Секој залак што го украле ќе им преседне, стои во најавата на опозицијата за расчистување на криминалот на власта по изборите кога ќе биде формирана новата влада. ВМРО-ДПМНЕ објавува дека три мега скандали во еден ден ја тресат Владата а за нив власта ќе одговара. „Владата на ДУИ и СДС ја претворија Македонија во ветена земја за криминал и корупција. А токму тие се на врвот на тој криминал. Нема ден да не помине а во јавноста да не излезе афера ...

Опозициската партија вели дека по интервјуто на Али Ахмети, станало јасно дека тој заедно со Ковачевски и Груевски ги договарале измените на Кривичниот законик, кои ги изгласа власта, а со цел амнестија на сите криминали, кои ги направија ДУИ и СДС, во минатите 7 години, на штета на граѓаните. Исто така со овие измени, одредени структури, имаат за цел, да направат раздор во опозицијата, претставувајќи ги истите, како нешто веќе божем ...

Со ознака „гарантирана цена“ и 10% поевтино отколку на 1 август, од денеска во маркетите ќе се продаваат неколку видови леб, бисквити, наполитанки, јогурт, јајца, млеко, тестенини, овошје, зеленчук, сирење, дел од месните производи… Ооваа мерка ќе важи најдоцна до крајот на ноември, но беше најавено дека може да се продолжи ако има потреба. За да се обезбеди снабденост со производи во продавниците и маркетите, Владата ги обврза трговците ...

„Не може да му се верува на злото“, изјави украинскиот претседател во вчерашното обраќање во Генералното собрание на ОН и го повика светот да се обедини за да стави крај на руската агресија врз неговата земја. Зеленски рече дека Русија, која е вооружена со нуклеарно оружје, мора да престане „да го турка светот во конечна војна“. Украинскиот претседател ја обвини Русија дека сè, од храна до енергија, претвора во оружје. „Додека Русија го турка ...

Oткако претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг” изјави дека неговиот претходник и поранешен премиер e во тајна комуникација со владата, реагираше Никола Груевски на социјалните мрежи. Мицкоски отвори фронт со Груевски, го обвини дека шурува со власта за уставни измени „Во врска со изјавата на Христијан Мицковски за германскиот медиум ФАЦ а поврзано со мене, го ...

„Од сите небулози најјако е дека испадна како најточно дека војната се случила пошто ДУИ не била дел од приватизација“, реагира новинарот Ивор Мицковски на дел од изјавата на Али Ахмети во интервјуто за „360 степени“ во кое рече дека војната во 2001 во Македонија се случила бидејќи од приватизацијата во 90-те Албанците биле тргнати на страна од поделбата на заедничкото богатство кое беше изградено од тогашната социјалистичка држава. Така бил ...

Во очи на големиот протест кој на Светскиот ден на пензионерите ќе се одржи пред Владата во Скопје, пензионери од повеќе градови одржаа собири низ повеќе градови од внатрешноста. Само Плоштадот Александрија во Прилеп, беше претесен да ги собере сите кои дојдоа да се договорат за протестот во Скопје. Тие ги повторија барањата од кои нема да отстапат се до нивно исполнување. А тоа се линеарно покачување од 3.500 денари за секој пензионер и промена ...

Ваучер системот кој за некои клубови и спортисти беше единствениот извор на финансии веќе го нема. Државата реши да направи измени во Законот за добивка и да го укине. На последната собраниска седница беа донесени измени во Законот за добивка на кој се темелеше и ваучер системот за помош на спортот. Помошта која ја имаа клубовите, федерациите и спортистите веќе нема да ја добиваат, или барем не на начинот кој беше актуелен во изминатите години. ...

Академик Катица Ќулавкова застана во одбрана на актерот Сашо Тасевски, тужен од здруженија на Бугари во Македонија за наводен говор на омраза во негови објави на социјалните мрежи. „Храбрите луѓе, кога ги бранат идеалите со збор, придонесуваат за општо добро, за сите. Кога се нападнати поради тоа што ги бранат своите идеали, најчесто споделени од мнозинството, тие се мошне осамени. За жал, мнозинството или се плаши, или е конформистично, или ...

Секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев, откри дека рускиот претседател Владимир Путин следниот месец во Пекинг ќе се сретне со својот кинески колега Си Џинпинг. Оваа средба на високо ниво ќе се одржи за време на Форумот за меѓународна соработка „Појас и пат“, закажан за октомври. Кина претходно го потврди присуството на околу 90 земји на овој настан, вклучително и странски лидери, како што се претседателите Александар ...

