Бугарија е ставена на сивата листа на земји што подлежат на засилен мониторинг од страна на Работната група за финансиска акција (Financial Action Task Force). Државите на сивата листа имаат „стратешки недостатоци“ во нивните напори да се спротивстават на перењето пари и финансирањето на тероризмот, но соработуваат со ФАТФ за да ги надминат проблемите. Бугарија им се придружи на 22 други држави на листата, додека четири држави, меѓу кои и Панама ...

Во Република Турција денеска со бројни манифестации, програми и активности се одбележува 29 Октомври, Денот на Републиката и 100 години од прогласувањето на Република Турција. Како што јави Анадолија, Денот на Републиката се одбележува низ целата земја, од Истанбул, Анкара, Измир, Трабзон до Газиантеп и Кахраманмараш. Делегација предводена од претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска по повод 29 Октомври го посети Аниткабир, ...

ГЕР на поранешниот премиер Бојко Борисов доживеа колапс на локалните избори во главниот град Софија. Иако генерално постигна задоволителен резултат на локалните избори ГЕРБ ја загуби Софија по 18 години. Борисов ја почна политичката кариера токму како градоначалник на Софија и ова означува еден специфичен удар за неговото политичко кредо. По првиот круг на изборите и пребројани една третина од гласовите во Софија убедливо води пандидатот на ...

Судија во претходна постапка вчера, доцна вечерта, ги прифати барањата на ОЈОГОКК во врска со осомничените во акцијата “Синџир”. Од Обвинителството во кратка изјава за Инфомакс информираа дека судот определил 13 ефективни притвори, 1 куќен притвор и 12 мерки на претпазливост. Во врска со мерките за претпазливост од Обвинителството нагласија дека за сите 12 лица се определени сите мерки на претпазливост кои Обвинителството ги побара и тоа забрана ...

Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 322 возачи. Од МВР денеска информираа дека од нив, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 195 возила ја ...

Полицијата вчера го приведе четириесет и петгодишен битолчанец кој претходно извршил кражба во угостителски објект и украл пари. „Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола на (30.10) го лишиле од слобода Г.В.(45) од Битола поради основано сомнение за извршена тешка кражба во угостителски објект во Битола. Г.В. во службен разговор го признал делото, а пронајдени се и парите што ги одземал и вратени се на сопственикот“, ...

Жител на Скопје минатата година остварил и пријавил 446 милиони денари годишен бруто доход. Највисока годишна бруто плата во 2022 година исплатена е на граѓанин од Скопје во дејноста трговија на големо со производи од тутун и изнесува 144 милиони денари, покажуваат податоците што ги објави денеска на прес-конференција Управата за јавни приходи. Како што информира директорката на УЈП Сања Лукаревска, највисокото лично примање по основ на извршена ...

Поради вградување асфалтен слој на регионалниот пат Р 1102, делница Велес – Градско, од 26.10.2023 година до 1.11.2023 година, во периодот од 8 до 18 часот ќе биде затворен за сообраќај делот од бензинската пумпа „Дади компани“ до бензинската пумпа „Хив“. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од ...

Вчера во 23.00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Б.(45) од село Јосифово, валандовско. Околу 22.00 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија, тој со патничко возило „фиат“, со гевгелиски регистарски ознаки, застанал на лентата за престигнување со што ги довел во опасност останатите учесници во сообраќајот. Тој бил затекнат во неконтактибилна состојба и при укажување помош во Итна медицинска помош Неготино било ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 58-годишник, вработен во Шумската полиција, директно за себе побарал 18.000 денари за да не изврши службено дејствие што би морал да го изврши, односно за да не му прави контрола на сведокот – референт за сеча и ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлуки со кои крајната цена за испорачаната топлинска енергија на потрошувачите снабдувани од ЕСМ од бараното зголемување на цената од над 50 %, одобри 4,51%. Тоа на сметка од 1000 денари значи зголемување од 45 денари, поконкретно на една просечна сметка од 1800 денари, зголемувањето е 80 денари, објасни ...

Запленети 235,5 килограми режан тутун за којшто е избегнато плаќање акциза во износ од над половина милион денари во координирана акција на Секторот за контрола и истраги на Царинската управа, Единицата за економски криминал при Одделот за крим полиција при Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторат, спроведена во текот на вчерашниот ден на пазарите во Скопје и Тетово. Во акцијата e запленет и пиротехнички материјал, ...

