• Sun. May 19th, 2024

Уапсен струмичанец, крадел од плац со градежни работи

ByЃ. K.

Mar 27, 2024

Денеска во 01:45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко.Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

By Ѓ. K.