Времето ќе биде сончево и топло. На повеќе места ќе дува засилен ветер од јужен правец, наместа над 60 километри на час. Во ноќните часови кон недела ќе има преодно дестабилизирање со локален пороен дожд и ретки грмежи, информираат од УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. ...

Времето денеска во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Според прогнозата на УХМР, во Скопје исто така ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималните утрински температури утре во земјава ќе се движат од 7 до 14 степени, а максималните дневни од 18 до 27 Целзиусови степени. Во вторник ќе биде исто така сончево со умерена облачност ...

Сончево и топло – вакво време, според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) нè очекува денеска во земјава. Ќе има мала до умерена, претежно висока облачност, и ќе дува слаб јужен ветер. Минималните температури ќе се движат од 6 до 14 Целзиусови степени, а максималните од 18 до 28 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурите во главниот град денеска ќе се ...

Во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Попладнето во западните делови од земјата врнежите наместа ќе бидат пообилни. Утринските температури се движат од 5 до 16, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 17 и 27 Целзиусови степени. Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од ...

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време, претежно во јужните делови со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. Во Скопје променливо облачно време со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната ...

Времето денска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и северните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени. Во Скопје променливо облачно со умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне ...

Царинските службеници на Табановце во текот на минатиот викенд запленија околу 20 илјади евра кои македонски државјанин имал намера нелегално да ги внесе во државата. Непријавените девизи се откриени при детална контрола на возилото со кое лицето патувало. -На 22 октомври, македонскиот државјанин кој управувал со возило со шведски регистарски таблички, на влез во државава изјавил дека со себе има само околу 10 илјади евра, иако носел вкупно ...

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски потврди дека инцидентот, односно вчерашното пукање во Ист Гејт, во кои се повредени две лица е криминална пресметка. -Точно се знае и беграундот на лицето во коешто е пукано и конфликтите што ги имате, практично тие се групи криминални, кои се разбиени во најголемиот дел и за кои јас и информирав пред некое време, во многу оперативни акции што сме ги презеле, секојдневно. Самите сте сведоци дека ...

Министерот за економија Крешник Бектеши смирува дека Бугарија не може да воведе еднострана такса за рускиот гас што преку нејзината територија стигнува до соседните земји, вклучително и до нас. Уцени во делот на начинот како Македонија ќе ги инвестира и диверзифицира своите извори, не се прифатливи од никого, додаде Бектеши. Ако си мислат дека на ваков начин може да нè уценат, тоа нема да им помине и ние ќе продолжиме да ги диверзифицираме ...

Од денеска се укинуваат два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје. Патниците на оваа релација ќе можат да ги користат само возовите кои поаѓаат од Скопје во 14.30 часот и во 03.13 часот од Битола. На официјалната страница на „Македонски Железници“, без да се наведат подетални информации, само пишува дека овие измени ќе важат се до нивно отповикување. „ЖРСМ Транспорт АД Скопје – Патнички сообраќај ги известува корисниците на услуги кои ...

Денеска беше закажано прво рочиште за предметот откако измените на Кривичниот законик стапија на сила, а обвинителката Ленче Ристоска предложи судот да донесе одлука за застарување. -Со оглед на измените на Кривичниот законик од 7 септември 2023 година кои се однесуваат на кривичното дело „Злоупотреба на службена положба“ од членот 353, сметам дека во конкретниот случај за обвинетиот Миле Јанакиески има основ за примена на тие измени како поблаг ...

Претседателот на Собранието Талат Џафери на средба со новинарите зборуваше за можните датуми на претседателските избори, како и за евентуалните рокови. Тој сподели три можни датуми за првиот и вториот круг. „Инаугурацијата на претседателот на државата треба да биде на 12 мај 2024 година. Изборите се одржуваат во последните 60 дена од сегашниот мандат, последните 60 дена се помеѓу 14 март и 12 мај 2024 година. Изборите се одржуваат во два изборни ...

Четириесет и седумгодишна жена, вчера вечерта, била прегазена од „тојота корола“ во Скопје, при што била тешко повредена и итно пренесена на скопските клиники. „На 25.10.2023 во 20.40 часот било пријавено дека во Скопје на ул. „11-ти Октомври“ патничко моторно возило „тојота корола“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Е.К.(33) од Кавадарци, удрило во Л.С.(47) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.С., ...

