
Скопје
6ᴼ /
6ᴼ



„Не сакаме да имаме јазик во изумирање, сакаме да имаме јазик којшто повеќе ќе биде афирмиран и промовиран. И тоа значи промоција дома, афирмирање на нашиот јазик дома, но и ширење на знаењето“, истакна Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на трибината насловена „Јазикот е нашиот идентитет“ организирана по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. „Што правиме како држава да испратиме македонисти, познавачи на македонскиот јазик кај ...
Владините антикорупциски агенции во Украина истражуваат повеќе од 60 случаи поврзани со одбранбениот сектор, изјави висок функционер за спроведување на законот. Чистењето на корупцијата во војската, која беше погодена од скандали во последниве месеци, е клучна за Киев бидејќи се обидува да се одбрани од речиси двегодишната инвазија на Москва и бара поголема помош од Западот. Семјон Кривонос, шеф на Националното биро за борба против корупцијата ...
Италијанската полиција денеска соопшти дека уапсила 12 лица осомничени за наводно брзо шверцување на најмалку 73 илегални мигранти од Тунис. Криумчарите возеле глисери од Тонис до Марсала на островот Сицилија во периодот меѓу јуни и септември минатата година, се вели во соопштението на полицијата, опишувајќи ги акциите како „ВИП патувања“, објави Ројтерс. Меѓу 12-те уапсени има шест државјани на Италија и Тунис, а во акцијата учествувале ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Брисел изјави дека, доколку биде реизбрана на таа функција, ќе биде силен поддржувач на проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан. На прес-конференција во Брисел, на прашањето на „Танјуг“ дали проширувањето на ЕУ со Србија и остатокот од Западен Балкан ќе биде меѓу нејзините приоритети доколку обезбеди втор мандат на чело на ЕК, фон дер Лајен рече дека отсекогаш била силен ...
Државите самите одлучуваат како ќе се однесуваат во однос на валидноста на македонските пасоши, појасни министерот Бујар Османи. Одговарајќи на новинарски прашања, Османи изјави дека Швајцарија досега формално се изјаснила дека дозволува движење со македонските пасоши, додека Босна и Херцеговина испратила допис дека на нејзината територија повеќе нема да бидат валидни пасошите и личните карти со старото име на државата. „Воглавно граѓаните ...
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска се обрати на чествувањето на 21 Февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, од каде што се испраќа единствена порака: „Јазиците се важни!“. – Нашиот мајчин јазик, македонскиот јазик, е реалност во светската ризница на јазици, низ науката, културата и образованието. Заштитен, недопирлив, единствен. Изминатиот период Институтот за ...
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, одржа работна средба со новоизбраниот државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски. Грковска упати честитки до Коцевски за неговиот избор на челната позиција во Обвинителството и му посака успех во вршењето на функцијата и во исполнувањето на очекувањата на граѓаните и меѓународните партнери. Државниот обвинител истакна дека основни начела во неговата ...
Градот Скопје со 50 градски институции отпочнува хуманитарна акција за обезбедување на неопходните средства за лекувањето на Леонид Индов. „Од утре се отпочнува со хуманитарна акција во сите 50 градски јавни претпријатија, градски јавни установи и средни училишта во кои вработените и сите граѓани што ги посетуваат овие институции ќе може да придонесат за лекување на Леонид, кој во моментов се наоѓа на лекување во Австрија“, велат од Град ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, ја посети Општина Арачиново. Премиерот Џафери ја посети градинката „Фатосат”, каде имаше свое обраќање, а потоа го посети Основното училиште „Абдил Фрашери“ во Арачиново. „Задоволство е да се биде денес овде. Ова е во фаза на она што е моја дневна активност, покрај активностите во Кабинетот. Ние сме должи да сме со граѓаните, а не затворени таму, во канцеларија. Основна ...
Кошаркарот на Басконија, Пјерија Хенри, минатата година под чудни околности заработи суспензија. Имено, Американецот беше суспендиран по рутинска антидопинг контрола. Уште тогаш беше јасно дека се соочува со повеќегодишна суспензија, а сега тие шпекулации добија потврда. ФИБА на официјалниот сајт објави дека Хенри ќе мора да паузира 48 месеци, а правото на настап ќе го стекне дури на 13 јануари 2027 година. Во јануари 2023 година, Хенри немал ...
