Во ексклузивно интервју за ТВ21 од неговиот дом во Зајас, лидерот на ДУИ, Али Ахмети упати порака до лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски убаво да размисли, затоа што имал одговорност за донесувањето на уставните измени кои отворале пат напред за државата „Христијан Мицкоски треба да размисли убаво, тој има голема одговорност како лидер на опозиција, треба да разбере дека уставните измени отвараат пат напред за државата, ...

Во Албанија денеска почнува пописот на населението, 12-ти по ред од кога Албанија е прогласена за независна држава во 1912 година и се случува 100 години по првиот попис, спроведен во 1923 година. Како што соопшти Институтот за статистика, ИНСТАТ, пописот ќе даде преглед на моменталната состојба на населението во Албанија, вклучувајќи ги социјалните, економските аспекти, демографските движења и многу други податоци, кои јасно ќе ни покажат како ...

„Не можеме да останеме рамнодушни на постојаната тенденција и постапки кои водат до целосно упропастување на правниот систем, се вели во повикот потпишан од студенти на Правниот факултет кои за денеска во 18 часот закажаа протест пред зградата на македонската Влада. „На Македонија ѝ е потребна нова, некорумпирана генерација правници. Но страв ни е дека додека ние, како актуелни студенти, стасаме до позиции на правораздавачи – правдата ќе стане ...

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) излезе со проглас до Македонците во Албанија гордо да ја декларираат својата македонска националност на пописот што почнува денеска. „Ова е многу важен процес за македонската заедница во Албанија, бидејќи во него ќе се декларира и етничката припадност на секој поединец. Иако ова прашање е оставено како ‘изјаснување по избор’, партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) љубезно ...

Претседателот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, на својот профил на Фејсбук објави видео со разговор со уметникот и професор Генци Кадриу од албанскиот град Фиер, кој две години изработува во гипс композиција „Македонија“, во која е претставен дел од македонската историја. „Мојот драг пријател, Генци Кадриу е уметник и професор кој живее и работи во градот Фиер, Република Албанија. Неговите родители се ...

„Не обвинува за нацизам поради однесувањето и дискриминирањето кон децата-Албанчиња во Велес, каде што е во коалиција со Мицковски, Апасиев, туку обвинува за нацизам кога му ги напаѓаат партијата и бизнисите! Воен профитер.“ – со овој остар напад преку фејсбук се огласи Арсим Зеколи, поранешниот амбасадор и сегашен политички аналитичар, кон лидерот на ДУИ Али Ахмети, откако овој во интервју за ТВ21 изнесе став дека „водат ‘нацистичка’ војна ...

Ракометарите на Вардар уште еднаш го совладаа Еурофарм Пелистер, овојпат со 30:25 во својата арена „Јане Сандански“ во дербито од Суперлигата, откако неодамна го победија шампионот и во Суперкупот во Струмица. Третиот пораз во низа за битолчани, кои загубија и на стартот од Лигата на шампионите против норвешки Колстад пред своите навивачи, го навести уште самиот почеток на средбата во Скопје, кога „црвено-црните“ поведоа со 6:1, а на полувреме ...

„Нема никаков договор со ВМРО ДПМНЕ за гласање за уставни измени. ВМРО ДПМНЕ јавно го соопшти својот став дека нема да гласа за уставни измени по бугарски диктат и имаме големи разлики.“ – изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервјуто за ТВ 21. Измените во Кривичниот законик не се поврзани со никаков договор меѓу власта и македонската опозиција, уверува лидерот на интегристите Али Ахмети. Наспроти признанието дека нема договор со ВМРО ДПМНЕ за ...

„Во седиштето на Движењето Илирида во Гостивар пред неколку дена се одржа многу важна средба со претставникот на Мисијата на ОБСЕ Александар Девецидис.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија – ИНА. ИНА го пренесува соопштението на Движењето Илирида, во кое, покрај другото, се наведува: „Од разговорите на оваа многу пријателска средба беа истакнати и начините за изнаоѓање соодветни решенија, заради надминување на ...

Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов за време на посетата на Универзитетот Тексас – Тајлер во САД, потпиша договор за разбирање и соработка меѓу Школата за млади лидери и Универзитетот Тексас – Тајлер. Договорот предвидува 5 годишна соработка која вклучува размена на студенти и учесници во нивните програмски активности, заеднички проекти во областа на образованието, можности за заеднички сертифицирани програми и тн. ...

Преку 500 граѓани присуствуваа протестот кој го организираа Млади за Македонија во Смрлива Вода на планината Кожуф. Граѓаните го изразија својот револт од почетокот на изградбата на две мали хидроелектрани на Кожуф. Демонстрантите и порачаа на Владата веднаш да ја стопира изградбата на овие две хидроелектрани, во спротивно ќе започнат со блокади на сите патишка кои водат до планината, на граничниот премин Богородица и користејки ги сите ...

