Дали ќе се согласиме со Плутарх дека вредноста на образованието не се мери по бројот на прочитаните книги, туку по нивната употреба во животот? Во текот на целиот образовен процес сме прочитале стотици и стотици учебници и книги, но колку од сето она што сме го прочитале останало во нашето сеќавање и се врежало во нашите глави? Многу малку? Да, се согласувам. А ни велеа само да читаме, бидејќи сетоа тоа би ни било потребно еден ден во животот. ...

Мојата генерација е генерацијата која се роди во годината во која се „роди“ и самостојна, независна и суверена Република Македонија. Мојата генерација е генерацијата која детството го помина во периодот на транзицијата. Ова е генерацијата која се роди за време на воспоставувањето и градењето на еден комплетно нов систем. Ова е и генерацијата која живее во време на експанзија на информатичката технологијата. „Не седи на земја, ладно е!“. Колку ...

Оваа мисла (во мој слободен превод) кажана од неврологот Rita Levi-Montalcini, добитничка на Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1986 година, ми беше поттик да пишувањето на овој текст. Веднаш си го поставив прашањето за тоа каде сме ние младите луѓе во ова наше општество? Дали ние се изгубивме на патот по кој одевме за да постигнеме некоја цел и да станеме некој и нешто? Велат дека денес ние младите луѓе сме биле како пешачки ...