
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба падна на допинг контролата по натпреварот со Удинезе во Серија А. Во крвта му била пронајдена недозволена супстанца, јавуваат италијанските медиуми. На францускиот фудбалер му е откриено тестостерон во крвта, што е недозволено светот на спортот. Оваа супстанца не се толерира дури и ако се користи за терапевтски цели. Погба има шанса да се жали на одлуката и да направи нов тест на крвта. Казната за овој прекршок ...
Преку јавна објава на социјалните мрежи, со полни маси и фотографии, прилепската болница “Борка Талески” од Прилеп, објави дека во заслужена пензија заминува главната сестра Роза Рулеска Пиличева. -Достоинствено, како што и впрочем доликува на Установа со вакво реноме, ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп, ја испрати во пензија својата главна сестра Роза Рулеска Пиличева. Со прекрасни зборови за нејзиното работење во болницата како ...
Се појавија снимки кои го покажуваат моментот кога силниот земјотрес го прекина музичкиот настап на свадба во Мароко. На видеото се гледа како пејачката и другите музичари ја напуштаат сцената и трчаат низ вратата на церемонијата во Маракеш, јавува Би-Би-Си. Повеќе од 300.000 луѓе во Маракеш и неговите предградија беа погодени од силен земјотрес во Мароко, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA). Се вели дека ...
Регулаторната комисија за енергетика ги зголеми цените на горивата во просек за 2,19%. Цените на „еуросупер-95“ и „еуросупер-98“ се зголемуваат за по 1 денар. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 88 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 90,50 денари. Според одлуката на РКЕ дизелот ќе поскапи за 2,50 денари и еден литар ќе чини 83,50 денари. Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ ќе се продава по цена од 83 денари за ...
Со голем број музички ѕвезди, карневали, изложба на олд тајмери, илјадници посетители, многу испиено вино и во одлична атмосфера и расположение, помина традиционалниот “Тиквешки Гроздобер” во Кавадарци. Имаше за секого по нешто, од најмало до најголемо. Едноставно, невозможно е да се напише во еден текст што се’ се случуваше викендов во градот од Тиквешијата. Ако не успеавте да присуствувате во живо, целата програма ден по ден најубаво можете ...
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (10.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 96 возачи, меѓу кои 51 мерки за возење повеќе од дозволената брзина , 19 мерки за возење без возачка дозвола, 15 возачи за управување под дејство на алкохол. Изречена е една санкција за користење на мобилен телефон при возење, четири санкции за непрописно престигнување…. ...
На Столе Димитриевски му се оствари желбата да се сретне и да добие автограм од иконата на италијанскиот фудбал, Џиџи Буфон. Столе беше вистински хит во пресрет на натпреварот, кога во хотел пристигна со дрес од голманската икона. View this post on Instagram A post shared by Football Federation-Macedonia (@ffmacedonia) На средбата Столе му рече: “TИ си мој идол”, а Џиџи топло го прегрна. View this post on Instagram A post shared by Football ...
На 10.09.2023 во 20.10 часот на наплатна рампа Демир Капија полициски службеници од Полициска станица зa граничен надзор Михајлово при РЦ за ГР Југ го лишија од слобода Г.К.(35) од Грција поради сторено кривично дело нудење поткуп. Имено, Г.К. кој управувал товарно возило “сканија” со полуприколка, и двете со бугарска национална ознака, при контрола на документите кои ги дал на увид понудил банкнота од пет евра како поткуп на полицискиот ...
Ирод Антипа, синот на стариот Ирод, убиецот на Витлеемските младенци во времето на раѓањето на Господа Исуса, беше господар на Галилеја во времето на проповедта на свети Јован Крстител. Овој Ирод беше оженет со ќерката на арапскиот кнез Арета. Но, бивајќи зол изданок од зол корен, Ирод ја протера својата законита жена и незаконски ја зеде за сожителка Иродијада, жената на својот брат Филип, кој сè уште беше жив. Против ова беззаконие стана ...
На 09.09.2023 борачите од прилепскиот боречки клуб “7-ми Мај” настапија на првиот Меѓународен турнир “Бојан Рангелов” во Скопје, каде ги остварија следните резултати: 48кг.Анабела Стојаноска – Трето место 49кг.Ангела Трајкоска – Трето место 49кг.Марија Велјаноска – Трето место 55кг.Елена Дејкоска – Второ место 60кг.Тамара Цветкоска – Трето место 64кг.Јована Мидоска – Трето место Антонијо Цветаноски со одлични борби не успеја да освои медал. На ...