ТВ Алсат објави дека разоткрил уште „еден нов случај на злоупотреба на етничката припадност“. „Заради високата плата и работното место советник-инспектор за летачко работење во воздушниот сообраќај во Агенцијата за цивилно воздухопловство, Сашо Новковски се изјаснил дека е Албанец и на 14 септември 2023 година е примен на таа позиција.“ – нагласува оваа телевизија. ТВ Алсат пишува: Етничкото балансирање како критериум при вработување во ...

„Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети порача дека уставни измени ќе има. Тој вели дека се реализирало сè што кажал досега.“ – објави ТВ 21. ТВ 21 пренесува нагласки од целото интервју со Ахмети, кое ќе го емитува вечерва во 20 часот: „Јас сум секогаш оптимист. Дали некогаш сум звучел песимистички? Колку години ме следите во политиката? Дали се согласувате дека сè што сум рекол досега се реализирало? Дали има нешто што сум ...

Двајца насилници од Велешта во полициска станица прскале со спреј граѓани, влечече полцајци и сакале да им ги земат пиштолите. Основното јавно обвинителство Струга поднело предлог за определување мерка притвор против двајца осомничени од селото Велешта, за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие по член 382 и Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста по член ...

Нашиот најуспешен автомобилист Игор Стефановски – Иџе, ја оправда фаворитската улога и третпат е европски првак. Искусниот возач ја потврди титулата во Европскиот шампионат за ридско-планински трки. Последните две трки се возеа во хрватскиот град Бузет, а Иџе успеа да ја круниса успешната сезона со нов трофеј. Во Хрватска, македонскиот возач допатува со солидна залиха пред Николас Вервер, а истата успеа да ја одбрани и да дојде до нов успех. За ...

Претседателот на ДУИ Али Ахмети порачува дека прашањето за уставните измени бара сериозен пристап и повикува да се внесат Бугарите во Уставот со цел продолжување на евроинтеграцискиот процес. -Уставните измени се сериозно прашање. Има сериозни разлики со опозицијата. Ова прашање бара сериозен пристап. Се работи за иднината на државата. Видете, уставните измени се историска можност за Македонците, ако се вистински патриоти ќе гласаат ЗА. Ова го ...

Пред пописот на населението и домаќинствата во Албанија, што почнува утре, Македонско друштво „Илинден”-Тирана ги повика сите Македонците во Република Албанија „да се изјаснат она што се Македонци и да го зачуваат својот македонски идендитет”. „Од утре до 30 октомври, тимовите на ИНСТАТ ќе тропнат на вашата врата за собирање податоци за пописот на населението и домаќинствата. Не потпаѓајте под никакви влијанија, нека не ве заплашува никој и ...

Познато е многу одамна во правната теорија и криминолошката наука на ниво на аксиом дека најголемиот дел од луѓето го почитуваат законот не затоа што се плашат од казните, туку, заради тоа што за ниедни пари на светот не би можеле да извршат убиство од користољубие, разбојништво, киднапирање, изнуда, силување со смртни последици и слични кривични дела на т.н. крволочен злосторнички криминал, затоа што едноставно тоа не го дозволува нивниот ...

Претседателот на државата Стево Пендаровски, од утре до 22 септември 2023 година, ќе ја предводи државната делегација на 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, САД. Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, тој на 22 септември 2023 година, петок, ќе се обрати на Генералната дебата на 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, што се одржува на тема „Обнова на довербата и повторно стартување на ...

Црните бизниси на Аљибар Ибраими од Мала Речица се кријат со терор врз инжинери од РЕК Битола обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција. Од партијата тврдат дека скандалите од епски размери што ги прават СДСМ и ДУИ продолжуваат во АД ЕСМ а по последниот тендер за набавка на јаглен кој бил распишан во јули минатата година во вредност од 22 милиони евра, од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат од колкави размери е криминалот во РЕК Битола? ,,И се ...

„Вработувањата во Коридорот 8 претставуваат пренасочување на вниманието. Артан Груби ќе вработува и ќе унапредува Албанци во државната администрација.“ – тврди опозициската партија Демократско движење на Изет Меџити. ТВ 21 го пренесува соопштението на оваа партија од албанската опозиција: „Во изминатите 20 години од регионот на Гостивар и Тетово излегоа повеќе од 15 илјади правници и економисти, а градежни инженери речиси во симболична бројка.’ ...