Освен претседателот на Собранието, Талат Џафери, албанската опозиција ги обвинува и првиот човек на ДУИ, Али Ахмет и на АА, Арбен Таравари за молкот за интерпелацијата што ја поднесоа до Собранието. Пратеничката на Алтернатива, Сафије Садики Шаини, вели дека ААА заедно со Движењето Беса и Демократското движење очекуваат првиот човек на Собранието, Талат Џафери да свика седница за интерпелација против главниот обвинител, Лубомир Јовески. ...

„Деталната анализа ќе ви укаже нешто дека нема обвинителни акти за држава која што веќе седум години е владеена од СДСМ и од ДУИ, а имаме еден куп корупциски скандали, а не се отвораат обвиненија. Граѓаните гледаат како скандалите завршуваа во Јавното обвинителство наместо во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Во Македонија постојано е крив кабелот. Па така деталната анализа не ни дава многу податоци, туку детално ќе ...

Во Брисел, на 19 јули 2019 година, се одржа меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ, за зачленување. Тоа беше можно откако два дена порано, на 17 јули, во Софија, Бујар Османи потпиша втор протокол, којшто претставува целосна капитулација на Македонија. Со преговарачката рамка, којашто e усогласена, ама сѐ уште не сме ја прифатиле, Македонија нема никогаш да влезе во ЕУ. Со вториот протокол, Македонија прифати серија бугарски ултиматуми, ...

На маргините на 78. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк претседателот Стево Пендаровски се сретна со својот украински колега Володимир Зеленски. „Со @ZelenskyyUa, претседателот на Украина, пред почетокот на 78. сесија на Генералното Собрание на ОН. Поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници. #партнерство#поддршка#пријателство“, објави Пендаровски на ...

Екс премиерот Никола Груевски реагира на обвинувањата од неговото наследник Мицкоски кој го обвини за тајна комуникација со владата со цел уставни измени. ,,Во врска со изјавата на Христијан Мицковски за германскиот медиум ФАЦ а поврзано со мене, го повикувам јавно да одговори на следните две прашања: 1. Дали е точно дека тоа го кажал во изјавата за германскиот медиум, 2. Доколку е точно, дали може лично тој јавно да каже со кој мој потег, ...

Сето тоа што го слушаме од страна на носителите на јавни функции, дека се спремни да се борат против корупцијата, веќе сметаме дека тоа е само декларативно. Заради тоа што на овој начин само се потпалува корупцијата, се зголемува можноста за тргување со влијание и за партиски пазарења, изјави денеска претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска. Таа изјави дека новите измени во Кривичниот законик се избрзани и ...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го обвини неговиот претходник Никола Груевски дека е во тајна комуникација со владата, со цел да се подели ВМРО-ДПМНЕ за да се протуркаат уставните измени. Под наслов „Постојано нови барања за Македонија“, германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг” донесува подолга статија на добриот познавач на регионот, новинарот Михаел Мартенс, кој водел разговор со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ...

Собранието на денешната седница ги донесе законите од даночната реформа. Пакетот од трите закони за данокот на солидарност, дополнувањата за законите за додадена вредност и за данок на добивка поминаа на пленарна седница. Власта ги донесе законите иако граѓаните и компаниите жестоко реагираа. Со солидарниот данок ќе се оданочат компаниите кои лани оствариле приход над 10 милиони евра. ДДВто пак ќе де зголеми за неколку стотина производи од пет ...

Криминалци напаѓаат полицајци со солзавец и тоа во станица, побудален возач се движи по плочник па боде со нож, мафијашки пресметки во кафулиња, убиства, кражби и разбојништва. Македонија станува се понебезбедно место за живеење. И додека речиси секој ден сме сведоци на нови сериозни инциденти, надлежните од ракав вадат бројки и се фалат дека наводно криминалитетот бил намален. Екс- полицискиот началник Љубомир Ѓурчевски вели дека со ...

Во француско-германскиот експертски извештај за реформирана и проширена ЕУ, што денес се презентира пред Советот за општи работи (ГАК) се предлага укинување на ветото односно воведување квалификувано мнозинство наместо консензус сè до последниот чин во процесот – зачленувањето, соопшти денеска поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, споделувајќи го извештајот. ...

Новиот закон за амнестија со кој треба од затвор да бидат пуштени осудениците на шест месеци и за 30 отсто да им се намалат казните на затворениците за лесни кривични дела, не „помина“ на владината седница, брифираат за „Слободен печат“ од Владата. За законот била отворена дискусија и било заклучено дека тој „треба да се усогласи со надлежни институции“. Висок владин функционер брифира дека амнестијата не поминала, бидејќи нема коалициска ...

