Секој ден по социјалните мрежи гледаме позитивни фотографии кои не тераат да заборавина на лошите работи во светот, но дали некогаш сте погледнале фотографија и сте почуствувале грутка во грлото? Овие фотографии не тераат да размислуваме за човештвото и да бидеме благодарни за се’ што имаме затоа што многумина ги немаат работите кои нас ни се основни за поминување на еден ден во модерниот свет. Татко и син по многу години Пар што останал заедно ...

Некои земји веќе воведуваат ригорозни казни во врска со торент сајтовите и пиратските содржини, а Индија „ги премина сите граници“. Имено, сите оние кои што ќе посетуваат торент сајтови или сајтови за пиратска содржина кои што се забранети од Владата во Индија, би можеле да завршат во затвор или пак да платат казна од 4,468 долари. Накратко, Владата на Индија не сака своето население да користи пиратска содржина. Индиската Влада веќе има ...

Валери Спиридонов кој има целосна парализа на телото ќе биде првиот волонтер кој бара да му биде трансплатирана главата на ново здраво тело. Овој медицински експеримент кој звучи како исечок од хорор филмовите со Франкештајн е зацртана идеја на италијанскиот неврохирург Серџо Канаверо кој најави дека во 2017-та ќе ја изврши првата трансплатација на жив пациент. Во потфатот ќе му помогне и кинескиот хирург Шаопинг Рен и целата процедура е веќе ...

Вработените во телевизијата Алфа денеска биле информирани од страна на раководството дека компанијата нема пари да им ги исплати заостанатите плати за јануари и февруари, а им било најавено и дека нема да земат плата ниту за март, дознава НОВА. Во изминатата една година вработените во телевизијата редовно се соочуваат со доцнење на платите по два и до три месеци. Исто така им било соопштено дека не знаат кога воопшто ќе можат да ги земат ...

Синдикатот на новинари и медиумски работници е против секаква државна интервенција во медиумите, а особено владините реклами кои се алатка за држење на медиумите во вазалски однос, вели Тамара Чаусидис. Новиот предлог закон за информативни и рекламни кампањи на јавни институции според Чаусидис е порака до провладините медиуми дека Владата нема да ги остави на цедило. – Суштински ништо нема да се смени, само ќе се легализира ситуцаијата која ...

Музејот од Куманово денес ќе додели околу 50 лиценци за водичи кои поминале обука за архе-астрономскиот локалитет Кокино, а од управата најавуваат дека ќе се воведе и наплаќање билети за посета на туристичкото место од 1 август за поголема самоодржливост и заштита. „Се уште не сме одлучиле колкава ќе биде цената на картата, но таа ќе се одреди според правилникот што го имаме. Наплатата ќе се врши на самиот локалитет или пак туристичките водичи ...

Тур де Франс е најпрестижната трка со велосипеди во светот. Која за прв пат беше одржана во далечната 1903 година, така што има традиција од 114 години. Овогодинешниот Тур де Франс е 104-та по ред. Трката започнува на 1 јули, во германскиот град Дизелдорф, традиционално ќе заврши на Елисејските полиња во Париз на 23 јули. Велосипедистите ќе се натпреваруваат првенствено за жолтата маичка, која е посветена за најдобриот во генералниот пласман, но ...

Локалитетот „Врбјанска чука“ во Oпштина Кривогаштани е еден од ретките локалитети во Европа кои потекнуваат од неолитот, стар околу 8.000 години. Воедно е и еден од ретките локалотети каде на многу мал простор може да се сретнат многу стопански објекти. Ова го потврдија едномесечните археолошки истражувања кои завршија вчера. Луѓето кои живееле тука се занимавале со земјоделство. „Откривме внатре во една од градбите неколку стопански целини кои ...

ЗЕОООП во партнерство со Балканска водна мрежа го претставија новиот Проект ПАМЕТИ – Преку Архус и Мастрихт до еколошка транспарентна информација, кој има за цел да ги подигне капацитетите на општинските работници, претставниците на граѓанските организации и Заедниците на станари за Архуската Конвенција. „Во рамките на Проектот ќе се реализираат обуки за Архуската Конвенција за правата од областа на животната средина која е ратификувана од ...

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски во спортската сала во ООУ „Наум Наумовски Борче“, денеска го означија почетокот на најголемиот карате турнир во нашата земја од меѓународен карактер „Гази Баба Опен 2016“. Турнирот се одржува по 10-ти пат а на истиот ќе настапат натпреварувачи во сите категории од 6 до 16 години од 12 земји, како Словенија, Србија, Косово, Бугарија, ...

На 22 мај ќе биде отворена изложбата „Мантра на љубовта“ на македонската уметница Маја Андонова Јокиќ. Изложбата ќе биде поставена во Младински културен центар Скопје – МКЦ до 9 јуни. Овие педесетина дела се создадени во период од 2020 до 2023. Како ќе го обоиме сегашниот момент – изборот е на секој од нас. Маја е трагач по одговори за човековата душа, вљубеник во јогата, изгрејсонцата, облаците и зајдисонцата. Нејзините слики ги отсликуваат ...