Родена е во селото Слатина, во Мегленската област, од сиромашни селски родители, коишто имаа уште три ќерки. Света Злата беше кротка и побожна девојка, мудра со Христовата мудрост и златна не само по име туку и по богобојазливото срце. Еднаш, кога излезе по вода, ја фатија некои бесрамни Турци и ја одвлекоа во својата куќа. Кога еден од нив ѝ нудеше да се потурчи и да му биде жена, таа храбро му одговори: „Јас во Христа верувам, само за Него ...

При денешната посета на општина Ѓорче Петров, во рамките на активноста „Важно е! Од тебе зависат промените“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на престрелката среде најпрометниот трговски центар и коментар на тоа што Спасовски вели дека Скопје е безбеден град, истакна дека Спасовски е министер речиси 8 години и срамота е со позицијата со која излегува во јавност, но има индиции дека ...

За првиот заменик премиер Артан Груби, го гледаме како испраќа повици за вработување за приватна странска фирма Бехтел и Енка. Јас се прашувам дали за него важи законот за владата бидејќи во него во членот 8 пишува дека владата ќе обезбеди слобода на пазарот и претприемништвото и ќе оневозможи монополска положба, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на денешната собраниска седница за пратенички прашања. Таа истакна дека ...

Градските советници не одобрија, Град Скопје да му даде плус 110 милиони денари субвенции на ЈСП „Скопје“, односно вкупната сума да изнесува 550 милиони денари. За изменување на одлуката за давање на субвенции на ЈСП гласаа само 22 членови на Советот, што не беше доволно барањето да помине. Директорот на ЈСП, Крсте Петревски во образложението зошто се бараат дополнителните средства денеска од говорницата на седницата на Советот на Град Скопје, ...

Во изминатиот период, вработените протестираа барајќи зголемување на платата за 78 проценти и враќање на додатоците на плата. Минатиот четврток, судската администрација најави дека нема да ги работи ниту итните предмети доколку Владата не седне на преговарачка маса со синдикатот. „Владата треба да биде свесна дека доколку работната група и после овој протест не седне на маса да преговара, ќе се парализира целото правосудство. Секое понатамошно ...

Според календарот на Македонската православна црква денеска е Преподобна Параскева – Петковден. Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други ...

Викендов, во текот на ноќта, на преминот од сабота кон недела, во три часот по полноќ, почнува зимското сметање на времето. Тоа значи дека стрелките на часовникот треба да се поместат еден час наназад, односно од 3 на 2 часот. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летно сметање на времето. Од Министерството за економија велат дека ...

Пратеникот Драган Ковачки со отворено писмо до Претседателот Пендаровски, кој кажал дека не знаел за скандалот со изнуда на сексуални услуги во АРМ и дал совет да информациите ги пријавам во надлежни институции. Претседателе Пендаровски, зошто бегате од одговорност? Барате од мене да доставам информации до надлежни институции, а Вие како Врховен командант на АРМ, СТЕ надлежна институција. Според тоа, барате од мене да Ви доставам информации за ...

Осум малолетници запалиле огран на балконот на тетовската болница. Во присуство на нивните родители, извршени се службени разговори со сите нив. По преземени повеќе оперативни мерки Секторот за внатрешни работи Тетово ги идентификуваше лицата кои вечерта на 23-ти овој месец околу 19 часот запалиле оган на балконската просторија пред Кабинетот за физикална терапија во тетовската Клиничка болница и на тој начин предизвикале општа опасност. Станува ...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата целата држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 198 возачи. Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 109 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 89 надвор од населено место. Сообраќајните контроли ...

Заврши првата средба меѓу претставниците на Синдикатот на УПОЗ и Владата за барањата за зголемување на платите за 78 проценти и враќање на додатоците на плата за вработените во јавнообвинителската и судската служба. Следната недела треба да се одржи нова средба на која Синдикатот на УПОЗ очекува конкретен предлог од Владата. Штрајкот продолжува додека не се добие одговорот, рекоа од синдикатот. „Конкретен одговор на нашите барања не добивме. ...

