
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Градоначалникот на општина Делчево, по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на градот, му додели плакета на градоначалникот на општина Прилеп, за помошта која градот под Марковите Кули ја испрати за справување со поплавите, кои летово предизвикаа огромни штети во оваа македонска општина од истокот. Невремето во јуни, кое беше проследено со досега невидени врнежи од дожд, предизвика огромни штети врз инфраструктурата во градот, а ...
Вистинстинска позитива како никогаш досега ја огреа прилепската Стара чаршија денеска. Во пресрет на Денот на независноста – 8-ми Септември, малите ангелчиња од градинките “Наша иднина”, заедно со нивните воспитувачки, покажаа дека и тоа како си ја сакаат државата во која живеат. Насмеаните дечиња ја украсија со македонски знамиња камената бина во центарот на градот, а потоа извикувајќи: “Македонија, Македонија…”, прошетаа низ чаршијата, а на ...
На 06.09.2023 на ул.„Лазо Трповски“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола ги лишиле од слобода Б.И.(58), Б.С.(60), А.Д.(55), П.В.(69), С.И.(50) и С.С.(38), сите од Битола. Тие биле затекнати како на јавно место играат комар. Од нив биле одземени пари и други предмети поврзани со делото. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци – информираат од СВР Битола. ...
Денеска, 07.09. во просториите на Europe House, во Скопје, беше свеченото доделување на плакетите за еТвининг ознаката за училишта. OOУ “Климент Охридски” од Прилеп е едно од 24 училишта во Македонија кои ја добија оваа престижна ознака. Тоа е доказ дека ова прилепско училиште е на еднакво рамниште со европските училишта, во однос на педагошките практики и иновативните пристапи кои се користат во наставата. На свеченото доделување се обрати ...
Од 8. до 10. септември во Прилеп, во организација на фудбалската школа “Евро Гол”, ќе се одржи турнирот “Евро Гол – Македонија Куп”, кој на едно место ќе собере екипи од целата држава. На турнирот ќе настапат млади фудбалски екипи од цела Македонија од генерациите 2011, 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016год – дечки кои ќе ги покажат своите фудбалски вештини, ќе се забавуваат и ќе се дружат. Покрај спортскиот карактер, турнирот ќе има и свој забавен ...
„Македонци, ќе ве убиеме“, „Албанија – Косово“, „Голема Албанија“ и други антимакедонски пораки се испишани на мостот пред Археолошки музеј. „Синоќа е вандализиран мостот пред Археолошки музеј со антимакедонски пораки. Пак ли со досадниот филм „или уставни измени или меѓуетнички тензии“? Е овде ако нема камери и треба месец дена да се бара сторителот, да ставиме клуч на државава“, напиша Богдан Илиевски на социјалните мрежи. МВР вчера ...
СОУ “Ристе Ристески-Ричко” Прилеп во текот на неговата долгогодишна работа остварува соработка со голем број компании. Особено значајна е соработката со компанијата АД Vitaminka која, како општествено одговорна компанија, секогаш излегува во пресрет на потребите и барањата од училиштето – информираат од Средното општинско училиште “Ристе Ристески – Ричко” од Прилеп. Од училиштето се заблагодарија за најновата донација од “Витаминка”, која важи ...
На 06.09.2023 на магистралниот пат Ресен – Прилеп, на место викано „Тунелот” во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола ги лишиле од слобода Е.Ј.(21) и А.А.(31), двајцата со престој во Битола. Тие биле затекнати во возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Е.Ј.(21), а совозач бил А.А., а кое било натоварено со огревно дрво без жиг и испратница. Лицета биле задржани во полициска станица, а ...
Викендов членовите на ЏК Сеишин-Прилеп се бореа на 2 фронта! Кристина Мантароска како дел од репрезентативниот тим во сениорска конкуренција, во Пеќ, Косово, го освои третото место и се здоби со бронзен балкански медал. Втората екипа настапи на силниот Меѓународен турнир “Алексинац Опен – 2023” во Алексинац, Србија, каде учество зедоа 350 натпреварувачи од 54 клубови, од 6 држави. Освоени се 3 медали и тоа: 1. Теа Настоска 1-во Место 2. Тамара ...
