
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



26,29 отсто македонски барања за виза биле одбиени минатата година, објави Стејт Департментот. Во официјалниот документ се наведува дека речиси 20 отсто барања за виза за САД биле одбиени од Босна и Херцеговина, 5,56 отсто од Хрватска, 13, 47 отсто од Словенија, 19,45 отсто од Србија, 17, 93 од Косово, 27,55 од Албанија и 34 отсто од Црна Гора. На објавениот список има и земји со нула проценти односно на оние на кои не им било одбиено ниту едно ...
Двајцата осомничени 32-годишници од село Велешта, на 16 септември по полноќ, влегле во полициската станица во Струга додека друго лице поднесувало пријава против нив. Тие со спреј-солзавец почнале да го прскаат пријавителот во присуство на неколкумина полициски службеници. Веднаш потоа осомничените ги нападнале и полицајците, започнале да ги влечат и да се обидуваат да им го одземат службеното оружје, дознава ТВ21 Двајцата осомничени биле ...
Ова е констатација на професорката Мирјана Најчевска која набројува кои се причините за таквата оценка: „Со тоа што не успева да помрдне од мртва точка во борбата со корупцијата, со тоа што ја зголемува неказнивоста на високи функционери во власта, со тоа што го партизира секој сегмент на власта, со тоа што не може апсолутно ништо да се работи без амин на владејачките партии, со тоа што го сменува секој кадар кој е добар а кој не прифаќа да ...
Пожарникарите го ставија под контрола пожарот што се запали на покривот на Капали Чаршија во Истанбул доцна синоќа. Официјалните лица испратија пожарникари на местото на настанот во голем број по првичниот извештај за пожарот. Чадот од пожарот наводно бил видлив од повеќе делови на градот. Властите потврдија дека активностите за локализирање продолжиша доцна во ноќта. Официјални лица веднаш не ја потврдија причината за пожарот или жртви. Пожар ...
„Јас не преговарам со терористи“. Ова го истакна премиерот Николај Денков по повод најавениот протест на производителите на жито во Бугарија. Производителите бараат да сопре увозот на жито од Украина бидејќи е доведено во прашање нивното домашно производство поради тоа што увезеното е многу поевтино. Тие најавија протест и блокада на Софија на 19 септември. Но, според премиерот, во последните денови производителите почнале да се однесуваат ...
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира што и по шест и пол месеци откако на прва свечена и гламурозна церемонија започнаа со градба коридорите 8 и 10Д кај Гостивар, не е ставен ниту еден метар нов асфалт и се сомнева дека и од овој проект владата на ДУИ и СДС прави криминал со парите на граѓаните. „Скандалозно е тоа што главен подизведувач на овие проекти се јавува фирмата Еуровиа, која е главен партиски донатор на ДУИ.За ДУИ и СДС нема ништо спорно ...
На социјалните мрежи вчера е објавена аудиоснимка, во која се слуша глас кој дава инструкции како да се добијат пари за зачленување во новата партија на скопската градоначалничка Данела Арсовска, наречена Правда. Преходно беше објавено дека Арсовска со помош на нејзин соработник, човек близок на Груевски регистрира партија под името Правда. Според аудиото кое засега никој не го демантира лице кое се претставува како Бојан на граѓанин кој го ...
Затвореник во КПУ „Идризово“ тврди за ТВ Алфа дека е изложен на смртни закани од други затвореници, како и од затворски командир, кои се обидуваат да му изнудат пари. Јанко Јаневски, поранешен заменик министер за култура, кој сега отслужува 9-годишна затворска казна, вели дека заканувачите, осуденици од „Диво Насеље“ му барале во рок од 24 часа да достави 4.000 евра кај командирот, заканувајќи се дека во спротивно ќе биде убиен и тој, и ...
Јаки сме, 2023 потпишуваме договор за реализација на браната Чебрен која како проект постои од 1966. Би требало да се гради 7 години, значи негде со влезот во ЕУ ќе биде пуштена. Сум читал за овој проект, не е мое да зборам, експерти критикувале дека ќе ги уништи водните капацитети, ама тоа си е за они да кажат. Мене лично ми е смешно да се градат брани и заробуваат реки во 2023 година, на толку алтернативни енергетски опции. Ај честито уште ...
Кривична пријава за триесет и три годишен жител на Арачиново за обид за двојно убиство во скопски Аеродром. На 15.09.2023 полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А. (33) од Арачиново поради основано сомнение дека на 11.09.2023 околу 02 часот во Скопје, на подрачјето на Аеродром, ги нападнал со остар предмет В.С. (30) и М.Н. (38) од Скопје и им нанел повреди. Вчера (16.09.2023) од страна на ...