Нема стабилно и одржливо земјоделство без редовно наводнување на земјоделските површини. Токму затоа изградбата на нови и реконструкцијата на постојните системи за наводнување е приоритет, на кој како министерство посветено работиме сите овие години. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски при работните активности во Кочани изврши увид во градежните активности за изградба на браната Речани. „Градиме модерни ...
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева беше во работна посета на Здравствениот дом во Тетово кадешто оствари средба со менаџментот и направи обиколка низ установата. „Интензивно се работи на подобрување на условите преку реконструкција од донации и со сопствени средства на здравствениот дом. Директорот ме информираше дека во завршна фаза е реновирањето на просториите на претшколска вакцинација, а во тек е реновирање на ...
Сириските државни медиуми и активисти тврдат дека две лица загинале во израелски напад врз главниот град Дамаск, јавува Би-Би-Си. Сириската армија соопшти дека двајца цивили загинале кога неколку проектили погодиле станбен блок во населбата Кафр Соуса. Сириската опсерваторија за човекови права, невладина организација со седиште во Обединетото Кралство извести дека во областа биле видени високи функционери на иранската револуционерна гарда и на ...
Велика Британија воведе санкции против шест лица кои ја водат казнената колонија на Арктикот каде што минатата недела почина рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални. Началникот на казнената колонија и петмина негови заменици се под санкции. Ќе им биде забранет влезот во Обединетото Кралство, а имотот ќе им биде замрзнат, најави британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон. „Јасно е дека руските власти го гледаа Навални како ...
Повлекувањето на украинската армија од Авдеевка покажува дека ситуацијата на фронтот е исклучително тешка, но НАТО продолжува да ја поддржува Украина, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. „Повлекувањето на Украина покажува дека ситуацијата на бојното поле е тешка, но Украинците повторно и повторно ги надминуваат очекувањата, а НАТО останува со Украина“, рече Столтенберг на прес-конференција во Брисел, придружуван од ...
Иако Бред Пит сѐ уште е еден од најбараните холивудски актери во своите шеесетти години, кој без проблем снима акциони филмови, познатиот оскаровец пред речиси дваесет години одбил улога во голем филмски хит бидејќи мислел дека е премногу стар. Станува збор за оскаровецот, криминалистичкиот филм The Departed од 2006 година. Пит никогаш не глумел во филм на Мартин Скорсезе, но ја добил шансата да го стори тоа кога ги купил правата за римејкот ...
Неделата посветена на борбата против срцево-садови заболувања, Жан Митрев Клиника ја обележува со едукативни работилници за борба против овие заболувања. Целта на овие работилници е да се научат да се препознаат знаците и ризиците од срцево-садови заболувања и да се превенираат со правилен личен развој и раст. Како дел од традиционалната соработка со Црвен Крст на град Скопје, на денешната работилница учесници беа волонтерите од Црвениот Крст ...
Мајка од Скопје пријавила во полицијата дека пред два дена, околу 21.40 часот, нејзиниот син бил нападнат во училишен двор во скопската населба Карпош. Според пријавеното, зад нападот стоел друг малолетник со кој претходно се расправале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР. До полицијата вчера стигнала уште едн пријава за насилство во Скопје. Татко пријавил дека викендов неговиот малолетен син бил нападнат во Центар од ...
Полицијата обзнани случај со крадење на туѓи податоци во теретана. Осомниечен е 17-годишник од Кавадарци за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем. „На 22 јануари пријавениот во теретана во Кавадарци ја фотографирал дебитната картица на Т.Т.(31), при што извршил повеќе трансакции и се стекнал со противправна имотна корист од околу 4.739 денари“, објави МВР. Два вакви случаи беа расчистени минатата недела, исто на ...
Две скопјанки пријавиле дека биле нападнати од страна на нивните сопрузи во Скопје. На 20.02.2024 во 23.20 часот во СВР Скопје, 40-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Л.(43) од Скопје. На 20.02.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје, 57-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 11.30 часот во домот на подрачјето на Шуто Оризари физички била нападната од ...
Претседателот на Собранието Јован Митрески оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Петра Дрекслер. На средбата присуствуваа и Доминик Кеберлинг, раководител на Одделот за култура и стипендии во германската амбасада и генералната секретарка на Собранието на РСМ, Цветанка Иванова. Упатувајќи му честитки за изборот на функцијата, амбасадорката Дрекслер ја повтори континуираната и несмалена ...
