Тектонски промени во медиумите нема да се случат преку ноќ, без оглед што партиите макотрпно преговараа под превезот на подобрување на новинарството и професионалните стандарди. Неинформирана јавност не може да носи правилни одлуки и да се стреми кон креирање функционално демократско општество каде носителите на јавни функции ќе чуствуваат одговорност, а центрите на моќ ќе внимаваат на своето поведени. За очекувањата од „Пржино“ во делот на ...

Стефан Бужаровски професор по хумана географија на Универзитетот во Манчестер, смета дека за помалку од десет години македонските термоцентрали на јаглен ќе бидат затворени. Енергетските потреби ќе мора да се надоместат од обновливи извори, а за вработените и регионите кои се економски зависни од рудниците да се обезбеди праведна транзиција. Што ќе значи праведната транзиција за Северна Македонија и какви ќе бидат промените? Бужаровски: Мислам ...

Поминаа точно три години, откако, точно на националниот празник Илинден 2 август, премиерите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов го потпишаа Договорот за добрососедство и пријателство помеѓу двете земји. Ист ваков беше потпишан пред точно две децении помеѓу тогашните премиери Љубчо Георгиевски и Иван Костов, но тој не заживеа на практика. Три години е доволен период да се направи ретроспектива, дали истиот го преживеал тестот на ...

Кога во 165 година на новата ера, пандемијата на чума потрајала цели 25 години, косејќи дури и по 2000 животи дневно, Марко Аврелиј бил командант на данубијанската област и во тоа својство задолжен да се справува со болеста. Тој бил еден од ретките што во тоа време водел дневник (под наслов „Разговори со самиот себе“). И тој и неговиот дневник останале запаметени во историјата делумно и заради реченицата: „Најстрашната зараза е корупцијата, ...

Постојните системи за јавно образование биле дизајнирани во периодот помеѓу втората половина на XVIII и првата половина на XIX век. Претходно такви системи воопшто и не постоеле. Неминовно зачетоците на системите за јавно образование биле условени и со тогашната индустриска револуција. Значајно е да се истакне дека идејата за јавно образование кое ќе се финансира од даноците кои ги плаќаат сите луѓе, а ќе биде достапно и бесплатно за широките ...

Мојата генерација е генерацијата која се роди во годината во која се „роди“ и самостојна, независна и суверена Република Македонија. Мојата генерација е генерацијата која детството го помина во периодот на транзицијата. Ова е генерацијата која се роди за време на воспоставувањето и градењето на еден комплетно нов систем. Ова е и генерацијата која живее во време на експанзија на информатичката технологијата. „Не седи на земја, ладно е!“. Колку ...

Оваа мисла (во мој слободен превод) кажана од неврологот Rita Levi-Montalcini, добитничка на Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1986 година, ми беше поттик да пишувањето на овој текст. Веднаш си го поставив прашањето за тоа каде сме ние младите луѓе во ова наше општество? Дали ние се изгубивме на патот по кој одевме за да постигнеме некоја цел и да станеме некој и нешто? Велат дека денес ние младите луѓе сме биле како пешачки ...

Дали ќе се согласиме со Плутарх дека вредноста на образованието не се мери по бројот на прочитаните книги, туку по нивната употреба во животот? Во текот на целиот образовен процес сме прочитале стотици и стотици учебници и книги, но колку од сето она што сме го прочитале останало во нашето сеќавање и се врежало во нашите глави? Многу малку? Да, се согласувам. А ни велеа само да читаме, бидејќи сетоа тоа би ни било потребно еден ден во животот. ...

На градскиот плоштад „Македонија“ се поставени три бини каде што учесниците на „Баскерфест“ ќе ве воодушевуваат со своите преформанси, фестивалот започна на 16 јуни а ќе трае цели десет дена. Програмата на фестивалот се состои од атракции под отворено небо, улична уметност, музика во живо, претстави, пантомима, улични танци, креативни активности, ликовни изложби, работилници и друго. Еве што имаа да ни кажат организаторите на фестивалот. – ...

Балкан Енерџи Груп (БЕГ), која врши менување на топлотните цевки долж улицата „Народен фронт“, не го почитува Законот за градење и Правилникот за прекопи донесен од општина Центар, напиша на Фејсбук, градоначалникот Андреј Жерновски и најави казна за компанијата. „Жителите на околните згради на улицата ’Народен фронт’, но и други минувачи, со право ни се пожалија за катастрофалната состојба во која се наоѓа улицата. Изведувачот само ја ...

Со низа настани, денеска Скопје се потсетува на една од најголемите трагедии во неговата историја – катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година. На денешен ден пред 54 години Скопје беше разурнато од земјотрес со сила од 9 степени според Меркалиевата скала (магнитуда од 6,1 степени), во кој загинаа 1.070 луѓе, а околу 4.000 беа повредени. Потресот уништи 15.800 живеалишта, а оштети 28.000. Во рамките на денешното одбележување, од 9 до 17 ...

