Регион

Црвен крст постигна рекорд со поделени 9.500 чаеви на посетителите и учесниците на Струмичкиот карневал

Како и секоја година така и оваа ООЦК Струмица беше вклученa во активностите со Струмичкиот карневал.

Во периодот од 15.03.2024 г. (петок) до 17.03.2024 г. (недела) клубот на млади организира камп на кој присуствуваа 8 Општински организации од нашата земја и 1 од Србија – Раковица. Кампот се спроведе во просториите на Црвен крст Струмица.

Главната улога на Црвен крст беше делењето на чај на посетителите и учесниците и оваа година постигнаа рекорд со 9.500 поделени чаеви. Имаше и 4 мобилни тимови по прва помош кои имаа неколку интервенции.

Кампот помина во најдобар ред, со многу спомени, нови искуства и нови пријателства.

Препорачуваме:

Ноќеска, во два часот по полноќ, Македонка Јанкулова од Струмица, на свет донесе здраво машко дете тешко 3.850 грама

Стојне Митева

Куклиш без вода поради дефект на водоводната мрежа

Ѓ. K.

Втор ден штрајк на грчките цариници, товарниот сообраќај во целосен прекин

Ѓ. K.