ФИА утврди нерегуларности кај Луис Хамилтон и Шарл Леклер и ги дисквалификуваше возачите на Мерцедес и Ферари, а причина за тоа е неправилното растојание на централната плоча која се наоѓа на долниот дел од болидите. Непочитувањето на стриктното правило заврши со одземен пласман и фисквалификаците од трката во Тексас, која по одлуката на ФИА доби целосно друг распоред во првите десет. Ландо Норис сега е втор, Карлос Саинц го зазема последното ...

Елиф Елмас експресно се рехабилитираше од повредата на мускулот, па македонскиот репрезентативец ќе биде во комбинација за настап за Наполи на утрешното гостување против Унион Берлин. Нашиот интернационалец настапи на двете октомвриски средби против Украина и Ерменија, но по враќањето во Неапол се пожалил на болка во мускулот, поради што го пропушти саботниот дуел со Верона. Сепак, италијанските медиуми најавуваат дека Елиф денеска тренирал без ...

Нова брилијантна партија на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски во дресот на шпански Рајо Валјекано. Кумановецот беше најзаслужен што мадридскиот тим славеше на гостувањето против Кадиз со 0-1. Димитриевски одбрани пенал во првото полувреме, потоа имаше и неколку сигурни интервенции во вториот дел, по што Рајо со гол во самиот финиш стигна до трите бода. Столе беше избран како најдобар голман во идеалниот тим од 10. коло во Ла ...

Како што пренесува „Релево“, Шпанецот ја воодушевил управата на Реал бидејќи многу успешно го заменил повредениот Тибо Курто. Белгиецот во август ги повреди лигаментите на коленото, оваа сезона за него е завршена, па затоа Реал веднаш го донесе Кепа на позајмица до крајот на сезоната. Сепак, големи се шансите Реал да го купи Кепа, бидејќи резервниот голман Андриј Лунин сака да си замине. Украинецот доаѓањето на Кепа го виде како јасна порака, ...

Во првиот натпревар од сезоната Денвер играше против Лос Анџелес Лејкерс и славеше победа со 119:107, а Јокиќ мечот го заврши со трипл-дабл од 29 поени, 13 скока и 11 асистенции. Домашниот доминираше скоро во текот на целиот натпревар и предноста најчесто им беше двоцифрена. Лејкерс внесоа неизвеност во последната четвртина кога дојдоа на само три поени, но сепак Денвер со нова серија се „одлепи“ и мирно го привреде мечот кон крајот. Посебно ...

Поранешниот ракометен репрезентативец Бранко Ангелковски избран е за нов тренер на РК Еурофарм Пелистер и утревечер ќе го предводи тимот на битолчани на средба со Киелце што ќе се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“, а во рамки на редовното 6. коло од европската Лига на шампионите. Управа на клубот го разреши првиот тренер Александар Јовиќ, а тим менаџерот Звонко Шундовски се повлекол од морални причини. Промените во РК Еурофарм Пелистер се ...

Предводникот на црвено жолтите пријателските дуели против Грција ќе ги искористи за воигрување на тимот пред нагтпреварите на престојното ЕП на стартот на 2024 година. Искусниот Никола Костески ќе добие шанса на десно крило по добрите игри во дресот на Плзењ во чешкото првенство, додека конкуренцијата на пивотменската позиција се засилува со Милан Лазаревски, кој одлично ја почна сезоната во дресот на Вардар. Шанса ќе добие и Емилијан ...

Еурофарм Пелистер вечерва (20.45 часот) ќе го пречека европскиот вицешампион Киелце во обид битолчани конечно да стигнат до првите бодови во Лигата на Шампионите. Јасно е дека полскиот гигант ќе ја има улогата на фаворит, но битолчани бодрени од верните навивачи имаат право да се надеваат на чудо, особено по тренерската смена што се случи во текот на вчерашниот ден. Новиот кормилар Бранче Ангеловски има пред себе сериозен предизвик, Киелце е ...

Поранешниот светски тениски рекет број еден Германецот Борис Бекер, има забрана и не може да присуствува на третиот грен слем турнир во сезоната -Вимблдон ниту следната година. Не можеше да го направи тоа ниту оваа година, а тоа нема да се промени. Според британските медиуми, ваквата одлука била донесена кога тој од британски бил префрлен во германски затвор, а тоа се условите наведени во пресудата. Како што се наведува, тој нема да може да ...

Поранешниот голман на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа би можел да се врати во тимот од „Олд Трафорд“, пренесува „The Sun“. Според британскиот весник, раководството на Манчестер јунајтед размислува за потпишување краткорочен договор со 32-годишниот Шпанец поради идното заминување на Андре Онана на Африканскиот куп. Договорот на Де Хеа со Манчестер јунајтед истече ова лето. Оттогаш тој е слободен агент. Голманот настапуваше за тимот од 2011 ...