Заклучно со денеска се уплатени 2.210.108.927 денари по основ на солидарен данок од страна на 98 даночни обврзници од вкупно 150. Тие што не платиле ќе добијат писмена опомена на 6 ноември, а доколку во меѓувреме не ја исполнат обврската ќе им биде блокирана сметката на 24 ноември. Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска во одговор на новинарско прашање информираше дека вкупната уплатена сума е 2.210.108.927 денари. ...

Бурни реакции кај Македонците откако вчера Виктор Стојанов од бугарската фондација „Македонија“ за семејства од Македонија понуди да го променат презимето и наместо на „вски“, да завршуваат на „ов“ или „ев“. Притоа, како што пишува за таквата промена, на македонските граѓани им нуди парични средства од 300 евра. Со бурна реакција, во свој стил, се огласи актерот Сашо Тасевски. – Е па ајде, навали македонски народе. Триста евра! Кој ти ги дава! И ...

Претседателот Стево Пендаровски за денеска со почеток во 12:00 часот закажа седница на Советот за безбедност, соопшти кабинетот на шефот на државата. На дневен ред на седницата што ќе се одржи во вила „Водно“, ќе биде безбедносната состојба во државата и евроатлантскиот регион. На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Зарко Милошевски и директорот на Агенцијата ...

На 31.10.2023 во 16.15 часот во Кавадарци полициски службеници од ОВР Кавадарци Кавадарци ги лишиле од слобода Т.К.(38) и Р.А.(26), двајцата од Кавадарци, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба”. Тие вчера околу 15.20 часот од куќа на Т.А. од Кавадарци одзеле паричник во кој имало пари, картички и лични документи на оштетениот. Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе биде ...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 236 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 147 ...

Синдикатот на УПОЗ попладне повторно треба да се сретне со претставници на Владата. На средбата ќе се разговара за барањата на вработените во судската и јавнообвинителската служба кои бараат зголемување на платите за 78 проценти и исплата на додатоците за плата. Минатата недела се одржа првата средба која заврши без конкретен договор. По средбата, претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деановски изјави дека очекуваат конкретен предлог од ...

Полицијата, синоќа, околу 21.30 часот, на улицата Илинденска во Тетово, го приведе 23-годишниот Н. А. од тетовска Голема Речица поради насилство. Младиот тетовец еден час пред приведувањето бил пријавен од 22-годишна тетовка, со која претходно бил во љубовна врска, дека попладнето физички ја нападнал додека со возило се движеле во централното подрачје, велат од СВР Тетово. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и ...

Парламентарните избори и претседателските треба да бидат заеднички, односно парламентарни да има со вториот круг на претседателските. Со тоа ќе се обезбеди цензус, нема да се закочи економијата повеќе од 6 месеци, ќе се заштедат пари и нема да има уставна и политичка криза, изјави аналитичарот Владимир Божиновски за „Заспиј ако можеш“ на Алфа. Според него, онаа разлика која е воочлива на анкетите и предноста на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ ќе се ...

По три години и еден месец ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, излезе од затворот „Идризово“. Излегувањето од затвор е со условен отпуст, по одлука донесена од Апелација и нема да се врати ако до идниот октомври не направи ново кривично дело. При донесувањето на ваквата одлука биле земени предвид повеќе фактори – Јанкулоска е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, ги почитувала правата и ...

Безбедносната состојба во државата е стабилна и нема индиции кои укажуваат на нејзино можно загрозување. Ова е заклучокот од седницата на Советот за национална безбедност која се одржа денеска во кабинетот на шефот на државата Стево Пендаровски, а која се одржува во период на сè уште активната војна во Украина, но и по неодамнешните тензии на северот на Косово и ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток. На денешната, 19. седница на Советот ...

Роберт Кард, осомничен за убиство на 18 лица и ранил 13 во американската сојузна држава Мејн, бил пронајден мртов 48 часа откако отворил оган во бар и куглана во Левистон. Гувернерката Џенет Милс рече дека Кард била пронајдена мртва во близина на Лисабон со очигледна самонанесена прострелна рана. Гувернерката на Мејн Џенет Милс на прес-конференција потврди дека телото на Роберт Кард е пронајдено во близина на градот Лисабон. „Долгата потрага е ...

