
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Во време кога се одбележувуа една година од железничката врска меѓу Солун и Ниш, капетанијата на грчкото пристаниште најави нова контејнерска блок-возна линија помеѓу Солун и Скопје кон крајот на август. Според соопштението, солунската капетанија ги проширува своите активности во двата града, зголемувајќи го своето присуство во секторот на интермодални услуги и обезбедувајќи им на потрошувачите сигурни, ефикасни и еколошки одговорни ...
14 септември 2000 година и ден денеска е еден од најголемите датуми кога фудбалот во Прилеп е во прашање. Во рамките на првото коло од Купот на УЕФА, Победа се соочи со ѕвездениот тим на калчолигашот Парма. Иако црвено-белите беа поразени во двата дуели, љубителите на фудбалот и денес се сеќаваат кој се гостуваше тогаш во Македонија. Во редовите на Парма тогаш беа: Џиџи Буфон, Фабио Канаваро, Лилијан Турам, Серџо Консисао, Аморосо, Саво ...
На ден 11.09.2023 до Општина Прилеп се доставени 2 барања едно од жители на Чачорица и едно од УЗ Сточен Пазар по што се направени увиди од страна на раководител на сектор инспекторат и двајца инспектори на потегот на ул. ,,Александар Македонски“ каде работат повеќе правни субјекти при што е забелажана појава на непријатна миризба само од кругот на поранешната фабрика 11ти Октомври – информираат од општина Прилеп за случајот со непријатната ...
Во редовната колумна на порталот од “РАДИО ПЕЛА”, новинарот Зоран Момироски меѓудругото пишува и за владината трибина од караванот “Ние сме Европа”, која вечерва треба да се одржи на Камената бина во Прилеп. -ВЕЧЕРВА ВЛАДИНИОТ КАРАВАН: ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА Е ВО ПРИЛЕП КАЈ КАМЕНАТА БИНА. ГЛАВНИВЕ ОД СКОПЈЕ РЕКЛЕ ДА НЕ СЕ СТРАМИМЕ ПРЕД ФРАНСУСКИОТ АМБАСАДОР ВО РСМ ТРИБИНАТА ДА БИДЕ ОРГАНИЗИРАНА НА ЕВРОПСКО НИВО. ТОА ПАК БИЛО ПРИЧИНА ...
Министерството за одбрана (МО) денеска го објави Јавниот оглас за прием на 150 професионални војници на служба во Армијата на Македонија. Рокот за пријавување на кандидатите, информираат од МО, е 15 дена вклучувајќи го и денот на објава. Условите кои треба да ги исполнуваат кандидатите се следни, да се државјани на Македонија, да се полнолетни, да имаат завршено најмалку средно образование, да не се постари од 25 години на денот на завршување ...
Денес е еден од “најславните” датуми во историјата на Македонија, за жал граѓаните го паметат по најголемите лаги во историјата на независна Македонија. Еве како тогашниот лидер на СДСМ, а подоцна и Претседател на државата, Бранко Црвенковски, со огромни ветувања ги убедуваше прилепчани и сите во државата дека од 15-ти септември нема да има ниту едно семејство без еден вработен. Во позадина на сцената стои и поранешниот премиер на државата, ...
Веќе извесен период, прилепчани се жалат на социјалните мрежи, дека од непознат извор се шири непријатна миризба, која наликува на изгорена пластика, или друг вид на хемикалија. Никој се уште точно не знае од каде доаѓа миризбата, ниту надлежните, ниту граѓаните, иако сите се сомневаат. Откако вчера медиумите ја проширија веста, граѓаните почнаа да се самоорганизираат, па така за сабота 16.09.2023, од 11-12 часот, на ул. “Александар ...
Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, присуствуваше и се обрати на настан по повод интензивирањето на градежните работи за изведба на автопатот Прилеп – Битола, при што се изврши минирање. На настанот присуствуваа министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, вршителот на должност амбасадор на САД во Република Северна Македонија, Ерик Мејер, како и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, и оперативниот ...
Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 2,5 денари, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,54 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 90 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава ...
Maркукуле дознава дека попладнево околу 13 часот, засега непознато лице, откако се паркирал со своето возило на паркингот позади општинската зграда во Прилеп, го претепал паркинг редарот, вработен во Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање. Лицето чиј идентитен полицијата ќе треба да го утврди, најпрво со своето возило се паркирал, а откако од лицето задолжено за наплата му било побарано уредно да плати, го нападнал со ...
