
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Младиот тим на германската репрезентација владее со европскиот фудбал. Тие вчера вечерта во финалниот натпревар на Европското првенство во Полска во Краков успеаа да ја победат Шпанија со 1-0 со голот на Вејзер во 40-та минута од натпреварот. Заслужено дојдоа до големата победа, иако немаа голем посед на топката во своите нозе, Германците беа повеќе опасни по голот на Шпанците кои тешко стигнуваа до гол шанса против “Панцирите“. Во продолженио ...
Маријано Диаз, напаѓачот кој потекнува од фудбалска академија на Реал е нов фудбалер на Лион, вредноста на трансферот изнесува 8 милиони евра, и 40% од следниот трансфер, младиот фудбалер потпиша договор до 2022 година. Маријано Диаз потекнува од Доминиканската Република, а за оваа земја од Централна Америка, на своето деби постигна гол, иако тој можеше да настапува и за Шпанија, но сепак ја одбра Доминиканската Република сигурни овде ќе биде ...
Македонската репрезентација со 2:1 го совлада Косово на стадионот Тоше Проески во Скопје. Тоа им носи дуел со Грузија во финалето на Лигата на нации по што ќе се знае кој ќе биде учесник на следното Европско првенство во фудбал кое ќе се одржи во 2021 година. Македонските репрезентативци добро го отворија мечот и по шут на Ристовски, косовскиот одбранбен фудбалер Кололи ја одби топката во сопствениот гол. По еден кикс на голманот Димитриевски и ...
Надежите се топат една по друга Првата исчезна со веројатноста дека САРС-КоВ-2 има сезонски карактер, втората дека топлото време ќе ја ублажи пандемијата… Понатаму, увереноста на јавноста дека науката има способност за инстант разоткривање и решавање на вирусот, исто така, брзо се покажа како погрешна. Но, едно нешто што пречесто се нагласува, а тоа е „мантрата“ дека треба изодување подолг пат (години, дури и децении) до пронаоѓање ефикасна и ...
Пет лица се затруле со храна во гостилницата „ДМ“ во Скопје, соопшти Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) повикувајќи се на известување од Центарот за јавно здравје-Скопје. Објектот е времено затворен и наложени се санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки. Петте лица со знаци за акутно труење со храна биле примени на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби каде им била извршена епидемиолошка анкета. ...
Летото 2021 е лето на поплави, топлотни бранови и распространети пожари низ целиот свет. Поради ваквите екстремни климатски промени, од САД до Индија изгубени се човечки животи, уништени се домови и екосистеми и направена е голема инфраструктурна штета. Среде сето ова, водечкото тело на Обединетите Нации за климатски промени, ИПЦЦ, го издаде своето најостро предупредување досега. Климатската криза предизвикана од човековото дејствување е овде и ...
Scout Larson е прекрасно 3 годишно девојче што се огледува на нејзината баба Diane Willoughby, која таа ја нарекува Nonnie. Кога Nonnie се разболела од рак малата Scout била многу збунета и не можела да ја сфати положбата во која се наоѓала нејзината баба, па така мајката на Scout, Ashley, добила многу креативна идеја. Таа сакала да и покаже на најзината ќерка дека жените се многу силни, исто како и мажите па затоа започнала мал проект каде што ...
Веќе знаеме дека го главата на George R.R. Martin, кој е писател на серијалот книги по кој е и снимана серијата Game of Thrones, се случуваат секакви чуда, војни и што ли уште не, но сепак некои од ликовите се базирани на личности кои навистина постоеле во минатото. (доколку симате проблеми со преводот на видеото кликнете на копчето CC во долниот денес агол, а доколку сакате да го промените преводот тоа може да го направите во Settings- ...
Плажата Шејтан Лимани се наоѓа на 20 километри североисточно од градот Ханија на Крит, поточно во близина на аеродромот. Во средината на див предел не може да се очекува ништо помалку од убавината која ќе ве остави без здив. Малата плажа со нереално тиркизно море е позната по својата егзотичност, и отежнат пристап. Затоа и се нарекува и опасна, што не е изненадувачки кога ќе видите на прв поглед еден куп карпи, кои сепак само фрлаат сенка и тоа ...
Ако некогаш сте помислиле дека палачинките со дупчиња се готварска грешка, тогаш сте се излажале. Напротив, за нив постои таен руски рецепт. Потребни состојки: * 1 шолја јогурт * 1 јајце * 1 шолја брашно * 1/3 лажичка сода бикарбона * 1 лажичка масло * ½ шолја кисела вода * 1 лажичка шеќер * 1/3 лажишка сол Начин на подготовка: Јогуртот, јајцата, шеќерот, солта и брашното измешајте ги во еден сад. Во шолјата со кисела вода додадете ја ...