Maкедонскиот репрезентативец, Никола Митревски имаше одлично издание во Лигата на шампионите и со 13 одбрани му помогна на Порто да дојде до победата. Сите одбрани македонскиот голман ги запиша во второто полувреме. Митревски сосема заслужено беше избран за најдобар голман во шестото коло од групната фаза.Во идеалниот тим покрај Митревски место добија: Матијас Муше (Магдебург), Сандер Сагосен (Колстад), Елијас Елесен (Кил), Мадс Хоксер (Алборг), ...

Хрватскиот шампион Динамо Загреб загуби на домашен терен од Викторија Плзен во третото коло од Конференциската лига. Викторија е прва со девет бодови, по што следат Динамо Загреб, Балкани и Астана со по три бодови во групата. „Кога нема да постигнеш гол, доаѓа казната. Зборувавме во соблекувалната дека не смееме да примиме гол. Им се извинувам на навивачите за лошите резултати. Мора да се разбудиме и да сфатиме дека го носиме дресот на Динамо и ...

Заштитата на цивилите и безбедноста на местата за богослужба и верските институции треба да бидат обезбедени и почитувани од сите страни, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција по нападот врз грчката православна црква Свети Порфириј во Газа, за кој претходно Грција, побарала заштита од Израел, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчкото МНР додадоа дека изразуваат „длабока тага за загубата на животи предизвикана од нападот ...

Специјалниот пратеник на Европската Унија за дијалогот меѓу Косово и Србија Мирослав Лајчак, придружуван од пратеникот на американскиот претседател Џо Бајден за Западен Балкан, Габриел Ескобар и високите советници на лидерите на Германија, Франција и Италија, допатуваа претпладнево во Приштина. Дипломатите имаат средби во кабинетот на косовскиот премиер Албин Курти, а потоа ќе продолжат за Белград, каде што ќе се сретнат со претседателот на ...

Игуманот на манастирот на СПЦ, Девина Вода во Косово, отец Фотије вчеравечер е протеран од Косово во Македонија, објави веб медиумот Коссев. Отец Фотије чие граѓанско име е Александар Костовски е роден во Скопје во 1981-ва година, а по завршена музичка академија во Софија во Бугарија, во 2004-тата се замонашил во Косово во Епархијата на Српската православна црква по што во 2009-тата станал игуман на манастирот во близина на Звечан во северно ...

Словенија на полноќ воведе полициски контроли на границата со Хрватска и Унгарија, а оваа мерка ќе важи најмалку 10 дена. Словенија воведе контроли откако Италија ја објави истата мерка на границата со Словенија, а како причина ги наведе зголемените безбедносни ризици поради организираниот криминал, ескалацијата на тензиите на Блискиот исток и зголемениот прилив на мигранти, пренесува СТА. Министерот за внатрешни работи на Словенија, Боштјан ...

Управата за цивилна заштита објави нови предупредувања поради невремето што ја зафати Хрватска. Синоптичарите на ДХМЗ издадоа црвено предупредување за невреме со грмотевици во регионите на Сплит и Книн и Дубровник поради обилни врнежи пропратени со грмежи и голема веројатност за урбани и поројни поплави, локално можна појава на град. Поизразен дожд пропратен со грмежи, по можност пороен дожд се движи од правец на Ѓаково кон Барања. Управата за ...

Вучиќ рече дека не може да зборува за детали бидејќи таков бил договорот. „Но, секако, тешко ни е сѐ што е поврзано со Косово и Метохија, не е само поради Бањска, тактички беше страшно, донесе повеќемесечни последици за нас, но во стратешка смисла нивната единствена цел е да се признае независно Косово, па – да дали причината е Бањска или нешто друго е неважно“, рече Вучиќ. Тој додаде дека 25 од 27 земји на ЕУ го признале независно Косово и ...

„Ѓаволот ја однесе шегата. Наоружајте се. Легално“, го започнува својот повик Јанша на социјалната мрежа Х (поранешен Twitter). Тој додава дека паметните го разбрале повикот, а другите „ќе им веруваат на Голоб, Поклукар и Шарац дека се способни да ја заштитат Словенија, но и нив лично во случај на терористички напади“. Јанша наведува дека станува збор за државни функционери кои од јуни ги игнорираат повиците на Словенечката демократска партија ...

Додека тензиите меѓу Србите и Албанците се во пораст, Бугарија ја користи постојната ситуација за да „најде“ што повеќе Бугари во Косово и да им даде државјанство, се вели во анализата на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана. Косово не е подготвено да спроведе попис на населението во согласност со стандардите на ЕУРОСТАТ во периодот од 1 ноември до 15 декември 2023 година. Пописот е важен за Косово со ...

Министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ денеска се среќаваат во Луксембург каде ќе разговараат за ситуацијата во Шенген зоната, импликациите од ситуацијата на Блискиот Исток за внатрешната безбедност во ЕУ и миграцијата. Се повеќе земји воведуваат гранични контроли во Шенген зоната поради големиот број илегални мигранти. Италија најави дека поради променетите околности во Европа и на Блискиот Исток ќе воведе надзор на границата ...