Ноќва (14.09.2023) во 01.20 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Н.М. од Гевгелија. При преглед во патничкото возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 387 штеки различни видови цигари и 1250 грама тутун, за кои не поседувал никаква документација. Лицето било задржано во полициска ...
Просторот од платото на Офицерскиот дом во Битола синоќа беше претесен да ги собере сите битолчани, кои во огромен број дојдоа да го проследат вториот концерт од караванот „Македонијо во срце те носиме“. Публиката уживаше во настапите на: Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасевска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски. ...
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (13.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 101 возачи, меѓу кои 69 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 7 мерки за возење без возачка дозвола, 4 возачи за управување под дејство на алкохол, 3 санкции за непрописно паркирање. Изречена е една санкција за користење на мобилен телефон при возење… Сообраќајните ...
Србија изминатиот викенд по којзнае кој пат му покажа на светот дека е спортска веле сила. Во еден ден играа финале на Светско првенство во кошарка, осминафинале во одбојка, а Новак Ѓоковиќ играше финале на УС Опен. Кошаркарската репрезентација иако без Никола Јокиќ, стигна до финалето на мундо баскетот, каде загуби од Германија, иако малку недостигаше да стигнат до шампионскиот пехар. Одбојкарите се пласираа во четвртфинале на Европското ...
Манастирскиот храм во Манастирот Свето Преображение Господово во Крушево, со Божјата помош и благодат, после долги години на градба ја достигна состојбата да биде осветен. Најзаслужно име за подигањето на целиот манастирски комплекс е името на покојниот Тоше Проески. Осветувањето на манастирската црква благоволи да го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан на 24 септември оваа година, во сослужение на повеќе ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ објави видео на кое се гледа како со министрите Синиша Мали и Томислав Момировиќ, чија цена ја објави минатата недела, јаде паризер (пилешка салама). На почетокот на видеото рече дека се во Палатата Србија, бидејќи имаат многу средби во Нов Белград, а претходно во продавница отишле Синиша Мали и Томи Момировиќ. „Како што им ветивме на оние кои тоа го бараа од нас, тоа не беше наш хир, бидејќи рекоа дека ...
Министерството за економија достави до Владата предлог- одлука за забрана за акциска продажба и промотивна продажба од страна на сите трговски ланци во нашата држава која ќе важи до 30 ноември. А, на следната седница на Владата ќе предложиме и одлука за замрзнување на цените на сите прехранбени производи, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција по денешната работна средба со директорот на Државниот пазарен инспекторат ...
Викендов во Скопје ќе се случува првото издание на “Skopje Beer Weekend”, четири денови резервирани за одлична забава, ладно пиво, вкусна храна и богата музичка програма! Фестивалот започнува во четврток 14 септември и ќе трае до недела 17 септември, секоја од вечерите стартот на музичката програма е од 18 часот и ќе трае до 01 часот по полноќ. Локацијата е во најголемата скопска општина Аеродром, на паркингот од спортскиот центар Јане ...
По своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во црквата на Пресвета Богородица во Влахерна, што ја изгради царицата Пулхерија. Овој ковчег никогаш не се отвараше, сè до времето на царот Лав Мудриот (886–912). Сопругата на Лав, царицата Зои, душевно се разболе, и според некое таинствено видение посака врз неа да го положат појасот на ...
Центарот за управување со кризи информира дека изгаснат е пожарот кој бил активен во кругот на поранешната фабрика „11 Октомври“ – Еурокомпозит во Прилеп, каде горела ниска вегетација и ѓубре. Од таму велат дека вчера било интервенирано и на пожар во село Славеј, општина Кривогаштани, каде исто така горела ниска вегетација. Се уште се активни пожарите во општина Долнени, кај село Рилево, каде гори ниска вегетација и деградирана шума, и кај село ...
Безбедносните камери во југозападниот марокански град Агадир снимија сина светлина на небото три минути пред разорниот земјотрес со јачина од 6,8 степени да ја погоди земјата. На социјалните мрежи се шират снимки кои го покажуваат самиот момент на земјотресот. Сината светлина е видлива и на тие снимки. Земјотресот во Мароко досега однесе повеќе од 2.800 животи, а 2.500 се повредени. Иако е плодна почва за теоретичарите на заговор, тоа е ...
