Скоро два месеци, бугарските граѓани во ек на Корона пандемијата, и во континуитет протестираат на софиските улици, но и на улиците на поголемите бугарски градови, барајќи оставка од владата предводена од Бојко Борисов, но и од новоназначениот државен јавен обвинител Иван Гешев. Демонстрантите ги обвинуваат нив за врски со корумпирани бизнисмени, заштитници на крупната-корумпирана-криминална бизнис олигархија, и го обвинуваат Борисов дека е ...

Собранието во Бугарија го преименува празникот 24 мај денот на светите браќа Кирил и Методиј и наместо на сесловенската, ќе ги слави како Ден на бугарската писменост. Предлогот од партијата на Красимир Каракачанов со мнозинство гласови и поддржано од партијата на премиерот Бојко Борисов помина во парламентот. Софија кирилицата ќе ја ословува како бугарска, а не словенска азбука. На 24 мај во Ватикан на гробот на сесловенските просветители одат и ...

Како бомба одекна веста низ Косово, и регионалните медиуми, дека поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, и обвинет во Хаг, за воени злосторства во војната на Косово од 1999 година, физички ја нападнал својата сопруга. Поранешниот косовски премиер, Рамуш Харадинај ја претепал својата сопруга, пишува косовскиот портал „Бота сот“. Извори од Ургентната клиника во Приштина за „Бота сот“ откриваат дека ноќеска имале случај од семејно насилство. ...

Денеска стана кристално јасно дека старо-новиот премиер Зоран Заев крие нешто од јавноста за односите со Бугарија. Неговата вербална еквилибристика ни отвара нови недоумици и таа не може да се затскрие зад дневно-политичките пресметки со неговиот опозициски опонент од ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Зашто, Заев едноставно не може да го поистовети Мицкоски со јавноста. Он може да мисли што сака за него и да го обвинува и клевети за сѐ и сешто, па ...

Македонија ги живее овие неколку денови, со драматичен раст на новозаразени од Ковид-19 вирусот. Пандемијата, го зема својот есенски бран, и многумина се прашуваат дали нашата држава има институционални и здравствени капацитети да се справи со толкав број на заразени во еден ден, последователно. Веќе психолошката бројка од над 500 во еден ден се надмина. Епидемиолозите предупредуваат дека со несовесното однесување на граѓаните, може да ...

Во организација на Здружението Изгрејсонце со поддршка на Green European Foundation – GEF, се одржа ZOOM конференција во рамки на проектот „Градовите како места на надеж“. Во име на организаторот се обрати: Александар Ѓорѓиевски како модератор на настанот и Национален координатор на проектот „Градовите како места на надеж. На конференцијата говореа: Маја Морачанин, пратеничка и лидерка на зелената партија ДОМ која говореше за значењето на ...

Во организација на Здружението Изгрејсонце со поддршка на Green European Foundation – GEF од Белгија, на 17.12.2020 од 18.00 до 19.30 часот ќе се одржи ZOOM вебинар на тема “Трансформација кон енергетска демократија”. На овој настан ќе ја потенцираме потребата за подемократско и поинклузивно општество преку решенијата и искуствата во рамките на ЕУ и земјите кандидати, како и разгледување на економски алтернативи и итноста на климатските промени. ...

Со години Западен Балкан е еден од најпогодените регионите во Европа од загадувањето на воздухот. Градовите во овој регион честопати се на врвот на листите со најзагадените градови во светот. Кога на ова ќе се додаде пандемијата КОВИД-19, која во голема мерка ја одбележа 2020 година и сè уште трае, се добива дополнително зголемување на респираторните заболувања и повисоки стапки на смртност. Несреќата никогаш не доаѓа сама – ова е добро позната ...

Во услови кога вестите за тешките последици од пандемијата предизвикана од корона-вирусот и неопходната имунизацијата која стартуваше и во нашата земја не бомбардираат од сите информативни гласила, хуманоста на човештвото е она што најмногу ни ги стоплува срцата. Последниот доказ дека човечноста се уште постои ни доаѓа од медицинско лице вработено во битолска болница кое иако не било во негов домен на работни обврски, направило напор да се ...

Во име на веќе доставеното барање за Водно, потпишано од 38 здруженија и иницијативи, сите ислушани јавни расправи досега и имајќи ги предвид бројните студии и експерти кои проговорија јасно и гласно за сестраната и комплексна важност на Водно, го повикуваме Министерот да ги објасни сите изјави и ставови што прострујуваат низ медиумите овие денови дека Министерството има изготвен став, и тоа изнесен во јавност преку Владата 4 дена пред највените ...

ЕДУИНО-амбасадори е иницијатива на колективниот портал за дигитални образовни содржини ЕДУИНО, кој настана во март минатата година како одговор на пандемијата и решение на потребата за учење од далечина. Иницијативата подразбира јавно признание за наставниците што снимиле најмногу видеа и изработиле најмногу активности за игра во домашни услови. „За првпат им оддаваме јавно признание на наставниците што се движечката сила на образованието, а со ...

