бирократска пречка која се толкува различно од институциите и бизнис секторот. Актуелното законско решение кое е на сила десетина години овозможува во индустриските зони да инвестираат и компании од Македонија, но начинот на кој законот се спроведува или подобро речено толкува и спроведува, реално оневозможува да се реализира ...
Според Редовниот полугодишен економски извештај за Западен Балкан (ЗБ) којшто денеска беше објавен од Светска банка, Македонија покажува катастрофални резултати во економијата споредено со сите земји од регионот. Така, веќе втора година по ред Македонија има најниска стапка на економски раст од сите земји од ЗБ, којашто во 2022 година изнесува 2,1%, додека просекот на ЗБ е 3,2%, а воедно забележа и највисока стапка на просечна инфлација од 14,2% ...
Да се преиспита одлуката на Уставнот суд, со која функционерите си ги зголемија платите за 78%. Светска банка смета дека во време на криза, ваквото покачување не е во ред, но се надева дека Владата ќе го исправи тоа. Не верувам дека ова е вистинскиот пат. Но мислам дека Владата веќе работи на тоа да ја исправи . Мислам дека дојде неоочекувано ваквата одлука. Во време кога државата има се помалку пари, а позајмнувањето надвор е скапо, предлагаат ...
Првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби вели дека поддржува законски измени во однос на укинување на недела неработен ден и смета дека со ова законско решение, како што изјави денеска, ни затајуваат процеси во државата. Апсолутно поддржувам, бидејќи гледам дека со одлуката, со законското решение, ни затајуваат процеси во државата. Подготвени сме да направиме промени во законското решение, но тоа треба да биде консензуално ...
Мојата порака до сите вработени заедно со директорката е да комуницираат со другите институции и нека чекаат да се реши општиот колективен договор. Така да ги надминат проблемите и да не се доведува во прашање државната матура, рече министерот за образование и наукПолагањето на државната матура не треба да се доведува во прашање. Вработените во Државниот испитен центар заедно со директорката треба да комуницираат со другите институции и да ...
Водејќи се според потребите на пазарот во изминатите неколку години, организаторите на Weekend Media Festival ги здружија силите со агенцијата Degordian и го создадоа HR.Weekend, фестивал кој со својот концепт веќе ја заинтригира модерната HR индустрија. Среде борбата за таленти и квалитетен кадар, работодавците денес мора да пронајдат начин како да се прилагодат на пазарот и да ги најдат и задржат најдобрите луѓе. Тоа е повеќе од доволна ...
Повеќе од половина од работите на автопатитштата што ќе ги градат Бехтел и Енка ќе ги прават домашни комапнии, што значи дека кај нив ќе завршат околу 600 милиони евра, вели координаторот на проектот Артан Груби. Домашните бизнисмени бараат да не се „измеќари за свои пари“. Домашните бизнисмени прашуваат – Зошто македонските компании не се вклучени повеќе во проектите за изградба на автопатиштата од Коридорите 8 и 10 Д , што ќе ги гради ...
Државниот испитен центар почна штрајк за повисоки плати, што го оневозможува спроведувањето на државната матура. Синдикатот бара од Министерството за финанзии согласност на веќе потпишаните измени на колективниот договор со кои, како што велат, вработените би добиле достоинствени плати. Се нагласува дека сите 29 вработени се членови на синдикатот, и состојбата на штрајк која би траела подолго од 1 недела би значела невозможност да се спроведе ...
Првиот македонски сајт за пребарување на работни места Вработување.ком, ја најавува манифестацијата РАБОТОДАВАЧ на Годината, која ќе се случи на 27 април (четврток) 2023 во Хотелот Лимак. На оваа манифестација ќе бидат доделени наградите за Најпосакувани работодавачи во Македонија, односно најпривлечни компании за вработување и тоа во 8 категории: Најпосакуван работодавач во категориите маркети, банки, странска производствана компанија, приватна ...
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, министерот за економија, Крешник Бектеши, учествуваше на месечниот брифинг на тема „’Бехтел и Енка’ – можности, предизвици и одговорности“, во Стопанската комора на Северна Македонија. На средбата се разговараше за процесот на реализација на договорот ...