Министерството за здравство во Газа соопшти дека од почетокот на војната во Газа загинале 3.478 луѓе, а повеќе од 12.000 се ранети. Најголем дел од нив се жени, деца и стари лица. Повеќе од 1.400 луѓе во Израел загинаа, главно цивили убиени за време на смртоносниот напад на Хамас на 7 октомври. Израелските сили убија три лица, меѓу кои двајца тинејџери, рано утринава на Западниот Брег, јави официјалната палестинска новинска агенција Вафа. Во ...

Претседателот Џо Бајден упати директен апел до американскиот народ да продолжи со финансирањето на воените напори на Украина и Израел за време на неговото обраќање во Овалната соба во четвртокот вечерта, еден ден по враќањето од Тел Авив за да покаже поддршка за клучниот сојузник на Вашингтон. Истакнувајќи ги злосторствата во двата конфликти, Бајден рече дека иако Хамас и рускиот претседател Владимир Путин претставуваат различни закани, тие ...

Грчката православна црква, Св. Порфириј, во Појасот Газа, во која имало засолнето стотици раселени Палестинци, ноќеска била цел на израелски воздушен напад, пренесува Ројтерс повикувајќи се на извори од Православната патријаршија на Ерусалим и палестинските здравствени власти. Здравствените власти во Газа соопштија дека нападот врз црквата однел повеќе животи, а има и многу ранети. Израелската војска соопшти дека дел од црквата бил оштетен во ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека „ќе се бори до победа“ во Газа, сигнализирајќи дека нема да ги прекине воздушните напади и очекуваната копнена операција во енклавата откако палестинската исламистичка група Хамас ослободи две американски заложнички, објавија странските агенции. „Двајца од нашите киднапирани се дома. Не се откажуваме од нашите напори да ги вратиме сите киднапирани и исчезнати. Во исто време, ќе продолжиме да се ...

Невремето во северна Европа продолжи и денеска во Велика Британија, северна Германија и јужна Скандинавија со силен ветер и обилни врнежи од дожд, кои предизвикаа поплави, евакуација на жителите, прекин на електричната енергија, прекини на сообраќајот. Од четвртокот четири лица ги загубија животите во невремето „Бабет“ како што го нарече британската метеоролошка служба. Последната жртва е 33-годишна жена врз чиј автомобил во петокот паднало ...

Над 100.000 луѓе се приклучија на денешните пропалестински протести во центарот на Лондон, марширајќи низ британската престолнина и барајќи итен прекин на огнот во Газа по нападот на Хамас врз Израел пред две недели. Учесниците на протестниот марш извикуваа „Слободна Палестина“, носеа транспаренти со поддршка и палестински знамиња. Демонстрантите маршираа низ Лондон пред да се соберат пред Даунинг стрит, официјалната резиденција и канцеларија на ...

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта. Палестинците велат дека добиле нови предупредувања преку флаери од израелската војска да се преселат од северниот дел на Газа на ...

Портпаролот на дворецот Кремљ во Москва се согласува со американскиот претседател дека постои потреба од „нов светски поредок“, но рече дека „американско-центристичката“ визија за обединување на светот е надмината. Секој нов систем треба да биде „ослободен од концентрацијата на сите механизми на светско управување во рацете на една држава“, посочи тој. Портпаролот Дмитриј Песков, всушност, во понеделникот ја коментираше изјавата која шефот на ...

Министерството за внатрешни работи го има ликот на напаѓачот од Ист Гејт кој денеска ги рани Раде Трајковски Штекли и негов пријател, но уште трага по неговиот идентитет. Од таму испратија известување, во кое бараат секој кој има сознание за лицето или го забележи, веднаш да пријави во МВР. „Во врска со пукањето кон две лица од огнено оружје кое беше пријавено денеска (24.10.2023) во трговскиот центар Ист Гејт во Скопје, кои се здобиле со ...

Скопје

7ᴼ/7ᴼ
1.03
87%
1020

Белград

14ᴼ/13ᴼ
3.09
70%
1018

Софија

12ᴼ/9ᴼ
5.14
76%
1023

Сараево

12ᴼ/12ᴼ
2.57
79%
1022

Љубљана

10ᴼ/7ᴼ
2.06
88%
1009

Атина

18ᴼ/14ᴼ
3.6
56%
1017

Тирана

11ᴼ/11ᴼ
1.03
87%
1019

Подгорица

13ᴼ/8ᴼ
1.54
72%
1019
Currency

61.5749

Currency

57.5386

Currency

71.8542

Currency

37.59

Currency

42.0558

Currency

62.892

Currency

7.94063

Currency

0.62429

Currency

0.36337

Currency

0.52519

Currency

1.77171

Currency

0.68989

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

546 $

Никел

616639 $

Рутениум

24115 $

Калај

33 $

Сребро

874 $

Злато

75176 $

Бакар

9 $

Паладиум

30692 $

Платина

29370 $

Родиум

151607 $

Цинк

91511 $