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг предупреди дека не треба да се очекува брз крај на војната во Украина. „Повеќето војни траат подолго од очекуваното кога започнаа“, рече Столтенберг во интервјуто објавено денеска од германската медиумска групација „Функе“. Како што изјави, „мора да се подготвиме за долга војна во Украина“. „Сите сакаме брз мир. Но, во исто време мораме да признаеме: ако претседателот (Володимир) Зеленски и ...

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој е и член на Централниот одбор на владејачката СДСМ во интервју за неделникот „Фокус“ вели дека се уште е рано да се разговара дали би бил иден кандидат за претседател на државата на претстојните избори, а на прашањето дали се гледа како иден претседател на партијата вели дека тоа се претпоставени прашања. Сепак тој во интервјуто не ги исклучува двете можности. ФОКУС: Дали се гледате како ...

Во случај во кој има сериозни индиции за непотизам во Македонски Телеком сопругата на генералниот директор Никола Љушев, Наташа, станала една од главните менаџери во компанијата во која свој удел има владата која поставува и свои членови на управен одбор. Наташа Љушева за која веќе имаше еден скандал пред 3 години кога била вработена во Службата за продукт маркетинг во Сектор за маркетинг за приватни корисници сега е главен менаџер на секторот ...

По еден месец откако град Скопје на 15 август го откорна асфалтот од патеките за пешаци и велосипедисти од едната страна на мостот Обединети нации, сеуште тротоарите стојат раскопани. Сакамдакажам.мк пишува дека во правец на движење од Влае кон Карпош се поставени огради со кои се забранува движење. Но, иако е поминат цел месец, работите за поставување нов асфалт не се ни почнати, па мостот е небезбеден за движење на пешаци. Град Скопје не ...

Во текот на идната недела во Србија ќе се состане Работната група за следење на ситуацијата со Ковид-19, најавија српските здравствени власти откако во државата е регистриран зголемен број заболени од тој вирус. Во изјава за РТС, лекарката Снежана Јовановиќ од лабораторијата „Ватрено око“ нагласи дека во изминатите две недели има зголемен број на тестирања за коронавирусот на дневно ниво. Според неа „загрижува“ дека околу 20 отсто од ...

Продолжуваме со фактите за излевањето на 40 милиони евра од буџетот, под ставка „софтверски лиценци”. СДС и Владата молчат дали основата за 40 милиони евра за три години е колегијалноста на Димитар Ковачевски со првиот на Аитоникс, Марко Андонов, со кого се колеги професори од ист приватен универзитет?, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Но одиме и понатаму. Една година откако фирмата Аитоникс добива договор на 15 милиони евра, ...

Во Германија живеат 222.000 луѓе од Македонија, покажува истражувањето на Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“, кое се повикува на последниот попис на населението во Германија (2022). Од оваа бројка, 158.000 биле родени во Северна Македонија, се вели во истражувањето. „Од 2020 до 2022 година, бројот на граѓани со потекло од Северна Македонија е зголемен за 44 отсто, од 154.000 на 222.000. Околу 32.000 граѓани на Северна Македонија ...

Откако Владата ја објави одлуката дека на 14-от јавен повик за изградба на хидроцентралата Чебрен избрана е грчката компанија ППЦ Архиродон, веќе се даваат оценките дека овој проект ќе биде од историско значење за македонскиот електроенергетски систем, но пашањето е дали конечно ќе дојде до тоа, ако се суди според минатото, каде еден куп обиди пропаднаа. Сега, се работи за договор за концесија по принципот на јавно-приватно партнерство во кое ...

Медиумскиот проект 360 Степени кој е финансиран од пари на Американските даночни обврзници од програма за борба против корупција во своето најново издание го става на мака лидерот на ДУИ Али Ахмети. Водителот Васко Поппетревски, според најавата на емисијата, поставува прашања до Ахмети на кои лидерот на ДУИ реагира со вознемиреност. На прашањето за одговорноста во Јавното обвинителство каде еден заменик државен јавен обвител е екс министер на ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
72%
1019
weather icon

Белград

18ᴼ / 16ᴼ
2.06
71%
1018
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
77%
1016
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
93%
1020
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.72
71%
1017
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
1.03
86%
1017
weather icon

Атина

24ᴼ / 20ᴼ
2.06
54%
1016
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
72%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
53%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 15ᴼ
1.54
66%
1017
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
0.67
64%
1016
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
72%
1017
Currency

61.53

Currency

53.2474

Currency

72.3797

Currency

34.6011

Currency

39.1925

Currency

65.5421

Currency

7.41462

Currency

0.66745

Currency

0.36954

Currency

0.52501

Currency

1.35252

Currency

0.61785

Алуминиум

2.50

Кобалт

42.99

Никел

14970.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.63

Сребро

1167.64

Злато

110378.60

Бакар

9.55

Паладиум

33050.97

Платина

38665.45

Родиум

179240.41

Цинк

2.56