Жестоки борби се водат во близина на јужниот израелски град Магена, кој се наоѓа во близина на границата со Појасот Газа. Безбедносниот кабинет на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа објави веона состојба и издаде дозвола за извршување „значајни воени активности“. Се наведува дека Кабинетот за безбедност одлучил стапи во сила клаузулата 40 од Основниот закон за Владата на Израел. Според таа клаузула, Израел не може да војува доколку ...

Екипата на Мега Баскет го торпедираше довчерашниот прволигаш Куманово, во првиот натпревар од втората кошаркарска лига. Мега баскетџиите од Прилеп се дебитанти во Втората лига сезонава, откако минатата година со одличните игри повторно ја вратија кошарката во градот под Марковите Кули. Тимот е речиси истиот, но желбата за натпреварување е уште поголема, па така синоќа во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, прилепчании буквално ги ...

Илија Несторовски го постигна својот деби гол во новиот тим Асколи. Неговиот гол донесе предност на Асколи во дуелот со Сампдорија, но на крајот тимот кој е предводен од легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло, успеа да се избори за бод преку удар од белата точка, кој го реализираше Борини. Прилепчанецот погоди пред самиот крај на првиот дел, кога најдобро се снајде во казнениот простор со глава по едно нафрлување на Фаласко. ...

На 07.10.2023 во 19.25 часот на регионалниот пат Р-1311 Битола-Маково, во близина на с.Новаци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.П.(47) од с.Добрушево- општина Могила, и патничко моторно возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ж.Т.(51) од с. Долно Оризари, битолско. Од страна на лекар во Клиничката болница Битола, на сопатниците во ...

На 08.10.2023 во времето од 00.00 до 01.00 часот од страна на криминалистичката полиција на СВР Битола била спроведена акциска контрола на подрачје на Битола при што извршена е контрола во три угостителски објекти, при што во еден угостителски објект се затекнати двајца малолетници после полноќ, а во друг угостителски објект затекнати се тројца малолетници после полноќ. По документирање на настаните ќе следуваат соодветни пријави – велат од СВР ...

Уште еден успешно реализиран проект во ООУ “Климент Охридски” Прилеп и уште едно ремек дело, на задоволство на вработените, учениците и нивните родители. Директорот на училиштето информира дека и последниот парк доби целосно нов лик, а ова совршенство е плод на целата посветеност, трудољубивост и макотрпна работа која се вложува во оваа образовна институција. Погледнете во продолжение и уживајте! Не случајно секој родител во моментов сака ...

Повеќе од половина од испитаниците сметаат дека ниту една од постојните партии нема капацитет да реализира најдобра економска програма. Сепак, најголем дел од граѓаните имаат доверба дека тоа може да го стори ВМРО-ДПМНЕ, партијата која според ова истражување ако утре се одржат изборите ќе победи во сооднос 2,5:1 со владеачката партија СДСМ. И рејтингот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христјан Мицкоски е во пораст и е речиси четири пати поголем од ...

Натпреварот во излежување во селото Брезна во Црна Гора заврши откако педесеттиот ден двајца натпреварувачи одлучија дека е готово. Во финалето се пласираа Филип од Мојковац и Лидија од Никшиќ, а како што беше речено на свеченото прогласување на победникот, Филип решил победата и медиумското внимание да и ги остави на Лидија. Лидија освоила 1.000 евра, а исто толку во еден момент и понудиле од семејството само за да стане и да го прекине ...

„Граѓани на Израел, ние сме во војна – ова не е операција, туку војна“, рече Нетанјаху во видео пораката и додаде дека Израел ќе победи. Во видеото, Нетанјаху објаснува дека Хамас утрово спорвел изненадувачки убиствен напад врз државата Израел и нејзините граѓани. „Ги повикав раководителите на системот на безбедност, пред сè дадов инструкции за чистење на населбите од инфилтрирани терористи. Таква акција се спроведува во моментот“, порача ...

Вчера во спортската сала “Јане Сандански” во Скопје, се одржа Државното првенство во бодибилдинг и фитнес за 2023 година. Натпреварот беше во организација на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија, а учесниците се натпреваруваа во категории тинс, јуниори, сениори и ветерани, во машка и женска конкуренција. Учество на натпреварот зеде и младата бодибилдерка од Прилеп, Андреа Аврамоска, која во три дена освои нов сребрен медал во ...

