Руските нафтени компании во неделите по наметнувањето на ограничувањата на цените заработија многу повеќе пари отколку што првично се мислеше, изјави група експерти за Bloomberg. Новото истражување на Bloomberg го оспорува тврдењето дека ценовните ограничувања успешно го намалуваат приходот на Москва. Руската нафта, четири недели по воведувањето на ограничувањата, достигна просечна цена од 74 долари за барел, покажуваат пресметките на ...

Интензивни бои и закосени форми ја карактеризираат новата предучилишна установа во чешкото место на Ричани, едно од поголемите предградија на Прага, за која проектот го потпишува бирото „Архитектура“. Обликувањето на градинката „Ветрњик“ се заснова на детството, со концепт кој има за цел да долови разиграност и спонтаност, па заради тоа во проектот се нашле форми што интерпретираат шатори и пештери. Отсуство на геометрија во умот на децата ...

Инженерите од Институтот за технологија во Масачусетс (MIT) успеале да развијат роботско срце, кое го произвеле со помош на 3D печатач. Роботското срце ќе им помогне на лекарите да ја прилагодат терапијата за пациентите со уникатна структура и функција на срцето. Персонализираното 3D печатено срце може да го контролира и имитира капацитетот ан пациентот „да пумпа крв“. Процедурата започнала така што истражувачите ги претвориле медицинските ...

Компанијата Neoen го претстави првиот прирачник за агросолар во Хрватска и ја најави изградбата на првиот агросоларен проект во оваа држава, кој би требало да има инсталирана моќност од 10 MW. Агролорарните паркови изгледа полека ќе го освојат регионот, бидејќи неодамна во Србија е најавен втор проект од овој вид во таа земја. Прирачникот за агросолар, носи бројни корисни информации, меѓу кои и одговори на прашањата како изгледаат тие постројки, ...

Турција објави прописи за обнова на уништениот регион од земјотресите за да им овозможи на компаниите или хуманитарните организации да помогнат во итната изградбата на нови домови за милиони на кои им е потребно сместување. Повеќе од 160.000 згради, со 520.000 станови, се урнаа или беа тешко оштетени во земјотресите во Турција, објави Ројтерс. Бројот на загинатите во земјотресите во Турција е над 43.500, додека во соседна Сирија загинаа близу ...

На 1. март во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложба на дела од уметникот Петар Лубарда. Изложбата е заедничката соработка на министерствата за култура на Црна Гора и Република Северна Македонија, амбасадата на Црна Гора и Музејот на современа уметност – Скопје под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. Куратори на изложбата се Благоја Варошанец и Владимир ...

Бразилското архитектонско биро mf+arquitetos изработило проект за приватна резиденција во Uberlândia, Бразил. Наречена Lake House, приземната куќата од 557 квадратни метри сместена е во рамен пејзаж, по должина на фасадата поставени се дрвени ротирачки панели кои ја пропуштаат и контролираат светлината. Куќата се состои од линеарен волумен што се протега во должина од 36,5 метри, со висина на плафонот од 2,60 метри. Целта на проектот била да ...

Скулптурата „Куче од балон“ вредна 42.000 долари се урна кога восхитена колекционерка на уметнички дела случајно го уништи делото на славниот уметник. Скулптурата од американскиот уметник Џеф Кунс од син порцелан беше изложена на штандот Bel-Air Fine Art за време на саемот за современа уметност Art Wynwood во Мајами. Сината скулптура „Куче од балон“ беше најпопуларна на целиот саем, дури и пред да се урне и да привлече внимание. Уметникот и ...

MVRDV го заврши пазарот на големо со уреден и јавно достапен кров во Таинан, Тајван. Наречен Таинан Маркет, новиот пазар на големо служи за продажба на овошје и зеленчук на локалната заедница во Таинан. Не само што е важен центар во ланецот за снабдување со храна на Таинан, туку и станува дестинација за средба и дружење. Благодарение на неговиот брановиден зелен кров, пазарот од 12.331 метри квадратни пружа поглед на околниот пејзаж од ...

Откако минатата недела европските парламентарци ја изгласаа забраната за продажба на автомобили со дизел или бензински мотори од 2035 година, се поставува прашањето до каде еколошки свесните политичари се подготвени да одат, бидејќи веќе се пласира тезата дека климатските промени нема да бидат запрени доколку не се ограничи правото на располагање со лични возила. Тоа е целосно нова димензија на зелените политики која влегува во зоната на ...