Посебен сообраќаен режим најавува СВР за вечерашниот натпревар Вардар – Фрнербахче што ќе се одигра на националната арена „Филип Втори Македонски” од 20 часот. Од 14 часот часот ќе биде затворен за сообраќај дел од улицата „Аминта III“, на потегот од крстосницата со „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“ до фудалскиот стадион. На стадионот ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници. Попладне ќе се преземаат мерки за расчистување и дислоцирање ...

Во изминатите 24 часа во Скопје само два часа воздухот не бил загаден. Концентрациите на ПМ10 честичките во рамки на дозволеното до 50 микрограми се забележани во 15 часот на мерните станици во Гази Баба и Лисиче и во 16 часот во Гази Баба. Во останатиот дел од деноноќието во сите делови концентрациите биле неколкупати над дозволеното достигнувајќи и до 470 микрограми на метар кубен. Во Центар на мерната станица концентрациите се движеле од 74 ...

Советот на Град Скопје на денешната трета седница го усвои предлог-буџетот на Град Скопје за 2018 година, што е за 10 проценти помал во однос на буџетот за 2017 година предложен и усвоен од претходното градско раководство. Буџетот на Град Скопје за 2018 година изнесува вкупно 6,2 милијарди денари (100.813.008 евра). Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов рече дека „со овој буџет, крајна цел е Скопје да биде функционален, зелен и ...

Советот на град Скопје на вчерашната седница усвоил одлука со која се забранува доставувањето стока во периодот од 7:30 до 18 часот, во периодот од од 1 декември до 31 март. Доставата меѓу 18 и 7.30 часот ќе може да се врши со задржување на возилото најмногу 15 минути. Оваа одлука е со цел намалување на загадувањето на подрачјето на Град Скопје, што е предвидено и со Препораките на владината Интервентна акциска група за итните мерки против ...

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов објави мерки за намалување на загадувањето на воздухот, меѓу кои е и бесплатен превоз со автобусите на ЈСП и на приватните превозници почнувајќи од денеска, како и прекин на градежните активности на градилиштата под надлежност на Град Скопје. Истовремено, ќе се ограничи обуката од автошколите, а ќе се врши и засилен надзор над капацитетите што загадуваат. За престанокот на мерката за бесплатен јавен превоз, ...

Една седмица, по одржувањето на претседателските избори во Белорусија, поранешна држава од СССР, на северот во Европа, денеска во тесни политички, воени и економски врски и односи со Руската федерација, не стивнуваат протестите. За држава која од почетокот на повеќепартизмот во земјите од поранешниот Варшавски пакт, не почувствувала промена на власта ( имено Александар Лукашенко е на власт од 1994-та година), и по овие избори, државната изборна ...

Светот се соочи со нов вооружен конфликт, во едно од најнестабилните подрачја на територијата на Евро-Азија, регионот на Кавказ. Децениските воени судири и конфликти помеѓу соседните Ерменија и Азербејџан, дененовиве добија пак на интензитет, по пауза од 4 години, односно по завршувањето на воените конфликти помеѓу двете страни во 2016 тата година. Претежно планинскиот Нагорно-Карабах, кој е регион со околу 4.400 квадратни километри – се наоѓа ...

После жестоките воени судири, помеѓу двете поранешни советски републики, кои резултираа со воени и цивилни жртви, двете завоени страни потврдија дека ќе испратат делегации во рускиот главен град, за да најдат решение за конфликтот, кој всушност трае децении. Азербејџан и Ерменија ја прифатија поканата на рускиот претседател, Владимир Путин, и ќе испратат свои претставници во Москва на разговори за прекин на огнот во Нагорно-Карабах. „Двете ...

Поминаа повеќе од шест месеци, откако низ целата планета се рашири пандемијата од Ковид-19 вирусот. Се соочуваме со досега најголемата пандемија од грип во изминатите 100 години, која однесе повеќе од 1 милион животи, а преку 32 милиони луѓе се заразени. Човештвото е клекнато на колена, здравствените и економските последици се катастрофални, и за многумина поужасни од тие во Втората светска војна. Совладување на пандемијата од Ковид-19 не е, ни ...

Поминаа шест месеци, а светот се уште драматично се соочува со пандемијата од Ковид-19. Никој, ниту најучениот не може со сигурност да предвиди каква и кога ќе биде разврската на човештвото со пандемијата, и на кој начин ќе ја победиме. Многумина сметаат дека за тоа е потребно вакцина, но има и такви кои сметаат дека вирусот со тек на времето ќе се одомаќини во човештвото. Болеста се шири насекаде низ светот и тешко е да се поверува дека ...

Новиот осудувачки извештај објавен од Обединетите Нации истакнува како глобалната заедница не успеа да постигне ниту една од 20-те цели за биолошка разновидност кои беа воспоставени во Аичи, Јапонија во 2010-та година. Овие цели беа поставени за да се зачува биодиверзитетот во светот, да се промовира одржливоста на видовите и да се заштитат екосистемите, во време на изумирање на истите, дополнително поттикнато од климатската криза. Но, ...