Викендов започнува првенството во Втората кошаркарска лига, во која екипата на Мега Баскет од Прилеп избори пласман со одличните резултати минатата сезона. -Конкуренцијата е далеку посилна, па затоа и предизвикот е далеку поголем. Ростерот на екипата во најголема мерка е истиот, со мали промени кои се надеваме дека ќе го подигнат квалитетот на двете страни од теренот – велат од Мега Баскет. Првото коло го прилепската екипа го игра на домашен ...

Извадоци од полицискиот билтен на МВР -На 06.10.2023 во 17.30 часот во близина на угостителски објект во Прилеп од полициски службеници е лишен од слобода П.Ѓ.(29) од с.Обршани,прилепско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. -На 06.10.2023 околу 19.20 часот во Битола од полициски службеници се лишени од слобода С.Н.(47) и К.З.(34), двајцата од Битола, затоа што кај С.Н била пронајдена и одземена марихуана, а кај К.З. била ...

На 06.10.2023 во 21.05 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Крушево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(46) од Битола, и патничко моторно возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(43) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Т. кој бил пренесен во Градска болница-Прилеп каде починал, а по наредба ...

Синоќа околу 23:30ч. на патниот правец Прилеп-Кривогаштани, се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале две возила. Според неофицијалните информации кои ги имаме, двете возила биле со крушевски регистарски ознаки, а несреќата се случила кога едното од возилата во кое се превезувал само возачот, удрило во автомобил во кој се превезувало цело семејство – татко, мајка и две деца. Од ударот возачот кој сам се превезувал починал на лице ...

На 06.10.2023 во 21.05 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Крушево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(46) од Битола, и патничко моторно возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(43) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Т. кој бил пренесен во Градска болница-Прилеп каде починал, а по наредба ...

Во најновата колумна за “РАДИО ПЕЛА”, новинарот Зоран Момироски, меѓудругото, се осврна и на внатрепартиските случувања во ОО СДСМ Прилеп, во чиј штаб според пишувањето, деновиве се случила една инстересна ситуација. -НА КРАЈОТ ОД МИНАТАТА НЕДЕЛА СЕ ОТВОРИЈА ВРАТИТЕ НА ОО НА СДСМ – ПРИЛЕП. ТИ ИМАЛО ВЕЧЕРНА ,,СЕДЕНКА“ ВО ПРЕДИЗБОРЕН АМБИЕНТ. НА РЕГИОНАЛНИОТ СОСТАНОК НА ТИМОТ ЗА ПОБЕДА ПРИСУСТВУВАЛЕ МИНИСТЕРКАТА ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА ...

Резултатите од последниот спроведен попис на население во 2021 година покажаа дека во Македонија има 1.8 милиони жители или намалување од околу 180 илјади жители споредено со последниот одржан попис во 2002 година кога биле околу 2 милиони жители1. Сепак, иако бројот на вкупно население се намали за околу 9%, процентот на младо население во возрасната група 15-29 години забележа диспропорцијално поголемо намалување – стои во најновото ...

Уште две среќни приказни доаѓаат од Клиниката за гинекологија и акушерство оваа недела – информираат од оваа државна клиника на социјалните мрежи. -По 52 дена дружење со докторите и со сестрите од Одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), во средата Матеј го испративме дома. Марта Јолевска го роди во 29-та гестациска недела со само 960 грама, а Матеј си замина од ГАК со 1900 грама. Вчера пак и малата Тара си отиде дома по 48 дена ...

Вицепремиерот Фатмир Битиќи смета дека е погрешно прочитана листата на производи, поради тоа што одлуката има два дела, првиот дел е продукти кои спаѓаат во повластената тарифа, односно повластената даночна стапка од пет посто. – Таму е дефинирано, за разлика од претходното дефинирање во Законот, до детали кои се продукти спаѓаат во повластената даночна стапка од пет посто. И понатаму на страна 46 од одлуката се вели повластената стапка од ...

Eкипата на Боби Мојсов, предводена од капитенот Филип Велески, утре гостува во Скопје кај Мулти Есенс. Прилепчани се фаворити и ќе атакуваат на третата победа сезонава. За разлика од гостите, домашната екипа во моментов е без ниту освоен бод. “Протеински” 100% подготвени прилепчани ветуваат нови три бода и нова радост за ракометните вљубеници во градот под Марковите Кули, а со тоа и продолжување на главната цел, излез на европска сцена на ...

На 05.10.2023 на патот кон с.Волково, прилепско, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Т.М.(22), Д.М.(21), О.П.(22) и М.Г.(22), сите од Прилеп, затоа што при преглед на патничко возило „ауди а3“ со прилепски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана. Лицата билее приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава – информираат од ...

“ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА ДЛУП 2023”, групна изложба на ликовни уметници ќе биде отворена на 10 октомври 2023/ вторник/ од 18.00 ч. во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“. Новините коишто често се појавуваат на современата ликовна сцена секогаш поттикнуваат возбуда и восхит кај верните следбеници и љубители на уметноста. Тргнувајќи од личната потреба за творечко откривање и креативно истражување, уметниците на ДЛУП Прилеп континуирано ги развиваат ...

Oпштина Прилеп ја објави официјалната програма за одбележување на 82-годишнината од Денот на народното востание – 11-ти Октомври. Одбележувањето започнува во недела на 8. октомври, со велосипедската тура “Sava Mariovo Tour”, која започнува од 10ч на плоштадот “Александрија”. Во речиси исто време започнува Меѓународниот турнир во џудо “Прилеп град херој -2023”, а вечерта со почеток од 19ч. ќе се одржи традиционалниот Меѓународен детски фестивал ...

Од денеска се применува новата стапка на Данокот на додадена вредност од 10 отсто за голем дел од прехранбените производи. Па така, повисоки цени ќе добијат брашното, џигерот, сладоледот, замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата, замрзнатите теста, млечните сирни намази, сирењето и урдата, зденката, пармезанот, ајдемер и гауда кашкавалот, павлаката за готвење, растителните сирења и намазите. Поскпува и храната за децата – гризот, ...

Функционерските плати ќе бидат поголеми и до 400 евра од идната година. Според законот тие растат согласно растот на просечната плата. Ова значи дека околу 2.000 функционери ќе добиваат уште повисока плата по она 78% покачување кое го крена револтот на максимум кај граѓаните – објави “АЛФА ТВ” Покачената плата која сега „ легнува “ на сметките на функционерите е според исплатената просечна плата во 2022, а во 2024 просекот ќе биде според она ...

Домаќинствата евтината дневна тарифа на електричната енергија ќе може да ја користат од 13 до 15 часот, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Оваа бенефиција граѓаните ќе започнат да ја користат од декември. Иако, првично беше најавено дека евтината дневна тарифа ќе биде вратена со стартот на грејната сезона, тоа нема да се случи, регулаторот и ЕВН постигнаа, два часа поевтина струја во текот на денот домаќинствата да користат од ...

Граѓаните утре повторно ќе се соочат со нов ценовен шок. Владата по итна постапка го донесе законот за повисоко ДДВ, но листата на производи ја криеше, споменувани беа само перките од ајкула, чија семето, тартуфите, сирењето со мувла. Сепак од утре поскапува речиси се’. Сител телевизија ја објави листата на производи за кои од владата уверуваа дека ќе бидат само луксузни. За Владата во луксузот се вбројува и брашното, џигерот и сладоледот. Со ...

Денеска со почеток во 19 часот на „Гумење“ во Крушево, пред спомен-куќата „Тодор Проески“ по втор пат ќе се одржи концерт во чест на Тоше Проески. Дел од настанот во чест на нашата најголема музичка ѕвезда ќе бидат Фрајле, Бојан Маровиќ, Александра Јанева, Димитар Андоновски, Славица Ангелова, Мите Стоилков, Александра Трајческа, Никола Зацески, Зоран Илиев и Инвиктус бенд. Концертот под мотото „Со љубов за Тоше“ се одржува на денот на ...

На 04.10.2023 во 17.30 часот на место викано „Бела Вода“, атар на с.Калањево, неготинско, полициски службеници од Полициската станица Неготино ги лишиле од слобода Х.Ч.(27) од Неготино, С.С.(68) и А.А.(56) од с.Тимјаник, неготинско, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 став 3 од Кривичниот законик. При преглед на теренот, во дворно место од викенд куќа на Х.Ч. биле пронајдени околу 12 кубни метри ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95% во однос на одлуката од 2.10.2023 година. Бензинот Еуросупер БС-95 од вечерва ќе поевтини за 2,5 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98 се намалува за 3 денари за литар. Цените на Еуродизелот и Екстра-лесното масло за домаќинство остануваат исти. Од вечерва, литар ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
31%
1009
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
1.54
40%
1009
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
44%
1008
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
45%
1010
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.48
46%
1010
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
3.6
49%
1010
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
2.57
56%
1010
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
49%
1011
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
5.14
57%
1009
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
2.57
35%
1010
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
1.54
49%
1009
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 19ᴼ
6.69
32%
1011
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52