Лебот, млекото, месото, оризот, тестенините, јунешкото, пилешкото и меленото месо, кравјото сирење и кашкавал, односно над 50 категории производи, веќе од утре треба да поевтинат, за 10%, а некои и повеќе 10 отсто, односно референтна вредност се зема на цените од 1 август. Тие што ги покачиле цените во август не само што ќе треба да ги вратат како во јули, туку таа цена ќе треба да ја намалат за 10 проценти. Мерката ќе трае до крајот на ноември, ...

Државната комисија за спречување на корупцијата соопшти дека оформила предмет, по доставена анонимна пријава во која се наведува дека „генералниот секретаријат потпишал договор сo Microsoft за лиценци и сервиси во вредност од околу 26.000.000,00 евра“. „Во врска со јавно упатениот повик на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) да отвори предмет во врска со набавка на лиценци од ...

Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, беше уапсен во акцијата „Рекет“, а потоа осуден бидејќи наводно уценувал одредени моќни и влијателни луѓе во Македонија и од нив барал огромни суми пари. Тој е осуден на девет години затвор во Скопје бидејќи функцијата ја користел за измама и перење пари. Во целата афера е вмешан и Миле Јовановски, таткото на Боки 13, кој ја издржуваше казната во домашен притвор. Српски „Блиц“ беше во домот на ...

Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, во интервју за Алсат изјави дека на следните избори албанските партии ќе бидат поделени во два блока; албанскиот опозициски блок и другиот блок обединети со СДСМ во чии рамки се ДУИ, Алијанса и новоформираните партии. Касами рече дека ДУИ создава фиктивни партии само за да се спаси од губење на гласачкото тело. „Опозицискиот фронт има моќ да ја собори не само ДУИ, туку и сите партии во Владата и тука не ...

АГРО Синдикатот при ССМ, заедно со вработените во АД Водостопанство во државна сопственост – Скопје, денеска пред Влада одржаа протест, каде најавија штрајк од следната недела, доколку не бидат исплатени нивните две плати. Сојузот на синдикатите на Македонија и АГРО Синдикатот се загрижени за состојбата во Водостопанство, особено поради тоа што вработените редовно ги извршуваат своите работни задачи, а за возврат веќе неколку месеци не ја ...

На иницијатива на искусни медиумски професионалци македонските професионални и влијателни портали се обединуваат во здружение Onlinemedia кое ќе се бори за подобар статус на интернет медиумите во медиумската сфера. Претставници на повеќе професионални и влијателни онлајн медиуми се во финална фаза од формирање на Здружение за заштита и унапредување на интернет медиумите кое има и свој сајт Onlinemedia.mk. Македонските интернет портали во иднина ...

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, заедно со министерката за надворешни работи на Јужна Африка, Наледи Пандор, потпишаа Заедничко комунике за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји, во рамки на 78-то заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации, во Њујорк. “Воспоставувањето дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Јужна Африка ги потврдува нашите заложби за градење пријателски односи и ...

Азербејџан започна операција во Нагорно-Карабах „за враќање на уставниот поредок“, соопшти републичкото Министерство за одбрана. Одделот ги информирал руските мировници и мониторинг центарот за тоа што се случува, пишува РИА Новости. Во април 2023 година, азербејџанските граничари воспоставија контролен пункт на границата со Ерменија – на почетокот на патот во коридорот Лачин, што води до Степанакерт. Појавата на контролниот пункт во Баку беше ...

Утре во Њујорк започнува Генералното собрание за ОН, на кое ќе учествува и украинскиот претседател Зеленски, кој од меѓународната организација денеска побара одговор – што бара Русија, земјата која ја нападна Украина, сѐ уште во ОН. И ако во Обединетите нации сè уште, за жал, има место за руските терористи, прашањето чинам не е за мене, туку за сите членки на Обединетите нации“, рече Зеленски, кој утре ќе учествува на отворената дебата за ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
6.69
30%
1016
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
2.06
40%
1017
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
1.03
42%
1015
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
43%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.56
46%
1016
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
42%
1016
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
5.81
40%
1015
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
5.14
47%
1015
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.57
35%
1015
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
2.06
54%
1016
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
2.57
31%
1016
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.69
33%
1017
Currency

61.53

Currency

53.2474

Currency

72.3797

Currency

34.5194

Currency

39.181

Currency

65.5689

Currency

7.42072

Currency

0.66726

Currency

0.36931

Currency

0.52486

Currency

1.35078

Currency

0.61717

Алуминиум

2.50

Кобалт

42.99

Никел

14970.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.63

Сребро

1167.64

Злато

110378.60

Бакар

9.55

Паладиум

33050.97

Платина

38665.45

Родиум

179240.41

Цинк

2.56