Еврозоната мора да се подготви за лансирање на идно дигитално евро. Идејата е објавена во коминикето на гувернерот на Европската централна банка Кристин Лагард. Во коминикето се нагласува дека ова во никој случај не значи крај на хартиени банкноти и монети. Серија тестови за дигиталното евро ќе бидат спроведени во следните половина година. Се наведува дека дигиталното евро ќе биде електронска форма на валута на централната банка која, како ...

Кинеските супер богати луѓе заработија рекордни 1,5 билиони долари во 2020 година, повеќе отколку во изминатите пет години заедно, бидејќи е-трговијата и е-игрите за време на блокирањата во пандемијата бележат пик. Дополнителни 257 лица, исто така, се приклучија на клубот на милијардери во втората светска економија до месец август, по две години намалено членство, според годишната листа на Хурун. Во Кина сега има вкупно 878 милијардери. За ...

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и разгранокот за Голо Брдо, во име на Македонците што живеат во Албанија, побараа од надлежната служба за водење матична евиденција, документите да бидат издавани на македонски јазик. – До директорот на Генералната дирекција за матична евиденција, Бледар Дорацај, доставивме барање интернационалните изводи од матична книга на родените и венчаните, како и други документи, кои ги издава оваа ...

Ние сме во состојба на готовност и ги следиме упатствата дадени од Националниот комитет за вакцинација врз основа на менување на мапата на епидемијата на сипаници во Грција и во Европа, изјави грчкиот министер за здравство Андреас Ксантос во врска со епидемијата на морбили во земјата. Тој, како што пренесува „А1он“, рече дека досега во Грција се регистрирани околу 170 случаи, но за среќа ниту еден од нив не бил со сериозни компликации или ...

Некои претставници на Европската Унија ја злоупотребуваат проевропската ориентација на косовските граѓани, за да го понижат Косово и за да се доцни со неговата европска перспектива, оцени синоќа косовскиот претседател Хашим Тачи. – На Косово му треба брзо движење кон конкретна европска перспектива, а не процес кој би можел да трае пет, десет или 20 години, изјави Тачи за телевизијата Клан Косова. Според него, Косово „нема карта за уцена“ во ...

Во знак на протест поради одлуката на скопскиот Кривичен суд за казните во случајот „Диво Насеље“, синоќа во косовските градови Гњилане и Пеќ јавно биле запалени македонски знамиња, пренесоа српските медиуми, јавува „Мета“. „Поради револт за неправдата сторена против нашите херои од словенската марионетска држава го запаливме вечерва нивното знаме, тука пред споменикот на легендарниот Агим Рамадани – Катана во Гњилане. Ги повикуваме сите ...

Што се случува во соседна Србија? Тоа се прашуваат денес сите местни и европски набљудувачи кои ги следат процесите во балканската земја. Тоа што всушност се случува во Србија е сосема закономерно. Изливот на гнев кај нашите соседи е мешавина од многу фактори – незадоволство од владеењето на претседателот Александар Вучиќ, недостатокот на демократија во Србија, недоверба кон активностите на местниот кризен штаб за борба против Ковид-19 и не на ...

Специјалниот пратеник на Стејт департментот за регионот на Западен Балкан Метју Палмер, истакна дека Соединетите Американски Држави и Европската Унија унисоно ги координираат своите активности насочени кон интерграција на земјите од овој регион во ЕУ, но и за нивната меѓусебна интеграција преку иницијативата „ Мини Шенген“. Тој истакна дека земјите прават неопходни реформи кои се потребни за да ја постигнаат оваа долгорочна и стратешка цел- ...

Скопје

8ᴼ/8ᴼ
1.54
87%
1022

Белград

14ᴼ/12ᴼ
2.57
64%
1020

Софија

8ᴼ/6ᴼ
2.06
85%
1026

Сараево

11ᴼ/11ᴼ
2.42
77%
1024

Љубљана

11ᴼ/5ᴼ
0.0
89%
1008

Атина

18ᴼ/12ᴼ
7.2
68%
1017

Тирана

10ᴼ/10ᴼ
1.54
100%
1019

Подгорица

14ᴼ/9ᴼ
1.54
63%
1019
Currency

61.5455

Currency

57.5106

Currency

71.9099

Currency

37.5984

Currency

42.1023

Currency

62.9736

Currency

7.93732

Currency

0.62399

Currency

0.36369

Currency

0.52538

Currency

1.76788

Currency

0.68955

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

546 $

Никел

616639 $

Рутениум

24115 $

Калај

33 $

Сребро

874 $

Злато

75176 $

Бакар

9 $

Паладиум

30692 $

Платина

29370 $

Родиум

151607 $

Цинк

91511 $