Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски изјави дека доколку неговата партија победи на парламентарните избори, нема да формира Влада со ДУИ. -После изборите една работа е сигурна, а тоа е дека Влада со ДУИ нема да има. Ова раководство на ДУИ за жал се криминализираше до максимален можен степен, скоро и да нема ден во којшто нема афера во којашто дел се претставници на ДУИ. Тоа е однесување коешто никој не може го толерира и ...

Израелските одбранбени сили (ИДФ), како што официјално се нарекува војската на земјата, ги објавија најновите снимки направени за време на копнените операции во Појасот Газа. – Додека Хамас го попречува заминувањето на цивилите на безбедно во јужниот дел на Појасот Газа, членовите на Хамас се кријат во сложена мрежа на терористички тунели – пишува во објавата на ИД на социјалната мрежа. X (поранешен Твитер). While Hamas obstructs their ...

Светската автомобилистичка федерација ги додели наградите за најуспешните возачи во своите категории во ридско-брзински патеки, а сосема очекувано, главен фокус за македонската јавност беше признанието за Игор Стефановски. Иџе се врати на трките кои му донесоа светска слава и на кои се прослави како двократен европски шампион, па после неколкугодишна пауза, повторно се закити со истиот примат. Македонскиот автомобилист ја освои европската ...

Драматичен натпревар вчера одиграа Тиквеш и Гостивар во Кавадарци, во најелитното фудбалско друштво кај нас, ако воопшто може да се нарече “елитно”… Главниот судија на овој натпревар при водство на Гостивар од 0:1, најпрво досуди непостоечки пенал, кој гостите го искористија и стигнаа до убедливи 0:2 во тој период од натпреварот. Во тој момент на теренот влезе и градоначалникот на општината Митко Јанчев, кој беше видно револтиран од ваквите ...

Калиопи мораше да го прекине концертот кој требаше да се одржи во салата МТС во Белград. Како што пишува српски „Курир“, на непознатата жена на возраст од околу 70 години ненадејно и се слошило, а присутните сведочат дека морале веднаш да го напуштат просторот. Српските медиуми известуваат дека жената починала, а итната помош не можела да помогне дури ни со реанимација. Според српските медиуми, брзата помош не можела да ја спаси и реанимира ...

На 05. Ноември – недела во ВК & Сервис „Илинден“, со поддршка на Маркови Точакџии и ВелоЧе организира несекојдневен велосипедски настан со име „Педалирање со шампионите“. Настанот е со цел да се заокружи успешната сезона на прилепските велосипедисти кои и оваа година покажаа дека се на врвот со освојување на 2 шампионски титули. Повикот за учество е до сите заинтересирани професионалци и рекреативци кои сакаат добра дружба, да се приклучат ...

Денеска (04.11.2023) во 16.30 часот на ул.”Охридска” во Битола, Оперативен тим Потраги го лиши од слобода Д.Р.(65) од Кривогаштани. Тој се барал по 2 централни потерници врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, за издржување мерка притвор во врска со кривични дела по чл.394 и чл.279 од Кривичниот законик, како и согласно наредба од Основен кривичен суд Прилеп, каде бил осуден на казна затвор во времетраење од 2 години, во врска со ...

„Денеска имавме можност како што најави претседателот на Советот на Општина да посетиме повеќе места каде што навистина досега и догледно ќе бидат сработени и изведени нашите проекти кои што ги имавме за време на изборите, но и со годишната развојна програма ветено. Се она што остана несработено од претходната власт ние во интерес на граѓаните сакам да направиме многу, многу повеќе и многу подобро“, истакна градоначалникот на општина Прилеп, ...

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес беше во посета на Прилеп. Како дел од агендата Мицкоски го посети и ООУ “Климент Охридски”: – Само изминатите 2 години во сите основни и средни училишта во Прилеп, локалната самоуправа предводена од градоначалникот Борче има инвестирано над 50 милиони денари за реконструкција на образовните институции. Основното општинско училиште “Климент Охридски” е едно од најмодерните и најопремените. ...

Денеска сме во Прилеп како дел од теренската акција „Важно е, од тебе зависат промените“. Продолжуваме насекаде низ Македонија, заедно сме со потпретседателот Николоски, со градоначалникот, со пратениците, со претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, со советниците, со луѓето, со поддржувачите, со активистите,изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.. -Денеска во Прилеп ќе разговараме за она што е важно за ...