Со последните измени и дополнувања на бугарскиот Закон за просторно планирање, значајно ќе се олесни поставувањето на соларни електрани на покривите. Тие стапија на сила на 20-ти јануари 2023 година, со што се воведува поедноставена процедура за добивање на потребната документација (дозволи, одобренија и сл.), како и за самата изградба на фотоволтаици и соларни термални системи. Сега веќе не е потребна градежна дозвола за изградба, поправка или ...

Семејна куќа е најфлексибилниот архитектонски жанр каде се можни сите крајности на создавање простор. Оваа куќа претставува една од можните крајности. Волумен на повеќе нивоа, втиснат во карпа, својата појавност ја обликува со топографијата на крововите и преплетувањето на синкасти рефлексии на стаклените ленти на оградите и фасадите. Куќата не се состои од спални и дневни соби, туку мноштво места вмрежени во просторен чвор на ентериер и ...

Проектантското биро од Подгорица „Биро 81000“, го претстави својот проект на хотелскиот комплекс наречен Peaks of Montenegro. Комплексот се наоѓа во Општина Колашин, оддалечен 72 километри од главниот град на Црна Гора, на половина пат помеѓу градот и ски-центарот, а веднаш до хотелот, во низа, се четири депанданси со сопствени сместувачки капацитети. Хотелот е проектиран како слободностоечки објект на приземје, два ката и поткровје. Влезот ...

Директорот на компанијата „Ренфе“, која е задолжена за железничкиот сообраќај во Шпанија, поднесе оставка, бидејќи за 258 милиони евра се купени возови кои се преголеми за тунелите на пругата меѓу Астурија и Кантабрија. Бидејќи набавката на некомпатибилни возови предизвика бурни реакции во јавноста, оставка поднесе и државната секретарка за сообраќај. Плановите за модернизација на железничкиот сообраќај во северна Шпанија беа објавени пред три ...

Наместо вообичаените слики од поплавениот плоштад Свети Марко, деновиве од Венеција пристигнуваат призори од суви канали. Оваа година, поголемиот дел од европските планини забележаа пониска висина на снежната покривка од вообичаеното. Со денови на интернет кружеа фотографии од празни скијачки центри, а се појави и вест дека еден вид кактус стана вообичаен жител на швајцарските Алпи. Што значи дека климата на Стариот континент станува се ...

Енергетската криза во ЕУ веројатно се смирува, имајќи предвид дека гасот падна под 50 евра по MWh, што е најниско ниво во изминатата година и пол. Производителите на електрична и топлинска енергија, снабдувачите и потрошувачите сепак ги чека неизвесност во поглед на резервите на фосилни горива за следната зима, а во моментот се соочуваат со раст на цените за емисиите на јаглерод диоксид. Претходниот сериозен раст е забележан во август, во екот ...

„Електро Љубљана“, една од петте дистрибутивни компании во Словенија кои ја вршат дејноста оператор на дистрибутивниот систем, ги повикала своите купувачи да се пријават за пружање на услугата на флексибилност. Имено, компанијата им нуди на потрошувачите можност за заработка доколку допринесат за флексибилноста на мрежата, што е клучно за нејзината стабилност. Токму одржувањето на стабилноста во последните години е сериозен предизвик за ...

Архитектонските студија Joan Josep Fortuny Giró и Alventosa Morell Arquitectes беа дел од проектот за изградба на станбен комплекс, составен од 54 единици за социјално загрозени категории корисници, во градот Инки, на Балеарските Острови, Шпанија. Парцелата, на која истиот е лоциран има правоаголна форма и е со приближна површина од 3.266 m². Предложенoто решение се однесува на два фундаментални аспекти, постигнување на правилно инкорпорирање ...

Земјите од ЕУ заеднички повикаа на постепено напуштање од фосилните горива во светот. Нацрт документот на ЕУ, сугерира речиси 200 земји кои учествувале на претходниот климатски самит на Обединетите Нации да се обврзат постепено да се откажат од производството на енергија од јаглен и дека треба да одат чекор понатаму. Според овој документ, треба постепено откажување од сите фосилни горива, односно горива кои емитуваат јаглерод диоксид, ...

Новата грчка термоелектрана Ptolemaida 5, би требало да биде пуштена во комерцијална работа следниот месец. Тоа значи дека од март во грчкиот електроенергетски систем ќе биде вклучен термо капацитет од 660 MW, дополнително зголемувајќи ја сигурноста во снабдувањето. Изградбата на оваа електрана започнала во 2013 година, а чинела околу 1,4 милијарди евра. Тоа е најголемата единица на лигнит во сопственост на PPC. Овој блок има значително пониски ...