„Да откриеш илјади кривични дела врзани и кои произлегуваат од тајно прислушување на удба, да најавиш дека на сите вмешани во криминал и корупција, кога ќе дојдеш на власт ќе им се суди и “ќе си лежат”, со поддршка на ЕУ и САД да формираш Специјално Обвинителство за гонење на овие кривични дела, а по преземањето на власта да го забраниш објавувањето на “бомбите” во кои се содржани овие информации, да го укинеш СЈО и да не заврши ниту еден од ...
Илјадници приврзаници на проруската чешка опозициска партија се собраа вчера во Прага за да протестираат против економската политика на централнодесничарската влада на земјата и воената поддршка за Украина, јави Ројтерс. На протест повика движењето ПРО, кое не е застапено во парламентот и зазема националистичка, промосковска и антизападна линија. Се проценува дека присуствувале околу 10.000 луѓе, помалку од сличен настан пред една година, кој ...
Во СВР Скопје било пријавено дека во Дом на АРМ во Скопје некој ја оштетил пломбата на бравата и влегол во просторија што ја користи Државната изборна комисија. Со оглед на тоа што никој не ја користел таа просторија од 4 април годинава, не е познато кога точно провалникот ја скршил пломбата и влегол во просторијата на ДИК. Од СВР Скопје велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот. Формирана е посебна комсија на ДИК која треба да ...
Италијански воен авион се урнал врз автомобил за време на вежби во Торино,и усмртил петгодишно девојче, додека пилотот преживеал, јавуваат италијанските медиуми. Според првите извештаи, до несреќата дошло затоа што авионот влетал во јато птици, а потоа почнал да се губи. Пилотот успеал да се катапултира, а авионот паднал на самиот крај од пистата. Автомобилот во кој се наоѓало четиричлено семејство се превртел по експлозијата. Родителите ...
Против 33-годишник од Арачиново, Основното јавно обвинителство Скопје, поведе истражна постапка по основано сомнение дека сторил кривично дело – убиство во обид, како и за предизвикување општа опасност по член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 11 септември се обидел со умисла да лиши од живот две лица, кои вербално протестирале затоа што со голема брзина управувал автомобил „Ленд ровер“ по плочникот кај трговскиот центар ...
Жителите на Македонија беа шокирани откако Бугарија го блокираше патот кон Европската Унија, пренесуваат бугарски медиуми дел од интервјуто на претседателот Стево Пендаровски за емисијата „Трилинг“ на ТВ 24. „Претседателот истакна дека првите сигнали за намерата на Бугарија се појавија пред околу три години пред потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство во 2017 година. Тогаш бугарскиот амбасадор во Брисел испрати писмени ...
Проф. д-р Витомир Мицев, еден од основоположниците на македонската психијатрија и психотерапија, поранешен претседател на Македонското лекарско друштво, на Македонската психијатриска асоцијација, почина вчера, 16 септември по краткотрајно боледување, соопштија од Универзитетската Клиника за психијатрија. Проф. д-р Витомир Мицев е роден 1940 година во Белград. Во Cкoпje завршува средно училиште (1957) и Медицински факултет (1965). Наредните две ...
„Бугарската агресивна кампања, посебно пред пописот, нема да не поколеба и повеќе од убеден сум дека каде и да живееме во Албанија ќе се изјасниме она што сме -Македонци, изјави за euronews.al, во екслузивно интервју со Васил Стерјовски, претседател на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ. МД „Илинден“-Тирана: Гнасна кампања на Бугарија да ја заведе светската јавност дека Македонците во ...
Холандскиот експерт за Балканот, Ханс ван ден Берг, ја коментира посетата на бугарската потпретседателка Илијана Јотова на Албанија. На нејзината порака на Твитер за средбата со албанскиот претседател Бајрам Бегај дека „Албанија целосно стои зад европската иднина на Албанија“, Ван ден Берг со реакција: „Сè додека етничките Македонци во Албанија се етикетирани како Бугари и посетуваат идно бугарско училиште во Елбасан итн. Етничките политики на ...
На бугарскиот европратеник Андреј Ковачев не му било јасно од кои причини во Македонија упорно одбиваат, првенствено опозицијата, да направат промени на Уставот заради внесување и на Бугарите во него. „Навистина ми е несфатливо каква е неможноста или неподготвеноста на Северна Македонија, а особено на тамошната опозиција, да ги вклучи Бугарите во својот устав“, изјави за софиски „Дневник“ европратеникот од ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко ...