Од страна на полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп -Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп по претходно преземени оперативни мерки и активности, вчера (03.11) го лишиле од слобода Е.Ќ.(28) од Прилеп. Тој се сомничи дека на 14.07.2023 одзел патничко возило „застава 128″, на 28.10.2023 одзел патничко возило „тико” и на 03.11.2023 одзел патничко возило „опел астра”. Осомничениот во целост ги призна делата. Две од ...

-Не можам да се согласам со една теза што се сака да се протне, а тоа е дека сите сме исти. Не сме сите исти. Нас измените на КЗ не најдоа затечени и не знаевме дека таква работа ќе се случи, а очигледно некои други добро знаеле, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вечерашното гостување во емисијата „Трилинг“ што се емитува на телевизија 24. Николоски посочи дека измените на Казнениот закон не ги изненади само СДСМ и ...

По повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, делегација на Општина Прилеп предвоена од градоначалникот Борче Јовчески, на Советот на oпштината, претставици на политички партија, на АРМ, здруженија на граѓани и на боречката организација, положија свежо цвеќе на спомениците на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифовски-Питу, Могилата на непобедените и спомен обележјето кај месноста Песјобрдце. Градоначалникот Јовчески го честиташе ...

На 02.11.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола ги лишиле од слобода М.М.(37), М.А.(35), М.А.(33) и И.А.(53), сите од Битола. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и пари во различни апоени. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР ...

Изминатото деноноќие имало два пожари на оворено и тие биле изгаснати од пожарникарските тимови во Општина Битола, кај село Лажани каде што горела ниска вегетација и во Општина Василево, кај село Доброшинци каде што горело стрниште, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според последниот извештај за работата на Единствениот број за итни случи 112 во ЦУК имало вкупно 1.558. Од делот повици за итни случаи кон Полицијата ...

Во најновата колумна за порталот на “РАДИО ПЕЛА”, новинарот Момироски се осврна и на состојбите во ОО СДСМ Прилеп и поделеноста на табори во оваа општинска организација на владеачката партија. -НЕ Е ВЕСТ ДЕКА НА ПОСЛЕДНИОТ ТРАДИЦИОНАЛНИОТ СОБИР НА СДСМ ВО МАНАСТИРОТ „СВ. ДИМИТРИЈА“ БЛИЗУ СЕЛЦЕ МЕЃУ СИМПАТИЗЕРИТЕ ПОДДРЖУВАЧИТЕ И ЧЛЕНОВИТЕ НА ОВАА ПАРТИЈА БЕШЕ НАЈВИСОКОТО РАКОВОДСТВО НА ЧЕЛО СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ПАРТИЈАТА И АКТУЕЛЕН ПРЕМИЕР ...

Пратениците во Собранието ќе гласаат по одлуката за именување на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Маркукуле дознава дека одлуката е веќе изготвена, а меѓу избраните членови е и Горан Сугарески. Комисијата брои 11 членови, а на огласот беа пријавени 35 лица. Интересно е тоа што покрај Сугарески, за член е избрана и Даниела Бочварска, инаку прва братучетка ...

Во деновите што му претходеле на ослобудувањето и конечното изгонување на германскиот и бугарскиот окупатор од територијата на Прилеп, претходеле жестоки борби. Многумина ќе кажат дека Македонците биле помогнати од овој или оној, но според историските податоци македонскиот народ речиси целосно сам го избркал непријателот, особено во Прилеп. Градот херој бил главното упориште и во овој дел на историјата, нескршливоста и упорноста на прилепчани ...

Како дел од програмата за одбележување на 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилпе, синоќа во собраниската сала на општина Прилеп, свое предавање имаше Академик, проф д-р Валентин Мирчески. Мирчески кој е професор по хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на својот ,,Aкадемски час” зборуваше за почетокот на универзумот, поврзувајќи ја својата област – хемијата со суштината на светот, како нераздвоен дел од универзумот. ...

На 02.11.2023 во 18.00 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го лишиле од слобода Н.Д.(36) од Битола. Тој се сомничи дека околу 10.10 часот во Битола физички ја нападнал В.В.(73) од Битола и ѝ одзел чанта со пари. Со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом во Битола, при што било пронајдено одземеното и било вратено на сопственичката. Лицето било приведено и задржано во полициска станица и ...

Позитивна атмосфера, натпреварувачки дух, полни трибини и многу голови, го одбележаа турнирот во мал фудбал, кој беше одржан во чест на загинатиот бранител Жарко Кузмановски. Турнирт се оджува за прв пат во спортската сала во Брвеница, со поддршка на компанијата Mozzart. „За организација на еден ваков турнир секоја помош е добредојдена бидејќи нашата цел е да се подигне нивото на турнирот на повисок степен од сите слични турнири кои се ...