Фото/Instagram/anafit.mk “AНА – ФИТ” e студио за аеробик, степ аеробик и пилатес во Прилеп, а е дело на поранешната атлетичарка и репрезентативка на Македонија, Александра Оровчанец. Она што цел нејзин живот е опсесија, на што посветуваше огромно внимание, време и трпение, сега со задоволство го споделува со секој кој сака да се посвети на своето тело и да вложи во своето здравје. Александра е дипломиран професор по физичко образование, зад себе ...
Со натпреварот помеѓу македонскиот првак, ракометниот клуб Еурофарм Пелистер и норвешкиот Колстад, во среда, спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, ги отвора вратите за натпреварите од Лигата на шампионите. Општина Битола, ги заврши потребните инфраструктурни активности, согласно пропишаните европски стандарди. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, посака многу среќа и нови успеси за македонскиот, битолскиот клуб РК Еурофарм ...
Со одлично второ полувреме и голема пожртвуваност, ракометарите на РК Прилеп забележаа победа на стартот од суперлигашката сезона. Во спортската сала “Ристе Ристески-Ричко” вечерва гостуваше РК Бутел, каде тренер е поранешниот репрезентативец на Македонија од Прилеп, Горан Кузманоски – Таста. Иако на полувремето губеа со 11:13, амбициозниот тим на прилепчани, предводен од капитенот Филип Велески, ги консолидираше своите редови и возврати со ...
Попладнево на територијата на Општина Долнени избувнаа два пожари. Првиот, над Манастирот Зрзе, на висок и непристапен терен, гори висока трева, нискостеблеста шума како и дабова шума и шума од габер, но се заканува опасност пожарот да се приближи и кон с. Зрзе. Вториот пожар е над с. Кошино каде што освен висока сува трева гори и квалитетна дабова шума а пожарот се приближи на околу 300 метри од првите куќи во селото – информираа од Центарот ...
Актерот Бојан Велевски прави голема стендап турнеја низ десет градови во Македонија. Познато е дека Бојан потекнува од Прилеп, па затоа и премиерата на новото шоу е закажана токму овде, во Марко Цепенков на 13ти (среда) септември во 20ч. Карите и оваа година се симболични 200ден, а може да се купат во Арт кафе Апореа. „Прилеп е мојот град. Градот од каде што носам потекло и по мајка и по татко. Затоа и тргнувам од тука, од моите корени, а ќе ...
Фејсбук статус на новинарот од “ТВ 24”, Сунаи Сабриоски: “Реков денес ќе одморам, нема да гледам вести, најмалку да го чујам името Таче, и ко шо е ред во слободен ден одам на пазарчето позади ТЦ Бисер пошо таму има уште луѓе останато со кои може муабет да се направи. По пат, излегува жена во години од аптека, притрчува накај мене за да ми каже дека ми ја почитува работата. Во тој муабет на жената почнува да и течат солзи а јас почнувам да се ...
На 09.09.2023 во 11.00 часот на клучка од магистрален пат Прилеп – Битола со регионален пат за с.Витолиште од полициски службеници од Полициска станица Старавина при Регионален центар за гранични работи Југ се лишени од слобода Д.М.(21) и Н.Т.(21), двајцата од Прилеп. При преглед на возилото „фиат комби“ со странски регистарски ознаки, кое го управувал Д.М., била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. За случајот е известен Јавен ...
Бројот на жртвите од земјотресот во Мароко се зголемува од час во час, а спасувачите се тркаат со времето за да спасат што повеќе животи. На социјалните мрежи се појави видео од неверојатното спасување на новороденче од урнатините на зграда. Бебето за чудо е извлечено живо и здраво. A newborn baby was found buried in a field. The child is alive and admitted to the hospital. Pray For child 🙏#المغرب #Morocco #زلزال_المغرب #earthquake #earthquake ...
„Споменавте за случајот во Онкологија, за овој грозоморен мафијашки настан кој ја тресе македонската јавност изминатите денови и изминатиот период, гледате како луѓе блиски до владејачките партии се здружиле и на маката на луѓето профитираат, нешто што е за целосна осуда“, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета во Кавадарци. Мицкоски истакна дека она што повеќе од се загрижува, е тоа што органите на прогонот ...
Македонија вечерва игра против Италија, а теренот на Арената „Тодор Проески“ и за овој натпревар е во ужасна состојба. Италијанците се пожалија и на социјалните мрежи покажаа на каков терен ќе играат вечерва. Во видеото кое го објави напаѓачот на италијанската репрезентација, Чиро Имобиле, тој вели: “Да се игра на ваков стадион може да биде опасно. Знаевме дека ќе биде тежок натпревар на овој терен, но се чини дека ќе биде уште потешко”. ...
