
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Архитектонските студија Carmody Groarke и TRANS Architectuur Stedenbouw заедно со научници кои истражуваат можности за нови одржливи градежни материјали, создадоа нов вид тула која ќе го намали загадувањето на животната средина, а веќе е планирано и нејзино користење за изградба на новото крило на Музејот за дизајн во Гент. Имено, во соработка со стручњаците за циркуларна економија од Local Works Studio и производителот на материјали BC ...
Словенија најави инвестиции од 3,5 милијарди евра во електродистрибутивниот систем во наредните десет години, со цел надминување на предизвиците од енергетската транзиција. Овие инвестиции се опфатени со развојниот план за периодот од 2023 до 2032 година, кој неодамна доби зелено светло од Агенцијата за енергетика. Имено, Планот за развој на електродистрибутивната мрежа во периодот од 2023 до 2032 година, треба да одговори на предизвиците кои ги ...
Неповторливиот мијачки центар Галичник во текот на минатите векови ни подари низа истакнати знаменити личности, кои ни оставија врвни дела од областа на градителството, зографството, иконописот, ликовната уметност и копаничарството. Во таа редица великани, посебно место му припаѓа на градителот и ктитор Арсениј, архимандрит и игумен на манастирот Св. Јован Бигорски. Арсениј со својот генијален, возвишен, молитвен и креативен дух за 32 години ...
Некои парчиња мебел можат да имаат двојни функции, додека има и такви кои можат да бидат и декоративни и корисни. Постојат и оние кои можат брзо да се отстранат кога не се користат, со што се добива повеќе простор, а истовремено прават ограничениот простор да изгледа подобро. Да се најде нешто што го може сето тоа може да биде предизвик, но има многу креативни дизајнери на мебел кои се подготвени за тој предизвик. Flow ѕидната маса на ...
Прославената британска архитектонска фирма Heatherwick Studio го претстави проектот на амфитеатр покрај седиштето на познатиот производител на мотори Harley-Davidson во Милвоки. Harley-Davidson оваа година слави 120 години од своето постоење. Овој момент е искористен за да и даде на компанијата сосема ново руво. Првиот чекор за промена на изгледот на фабриката е изградба на парк, кој ќе биде изграден на местото на сегашниот паркинг. Тоа ќе биде ...
WERK Arkitekter и Snøhetta заедно со Oluf Jørgensen го завршија „светилникот“, нов поморски центар за крајбрежниот град Есбјерг во Данска. Тимот победи на конкурсот при што покрај предлог решението за поморскиот центар, проектот содржи и простор за клубови за спортови на вода, магацин за чамци, капацитети за обука, голема работилница и социјални простори. Проектот наречен „Светилник“ инспириран од обликот и материјалноста на локалните фенери, ...
Уставниот суд на вчерашната седница ја укина Одлуката со која на 18 јули 2014-та година Советот на општина Центар го донесе Детален урбанистички план, Градска четврт Ј07 локалитет Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило, Цвеќара. Судот оцени дека начинот на донесување на ДУП Ј07 е спротивен на Законот за локална самоуправа, затоа што не било обезбедено потребното мнозинство од 12 гласа ЗА, како што ...
Компанијата „Електромреже Србије“ (EMС) доби брант од 8,5 милиони евра за изградба на четвртата делница од Трансбалканскиот коридор, што дополнително ќе ја забрза реализацијата на овој проект кој ги поврзува електроенерегтските системи на Бугарија, Унгарија, Србија, Романија, Босна и Херцеговина и Црна Гора и овозможува поголем транзит на енергија. Грантот е добиен од Европската унија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF). Во склоп ...
Пратениците на Европскиот парламент со значително мнозинство се изјаснија за предлогот за забрана на сите видови отпад наменет за одлагање надвор од границите на земјите од ЕУ, освен во исклучителни и оправдани случаи. Во усвоениот текст, предложена е и забрана на пластичниот и опасен отпад од ЕУ, во земји кои не се членки на OECD. Предлогот за измени на оваа регулатива подразбира утврдување на нови процедури и контролни мерки за управување со ...
Канадската компанија Gluxkind ги разгалува родителите, а не бебињата! Количката за бебиња Ella е опремена со вештачка интелигенција за полесно ракување, може сама да се движи и секако да се лула. На прв поглед изгледа како обична количка, но преполна е со неверојатни карактеристики кои буквално ги спасуваат уморните родители. Седиштето за количка работи со батерии и е опремено со прилагодлива асистенција за буткање и стопирање. Нема да ве ...