На неговиот прв меч во ММА кој во саботата се одржа во Рим, Самир Садиков од велешко Горно Јаболчиште, им одржа лекција на голем број политичари. Во рингот се појави во двете знамиња, македонското и албанското, и двете ги развиори и покажа дека е горд и на државата во која е роден и на државата од која води потекло. Дечкото плус забележа победа, па нека му се множат успесите и во иднина! Секоја чест! @the_king_sama #alhamdulillah #macedonia ...

ИЗВЕСТУВАЊЕ од црковниот храм Св. Благовештение (Стара црква): –Браќа и сестри, со радост ве известуваме, дека во недела на 5ти Ноември, во нашиот храм ќе се одржи СВЕТА АРХИЕРЕЈСКА ЛИТУРГИЈА, со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, нашиот Митрополит г. Петар, во сослужение на други архиереи (владици) од соседните сестрински помесни цркви и бројно свештенство. Да се помолиме заедно и да ги примиме Христовите дарови. ...

Денес во просториите на СОУ „Орде Чопела“ се одржа турнир во шах, во организација на Шаховскиот клуб „Прилеп“, со поддршка од Општина Прилеп, а на кој што учество зедоа околу 60 учесници од средните училишта. Турнирот беше дел од програмата за одбележување на 3-ти Ноември-Денот на ослободувањето на Прилеп. Програмата за одбележување на празникот продолжува утре, со положување цвеќе на спомен обележјата во градот, Државно првенство во пинг-понг ...

КАМ доследно ја имплементира својата стратегија на континуирано вложување во вработените, а како резултат на тоа бележи раст на платите на своите вработени за 25 отсто во споредба со септември минатата година. Последното зголемување се однесува на вработените во администрација каде просечната исплатена месечна нето плата изнесува 53.000 денари. За септември 2023 година, КАМ на своите вработени им исплати бруто плати во износ од над еден милион ...

Во Основниот суд во Битола во понеделникот се одржа првото рочиште против Љупчо Ѓоргиевски, претседател на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Георгиевски е обвинет за предизвикување национална и расна омраза и нетрпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем. Според сведокот на рочиштето, македонскиот поп-пејач Ламбе Алабаковски, во срцето на Македонија, во Битола, не смее да има клуб со име на ...

Oд дневниот билтен на МВР -На 01.11.2023 околу 10.00 часот во ОВР Прилеп, Б.Н.(73) од Прилеп пријавил дека во неговата нива на место викано Долно Садово, прилепско, пронашол артилериска граната калибар 75 мм и едно панцирно зрно од Првата светска војна. = -На 01.11.2023 во 10.04 часот во СВР Битола било пријавено дека при изведување градежни работи на ул.„Димитар Илиевски Мурато“ во Битола биле пронајдени две рачни гранати калибар 60 мм од ...

Како дел од програмата за одбележување на 3-ти Ноември – Денот на ослободување на Прилеп, синоќа во Центарот за култура “Марко Цепенков”, КУД “Мирче Ацев” го одржа својот традиционален годишен концерт. Преполната сала пулсираше во духот и звукот на македонскиот мелос и традиција. Преубава атмосфера од која вредеше да се биде дел. Гости на “Мирче-Ацевци” им беа октетот “Прилеп” и естрадната пејачка Елена Јовческа. Чест и задоволство беше да се ...

Денеска (01.11.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола се реализирани неколку превентивни активности, односно на подрачје на Прилеп и Крушево, во средните училишта „Орде Чопела“, и „Наум Наумовски Борче“ се одржаа едукативни работилници посветени на врсничкото насилство и едукативно предавање на темата „Кажи не на дрогата, да на животот“. Во рамки на работилниците средношколците беа запознати како со облиците и последиците од ...

Екс пратеникот и долгогодишен политичар Исмет Рамадани вечерва гостуваше во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 и ја обвини телевизијата дека пропагира етничка дискриминација на Албанците. На ваквите негови наводи жестоко се спротивстави директорот на телевизијата, Иван Мирчевски, кој се вклучи во емисијата и му порача дека е крајно неприфатливо што воопшто помислил нешто такво. Мирчевски рече дека телевизијата е отворена за сите националности, ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
43%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
1.03
52%
1011
weather icon

Загреб

22ᴼ / 19ᴼ
2.06
53%
1010
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
42%
1013
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.8
47%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
60%
1011
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
3.58
47%
1011
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
46%
1011
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
49%
1011
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
1.54
44%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
52%
1010
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
63%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52