Вредноста на Синдикалната кошничка за август 2023 година изнесува 49 345 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Како што наведува ССМ, иако се намалува инфлацијата од месец за месец и за јули изнесува 8,3 отсто, сепак минималната кошница е зголемена од предходниот месец јули за 725 денари. -Тоа зголемување го трпат работниците и граѓаните во оваа држава најголемо зголемување има кај исхраната и пијалоците за 1,9 отсто, ...
Aмбициозниот тим на РК Прилеп, новата сезона во ракометната Супер лига ќе ја започе утре со дуел против РК Бутел. Натпреварот против екипата од Скопје прилепчани го играат со почеток од 19ч, а локацијата одново е спортската сала во СОУ “Ристе Ристески-Ричко”. Прилепчани сезоната ја почнуваат со нов спонзор и со повеќе засилувања, а тука се и неколкумината искусни играчи, кои останаа да ги бранат клубските бои предводени од капитенот Филип ...
Утре, на 11-ти септември, Православната црква и нејзините верници го одбележуваат обезглавувањето на Свети Јован Крстител, празник познат и како есенски ден на Свети Јован. Овој празник е сеќавање на неговото страшно страдање, ден на строг пост, без оглед дали е среда или петок или не (во некои делови, ништо не се јаде дури додека не се стемни), а во црковниот календар е обележан со црвена буква. Јован постојано ги проповедал позитивните ...
Колумната со наслов “ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ”, на која автор е новинарот Зоран Момироски, а неделно се објавува на Радио Пела, стана дефинитивно текст кој со нетрпение го исчекуваме. Овој пат како дел од колумната тој сподели една интересна комуникација помеѓу двајца партиски активисти на СДСМ: – ДЕКА РАБОТАТА Е ТРГНАТА ВО НЕПОВРАТ МИ ПОТВРДУВА ЕДНА ФБ КОМУНИКАЦИЈА КОЈА ЈА ВОДАТ ДВАЈЦА ПОЗНАТИ ПРИЛЕПСКИ ЧЛЕНОВИ НА СДСМ НА ТЕМА – ...
60 екипи и над 800 деца од генерациите 2011, 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 од денеска до недела, ќе се натпреваруваат на фудбалскиот турнир “Евро Гол – Македонија Куп”, кој вечерва на спектакуларен начин беше отворен на “Могилата на непобедените” во Прилеп. На фудбалските натпревари им претходеше огномет, а свои настапи имаа играорци од КУД “Мирче Ацев” и гимнастичарите од КГС “Партизан- Соколи” Прилеп. Додека главни ѕвезди на вечерта беа ...
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, се обрати и со видео порака, во чест на денешниот голем државен празник 8 Септември, со којашто на сите граѓани во државата го честита Денот на независноста. „Денешниот 8 Септември, денот на независноста на Република Северна Македонија го дочекуваме во напредна држава, членка на НАТО и држава со реални перспективи за членство во Европската Унија до 2030 година. На овој датум, пред 32 години, огромно ...
Двајца прилепчани, татко и син синоќа загинаа во пожар што избувнал во нивниот семеен дом на улицата „Цане Илиоски број 87а“ во Прилеп. Пожарот во надлежните служби бил синоќа пријавен околу 21,45 часот. – Околу 22 часот синоќа добивме пријава за пожар за запалена куќа на улицата „Цане Илиески“ број 87а“. За гаснење на пожарот интервениравме со три возила и девет пожарникари. Опожарени беа дел од катот на куќата – дневна просторија и кујна. ...
Општина Македонски Брод, на пригоден начин одбележа 79 години од ослободувањето. Одбележувањето започна со посета на првачињата на кабинетот на Градоначалникот, за да продолжи со положување цвеќе на спомениците на паднатите борци. Потоа во Домот на културата беше одржана свечена академија, на која беа доделени плакети на заслужни граѓани. Во рамките на свечената академија беше поставена и изложбата ” 120 години од Илинденското востание”. ...
Пред 32 години на денешен ден, над 95 проценти од граѓаните на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава. Претходно, на 25 јануари 1991 година, беше усвоена Декларацијата за независност од првото повеќепартиско македонско Собрание, а два дена подоцна пратениците го избраа Киро Глигоров за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија. Важни чекори за утврдување на државноста беа усвојувањето на новиот Устав на 17 ...
Откако популарниот фолк музичар Јордан Митев го откажа своето учество на настанот ,,Традиционален пикник Пеленица”, организиран од Општинската организација на СДСМ Кисела Вода, бидејќи не пеел на настани одбележани со партиски симболи, се огласи и неговата колешка Адријана Кеш. -Почитувани фанови, да се настапи за денот на независноста на мојата земја Македонија, како автор и изведувач на македонска музика за мене е голема чест. Тој празник е ...