Хамас денеска соопшти дека нејзините војници во Газа се подготвени да се спротивстават на израелските напади со „целосна сила“ откако израелската војска ги прошири своите воздушни и копнени напади врз палестинската енклава. Палестинската милитантна група која владее со Газа соопшти дека нејзините борци се судриле со израелските војници во областите во близина на границата со Израел, откако Израел објави дека има засилени напади во Газа. До ...

Пристапот до интернет и телефонската мрежа беа целосно прекинати низ Појасот Газа вчера, речиси три недели откако Израел почна да ја бомбардира енклавата по вооружениот напад на милитантите на Хамас во кој израелските власти велат дека загинале најмалку 1.400 луѓе, главно цивили. Министерството за здравство во Појасот Газа, управуван од Хамас, соопшти дека најмалку 7.326 луѓе се убиени во одмаздничките напади на Израел од нападот на 7 октомври, ...

Ова е гласањето за Хуманитарен прекин на огнот во Газа во собранието на Обединети нации. Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која се повикува на итно хуманитарно примирје во појасот Газа. Македонија, пак, беше воздржана. Наш претставик е поранешниот министер за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски. Резолуцијата која беше предлог на Јордан, е усвоена со 120 гласа „за“ , со 14 “против“ и со 45 „воздржани“. Од нашиот регион, ...

Граѓаните почнаа да пристигнуваат на аеродромот Ататурк каде ќе се обрати претседателот Реџеп Таип Ердоган. Во релито на аеродромот Ататурк беше поставена џиновска етапа долга 60 метри и висока 14 метри. На бината која беше украсена со визуелни елементи на турски знамиња, палестински знамиња и џамија Ал Акса беа поставени 6 посебни ЛЕД екрани за учесниците лесно да го следат митингот. Покрај тоа, 29 кули за звук и прикажување и дополнителни 25 ...

Бројот на загинати во ураганот Отис синоќа се искачи на 39, неколку дена откако го погоди мексиканскиот пацифички брег. – Јавното обвинителство во моментов проценува 39 мртви – 29 мажи и 10 жени, соопшти министерката за безбедност Роза Ичела Родригез во видео порака со мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор. Се верува дека повеќето од жртвите се удавиле. Претходно, мексиканската влада соопшти дека загинале 27 лица. Во меѓувреме, ...

Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс се повлече од претседателските избори во САД во 2024 година. Пенс, кој беше потпретседател за време на Доналд Трамп, за време на Конференцијата на републиканската еврејска коалиција во Лас Вегас, Невада рече дека „му станало јасно оти ова не е негово време“, додавајќи дека одлуката дошла по „многу молитва и размислување. Поранешниот републикански кандидат заостануваше многу зад претходниот ...

Израелските тенкови, поддржани со пешадија, продолжуваат постепено да навлегуваат во појасот Газа додека најголемиот израелски воен напад врз палестинската територија во последната деценија, продолжи да се шири. Армијата влезе во северните квартови каде се водат битки со милитантите на Хамас. По три недели масовни воздушни напади врз густо населениот Појас, од израелската армија потврдија дека почната е втора фаза од војната. „За време на ...

Скопје

25ᴼ/25ᴼ
1.03
36%
1019

Белград

24ᴼ/24ᴼ
5.14
38%
1018

Софија

19ᴼ/19ᴼ
4.63
42%
1022

Сараево

20ᴼ/20ᴼ
3.51
50%
1022

Љубљана

22ᴼ/18ᴼ
4.12
41%
997

Атина

22ᴼ/19ᴼ
4.63
36%
1018

Тирана

22ᴼ/22ᴼ
4.12
53%
1018

Подгорица

26ᴼ/23ᴼ
1.54
28%
1017
Currency

61.5162

Currency

57.5106

Currency

72.679

Currency

37.5774

Currency

42.0353

Currency

63.614

Currency

8.10285

Currency

0.62399

Currency

0.3632

Currency

0.52538

Currency

1.76912

Currency

0.68955

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

546 $

Никел

616639 $

Рутениум

24115 $

Калај

33 $

Сребро

874 $

Злато

75176 $

Бакар

9 $

Паладиум

30692 $

Платина

29370 $

Родиум

151607 $

Цинк

91511 $