Идејата водилка зад проектирањето на овој ентериер на стан од 25 квадратни метри во Задар била да се добие wow ефект што ќе го стави високо на листата на станови за изнајмување на туристи. Она што му недостасува на станот во површината на основата, надоместено е со дизајнирање на мултифункционален мебел. Станува збор за гарсоњера, една главна просторија од 18 квадратни метри, по потреба е кујна, трпезарија, дневна или спална соба. ...
Архитектот Балкришна Виталдас Доши, добитник на Прицкеровата награда за 2018 година и златниот медал РИБА за 2022 година, почина на 95-годишна возраст во Ахмедабад, Индија, во вторникот, 24 јануари 2023 година, објавија неколку индиски медиуми, вклучително и Architectural Digest India. Сметан за еден од најпознатите архитекти кои ја обликувале архитектурата на втората најнаселена земја во светот и нејзините соседни региони, Доши во голема мера ...
Стадионот „Рајко Митиќ“ попознат како „Маракана“, годинава полни 60 години. Но, клубот „Цевена звезда“ планира изградба на нов стадион, па стариот ќе биде срушен. Во изминатите години, анализирани се бројни проекти, а за најдоброто избрано решение генералниот директор Терзиќ зборувал пред околу два месеци гостувајќи на Економскиот факултет во Белград. „Би сакале новиот стадион да биде околу 300-400 метри посеверно, поради инфраструктурата и ...
Романија и Бугарија се договорија за изградба на два хидроенергетски проекти на Дунав. Двете држави би требало да потпишат меморандум за соработка на заеднички проекти наредниот месец. Романската државна компанија Hidroelectrica ќе биде главен изведувач на двата проекти на Дунав. Проценето е дека овие две хидроцентрали би можела да трае пет до шест години. Првата електрана (на романска територија Турну – Магуреле – Никопол) ќе има капацитет од ...
Уставниот суд денес треба да донесе конечна одлука во врска со предметот со кој е оспорена одлуката на општина Центар од 2014 година за Деталениот урбанистички план Градска четврт Ј07 локалитет Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара, изработен од планерската куќа „Билд“. На седницата која се одржа на 16 ноември 2022 година Уставниот суд поведе постапка и во меѓувреме го запре извршувањето ...
Германското архитектонско студио ГМП Архитекти на архитектите фон Геркан и Марг, победи на отворениот конкурс кој беше распишан во две фази, за санација и проширување на работилницата за обликување гипс на Државниот музеј во Берлин / Staatliche Museen zu Berlin. Конкурсните предлози ќе бидат претставени на јавноста од 31 јануари 2023 година на Културфорум во Берлин. Одлуката објавена пред неколку дена беше донесена на состанокот на жирито, со ...
Жителите на најголемиот холандски град ќе можат да ги паркираат своите велосипеди под вода за неколку дена, благодарение на иновативниот нов паркинг простор кој е штотуку завршен. Градските власти се надеваат дека ќе го намалат метежот за паркирање велосипеди, што е вистински проблем во градот, со додавање на 7.000 паркинг места под централната станица во Амстердам. Паркирање под вода Паркингот треба да се отвори на 26 јануари и ќе има ...
Кон крајот на 20-тиот век, барем во Европа, „милениумската бубачка“ која ја загрозуваше функционалноста на кревката глобална дигитална инфраструктура се чинеше како најголемиот предизвик на 21-виот век. Студената војна и железната завеса станаа нешто од минатото на Европа, еднопартиските политички системи беа заменети со повеќепартиски, а планската и ограничената пазарна екомомија ѝ отстапија место на слободната пазарна економија. Веројатно и во ...
Американската вселенска агенција NASA и воздухопловниот гигант Boeing, објавија дека се здружуваат во развојот на комерцијален авион од следната генерација со ниски емисии. NASA ќе инвестира 425 милиони долари во текот на седум години во овој проект, а Boeing и неговите партнери речиси 725 милиони долари. „Целта е да се произведат комерцијални авиони на иднината кои ќе бидат поефикасни во потрошувачката ан гориво и кои ќе имаат бројни предности ...
Louis Vuitton и Френк Гери уште еднаш ги здружуваат силите за да го издигнат мирисот до уметност, овој пат со супер ексклузивното и колоритно уметничко Les Extraits Murano издание. Архитектот претходно ја трансформираше колекцијата на француската куќа Les Extrait во мали, емотивни скулптури со сребрени капи. Сега, тој спектакуларно го трансформира своето оригинално капаче за шише парфем во извонредна нова креација, овој пат со помош на мајсторот ...