Компанијата „Бео Чиста Енергија“ која управува со проектот за санација на старата и изградба на нова депонија на локацијата „Винча“, започна со производство на електрична и топлинска енергија со спалување на отпад. Постријката за производство на енергија е во пробна работа, која ќе трае до јуни, кога ќе биде достигнат полниот капацитет. Активирањето на постројката за енергетско искористување на комуналниот отпад со моќност од 103 MW, ...

„Oceaniums“, пловечки стадиони на Vincent Callebaut Architectures, даваат нова перспектива на меѓународните спортски настани. Сега нема навивачите да бидат оние кои одат на стадионите, туку стадионите ќе одат кај навивачите. Наместо постојано да се градат нови стадиони за потребите на секое ново Светско првенство или други меѓународни спортски настани како што се Олимписките игри, француското архитектонско биро Vincent Callebaut Architectures ...

Мексико веќе извесно време ги разгледува начините да инвестира во обновување на своите девастирани мочуришта, кои, како и во другите делови на светот, беа оценети како главни извори на болести, или едноставно преексплоатирани и сушени за снабдување со ирационални земјоделски процеси или за генерирање уредување и паркови.голф на невозможни територии. Во моментов, се препознава нивниот еколошки регенеративен капацитет и вредноста како ...

Данската компанија Autofuel, развила роботски систем за полнење на гориво кој го елиминира присуството на возачот или на вработениот на бензинската пумпа. Системот се состои од роботска рака, како и апликација преку која се врши идентификација на купувачот и плаќање. Компанијата Autofuel истакнува дека процесот на полнење гориво е непроменет во последните 70 години, додека технологијата во тој период се развивала многу брзо, па денес имаме брз ...

Разорниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија, повторно ја покрена расправата за безбедноста на нуклеарната електрана во изградба Akkuyu, која што се гради на турскиот јужен брег на Средоземното море. Оваа локација е на околу 394 километри од епицентарот на последниот земјотрес, а проектирана е да издржи и посилни земјотреси, односно не претрпела никаква штета на 6-ти февруари. Турските нуклеарни регулатори дале дозвола за изградба на оваа ...

Дизајнерите на луксузните брендови Montblanc и Ferrari го пренесуваат елегантниот изглед на легендарниот суперавтомобил Daytona SP3 на оригинален инструмент за пишување. Ferrari и Montblanc не се непознати еден на друг, бидејќи претходно соработуваа за да му оддадат почит на легендарниот „татко“ на италијанските автомобили, Енцо Ферари, со јубилеен сет на мастилни пенкала. Како што се испостави, нивната претходна соработка била само почеток, ...

Навлегувајќи ги во својата суштина корените на конструктивната традиција на градење на северот на Сорија, проектот за толкувачки центар е отелотворен во интегрирана типологија со правилна форма или таканаречената „четиристрана кабина“. Во неа, главниот внатрешен простор е посветен на поттикнување на социјалниот аспект на посетителите, придружен со информативен простор, додека, јавните тоалети се наоѓаат периметрално во низа заедно со внатрешнтаа ...

Пред 90 години, Alfonso Bialetti создал еден од најлегендарните предмети на италијанскиот дизајн, внесувајќи еспресо во домовите. Оттогаш се продадени стотици милиони негови Moka Express, благодарение и на иновативната стратегија за рекламирање. „Погледнете колку малку е потребно за да се направат луѓето среќни, половина шолја кафе…“. Со овие зборови Eduardo De Filipp го завршил својот познат монолог во вториот чин на италијанската комедија ...

Дизајнерите ја нарекоа „Jet Shark“, може да „плива“ и на вода и под вода со неверојатна брзина бидејќи има многу моќен „V8“ мотор. На брановите оваа подморница достигнува брзина од 80 километри на час. Роб Инес и Ден Пјаче конструирале подморница за адреналински авантури, во неа покрај пилотот може да се сместат тројца патници, а кабината е пространа и климатизирана со удобни кожни седишта. Подморницата – ајкула може да нурне до два метра, да ...

Хрватскиот „Фонд за заштита на животната средина и енергетска ефикасност“ најави дека во озеленувањето на градовите во оваа држава ќе инвестира 11 милиони евра преку 46 проекти со кои ќе се кофинансираат активности за адаптација на климатските промени. „Нашата цел е да вложување во урбаната зелена инфраструктура, која ќе помогне во ублажувањето и адаптацијата на се поизразените климатски промени, но воедно сакаме и да им овозможиме на граѓаните ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
66%
1013
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
88%
1015
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
71%
1014
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.39
72%
1013
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
89%
1015
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
2.68
60%
1012
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
77%
1012
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
82%
1012
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 14ᴼ
2.06
77%
1013
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
3.58
75%
1013
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
76%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52