Од ФЗОРСМ се огласија преку зоопштение и велат дека од првиот момент со внимание го следат случајот на Л.И. од неговата хоспитализација во Р. Грција, од каде е донесен на ЈЗУ КАРИЛ, па сѐ до поднесување на барањето за упатување на лекување во странство. „Во овој момент во Фондот се водат две одделни постапки. Првата е отпочната уште во септември 2023 година и за неа има отворен предмет кој што сѐ уште е во тек заради некомплетно доставенa ...
Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерот Назим Буши и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев остварија работна средба со амбасадорот на Полска, Кшиштоф Грзелчик. Тошковски го поздрави разбирањето на земјите-членки на ЕУ за техничката природа на проблемот со пасошите, изразувајќи волја за надминување. Во отсуство на заедничка одлука на земјите-членки на ЕУ, останува секоја членка да одлучи за својот став по ...
Јавниот обвинител, Љупчо Коцевски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дискутираа за проблемите со пасошите. Министерот за внатрешни работи го извести Коцевски за проблемот со издавањето на личните документи и за напорите за негово надминување. „Тошковски најави дека ќе направи внатрешна анализа на постапките и чекорите во рамките на МВР и ќе ја достави до обвинителството заедно со целокупната документација поврзана со ...
Легендарниот Бразилец Роналдињо (43) според многумина е можеби најатрактивниот фудбалер кој некогаш стапнал на теренот, а својот врв го доживеа во Барселона, со која ги освои сите најголеми тимски и индивидуални награди и играше на највисоко ниво неколку сезони. Роналдињо додека беше активен фудбалер често беше присутен во жолтиот печат. Откако се пензионираше заврши во затвор во Парагвај поради фалсификуван пасош. За да го финансира својот ...
Финализираа градежните активности во Усје, во местото познато како Крст. Градоначалникот Ѓорѓиевски денес ја посети оваа локација, која сега претставува рекреативен простор со бројни содржини. На 800 квадратни метри е извршено целосно партерно уредување, поставена е урбана опрема, изградено е детско катче, поставено осветлување. За прв пат, Општина Кисела Вода го асфалтираше и патот што води до овој нов простор за одмор, дружење и за ...
Демократската унија за интегрцаија (ДУИ) објави дека утре во 11 часот, партискиот лидер Али Ахмети ќе им се обрати на граѓаните преку директен пренос на неговата страница на социјалната мрежа „Фејсбук“. „Ахмети ќе ја соопшти големата вест“, информираа од ДУИ преку допис до медиумите. Изминатиот период јавноста е во исчекување кого ќе предложи ДУИ за претседателски кандидат, откако обединетата албанска опозицијата го претстави Арбен Таравари од ...
Новиот формат на Лигата на шампионите ќе стартува од следната есен. Ова го објави УЕФА на официјалната веб-страница. Најважната промена е што во најсилното европско клупско натпреварување ќе учествуваат 36 клуба, а не 32 како досега. „УЕФА покажа посветеност на основните вредности на спортот и ги бранеше принципите на отворени натпреварувања. Постои спортска солидарност, која го краси европскиот спортски модел“, изјави Александар Чеферин, ...
Велика Британија го замрзна имотот на шестмина раководители на руската казнена колонија во Арктичкиот круг, каде што опозицискиот лидер Алексеј Навални ја отслужи казната и на крајот почина. На санкционираните затворски менаџери ќе им биде забранет влез во Велика Британија, објави Би-Би-Си. Санкционирани се шест лица, меѓу кои и затворскиот управник и неговите пет заменици. Западните лидери ги обвинуваат руските власти, вклучително и ...
Три лица беа застрелани, а двајца починаа во кумановското село Габреш. Според информациите од МВР, зад убиствата стои Д.Ѓ (66), кој пукал кон неговата сестра и нејзините двајца синови поради расправии околу имотот. Сестрата на убиецот 63-годишната Д.Р. и едниот од нејзините синови Т.Р. (38) починале, додека вториот син 36-годишниот Ж.Р. со повреди е пренесен во кумановската болница. Во моментот, полициските екипи вршат убид на местото на ...