„Музеи, одржливост и благосостојба“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден на музеите, 18 Мај, датум кој музејските институции низ светот со разновидни активности го одбележуваат од 1977 година. На овој ден, музеите во земјава традиционално ќе ги отворат своите врати и ќе овозможат бесплатен влез за посетителите, ќе поставуваат изложби, ќе организираат промоции, работилници и разни едукативни активности, со цел да го доближат ...

Изложбата Во Цут – на дизајнерот Горан Костовски – Ind.o.g. ќе биде отворена на 18 Мај 2023 г. во Мобилна/Монтажна галерија на Центарот за современи уметности, во Парк на Франкофонијата со почеток во 18:30 часот. Изложбата “Во Цут” се состои од платна, слики и графики цртани изминативе две години. Таа има за цел да ја претстави пролетта и самото будење на природата. Авторот се поистоветува со будењето на природата како фаза за себе будење низ ...

Денеска, во социјалното претпријатие „Рето Надеж“ беше одржан промотивен настан на кој беа презентирани неколку активности спроведени како поддршка на претпријатието чија мисија е да им помага на зависниците од дрога и алкохол при процесот на одвикнување, ресоцијализација и реинтеграција во општеството. „Рето Надеж“ ги остварува своите цели, односно овозможува одржливост на претпријатието, преку спроведување на економски активности со давање ...

Во Македонија се регистрирани 1.440.000 корисници на интернет или 68,5 проценти од населението, а милион се приклучени на социјалната мрежа Фејсбук, покажуваат податоците на специјализираниот статистички веб сајт „Интернет ворлд стат“. Од земјите во регионот повеќе од Македонците интернет користат во Словенија (72,8 проценти) и во Хрватска (75 проценти). Зад Македонија се рангирани БиХ (68,1 процент), Србија (66,6 проценти), Грција (63,2 ...

За 4 дена традиционално ќе се одржи Авицена Женска Трка која веќе го сруши рекордот на пријавени учеснички. Околу 1.300 натпреварувачки ќе трчаат на патеката долга 2 км во Градски парк на 9ти април. Виз Ер Скопскиот Маратон ќе се одржи на 9ти мај и веќе се имаат пријавено илјадници тркачи од голем број земји низ светот. „Пријавувањето за овогодинешното издание го отворивме уште во октомври минатата година и ќе биде отворено до 30 април. Сите ...

Подготвени да трчате 5 километри? Со вашето учество вие донирате за луѓето кои живеат со ХИВ. Ве повикуваат сите љубители на спортот на 29 октомври 2017, недела, од 11 часот, да се пријават на Дурекс добротворна трка, да се пријават со бројче и да се дружат со добра музика. Освен што ќе се забавувате и ќе се наградуваат учесниците од страна на поддржувачите. Не заборавајте дека можете да трчате сами, со пријатели, комшии, колеги, потребно е само ...

Само еден месец по свадбата со љубовта на својот живот, на почетокот на септември, Ѓоко ненадејно доби мозочен удар. Според докторите, на ударот е на најлошото можно место, мозочното стебло, каде шансите за преживување се многу мали. Но, тој се бори веќе втора недела. Ѓоко е борец кој не се предава. И бескрајно добар и хуман човек кој заслужува сите да се здружиме и да му помогнеме во битката за живот. Веќе 15 дена Ѓоко е на интензивна нега во ...

Иако со години се смета за искоренета болест, вакцината против вариола вера се уште се произведува во светот. Само ако се спомне вариола вера на луѓето им се замрзнува крвта во вените, па и не е чудно што по 45 години, откако последен пат се јави оваа епидемија, се уште е број еден на листата на биолошките оружја. Луѓето веќе долго не се вакцинираат против големи сипаници, а колку болеста е помалку присутна, толку популацијата е помалку имуна, ...

На покана на Министерството за култура, односно министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, член на неформалната граѓанска иницијатива Охрид ЅОЅ денеска ќе присуствува на состанокот во Владата на Република Македонија на кој ќе се разгледаат актуелните состојби поврзани со заштитата на природното и културно наследство на Охридскиот Регион. На состанокот се поканети Министерството за транспорт и врски (Благој Бочварски), Министерството за ...

Познатиот руски ММА борец Григор Кичигин не само што ја загуби борбата, тука и неговата мајка го избламира пред сите присутни. Григор е познат член на ММА семејството и неговите браќа Георг и Виктор, се исто така многу познати. Интересно е дека нивната мајка Ана Азовскаја е нивен тренер! Ана се налути по поразот на нејзиниот син, па влета во теренот и на веќе зашаматениот син кој лежеше на подот, го ишамари со што стана хит на интернет. Jesus, ...