Здружението за значење на еколошкото образование за осовременување на образовниот процес, ЗЕОООП – Скопје, овозможува едукација и проучување за важноста на образованието за животна средина и модернизација во образовниот процес, од гледна точка на социјалната екологија како посебна социологија која го проучува специфичниот однос помеѓу човекот и неговата околина. За таа цел ЗЕОООП Ве поканува на Работилница на тема ”Климатските промени во ...

Жртвите на родово и сексуално насилство треба да добијат соодветен јавен простор каде ќе може без осуди, предрасуди и сомнежи да ги претстават своите приказни, за тоа низ што поминале и да добијат поддршка. Затоа наскоро ќе биде отворена „Галерија на непобарани уметности“ во организација на Сашка Стефановска. „Сакам да ви претставам еден концепт каде што жртвите на родово-базирано насилство, како и сексуално насилство и вознемирување ќе можат да ...

Во петок вечер, на трката Т52 на 400 метри меѓу натпреварувачките на Параолимписките игри во Рио де Женеиро се очекува и Белгијката, Мариеке Верворт, спринтерка во количка. Следната недела, 37-годишната Мариеке треба да ја брани олимписката титула во трката на 100 метри, освоена пред четири години во Лондон, каде зеде и сребро на трката со количка на 200 метри. Покрај овие успеси, таа вели дека Рио е нејзина последна желба, а по враќањето дома ...

Овој човек ги надмина сите уживатели на екстремните спортови. Тој скокнал од висина од 200 метри, но не ја гледал земјата поради густата магла. Непознат “Base Jumper” скокнал од највисоката зграда во Дубаи, додека под него се простирале густи облаци низ кои морал да мине за да ја види земјата, пренесува Telegraf.rs. Мажот скокнал од неверојатна висина од 200 метри. “Base Jumper”-от на својот шлем имал монтирано камера, па скокот од неговата ...

Италијанскиот мотоциклист Валентино Роси верува дека оваа сезона во Мото ГП шампионатот ќе биде многу неизвесна, можно е повторно да видиме голем број на различни победници. Во претходниот шампионат беа забележани рекордни девет победници во “кралската класа”, додека италијанскиот возач на Јамаха верува дека оваа година би можеле да видиме осум од нив како победници. “За мене, осум возачи можат да победат во нормални услови: Маркез, Лоренцо, ...

Брзо и вкусно, идеално за подготовка кога сте во брзање или кога не сакате да се задржувате во кујна подолго време Потребни состојки: * 6 пилешки копани * 125 гр. шампињони * 230 мл. супа * 100 мл. суво бело вино * 80 мл. павлака * 2 лажици сенф * 30 гр. путер * 10 гр. масло * 3 чешниња лук * мајчина душица * сол и бибер Начин на подготовка: Загрејте тава на оган и додадете го путерот во неа, а потоа и маслото. Исушете ги копаните, така што ќе ...

Граѓанското здружение „Анима Мунди“ најаува јавен собир под мотото „Македонија против насилство врз животните!“. Протестот ќе се оддржи во недела во 12.30 часот на Плоштад Македонија во Скопје. Во име и заедно со бројни македонски граѓани, хумани луѓе и љубители на животни од здружението бараат: „Масовна стерилизација, а не масовна елиминација на животните – на улица, или во стационари како скопско Вардариште. Забрана на слободната продажба на ...

Еден од најбараните техно диџеи и продуценти на денешницата, Ben Klock на 20-ти октомври, петок ќе настапува на СРЦ Кале, Скопје. Заедно со него ќе пуштаат музика DJ Flooder, Maci Stojanovic и Dusko Janevski. Дефинитивно Klock е името кое речиси една декада е на врвот од листата на најдобри диџеи во светот, што секоја година се објавува од страна на Resident Advisor – најреномираниот интернет магазин на денешницата. Неговиот пат кон светската ...

Abdalla Al Omari е сириски уметник кои решил да им прати силна порака на светските лидери за кои тој вели дека се индеферентни во врска со бегалската криза. Abdalla создал колекција од дела која ја нарекол The Vulnerability Series каде што познатите светски лидери како Доналд Трамп, Барак Обама, Хилари Клинтон и многу други ги портретирал како бегалци. Погледнете ја неговата колекција Неговиот instagram профил можете да го посетите тука. ...

Неколку дена наназад, фреквенцијата 89,0 преку која зрачеше најстариот охридски медиум, „Радио Охрид“, не е активна во радиоетерот. За причините официјално никој не сака да зборува. Згаснувањето на сигналот дошло како последица на одлуката на охридската фирма „Маеми“, која пред околу една година го купи радиото од претходниот сопственик АМАК-СП, нo не го впишала својот удел како сопственост во Централнот регистар. Охриѓани, редовните слушатели, ...

Египетската државна телевизија суспендираше осум свои водителки, а причината за тоа е телесната тежина. На водителките им било соопштено дека мора да бидат на диета, јави BBC. Египетската радиотелевизија им даде рок на водителките еден месец да ослабат пред да можат да се појават пред камерите во „примерно издание“. Ваквата објава предизвика протест меѓу посочените водителки, а Египетскиот женски центар за правна помош ја осуди оваа мерка, ...

