
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Eкипата на Пролет 62 му го зададе првиот пораз на прилепчани, откако денеска во салата триумфираа со 30:25. Иако крајниот резултат изгледа убедлив, сепак прилепчани покажаа жар и желба за надигрување. Иако во првите 20-тина минути се играше речиси гол за гол, домаќините стигнаа до солидно водство од 17:13 на полувремето. Причина за тоа беше и црвениот картон за Цветаноски. Најдобриот шутер на прилепчани го напушти теренот уште во 15-та минута. ...
Денеска, околу пладне, стравична, невидено-опасна глетка во непосредна близина на едно СОУ во Прилеп. #Чопор од дури ДВАЕСЕТИНА насилници, нема да ги наречам ученици, оти според однесувањето – далеку се од ученици, КРВНИЧКИ нападнаа свој врсник на враќање од училиште – објави на својот ФБ профил, новинарката Каролина Дурло. Фејсбук статусот на дописничката за “АЛФА ТВ” од Прилеп, го пренесуваме во целост во продолжение: -Доколку, со викање и ...
На само 1.5 км од центарот на Прилеп, компанијата “Специјал градба” започна со реализација на нивната најнова мисија, а тоа е изградба на најсовремениот досега станбен комплекс во градот под Марковите Кули. Објектот кој веќе е во градба се наоѓа на улица “Круме Беќар”, во населбата “Рид”, на широк простор и според она што може да се види од плановите за изградба, ќе биде нешто за што прилепчани досега само можеа да сонуваат. Станбениот комплеск ...
Цели чопори кучиња скитници денеска беа “декорација” на градскиот плоштад, а прилепчани во страв поминуваа покрај нив. Граѓаните велат дека не ретко овие чопори се агресивни и напаѓаат случајни минувачи, па затоа крајно време е надлежните, а особено ЈКП Комуналец Прилеп поконкретно да се позанимава со овој горлив проблем. Минатиот месец, според полицискиот билтен на МВР, имаше десетина пријави за каснувања од кучиња скитници во Прилеп. Ако се ...
„Образованието е стожер на општеството и главен фокус на делување на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија“, велат од Комисијата за образование и наука на владејачката партија. „Новите образовни реформи на Владата на СДСМ, т.н. Концепција за основното образование се базира на обезбедување на квалитетно образование преку иновативни и креативни пристапи на настава и учење. Овие карактеристики се широко распространети во Европа и светот. ...
Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,99%. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.09.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 90,50 ден/лит. ...
На 19.09.2023 / вторник/ од 19.00ч. во Ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Уметничкиот свет на Владимир Георгиевски“ – дел од ретроспектива“. Изложбата се отвора во соработка со Музејот на град Скопје во рамките на проектот -MuseumLink 2023-. Текст за изложбата од Емил Алексиев Владимир Георгиевски (1942–2017) е еден од најзначајните македонски уметници.Зад себе остави скапоцена ризница од уметничко богатство. Во ...
18-годишната Матеа Христовска од Битола се закити со титула на престижното модно натпреварување Miss Tourism Universe 2023 кое оваа година се одржа на 15. септември во Бејрут, Либан. Станува збор за натпревар во убавина на кое учествуваат девојки од целиот свет, а ова е втора титула за Матеа. Помеѓу 32 натпреварувачки, убавата битолчанка ја доби титулата Runner Up, која и’ донесе место помеѓу 15-те најдобри светски модели. Претходно годинава, ...
Интернационалниот детски музички фестивал “Ѕвездички“ е натпревар за најдобра детска песна. Сите учесници настапуваат со авторска песна на јазикот на земјата од каде што доаѓаат. На фестивалот учествуваат деца од целиот свет на возраст до 14 години. Се одржува секоја година во првата половина на октомври во градот Прилеп. На 7 и 8 октомври, во салата на центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп со почеток од 19:00 часот, по 23. пат ќе ...