На само 1.5 км од центарот на Прилеп, компанијата “Специјал градба” започна со реализација на нивната најнова мисија, а тоа е изградба на најсовремениот досега станбен комплекс во градот под Марковите Кули. Објектот кој веќе е во градба се наоѓа на улица “Круме Беќар”, во населбата “Рид”, на широк простор и според она што може да се види од плановите за изградба, ќе биде нешто за што прилепчани досега само можеа да сонуваат. Станбениот комплеск ...
Елмер Алварез, бездомник од Њу Хејвен, пронашол пари односно чек од 10.000 долари на улица, по што веднаш одлучил тие пари да ги врати на сопственикот. Имено, пронајдениот чек ѝ припаѓал на Роберта Хоски, американска милионерка од Њу Хејвен. Таа не верувала во тоа дека некој ќе ѝ ги врати изгубените пари, па одлучила да му се заблагодари на Алварез на посебен начин. Роберта во живо го пренесувала моментот кога му ги врачила подароците на ...
„Веќе еден месец нешто после 19 часот гори, се шири смрдеа на хемикалии и се чувствува на грлото. Не можеме да отвориме прозорци, неподносливо е, секоја вечер е исто. Сме пријавиле во општина, во инспекција, во полиција, во пожарна… Ништо не се менува“ велат граѓаните кои ги анкетиравме, а на социјалните мрежи се развива дискусија и нагаѓање кој може да биде загадувачот кој што ги труе прилепчани во вечерните и ноќните часови се’ до наутро. ...
Прехранбена индустрија „ВИТАМИНКА“ АД Прилеп, објавува оглас за стипендирање 4 /четири/ студенти, со потекло од прилепскиот регион, запишани на додипломски студии на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје при УКИМ, насока: Прехранбена технологија и биотехнологија (ПТБ). Стипендијата е наменета за студенти во било која година на студирање. Рок за аплицирање: 05.10.2023 година. Потребни документи за аплицирање: -Молба за добивање стипендија ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.Р.(39) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во период од мај до јуни 2023 година, во домот на 56-годишник од Струга, дошла пријавената, лажно се претставила и ветила дека со одредени обреди може да помогне за надминување на здравствени проблеми. Во неколку наврати оштетениот на А.Р. ѝ дал пари и златни предмети ...
Во текот на вчерашниот ден (11.09.2023), на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Битола, Штип и Велес, полициски службеници од овие организациони единици при МВР реализираа низа превентивни активности од областите на заштитата на шумите од пожари, имотните деликти и безбедноста во сообраќајот. Така, на подрачјето на СВР Битола, односно во Прилеп, Ресен, Крушево и Кривогаштани, беа спроведени превентивни активности од областа на имотните ...
На територијата на општина Долнени активни се следните пожари: Кај с.Зрзе каде гори во два крака и тоа едниот кон с.Рилево, а вториот кон с.Сливје. Опожарена е ниска вегетација и деградирана шума. Интервенираат ТППЕ Прилеп со 14 пожарникари и 4 ПП возила и ЈП Национални шуми подружница „Црн Бор“ – Прилеп со 4 вработени со 1 теренско возило. Во текот на денот интервенирале и 2 воздухоплови на Дирекцијата за Заштита и Спасување. Вчера во ...
Актуелниот голман на Шкендија, прилепчанецот Давор Талески, беше дополнително повикан од селекторот Милевски, за да го замени повредениот Столе Димитриевски. 28-годишниот голман од Прилеп, кој зад себе има богато искуство во повеќе домашни клубови, а еден период настапуваше и во Финска и Грција, сезонава е страндарден помеѓу стативите на клубот од Тетово, па останува да видиме дали Милевски го повика како замена на клупата, или ќе го видиме и ...
Попладнево голем пожар изби на локалитетот Маркови Кули над Прилеп. Горат нискостеблести дрвца и трева, а пожарот за брзо време се прошири на поголем простор. На овој дел од Марковите Кули често деновиве се забележува густ чад, а прилепчани велат дека несовесни сограѓани палат кабли и гума. Претпоставка е дека и овој пожар се има проширено од таквите дејствија. Дали конечно МВР ќе се активира целосно во овој регион и ќе стави крај на ваквото ...