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 453-та итна седница одржана на ден 06.09.2023 година одлучи за следното: Донесе Одлуки за времено упатување на судии за вршење на судиската функција во друг суд сметано од 06.09.2023 година за период од една (1) година од денот на упатување и тоа: Во Основен суд Берово – судија Билјана Иванова од Основен суд Струмица; Во Основен суд Делчево – судија Костадин Ѓорѓиев од Основен суд ...
Културно-едукативниот центар „Небрегово“ во Спомен-домот на великанот Блаже Конески во Небрегово го промовираше вториот поетски зборник „Зборот на Конески“. Во Зборникот на 300 страници се објавени 160 поетски творби на ученици, студенти и професори од речиси сите градови од земјава. На 20 учесници им беа поделени награди, една посебна за ОУ „Блаже Конески“ од Велес кое со 54 ученици учествуваше најмасовно, а беше доделена и специјална награда ...
Mладиот правник Умејр Муамеди, стана препознатлив преку неговите објави на социјалните мрежи, каде постојано издржано ги критикува сите општествено-политички девијации. Муамеди на своите статуси добива поддршка како од Македонците, така и од Албанците во Македонија, а секоја негова објава е издржана. Денеска Муамеди ја шокираше јавноста откако објави фотографија од неговата искината диплома од правниот факултет “Јустинијан Први”. -После ...
Општина Прилеп и Економски факултет од Прилеп склучија меморандум за соработка, преку кој општината ќе додели 20 стипендии за студенти кои студираат во оваа високообразовна институција. Целта е да се покаже опшествена одговорност кон младите со цел нивно академско усовршување во Општината каде што живеат, како и обезбедување на социјална заштита на социјално ранливи категории на студенти од Општина Прилеп. Крајна цел на доделувањето на ...
Врз основа на предлогот на Комисијата за спроведување на постапка за субвенционирање /надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди за 2023 година, а во согласност со Јавниот повик од 2023 година, „Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Прилеп за субвенционирање / надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување на ...
Со изложбата на слики „Поглед, кон недоглед“ академскиот уметник Марјан Стојаноски од Прилеп, ќе се претстави во КИЦ на Македонија во Тирана, Албанија. Изложбата ќе биде отворена на 11 -ти септември 2023 /понеделник/ во 20.00 часот. Стојаноски изложува 16 дела – слики, за кои Викторија Димеска, историчар на уметности вели дека се создадени со виорен и енергичен јазик и се асоцијативно-апстрактни композиции. -Академскиот уметник Марјан ...
Дел од средствата собрани од овај концерт ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Карти во претпродажба по цена од 100 денари можете да ги набавите во Голд кафе точила и на нашиот штанд на плоштад.За повеќе информации на официјалната фб страна Од 8. до 10. септември во Прилеп, во организација на фудбалската школа “Евро Гол”, ќе се одржи турнирот “Евро Гол – Македонија Куп”, кој на едно место ќе собере екипи од целата држава. На турнирот ќе ...
Туристите во познатото шпанско одморалиште Бенидорм се предупредени дека би можеле да бидат изложени на напади од риби, бидејќи Средоземното Море достигна невообичаено висока температура. Британски Дејли Мејл наведува дека повеќе од 15 луѓе секој ден бараат помош откако биле каснати од малите сиви риби, кои Шпанците ги нарекуваат облада, а на Јадранот се познати како ушата. Климатолошката лабораторија на Универзитетот во Аликанте соопшти дека ...
Во кругот на Витаминка, повеќе од 300 деца на вработени во компанијата го обележаа почетокот на новата школска година и роденденот на омилената закуска Стоби флипс. Пред 45 години во прилепска Витаминка беше направен првиот Стоби флипс, флипсот што и денеска е омилен за повеќе генерации а посебно за децата како нивен верен придружник низ школските години. Стоби флипс преку слоганот „Back to school“ гоодбележува секој септември со разни ...
Изминатиот викенд во Прилеп се одржа фестивалот на скарата и пивото, кој оваа година беше насловен како PRILEP BEER WEEKEND. Градоначалникот Борче Јовчески вели дека фестивалот бил успешен. -Можеби со многу скептицизам и неверување, но, сепак Прилеп, заедно со организаторите покажаа и докажаа дека знаат да приредат добра програма, одлична забава, секогаш вкусна скара и многу ладно пиво.А, сите гости и посетители со својата позитивна енергија, ...