Во пресрет на новата академска година, студентите повторно се соочуваат со низа проблеми како и минатите години. Од движењето „Студентски отпор” обелоденуваат дека се зголемила месечната кирија во студентските домови, а најголем скандал е тоа што, како што откриват студентите, укинат им е појадокот во студентските домови. -Имено, годинава, месечната кирија во студентските домови се зголеми на 3945 денари, трошоците за амортизација на 700 ...
„Регистрирањето на Словените од * Македонија како Бугари е веќе постојан процес. Токму овој реален факт покажува дека * Македонија ќе се подели набргу. Таа опстојуваше во замрзната состојба, бидејќи Словените, кои живеат таму, беа неидентификувани. Во * Македонија беа идентификувани само Албанците со својата историја, која трае илјадници години. Албанците очекуваат да бидат идентификувани и Бугарите таму. Регистрирањето на Словените од * ...
Еден од најдобрите познавачи на процесот на евроинтрација на Западниот Балкан Михаел Мартенс кој е дописник на германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг објавува катастрофална анализа за можноста Македонија наскоро да стане земја членка на ЕУ. Во негов текст за можноста наскоро да се случи проширување на ЕУ со земји од Западен Балкан,Укриниа и Молдавија Мартенс вели дека не постои процесот кој се нарекуваше проширување на ЕУ. Целата ...
Со стапувањето во сила на одлуката за забрана на промотивните акции на прехранбените производи во трговијата на мало, маркетите ги отстранија од полиците артиклите со акциски цени. Веќе нема да може да се нуди оваа опција бидејќи надлежните открија дека токму во овие случаи се прават манипулации со цените и се избегнува можноста за намалување и нивно замрзнување. Од Владата велат дека оваа одлука е донесена за да се заштитат граѓаните од ...
Повторно да ја нагласиме нашата загриженост за неодамнешните случаи и случувања каде што корупцијата и конфликтот на интереси дишат слободно. Вреди да се спомене дека ние сме среќни со вакви проекти, кои требаше да почнат пред многу години, бидејќи не само што се важни за благосостојбата, туку се заслуга и потреба на граѓаните, но не можеме да молчиме кога во секој момент Артан Груби и ДУИ ја злоупотребуваат својата моќ, произведувајќи и ...
Скопјани во многу наврати во минатото покажале и докажале дека се хумани луѓе. Тоа било во случај на природни несреќи и катастрофи како и во случаи на тешка социјалана и економска немаштија. Денеска сме тука собрани да уште еднаш со благородна цел покажеме и докажаме дека знаеме да помагаме, дека сме несебични со отворено срце овојпат ќе даруваме крв и ќе донираме средства за младото момче Леонид Индов, изјави Бојан Христовски, претседател на ...
Добиваме доста сигнали дека емисари од другите етнички заедници им објаснуваат на нашите луѓе дека се Македонци, дека не се Бугари, дека никогаш немало Бугари. Ова го изјави потпретседателката Илијана Јотова на средбата со претставниците на бугарското национално малцинство во албанскиот град Елбасан, јавува 24 часа. Таа пред нив ја прецизираше важноста на претстојниот попис. Заедно со нашите колеги од амбасадата имаме амбиција да го создадеме ...
Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс ја прогласи оваа сабота, 16 септември, за ден на македонското наследство. Тој, заедно со македонската заедница во Њујорк, денес ќе го крене македонското знаме на настан во Менхетн, по повод 32 години од независноста на Македонија, јавува Гласот на Америка. „Македонските Американци ќе продолжат да играат клучна улога како што преземаме цврсти чекори да го придвижиме нашиот глобален град напред“, рече ...
Турскиот претседател Таип Ердоган, одговарајќи на новинарско прашање за содржината на извештајот на Европскиот парламент за Турција, рече дека Анкара може да „раскине“ со Европската унија доколку е потребно, пренесува „Ројтерс“ Во извештајот, усвоен претходно оваа недела од ЕП, се наведува дека процесот на пристапување на Турција во европскиот блок не може да продолжи под сегашните околности и ја повикува ЕУ да ја истражи можноста за примена ...
Во врска со претстојниот попис на населението во Република Албанија, кој почнува на 18 септември и ќе се реализира следните шест недели, макеодонското Министерството за надворешни работи ги охрабрува сите Македонци во Албанија слободно да ја изразат својата етничка, јазична и религиска припадност, согласно законската регулатива и позитивната демократска пракса во Албанија. „Албанија е препознатлива во светот по своето мултиетничко и ...