Со промената на секоја власт и селењето на Илинденска почнува менувањето на кадрите во сите ешалони, а тоа доведува до „мерење и премерување“ и на богатството на новите министри, заменик-министри, пратеници, директори… Само 30 дена е рокот за поднесување на анкетните листови на сите функционери до Комисијата за спречување корупција, откако ќе ги запоседнат фотелјите. Според досегашната пракса, низ годините се прават доста манипулации со ...
„Фокус“ направи анализа на дел од анкетните листови на новите функционери, па време е да им го „измериме“ богатството и да видиме дали може да се номинираат на листата во „скромните“ или, пак, во богатите. Луксузни станови, куќи, градежно земјиште, уметнички слики, имот во странство, накит, злато, штедни книшки, криптовалути, но и кредити имаат дел од новите функционери, кои пред некој месец до Антикорупциска комисија на тацна го ставија сето ...