На централниот милански плоштад Piazza San Babila се појави непогрешливиот допир на Yayoi Kusama. Всушност, Louis Vuitton го прослави отворањето на својот нов милански простор, во поранешната Garage Traversi на Via Bagutta, со импресивна инсталација инспирирана од уметноста на Kusama и мотиви што се повторуваат, која се шири на блискиот плоштад со четири тикви на јапонската уметница. Новите простори на Maison се развиваат на три нивоа: две ...
На ревијата пролет/лето 2023 година, одржана на модната недела во Милано, посетителите можеа да бидат присуствуваат, покрај ревијата на најновите модели на Дизел, на поставување на нов светски рекорд. Станува збор за најголемата скулптура на надувување креирана од Studio Dennis Vanderbroeck од Холандија за италијанскиот бренд Дизел. Во центарот на Allianz Cloud Arena со 5.000 седишта, на подлога брендирана со знакот на Дизел, поставена е ...
По повод стогодишнината од извонредната школа Баухаус се спроведе интензивна и речиси титанска истрага (и покрај тешкотиите и недостигот на информации) да се означат, потсетат и реафирмираат голем дел од фигурите што го направија Баухаус универзален репер на дваесеттиот век. Меѓу произведените написи, неопходно е да се истакнат оние посветени на голем број архитектки, меѓу кои Лили Рајх, Вера Мајер-Валдек, Гунта Штелцл, Алма Сидехоф-Бусер, ...
Европската комисија го претстави првиот извештај за напредокот за „Новиот европски Баухаус“ (New European Bauhaus – NEB), во кој се анализираат постигнувањата во првите две години од оваа иницијатива, како и првата алатка за проценка на NEB. Во склоп на NEB е создадена голема заедница на организации и граѓани ширум Европа кои работат на заедничка визија во која се комбинираат одржливоста, инклузивноста и естетиката. Клучните активности на NEB, ...
На околу 35 километри од Скопје, во областа Торбешија, се наоѓа планинското село Патишка Река кое има има 579 жители. Селото е сместено на 1.243 метри надморска височина (неговата највисока точка) на планината Караџица. Тоа со кое плени ова село е убавата природа, а над селото високо се издигнуваат врвовите Остри Врв (2.263 м.) и Убава (2.346 м.). Низ селото поминува Патишка Река, река понорница, која извира собирајќи ги водите од гребенот ...
Отворен кон крајот на минатата година во Белград, GIG е замислен како луксузен ресторан и винотека со акцент на органски вина и со можност за дегустација. Ресторанот и винотеката зафаќаат површина од 224 квадратни метри, додека внатрешното уредување е доверено на белградското Студио Флуид. Важноста на архитектурата во гастрономијата Проектантите нагласуваат дека архитектурата е многу важна во гастрономската индустрија бидејќи става во функција ...
Музејот Soulages, во режија на Беноа Декрон, ја претставува изложбата „ Ici et ailleurs, la matière et le temps / Овде и на друго место, материја и време“ во чест на архитектите на музејот, RCR архитекти. Изложбата, која ќе биде отворена за јавноста до 7 мај 2023 година, претставува исцрпна рекапитулација на работата на архитектите, презентирајќи преку широк спектар на медиуми, вклучувајќи колекција на модели, планови, скици, идеограми и ...
Според неколку направени студии во врска со загадувањето на воздухот во градот Скопје, главната причина за тоа е загревањето на просториите и тоа најмногу во домаќинствата, но и во разни институции и комерцијални објекти. Кај домаќинствата, загревањето со дрва е главниот извор на загадувањето. Нема сомневање дека тоа е точно бидејќи загадувањето на воздухот се јавува само во грејната сезона. Влијанието врз здравјето на луѓето е големо. ...
Го пренесуваме соопштението на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД околу предлог мерките за намалување на аерозагадувањето во Скопје. Загадувањето во Скопје со години е проблем на сите негови жители, а со тоа и на секоја власт. Колку побрзо се почне со спроведување мерки кои меѓусебно се надополнуваат и си го зголемуваат позитивниот ефект врз квалитетот на воздухот – толку побрзо ќе го решиме овој долгогодишен проблем. ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД предлага 6 мерки кои треба ...
Секретаријатот на Енергетската заедница започна да прима пријави за Летната школа на Енергетската заедница која оваа година ќе се одржи во Белград од 19-ти до 26-ти август. Постдипломците, истражувачите од областа на енергетиката или младите професионалци од владините институции, компании, истражувачки центри или невладини организации, имаат рок да се пријават до 31-ви март. Летната школа се фокусира на енергетските системи во транзиција, ...