Мбапе минатото лето одбиваше да потпише нов договор со парижаните и беше блиску до трансфер во шпанскиот гигант, но на крајот се договори со претседателот на клубот, Насер Ал Келаифи. „Марка“ објави дека Мбапе жали што останал во ПСЖ и сака да се пресели во Реал Мадрид, откако ќе заврши актуелната сезона. Очигледно следи период исполнет со тензии меѓу ПСЖ и Мбапе, како и во изминатите години, но останува да видиме дали конечно ќе се пресели во ...

Јунајтед оваа сезона игра очајно, во Премиер лигата е на 10. место со 12 бода од осум натпревари, а во Лигата на шампионите загуби од Баерн и Галатасарај. „Модриќ сè уште не знае каде ќе ја заврши сезоната. Има клубови кои се распрашуваат за него, а еден од нив е Манчестер Јунајтед. Единствениот проблем е што Јунајтед е последен во својата група во Лигата на шампионите и најверојатно нема да биде во тоа натпреварување по Божиќ“, рече Инда, ...

Возачот на Ферари, Шарл Леклер победи на квалификациите за трката во Формула 1 за Големата награда на САД. Леклер до пол-позицијата стигна со извозен најбрз круг со време 1 минута 34,723 секунди Актуелниот шампион, Макс Верстапен од Ред Бул, го покажа најдобриот резултат на овие квалификации, но неговото време беше поништено бидејќи тој направи прекршок во свиокот 19. Така Холанѓанецот ќе стартува од 6. позиција. Главната трка за Големата ...

Според тамошниот „Дер Стандард“, Карлитос побарал огромни 800.000 долари само за да се појави и да учествува на турнирот. Организаторите веднаш го одбиле ова негово лудо барање, кој потоа се реши да игра во Базел, но и оттаму отпадна поради повреда. Овие два турнира традиционално се играат во текот на следната недела. Наградниот фонд за турнирот во Виена е 2,4 милиони долари, а победникот добива 450.000 долари, не е чудно што организаторите ...

Легендарниот англиски фудбалер Сер Боби Чарлтон почина на 86-годишна возраст. Чарлтон беше клучна фигура во освојувањето на единствената титула светски шампион во 1966 година, но и во создавањето на големиот Манчестер јунајтед. „Сер Боби почина мирно во раните утрински часови во саботата“, соопшти неговото семејство. Тој постигна 249 гола на 758 натпревари, го освои Купот на европските шампиони во 1968 година, како и три титули во англиската ...

Старо-новиот Ф1 шампион, Макс Ферстапен продолжи да „лета“ и најновата победа ја запиша на на трката за Големата награда на Соединетите Американски Држави. Холанѓанецот по кој знае кој пат потврди дека во овој момент нема конкуренција во „најбрзиот циркус“ на светот, па во свој стил беше најбрз и во Остин иако трката ја започна од шестата стартна позиција. Ова за асот на Ред Бул беше 15 триумф во оваа сезона, односно петти пат во низа слави во ...

Скопје

6ᴼ/6ᴼ
1.03
93%
1020

Белград

14ᴼ/12ᴼ
2.06
72%
1018

Софија

10ᴼ/8ᴼ
2.06
78%
1024

Сараево

11ᴼ/11ᴼ
2.24
82%
1021

Љубљана

10ᴼ/7ᴼ
2.06
89%
1009

Атина

17ᴼ/14ᴼ
1.34
60%
1017

Тирана

10ᴼ/10ᴼ
1.54
100%
1019

Подгорица

12ᴼ/8ᴼ
2.57
71%
1019
Currency

61.5162

Currency

57.5106

Currency

72.679

Currency

37.5774

Currency

42.0353

Currency

63.614

Currency

8.10285

Currency

0.62399

Currency

0.3632

Currency

0.52538

Currency

1.76912

Currency

0.68955

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

546 $

Никел

616639 $

Рутениум

24115 $

Калај

33 $

Сребро

874 $

Злато

75176 $

Бакар

9 $

Паладиум

30692 $

Платина

29370 $

Родиум

151607 $

Цинк

91511 $