Дајте му посебен вкус на вашиот омилен будилник, утринското турско кафе, и додајте кардамом Потребни состојки: * 230 милилитри вода * 1 лажица турско кафе * 1/8 лажица кардамом * Шеќер (по избор) Начин на подготовка: Сипете ја водата и шеќерот во ѓезве и почекајте да зовријат, па тргнете ги од оган и додајте го кафето и кардамомот. Вратете го ѓезвето на оган и повторно почекајте да зоврие. Откако кафето ќе почне да пени, тргнете го настрана и ...
Долго време постои една заблуда кај пушачите дека ако запалат цигара во стресни моменти ќе можат да се смират, но научниците по едно долго истражување дошле до сосема различни резултати. Пушачите имаат 70 отсто поголеми шанси да страдаат од депресија и анксиозност, покажува оваа студија. Истражувачите велат дека оставањето на пушењето може да им помогне на луѓето да се борат против овие проблеми и да го подобрат своето ментално здравје. Откриено ...
Младите девојки биле регрутирани од страна на DIY Girls- непрофитна организација која вработува тинејџерки од семејства со ниски приходи, за да извршуваат работи од областа на технологијата и инженеринг. 12 млади девојки, работејки заедно во текот на изминатата година, успеале да создадат шатор на соларна енергија со помош на шиење, кодирање и на 3D принтање.Целата напорна работа се исплатеше, на крај девојките добија грант од 10.000 $ од ...
Лошото време и дождот не ги запре посетители на Д фестивал. И оваа година, Д Фестивал повторнo ги поставува своите шатори на дојранското крајбрежје и на своите посетители им понуди многу повеќе од само атрактивна музичка програма, овозможувајќи им воедно да уживаат и бидат дел од уникатната атмосфера, создавајќи едно несекојдневно искуство кое ги брише сите изговори за поделба и нетрпеливост. Но, Д Фест не е само фестивал, туку настан со силна ...
Вчера клубот Епицентар,лоциран во Градскиот парк, ечеше во хипнотизирачките acid и techno и звуци на феноменалната Марина Рубинштајн заедно со Дијана Ди. Диџеј Рубинштај е родена во Русија, а пораснала во Израел. Од своето деби во 2012, таа постојано настапува во клубови, а годинава првпат настапи на „Сонар фестивал“ заедно со диџеј Марсел Детман. “Кога музиката е добра ти дозволува да се изгубиш во звуците, да го ослободиш умот и да танцуваш ...
Од 12-17 јуни на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје, ќе се одржи 13-тото издание на фестивалот со улични изведувачи „Баскерфест“ 2018. Над 30 улични артисти од разни краеви на светот во театарот под отворено небо шест дена ќе ги забавуваат и анимираат жителите на Скопје. Оваа година, на програмата на најголемото улично шоу ќе има индиски спектакл, циркус, жонглери, акробати, магионичари, музичари, танчери како и едукативни работилници за ...
Охридската публика ќе може да ги погледне делата на одличниот турски уметник Мустафа Чеват Атал вечерва од 20 часот во Спомен куќата на Христо Узунов. Самостојната зложба „Инскрипции, жена во простор“ е во организација на Завод и Музеј – Охрид. Мустафа Чеват Атал е роден во Караман, Турција. Дипломирал на Универзитетот Селџук, докторирал на „Гази“ Универзитетот, а од 2013 година работи како лектор на „Намик Кемал“ Универзитетот во Текирдаг, ...
Третата по ред самостојна изложба на младиот скулптор и сликар Виктор Јаневски конципирана e од неколку цртежи и поголем број слики изработени во акрилна техника. Изложбата „Моменти на магично присуство“ ќе биде отворена на 4 април од 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Самиот генерален наслов на изложбата „Моменти на магично присуство“, како и мотивите во сликите, реферираат на лавирањето помеѓу реалноста и фантазијата. ...
Љубителите на македонската ликовна сцена ќе имаат можност на да присуствуваат на отвoрањето на новата самостојна изложба „Небото е сино“ (The sky is blue) на Лина Дамјан. Изложбата ќе биде отворена на 21 април од 20 часот во галерискиот простор на МКЦ во Скопје. „Главната мисла на оваа изложба е запишана во насловот, небото. Небото е еден замислен поим, именка, всушност тоа е човечката интерпретација за просторот во универзумот кој е видлив за ...
Сигурно пронаоѓањето на лица кај секојдневните предмети ви било забавен дел од детската игра, тоа е сосема секојдневен начин на кој се забавуваат најмладите, но што се случува кога го прават и возрасните. Гледањето лица во кај секојдневни предмети е психолошки феномен кој е реткост кај возрасните, но не и кај Keith Larsen. Keith е уметник кој ги оживува лицата што ги гледа на предметите со тоа што ги црта и ги постира по социјалните мрежи заедно ...