Решма Куреши е деветнаесетгодишна девојка од Индија која прежива напад со киселина, по што лицето трајно и е оштетено. Оваа силна девојка одлучи нејзиниот живот да го посвети на мисијата за охрабрување на други девојки и жени да продолжат со нивните животи дури и по ужасот кој им се случил. Решма оваа недела прошета по писата на Њујорк Фешн Вик (New York Fashion Week) во убав фустан од дизајнерката Арчана Кочхар. – Ова појавување е важно за мене ...

Мрежата од тајни воени тунели во Довер, на југоистокот од Англија, која во времето на Втората светска војна е ископана по наредба на британската влада за одбрана од морнарицата на нацистичка Германија, отворена е за посетители на кои им се дава увид во „првата борбена линија на одбраната на британската територија“. Огорчен од тоа што германските воени бродови му пловат „пред нос“, тогашниот британски премиер Винстон Черчил наредил во јули 1940 ...

Синоќа во Музеј на современа уметност беа изложени фотографиите од натпреварот „Моја скопска приказна“ и најдобрите три, што на најсликовит начин преку автентични фасади ја раскажуваат приказната за Скопје, беа наградени. За најдобра скопска приказна прикажана во пет фотографии беше прогласена приказната на Оја Заде Абас која ја доби првата награда, 500 евра, втората награда ја доби Мартин Трајановски (200 евра), третата награда Владимир ...

Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ и „KАПКА јувери“ организираат настан кој ќе им се допадне на сите припаднички на понежниот пол. Од 7 до 9 октомври во просториите на „Јавна соба“ ќе се одржи првото издание на Саем за накит и модни додатоци, „Накит 2016“. На саемот настапуваат изработувачи и дизајнери на накит, како и автори и уметници од други области, кои ги користат накитот и модните додатоци како средство за креативно изразување и ...

Здружението на новинарите на Македонија денеска побара од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, да го повлече обвинението против новинарот Зоран Божиновски. „Четири месеци откако новинарот Зоран Божиновски е екстрадиран од Србија, како еден од осомничените од случајот „Шпион“. Тогаш кажавме дека неговото апсење е политички мотивирано со цел да се затвори устата на еден новинар, кој има храброст да објавува ...

Новата психоактивна супстанца „MDMB-CHMICA“, на уличниот пазар позната како „црна мамба“, минатата седмица била ставена на листата системи за рано предупредување на нови психоактивни материи, што овозможува примена на закон против лицата кои ја поседуваат. Европската комисија предложила оваа нова дрога да стави на контролни мерки во цела Европска Унија, пишуваат хрватските медиуми кои веќе почнаа да стравуваат дека дрогата ќе влезе и во нивната ...

На археолошкиот локалитет Горна Порта во Охрид, каде што беа пронајдени познатите артефакти, „Златната маска“ и „Златната ракавица“ како и уште 70-ина други златни, сребрени, бронзени, килибарни и други предмети, во овој период од годината се вршат систематски истражувања што треба да завршат на крајот на септември. Истражувањата ги врши Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид, а годинава, според информациите на ...

Ниту една емоција не е поблизу до основните митови за човековиот социјален поредок отколку срамот. На почетокот, Адам и Ева стоеле заедно, двајцата голи, мажот и неговата жена, и не се срамеле. И тогаш тие јадеа од дрвото на знаењето; им се отворија очите; тие знаеја дека се голи; тие се покриваа со лисја од смокви. Нивниот срам беше она што му рече на Бога дека паднале и станале луѓе од нашиот вид. Протагора му кажува на Сократ, дека откако ...

Добро ни е познато дека 29-годишната убавица Ријана е горда на своето потекло од Барбадос, па така таа и оваа година реши да го прослави Crop Over Festival . Ријана изгледаше прекрасно во градник целосно покриен со светкави камења во различни бои, долниот дел со висок струк совршено ги истакнува нејзините облини, а кристалчињата на мрежестите хулахопки ја правеа да блеска. Овој неверојатен костим Ријана го комплементираше со прекрасна тиркизна ...

Скопје

10ᴼ/10ᴼ
1.03
71%
1020

Белград

14ᴼ/12ᴼ
5.66
58%
1016

Софија

16ᴼ/12ᴼ
0.0
56%
987

Сараево

17ᴼ/17ᴼ
2.53
47%
1017

Љубљана

12ᴼ/8ᴼ
3.09
87%
1003

Атина

22ᴼ/18ᴼ
0.89
50%
1017

Тирана

14ᴼ/14ᴼ
0.51
67%
1020

Подгорица

18ᴼ/14ᴼ
1.03
77%
1020
Currency

61.615

Currency

57.1177

Currency

72.1028

Currency

37.239

Currency

42.1843

Currency

63.3539

Currency

7.90283

Currency

0.61687

Currency

0.3772

Currency

0.52643

Currency

1.76281

Currency

0.68476

Алуминиум

2 $

Кобалт

558 $

Никел

524887 $

Рутениум

24115 $

Калај

27 $

Сребро

785 $

Злато

70609 $

Бакар

8 $

Паладиум

31906 $

Платина

28698 $

Родиум

150321 $

Цинк

76077 $