
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



На 19.10.2023 во с.Могила, битолско, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода Б.Б.(50), Г.П.(40), Т.И.(48) и Р.О.(34), сите од с.Могила, поради сомнение дека извршиле шест кривични дела „тешка кражба“. При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби извршени во земјоделски комбинат во с.Радобор, ...
Полициски службеници од ОВР Македонски Брод, денеска (19.10) во близина на с.Суводол, Македонски Брод го лишиле од слобода Т. Б.(53) од Штип, поради основи на сомнение дека извршил тешки кражби во црквата Св.Димитрија во с.Требино и црквата Св.Пречиста во с.Русјаци, Македонски Брод. За Т.Б. била распишана и централна потерница од КПУ-Затвор Струмица за доиздржување на затворска казна за извршени тешки кражби. Тој во целост ги признал кривичните ...
-14 ученици од четврта година од образовниот профил „Машински техничар за моторни возила“ предводени од одговорниот наставник Ѓеорги Ташковски ја проследија презентацијата на содржините на СН Сообраќен центар согласно со наставните програми и планови за средно стручно образование со кои е предвидена посета на Станица за технички преглед и Сервис за моторни возила. Ученици од средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ Битола во посета на СН ...
Сојузот на синдикатите на Македонија апелираме до Владата да не бара изговори и да не го одложува намалувањето на функционерските плати за 78 отсто. – Апелираме до Владата, да не бара изговори за процесот со намалување на функционерските плати, туку да го примени веќе воспоставениот принцип како кога носи закони на штета на работниците и со злоупотреба на европското знаменце, без широки консултации, без дијалог и без да се грижат за одлуките на ...
Судската администрација од утре нема да ги работи ниту итните предмети доколку Владата уште денеска не седне на преговарачка маса со синдикатот кој бара зголемување на платите и враќање на додатоците за плата. Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски денеска во изјава за медиумите рече дека штрајкот нема да престане, а доколку работната група од Владата не седне на преговори, ќе стане поригорозен. – Владата треба да биде свесна дека ...
На 18.10.2023 во 14.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Охридска“ во Битола се случила собраќајна несреќа помеѓу мопед „априлија“ со битолски регистарски ознаки, управуван од М.М.(42) од Битола и велосипед кој го управувал малолетник од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, а М.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола – ...
Денеска е Св. апостол Тома. Свети апостол Тома е познат меѓу народот по неговото неверување, но на малку луѓе им е јасно дека се работи за сомнеж во воскреснатиот Христос како Спасител. Во личноста на неверниот Тома го видоа симболот на сомнежот во Христовото воскресение, зашто секое неверување на секој еден човек во крајна линија е неверување во Христовото подигање од мртвите. Она што му е уште помалку познато на нашиот народ е дека ...
Центарот или т.н Плочник во 70 – ите години. Фотографиран од Саатот. Стамено, со посебен шмект плочникот го заличува градот, со издигнатите хотели Јадран и Југославија, хотел Скопје, а од далеку подава “раце” и пркоси со својата “виткост” и деветокатницата. Покрај шеталиштето со мермерни плочки, неправилно расфрлани, се збрале автомобилите на купче на паркингот на среде. Тоа бил простор за ретките возила кои крстареле низ улиците од коцка. ...
Во Македонија во изминативе години аферите се многу и се случуваат на дневна основа. Како никогаш досега системот е руиниран, корупцијата цвета, корупција има од најниско од највисоко, а институциите се нефункционални. Она што ме загрижува е немањето на никаква контрола од страна на безбедносните служби. Така во Македонија на македонските улици кокаинот го има како никогаш претходно и за жал ги уништува и убива младите и генерациите кои ...
Во текот на денешниот ден (18.10.2023) во периодот од 09.00 до 14.00 часот Секторот за внатрешни работи Битола спроведе засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 31 прекршоци, од кои, 26 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин… За време на контролата санкционирани се и 10 други видови на прекршоци. Засилените сообраќајни ...