Волонтерите од фејсбук-групата за помош на настраданите во поплавите во Скопје, јавно ги повикаа сите македонски писатели и издавачи да се вклучат во активностите под мотото „И перото спасува живот“. Се повикуваат, од денеска со почеток во 10 часот, да донесат дел од тиражите на своите книги, на одделен дел од пунктот во „Сити мол“ и континуирано, кога се во можност, писателите и лично да бидат присутни за да ги потпишуваат книгите на ...

На вчерашното свечено затворање на 37-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“, две лица кои учествуваа во перформансот за кој обвинија дека е забранет, се качија на сцената а една од нив ги соблече и ги фрли чевлите, јави телевизија Орбис. По ова, веднаш реагираше и обезбедувањето, кое и двајцата ги острани од сцената. Протестот е во знак на револт, откако вчера сценската изведба на перформансот „Циклусот на животот“ предвидена за затворањето на ...

По повод 27-ми Март – Меѓународниот ден на театарот, Театар „Чекори“ и оваа година, во манирот на долгогодишната традиција, ќе изведе претстава од својот репертоар. Алтернативниот театар досега со неколку претстави ја воодушеви публиката, а сега повторно ќе ја изведе „Симфонија на паѓањето“ – по делата на Данил Хармс. Претставата ќе се одигра во Џебното кино МКЦ со почеток од 20:00 часот. Режисер на претставата е Петко Костовски, а улогите ги ...

Мегапопуларната серија „Game of Thrones“ веќе 7 сезони ги освојува нашите срца, темите како војна, љубов, омраза и предавство испреплетени со мистични суштества не терат нетрпеливо да ја чекаме секоја нова епизода. Доколку ја гледате оваа серија веќе знаете за сплетките и заговорите кои кружат околу серијалот, но што се случува кога актерите кои ние ги познаваме како главни протагонисти имаат слободно време позади камерите. Emilia Clarke односно ...

После 15 години од оригиналната изведба на Тетово Фолк Фест, песната „Распукај срце ко Шар планина“ од Наум Петрески доби кавер-верзија од талентираниот Христијан Тришоски. Покрај Христијан како вокал, во преработката на оваа преубава песна своја улога имаат и врвните музичари Бојан Кузманоски (клавијатура), Даниел Божиноски (кларинет), Филип Михајлоски (канон). Видеото го сними Александар Тришоски во кичевскиот локал „Република“. Во продолжение ...

Реката Слимс, која течеше преку Канада 300 години, исчезна од лицето на Земјата во 2016 година, пренесува Бизнис Инсајдер. За само четири дена, нивото на водата на реката падна во целост, а на нејзино место денес се наоѓа празно и суво речно корито. Научниците велат дека исчезнувањето на реката е предизвикано од климатските промени, односно од промената на глечерите, и се предвидува дека слична судбина ќе ги снајде многу реки во целиот свет. ...

Австралиски истакнати научници објавија дека е дојден крајот на СИДА-та во земјата-континент како проблем на јавното здравство, пренесе ДПА. Истражувачите констатирале дека секоја година бројот на Австралијците, дијагностицирани со СИДА се намалува, достигнувајќи незначителни броеви. Според експертите деновите на фаталниот синдром се изброени. Научниците од неколку истражувачки групи соопштија дека бројот на смртните случаи предизвикани од ...

Пирамидите биле изградени од цивилизациите во повеќе делови од светот. Илјадници години најголемите градби на Земјата биле пирамидите — прво Црвената пирамида во Дашур и потоа Кеопсовата пирамида во Гиза — обете во Египет, втората е единствената од седумте светски чуда од античкиот свет која е сè уште преостаната. Пирамидата во Куфу главно е изградена од варовник (со големи црвени гранитни грутки, користени во некои внатрешни соби,) и се смета ...

Скопје

9ᴼ/9ᴼ
1.03
87%
1024

Белград

15ᴼ/11ᴼ
3.09
54%
1021

Софија

9ᴼ/9ᴼ
1.03
81%
1025

Сараево

13ᴼ/13ᴼ
2.58
72%
1026

Љубљана

12ᴼ/4ᴼ
1.54
82%
1000

Атина

19ᴼ/15ᴼ
4.63
62%
1018

Тирана

11ᴼ/11ᴼ
2.06
94%
1020

Подгорица

12ᴼ/8ᴼ
0.0
76%
1020
Currency

61.5455

Currency

57.5106

Currency

71.9099

Currency

37.5984

Currency

42.1023

Currency

62.9736

Currency

7.93732

Currency

0.62399

Currency

0.36369

Currency

0.52538

Currency

1.76788

Currency

0.68955

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

546 $

Никел

616639 $

Рутениум

24115 $

Калај

33 $

Сребро

877 $

Злато

74957 $

Бакар

9 $

Паладиум

30939 $

Платина

29529 $

Родиум

151607 $

Цинк

91511 $