Регионалниот ЦУК Битола извести дека при пожарот во атарот с.Беранци, во Општина Могила, каде што гореле нискостеблеста вегетација и стрништа, пругата била оштетена на повеќе места. Информацијата е добиена од ТППЕ-Битола и веднаш дежурните од ЦУК ги информирале СВР-Битола и надлежните од „Железници на Република Македонија транспорт АД – Скопје“. По брзата проверка на железничката пруга, од вчера попладне од 17:42 часот железничкиот сообраќај е ...
Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе денеска оствари историски успех станувајќи трикратен европски шампион. Тој денеска на трките во хрватскиот град Бузет ја освои третата титула Европски шампион за ридски трки, по освоените титули во 2014-та и 2015-та година. Со тоа Иџе ја завери третата шампионска титула, која и претходно беше очекувана бидејќи имаше бодовна предност од 204 бодови во однос на 176 бодови на Французинот ...
Во четврток се празнува големиот христијански празник, Рождество на Пресвета Богородица или Мала Богородица — еден од 12 големи празници во православието кој го слави раѓањето на Богородица. Богородица е родена во Назарет од стари и бездетни родители, благочестиви Јоаким и Ана како одговор на нивните молитви. Се слави на 8 септември според јулијанскиот календар или на 21 септември според грегоријанскиот календар. Црквата го востановила овој ...
Со историја која датира од 1972 година, Авто Мото Друштво Прилепец е најстарата авто школа во Прилеп. Тие се пионери во областа на стручно оспособување на возачи во нашата општина и таа традиција продолжува и денес. Но, за разлика од пред 50 години, денеска Авто школа Прилепец располага со супер модерни автомобили за оспособување на возачи за сите категории (АМ, А2, А1, А, Б, Ц, ЦЕ, Д). Со оглед дека модерниот начин на живеење налага управување ...
На 16.09.2023 во времето од 20.00 до 24.00 часот од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола спроведена е акциска контрола на подрачјето на Битола, при што е констатирано дека Н.Џ.(50) од Битола сторила прекршок „оддавање на проституција“ казнив по чл.19 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир, а при контрола во два хотели во битолско констатирани се два прекршоци по чл.15 од законот за пријавување на ...
На 16.09.2023 во 23 часот во с.Ореше, општина Чашка, од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода С.С.(37) од с.Десово, прилепско, кој бил затекнат додека извршувал тешка кражба во куќа во село Ореше. При преглед кај него, биле пронајдени и одземени мобилен телефон и разни други предмети. С.С. е осомничен и за други кражби на подрачје на с.Богомила и с.Ореше. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок – ...
Според медицински извори, лабораториските податоци во Србија покажуваат дека последните две недели е зголемен бројот на дневни тестови за коронавирусот и дека е „малку загрижувачки“ што околу 20 отсто од примероците се позитивни. Се најавува и состанок на работната група „Ковид“ во текот на следната недела. Во меѓувреме, Институтот за онкологија и радиологија на Србија од петок повторно ги забрани посетите на таа институција поради зголемениот ...
“Северна Македонија тој ја води, го следиме патот по кој тој оди” – се првите стихови од песната за премиерот Димитар Ковачевски што познатиот лингвист Арменд Нухиу од Тетово ја објави на својот профил на социјалните мрежи, пренесува Курир. Понатаму песната продолжува: “Европа и САД се пријатели наши, нас Русија не не плаши!”. Последниот стих од песната, пак гласи: “Просперитет и успеси се неговата слика, Северна Македонија од среќа блика!” ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 33-годишник од Арачиново, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 3 во врска со член 19 (во обид). Освен тоа, за осомничениот е поведена постапка и за – Предизвикување општа опасност по член 288 став 1 од Кривичниот законик. На 11 септември, осомничениот се обидел со умисла да лиши од живот две лица, кои вербално протестирале ...
Во организација на Др. Зероски и покровителство на “Лајонс клуб” од Прилеп и “Кафе Чоше”, на 31.08.2023г. во Прилеп се одржа крводарителска акција во спомен на Др. Лилјана Зероска, основач на трансфузиолошката служба во Прилеп. Акцијата се одржа во соработка со Црвениот крст од градот под Марковите Кули, а свој придонес дадоја 30 крводарители, на кои потоа им беа врачени благодарници. Во вечерните часови, се одржа и хуманитарен концерт кај ...