На 17.10.2023 во 15.40 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Т.Ѓ.(61) од Кавадарци. Тој се сомничи дека во текот на денот, на работното место физички го нападнал Ј.Н.(62) од Кавадарци, директор на јавното претпријатие, каде што и тој бил вработен. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена ...
Репрезентацијата на Уругвај го победи Бразил со 2:0 ноќеска во квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 година. Уругвајците за прв пат по 22 години ги победија Бразилците во квалификациите за Светското фудбалско првенство. Покрај тоа, Уругвај стана првиот тим кој го победи Бразил во квалификациите за КОНМЕБОЛ по повеќе од осум години. Бразилците немаа пораз од 8 октомври 2015 година (33 натпревари). Благодарение на оваа победа, ...
Александар Здравески од Прилеп кој работи како хирург во Стара Загора во Бугарија, е кандидат за советник од Бугарската социјалдемократска партија, за престојните локални избори кај источниот сосед. Локалните избори во Бугарија ќе се одржат на 29. октомври, а Здравески најавуваќи ја својата кандидатура на својот ФБ профил во петокот напиша: “Верувам дека петок 13 не е прослава на лошото и црното, но може да донесе среќа и успех на оние кои го ...
„Ова е трагичен резултат од истрелувањето ракети од густо населените места“, се наведува заедно со видеото објавено на официјалниот Твитер профил на израелската армија откако болницата била нападната без никакво претходно предупредување. Палестинското Министерство за здравство во Газа ја опиша ситуацијата во болницата Ал Ахли како „неискажлива“. „Лекарите вршат операции на подот и во ходниците, а некои од пациентите се оставени без анестезија“, ...
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека доколку биде реизбран за претседател следната година, ќе ги протера имигрантите кои го поддржуваат Хамас. Тој додаде дека ќе испрати полиција и на протестите кои го поддржуваат Хамас за апсење и депортирање на мигрантите кои јавно ја поддржуваат палестинската милитантна група. За време на кампањата во сојузната држава Ајова, Трамп додаде дека ќе забрани влез на секој што го негира ...
Женската ракометна репрезентација на Македонија направи голем исчекор кон пласман на Европскиот шампионат 2024-та година. Во вториот натпревар од квалификациите нашите ракометарки ја победија Литванија и се радуваа на вториот триумф. Во рамките од групата „5“ Македонија на гостувањето во Вилнус ја совлада Литванија со 31-28. До 10-тата минута домаќинките беа оние кои постојано имаа гол предност. Со погодокот на Седлоска, Македонија за прв пат ...
Македонскиот фудбалски клуб Работнички, од денеска има нови сопственици. Се работи за странска компанија, која има блиски релации со „Џевахир“, добро позната компанија во нашата земја. Денеска на Македонска берза е реализирана трансакција за продажба на 250 акции, откупени се 100% од основната главнина, а вредноста на трансакцијата е 36.904.250 денари, односно околу 600.000 евра. Планот на новите газди е да го вратат четирикратниот македонски ...
Тој што ќе купи ново возило, но да не е луксузно нема да осети дополнителен трошок. Но оној кој нема за ново возило ќе мора да искешира повеќе пари. Владата на денешната седница ги усвоила измените на Уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и на износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила поради потребата од примена на нова методологија за пресметување на износот на издувните гасови од моторните возила. ...
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во 21Анализа на ТВ21 зборуваше за евакуацијата на нашите граѓани од Тел Авив. Османи кажа дека е неопходно владата да набави авион, но тоа е тешко затоа што јавноста ќе го смета тоа како луксуз. Тој коментираше дека пред евакуацијата, Владата имала седница на која одлучено е да се обезбеди чартер лет за евакуација на наши граѓани од Тел Авив, но тоа било многу тешко поради ситуацијата во Израел. ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ при посетата во Гевгелија одговарајќи на новинарско прашање за можен датум за одржување на избори посочи дека единствената недела каде што можат да се поклопат вториот круг претседателски и парламентарните избори е 5 мај. -ВМРО-ДПМНЕ логично размислува, а тоа е бидејќи од другата страна велат немале да одат на предвремени избори, ...
