Евертон има план да го задржи голманот Џордан Пикфорд и по истекот на неговиот договор во 2027 година. Клубот од Премиер лигата се подготвува да му понуди нов договор на англискиот репрезентативец и да го задржи искусниот голман во својот тим. Пикфорд, кој ќе наполни 32 години следниот март, се смета за клучен дел од тимот на „Карамелите“ во блиска иднина. Пикфорд е веќе осум години дел од „сините“ од Ливерпул, а во меѓувреме стана прв голман на ...
Иако неговиот актуелен договор со Евертон е до 2027 година, сепак, Џордан Пикфорд искусниот голман уште долго време ќе биде дел од овој клуб. Евертон планира да му понуди нов договор, што Пикфорд нема причина зошто да го одбие. Пикфорд има 32. години во моментов и е во пикот на кариерата, што се вели. Има статус на англиски репрезентативец, досега настапи за Гордиот Албион 76. пати и е сметан за еден од најдобрите чувари на мрежата на Англија ...