Патниот правец Битола – Граничен премин Меџитлија е во прекин за сите возила поради случена сообраќајна незгода, информираа од АМСМ. Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...
На Крим се одржаа првите осум аукции за продажба на национализираниот имот на украинските олигарси, објави претседателот на Кримскиот парламент Владимир Константинов. Склучени се купопродажните договори во вредност од над 815 милиони рубљи (околу 8,5 милиони долари), рече тој и додаде дека станува збор за станбени и деловни објекти. Како што наведе, по аукциите буџетот на Крим треба да се зголеми за околу 27 милиони рубљи. Претходно, ...
Лидерот на Чеченската Република Рамзан Кадиров е во кома, соопшти Украинската тајна служба (ГРУ). Како што пренесуваат странските и украинските медиуми, претставникот на тајните служби на Киев, Андриј Јусов изјавил дека здравствената состојба на чеченскиот лидер во последните денови значително се влошила. Како што се наведува, влошувањето на неговата здравствена состојба не е последица на некаква повреда, туку веројатно на веќе постоечки ...
По поразот на гостувањето кај Башкими, црвено-белите од Прилеп доживеаја нов неупех на гостувањето кај Беласица во Струмица. Домаќините поведоа со голот на Стојанов во 5-та минута, а струмичани заминаа со сигурна предност од 2:0 на полувремето со погодокот на Милушев во 38-та минута. Во вториот дел Победа немаше сили за изненадување, а Беласица стави крај на натпреварот со погодокот на Мичковски во 82-та минута за 3:0. Прилепчани сепак успеаја ...
Министерот Оливер Спасовски во интервју за „Фокус“ запрашан дали МВР има информации за прегрупирање на криминалните групи во освојувањето на наркопазарот, а во врска со последните неколку пресметки во кои беа убиени неформални лидери на криминални банди, потенцираше дека најважната работа е што МВР сериозно се насочи кон криминалните групи и сузбивањето на криминалот во државата. „Без никакви калкулации и најефикасно работиме во сузбивањето на ...
На нешто помалку од четири месеци до почетокот на Европското ракометно првенство, организаторите објавија дека овој турнир ќе биде убедливо најпосетениот во историјата. Германија можеби најдобрата земја за домаќинство на еден континентален собир, најмногу поради одличната инфраструктура, големите сали и стадиони, а од организацијата најавија дека веќе е срушен првиот рекорд, иако првенството не ни започнало. Токму македонската репрезентација ќе ...
На 12ти септември, во Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската Федерација кому му беше врачена дипломатска нота, со која тројца дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје беа прогласени како непожелни во државата (persona non grata), известија од Министерството за надворешни работи преку писмено соопштение испратено до медиумите. -Ваквата одлука е донесена по информациите добиени од надлежните органи ...
Минатата недела се случи еден од најголемите срамови коишто правото и правосудството ги видело во Македонија. На шверцерски начин протнувајќи го Кривичниот законик со европско знаменце, со цел ВМРО ДПМНЕ да не може да поднесе илјадници амандмани и на тој начин да го блокира носењето се вршат измени во два клучни члена, едниот е членот 353 којшто се однесува на злоупотреба на службена положба и овластување и вториот е членот 394 којшто се ...
На 15/16.09.2023 во периодот од 23:30 до 02:10 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола спроведена е акциска контрола на подрачјето на Битола во угостителски објекти, при што во еден објект во Битола затекнати се 50 малолетници после полноќ, од кои 18 консумирале алкохол. Тие се предадени на нивните родители, а по документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави. На 15.09.2023 во 22.15 часот полициски службеници од СВР ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Претежно во источните делови процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ-индексот ќе има вредност 5. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви ...
Дел од децата со Даунов синдром го загубија додатокот од државата од 6 илјади денари затоа што биле прегледувани од Комисијата за проценка за развојот кај децата со посебни потреби која заклучила дека имаат добра функционалност. Додатокот им е укинат од државата со новиот Правилник донесен од Министерството за труд и социјална работа (МТСП), кој излегол во Службен весник. Родителите низ изјави во медиумите велат дека одбиени за посебен додаток ...