На карате турнирот “Ѓорче Петров Опен”, кој се одржа изминатиот викенд, каратистите од прилепскиот клуб “Бонсаи” освоиja дури 44 медали. “Бонсаи” беше прв клуб по број на учесници и четврт на турнирот по број на медали. Според тренерите, ова беше еден од најдобрите резултати на клубот. Медали освоија: 1. Милица Мирческа, 2015, ката поединечно прво ниво 2. Николија Иваноска, 2015, ката прво ниво 3. Бонита Велкоска, 2015, ката прво ниво 4. Теодор ...
Израел побара од САД 10 милијарди долари итна воена помош, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на тројца неименувани високи американски претставници. Според весникот пакетот помош моментално го составува Конгресот во координација со Белата куќа, во кој ќе бидат вклучени и средства за Украина, Тајван и границата меѓу САД и Мексико. Лидерoт на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, за време на посетата на Тел Авив во неделата истакна дека ...
На 16.10.2023 во 17.47 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.К.(20) од Битола и патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.У.(19) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.У.(57) од Битола, сопатник во возилото „мерцедес“, а со телесни повреди ...
Минатиот четврток се случи злосторство во областа Берг ам Лаим во Минхен. Меѓутоа, полицијата извести дека пред апсењето на 37-годишникот дошло до физичка пресметка меѓу него и таткото на жртвата, јавуваат медиумите. Според полицијата, во станот заедно живееле 19-годишна девојка и маж (37). Мажот наводно ја претепал девојката и ја принудувал на сексуални дејствија. Девојчето успеало да го напушти станот, но тој тргнал по неа. Почнале да се ...
По шеснаесетти пат крушевчани, денес точно напладне, со рози ги пречекаа маратонците што од Нова Градишка трчаа до Крушево, во чест на Тоше Проески. Крушевчани ги пречекаат маратонците со црвени рози и многу сеќавања. Пред 16 години, на 16 октомври 2007 година, Тоше го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случи кај Нова Градишка, Хрватска. Фановите и бројните почитувачи на делото на Тоше и денеска беа на Гумење. Ги имаше од Македонија ...
Нема веќе привремени вработувања, се укинува позицијата „државен советник“, систематизација ќе може да се реализира само два пати годишно, полињата за матичен број и националност ќе биде невозможно да се менуваат, а државни секретари, директори и заменици директори ќе се бираат низ отворена, транспарентна постапка. Ова се само некои од новините за реформи во администрацијата и јавниот сектор, предвидени со законските измени што ги подготвува ...
Од полноќ поевтинуваат бензините, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Еуросупер БС-95 се намалува за еден денар, а Еуросупер БС-98 за пола денар, додека дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за еден денар. Согласно одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 80 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 82,5 денари за ...
Октетот Прилеп во четврток, 19. октовмри, со почеток од 19.30 часот, во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ ќе го одржи годишниот концерт, на кој ќе се претстави со избор на убава македонска и прилепска староградска музика. Гости на концертот ќе бидат: Миле Кузмановски, Белинда Ристеска и Викторија Георгиоска. Октетот Прилеп 24 години ја негува староградската песна и го претставува градот на бројни фестивали. Неодамна на фестивалот Илинденски ...
На 15.10.2023 на патот помеѓу селата Могила и Вашарејца, битолско, полициски службеници од криминалистичката полиција и Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола ги лишиле од слобода Д.Ќ.(23), Н.М.(18) и С.М.(22), сите од Битола. Тие се сомничат дека со употреба на сила и подесен алат влегле во објект на правно лице и одзеле повеќе предмети. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Лицата биле ...
На 15.10.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР ги лишиле од слобода М.С.(42) и 30-годишната С.К., двајцата од Битола. При претрес во домот на М.С., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени нож и други предмети со остатоци од дрога и пари во различни апоени и ...