Новинар: Бобан Илијевски На Македонија ѝ се потребни внатрешна миграција и структурни измени во законската регулатива… Каква е реалната слика за невработеноста во државава? Бројките кои се евидентираат преку Заводот за вработување и локалните агенции за вработување во Македонија отсликуваат 10 % од реалната слободна работна сила (број на невработени) во државата, вели Зоран Кочоски од „Коузон“ – Агенција за посредување при вработување во ...
Ќе има и одземање роба од нерегистрирани трговци на мало, изјави за МИА, директорот на Државен пазарен инспекторат, Горан Трајковски, истакнувајќи дека никој не е над законот. Од утрово екипи на Државен пазарен инспекторат (ДПИ) вршат инспекциски надзори на увозници на овошје и зеленчук, како и на сите трговци на лице место. На терен се над 30 инспектори на ДПИ во координација со тимови на Управата за финансиска полиција, Министерството за ...
Различни институции со различна процентуална застапеност на етничките заедници, пишува Порталб. Етничките Македонци доминираат во ресорите одбрана, финансии и земјоделство, а етничките Албанци во министерствата за политички систем и за економија. Според податоците, речиси во сите министерства застапеноста на етничките Албанци е над 25%. Во четири ресори застапеноста е помала од 20%, но има министерства каде што таа е над 40%. Конкретно, во ...
Појувањето на четири предмети во еден и укинувањето на историја и општество за шестто одделение ќе предизвика крајно штетни последици за македонскиот обраовен систем, а дел од наставниците може да останат без работа. Здружението на историчари со остра реакција за скандалозната наставна програма која треба да се спроведува од идната година. Ако не се работи на квалитетот на образованието Македонија ќе биде на дното во споредба бразовниот систем ...
Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска започнува етапната исплата на пензиите за месец април. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 25.04.2023 година (вторник); За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се ...
Предлог-законот со кој пратениците на ДУИ и СДС предлагаат прекувремена работа на работниците, во случаите кои се од национален и стратегиски интерес (како проектот „Бехтел и Енка“) повторно не е ставен на дневен ред, благодарение на блокадата на Левица. Претседателот на собраниската комисија, Елми Азири, потврди дека нема да ја закаже седницата на Комисијата за работни односи, поради блокадата од Левица. Во духот на насилничкото владеење на ...
Одговорност или оштета од државата, бара Стопанската комора. Додека власта се фали дека добро се справила со енергетската криза, бизнисот вели – поминавме многу лошо. Државата не даде ни денар за големите компании, кои се локомотива на бизнисот, за полесно да ја пребродат кризата. Да не се повтори и оваа година истото, бараат гаранции од државата. – Колегите од другите земји ни велат – носите суровини, материјали од Јапонија, Кина, не успеавте ...
Во повеќе наврати до Левица пристигнаа поплаки од страна на работници, вработени во скопската компанија „Зои Пер Компани”, каде како управител се јавува извесна Зорица Пероска. Работниците алармираат дека не се почитуваат нивните законски права – односно компанијата не исплаќа К-15, како и прекувремена работа за празници. Дополнително, последната исплатена плата на оваа фирма изнесува 18.000 денари, што е под законски определената минимална ...
Директорот на Домот за јавно здравје – Скопје, Вулнет Селими, во статус на Фејсбук најави санкции за одговорните поради пуштање на прегласна музика во поликлиниката во Драчево. Во Поликлиниката во Драчево во Скопје не се почитувал редот и мирот на работното место, бидејќи вработените на неконтролиран начин пуштиле да се слуша музика низ сите ходници на поликлиниката со што биле вознемирени пациентите. На ова реагираше и директорот на Домот за ...
Се чини дека и оваа година, во поглед на обезбедување работници, пронаоѓањето квалификувани вработени останува главна грижа за хотелите во Драч. Оваа туристичка сезона во Албанија е уште попредизвикувачка од минатата година. Хотелите во крајбрежниот град Драч секоја година го зголемуваат бројот на странци кои служат во сместувачките структури, иако нивниот трошок е поголем од оној на вработен Албанец. Туристичките оператори велат дека ниту ...
Во понеделник, 24 април, вработените на аеродромот Берлин-Бранденбург (БЕР) стапија во штрајк. Според германските медиуми работниците се борат за повисоки плати. Поради штрајкот во понеделник, на овој аеродром нема да полета ниту еден авион. Започна најавениот предупредувачки штрајк организиран од Синдикатот Верди за работниците од воздухопловната безбедност на аеродромот Берлин-Бранденбург. „Во понеделникот наутро, од 3 часот и 30 минути, ...