Сензуално и комфорно, заводливо и возбудливо, со овие зборови се опишува новата колекција на Сара Фешн за долна облека и пижами за престојната есен/зима, 2017-2018 година. Познатата пејачка Викторија Лоба како заштитно лице за 2017 година на Сара Фешн, позираше пред објективот на фотографот за новата колекција. Токму таа го презентира памучниот програм на маици, килоти и пижами, како и сензуални парчиња на градници и килоти кои веќе се во ...
Како девојка или жена секогаш треба да го имaтe вистинските пар хулахопки во вашата фиока. Како еден од модните детали кои треба да го избирете за зимскиот период, дефинитивно тоа се хулахопките. Хулахопките секогаш да ги имате во повеќе нијанси и дезени за да може да ги комбинирате со различна гардероба. Размислувајте како да бидете скоцкани од глава до петици во секој дел од денот и за секоја пригода а да изгледате тренди. Бидете шик со ...
Краток пат на запад му го пременил животот на Joe Hendricks. Кога се вратил дома во Нешвил Joe почнал да размислува како би може да патува цел живот без да троши пари за преноќување во хотели, потоа го пронашол Airstream кој е вид на приколка која овозможува да патувате каде ќе посакате и тоа во комфорот на вашиот дом. Јое го продал својот дотогашен дом, како и скоро се’ останато што поседува, па заедно со своето семејство решил да патува низ ...
The Dronestagram social network ја објави листата од најубави фотографии за 2017 година. Учесниците се натпреваруваа во 4 категории: Nature, Urban, People и Creativity. Погледнете ги победничките фотографии. Категорија: Nature #1 фотогра : jcourtial #2 фотограф: Calin Stan #3 фотограф: Florian Категорија: Urban #1 фотограф: bachirm #2 фотограф: alexeygo #3 фотограф: luckydron Категорија: People #1 фотограф: Martin Sanchez #2 форограф: ...
Овој неверојатен уметник преку низа илустрирани фотографии ни го претставува хоророт кој кружи околу нашето општество денеска. Неговото има е Игор Морски,а неговите дела го провоцираат умот да размислува за работи кои секојдневно ги правиме, но не им обнуваме внимание. Фотографиите се отворени за индивидуална интерпретација, но можеме сите да се согласиме дека се моќни, ни ги отвараат очите и го тераат нашиот ум да размислува подлабоко. ...
Водителката Јелена Спенџарска од утринската контактна емисија на Канал 5 беше суспендирана откако на гледач во емисијата му рече веќе да не се јавува и да шири негативна енергија. Таа во статус на Фејбук објави долг текст во кој ја кажува својата страна на приказната, но не се кае за стореното. Ова е нејзината објава: Драги пријатели, после неколку дена отсуство од фејсбук, мислам дека денеска, на најголемиот христијански празник ВЕЛИГДЕН е ...
Авторот на романот „Босоногиот Џо“ за безбол играчот Џозеф Џеферсон Џексон, канадскиот писател Вилијам Патрик Кинсел, почина на 81 година, потврди неговата портпаролка Каролин Свејзи. Портпаролката на прославениот актер наведе дека Вилијам Патрик Кинсел почина во петокот во Хоуп, во канадската држава на Британска Колумбија, како и тоа дека неговата смрт била со помош и присуство на доктор, што во Канада било легализирано во јуни оваа година. ...
Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) по вторпат ги додели признанија за најдобрите изданија, автори и издавачи кои го одбележаа периодот меѓу двата саема на книга. Во рамките на 30. издание на Саемот на книгата беа врачени признанија во осум категории. За наградите одлучуваше стручно жири во состав: проф. Владимир Мартиновски, новинарката Нина Стефанова и графичкиот дизајнер Ласко Џуровски. Прво место во категоријата за најдобра едиција е ...
Комплетната постава на групата „Аба“ се појави заедно во Шведска и ги изненади обожавателите со непланиран заеднички настап. Четирите музички ѕвезди се собраа во неделата на приватната прослава за 50-годишното партнерство на текстописците Бјорн Улваес и Бени Андерсон. За време на оваа гала вечер женскиот дел од составот Агнета Фелтск и Ани-Фрид Лингштад направија изведба на песната „The Way Old Friends Do“. На крајот од песната им се придружи и ...
Веќе Ве известивме, но да Ве потсетиме. Утре претставата „Симфонија на паѓањето“ ќе го одбележи Меѓународниот ден на театарот во алтернативниот театар Чекори. Театарската претстава „Симфонија на паѓањето“ е по делата на Данил Хармс, а утре повторно ќе се изведе по повод Меѓународниот ден на театарот 27 Март. Режисер на претставата е Петко Костовски. Актерскиот дел од екипата го сочинуваат: Виктор Петрески, Зорица Стоименовска, Маја Ѓурчевска, ...