Регионот Магнезија во Грција изминативе неколку часа e во центарот на невремето „Даниел“, а првите проблеми се забележани во Волос, во селата на полуостровот Пелион и на периферијата на Тесалија. Во Волос сообраќајот на обиколницата е запрен, додека возилата се заглавени на висината на Пантесаликос. Противпожарните екипи се обидуваат да ги ослободат возачите. Проблеми има и во болницата во Волос. Хаотичната ситуација можеби најдобро ја опишува ...
РАСПОРЕД на богослужбите по повод празникот Св. Фануриј во црковните храмови: Свети Кирил и Методиј Параклис и Света Петка Точила 08 септември (петок) – 🕔17:00 часот – Празнична вечерна 09 септември (сабота) – 🕖 07:00 часот – Празнична утрена со Света Литургија 09 септември (сабота) – 🕔17:00 часот – Вечерна богослужба * после завршување на службите ќе се изврши и режењето на празничниот колач – фануропита, кој во негова чест го принесуваат ...
Денеска (05.09.2023) во 06 часот во с.Митрашинци, беровско, по добиена судска наредба од Основен суд Кочани, извршен е претрес во домот на Б.Б. (63) во с.Митрашинци. При извршениот претрес во куќата во која што тој живее, пронајдени се 22 пакувања со експлозив (околу два килограми) и 9 м бавногоречки фитил. Б.Б. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од МВР. ...
Фејсбук статус на Ане Димитриеска Апостолоска – млада скопјанка која го раскажа нејзиното искуство на Онкологија во текот на вчерашниот ден -Нема само убави слики ,уживање и насмевки,не знаеш животот што ќе ти приреди ,не знаеш какво искушение ќе ти донесе. Затоа живејте го секој ден со многу љубов во него, упорност (без разлика на последиците) и смирение . Денес Онкологија не знаеа кај тераат…..наведнати глави …никој компас нема, како да се ...
На 04.09.2023 во 14.00 часот во Кавадарци полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 15 – годишен малолетник од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени осум велосипеди различна марка, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби, извршени во периодот од 28.06. до 04.09.2023. Лицето било задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе ...
На 04.09 2023 на Плоштад „Александрија“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода И.Ѓ.(22), Д.С.(19), И.Т.(18), Ѓ.Н.(20) и Д.Р.(21), сите од Прилеп, затоа што нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. На 04.09 2023 од Плоштад „Александрија“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Т.(28) затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување. На 04.09.2023 ...
Летово повеќе граѓани реагираа до Маркукуле дека коњи и магариња се пуштени од нивните сопственици да пасат низ прилепските населби. Животните најчесто можат да се забележат во Типската населба, како и овој коњ кој е фотографиран во текот на вчерашниот ден. Ќе го наречеме “рециклирач”, затоа што на зелена површина до него, тој муцката ја брцнал во котејнер. Шегата на страна, во Прилеп има голем број несовесни сопственици на домашни животни, ...
Новинарката на Слободен печат Мирослава Симоновска, која со месеци известува дека една иста медицинска сестра, младата А.О. од Скопје (која на Клиниката за Онкологија е вработена од својата 18-та година), била пријавена за кражба на цитостатици на Клиниката за Онкологија, е мета на притисок од медицинската сестра да не објавува повеќе за нејзиниот случај и ја обвинува новинарката за психолошка тортура, објави редакцијата на печатениот и ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против П.П.(35) од Македонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 09.02.2023 во Македонски Брод, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом , при што пронашле и одзеле пет куршуми калибар 7,9 мм, седум рамки од автоматска пушка и 90 куршуми маневарска муниција калибар 7,62 ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09% во однос на одлуката од 29.8.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат во просек: зголемување кај бензините за 0,396%, кај дизелот има намалување за 0,764%, кај екстра лесното масло исто има ...
Доктор Драган Даниловски се огласи за Фејсбук по случувањата на Клиниката за онкологија велејќи дека ова што се случува е голем срам. -Никогаш веќе пациент нема да влезе во докторска ординација без студени морници да му пролазат долж ‘рбетот, прашувајќи се: И овој да не е од „таквите“? Е, не се сите такви, ама, „покрај сувото, гори и суровото“. Овој срам никогаш нема да си го испереме! НИКОГАШ! Едит: Во крајна линија, ова е пораз и срам (и) за ...